За против бунтовници е супер, ама со млазен мотор авион подобро одговара.
Во анти герила операции брзинат ане е нужна. А Македније е 200 ком кружница , од полетување е за 15 минути било каде ! Мокна оптика + современи системи го праат незаменлив во работата.
Незнаев дека и ден денес се произведуваат и користат борбени клипни авиони... Одлична опција за нас. Плис, овие имаат turboprop мотори, замислете разлика меѓу дизел и турбодизел за споредба. Тоа им дава можност на кратки дистанци(во Македонија) да бидат исто толку брзи колку млазњаци, а трошат значително помалку и се значително поевтини за одржување. А и потешко се расипуваат и не се ни приближно осетливи на странски објекти како млазните мотори. И мала ситница да влезе во турбина ќе предизвика голем број проблеми. Пропелер и да мавне птица ќе продолжи да работи... а и почетната цена им е поевтина.
Се користат поради цената,кој некој земји како нас не моат да си дозволат нов млазен авион,но не се баш ефтини просечна цена им е накај 10 милиони зелени
Супер, самошто лапсус е направен. А и јас сум виновен. Сите авиони постирани во темава се turboprop, ама ниеден од нив нема клипови. Сите имаат млазни мотори кои го движат пропелерот. Сега ми текна гога видов како се пали Пилатусот. Мотор со клипови сецка кога се врти полека, овие одат мазно. Нашите Антонов АН-2 беа клипни авиони, побарај видео да видиш тие како се палат... Брмчи како трактор и неможеш да го промашиш. Самошто тој не е борбен авион. Поздрав