|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters | |
Автор | Порака |
---|
Zajcef
Број на мислења : 41
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 13:56 | |
| - JKD напиша:
ПС-да не бидам погрешно сфатен,и другиве со 20 автобуси стигнаа,ама ете само сакам да кажам дека ИСТИ СЕ сите.И членство,и раководство и се.Затоа,не треба да правиме разлика,мислам,ако си веќе неопределен како што каже Алвар Да бе Сите се исти да си бидеме ние неопределени.Овците да си гласаат,ние неопределените да си седиме да си ќутиме пошто нели ни за вмро ни за сдс не сме,и лудакот да си ја засилува се повеќе и повеќе позицијата дури не се сети доволно моќен да си се прогласи за цар Не братче власта треба да се менува,особено на балканов,тоа ти е основна хигиена,секој 4 години спушти ги малку,оти грото се копуци,и малку фазла да поседи на столица и одма сака да биде султан наместо султанот... А за тоа НВО и слични срања,јас бев учесник на сите лански демонстрации,да има НВО фаци ама на прсти се бројат,и сега можам да ти ги набројам 20-30 души кој земаат некој денар и се професионални демонстранти ама тоа се 30 души,а повеќето протести лани беа 1000+(многу често и многу над ова ама еве сител бројка ќе ви кажам)па сега удри математика што и како... Народот е лут и тоа е факт,секоја ваква власт пробува да се вади со галактички завери,светски совети против нив,и слична слобо-параноја бидеќи полесно е да се рече американците се криви него да се признае дека си ја украл младоста и иднината на 10 генерации за да правиш замоци во чешка,а и ризикуваш да те обесат Кој неверува дека е лут народот се прави на будала,бидеќи тоа го гледа на секој чекор,каде и да се движите денес ќе слуѓате само пцуење и плукање по власта,некни буџетари во болница слушав како го пцујат Хорхе,кога дошле тие што останува за другите.Во секое друштво на моја возраст што го познавам минимум 2 другари/другарки се перманентно одселени од Мк,се во времето на оваа власт и така натаму.Сето ова е доволно за еден народ да не ја сака власта повеќе,нема потреба Ротшилдови и масонски друштва и турски текови и циаши преправени во демонстранти тоа се вика параноја и за тоа всушност има лек треба само да се побара ______________________ He Conquers Who Endures....
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:13 | |
| http://infomax.mk/wp/?p=46340РУСИЈА КАТЕГОРИЧНО ЌЕ РЕАГИРА ВО МАКЕДОНИЈА: Однесувањето на НАТО и уцените за членство се нешто против кое сме “категорично негативни” Русија има негативен однос кон ширењето на НАТО на Балканот, на што гледа како на „опасен и провокативен процес“, изјави рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин во интервју за белградскиот весник „Политика“. Како што јави Танјуг, Рогозин, кој вчера допатува во посета на Белград, оценува дека „ширењето на НАТО кон Црна Гора и потенцијално кон Македонија, отвора сериозни прашања пред Русија“. – На тоа ширење ние гледаме како на опасен и провокативен процес и секако не можеме да не реагираме. Кон тој процес се однесуваме категорично негативо, истакнува Рогозин во интервјуто. Тој нагласува дека тврдењата на НАТО оти тој не претставува закана за никого и дека е само одбрамбен сојуз кој им носи поголема безбедност на неговите членки, претставува само „пропагандистичка формула“. – Нивната пропаганда има за цел да го одвлече вниманието од реалните проблеми што ги предизвикува ширењето на НАТО. Дали испораката на балистички ракети на Хрватска ќе и донесе на оваа земја поголема безбедност, прашува Рогозин во интервјуто за „Политика“. P.S. Чудна работа ова со Иванов. Приватно е високо образован човек, интелигентен, убаво размислува. Освен кога е марионетка. Ама да не слушал сигурно не би ни бил на позиција. Незнам дали да го почитувам или да го пцујам... |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:22 | |
| - Alvar напиша:
- И сеа за да не дојдат новите криминалци на власт, треба да ги оставиме овие кои сакаат да ја доуништат и да ја доиспокрадат државава на власт за век и веков? Ја не сакам СДС утре дојде на власт, ја сакам џганов лоповски да го нема. Сосе марионетава од "претседател".
Знаеш што друже, и на моите родители власта им ги затвори фирмите, на мајка ми СДС, на татко ми ДПМНЕ. И сега кој ми е повеќе крив!? Јасно е дека и едните и другите се лопови, но битно е кој е лопов во моментов. 10 е*ани години ДПМНЕ е на власт, уште 4-5 години во други минати мандати (две третини од независна МК) а уште Бранко ми го качуваат на к*р, фатете го лоповот финта ја верглаат на купени медиуми 10 години, па како не ви ску*чи!? Треба да си ментално ретардиран (говорам за оние кои душа даваат за партијата, не конкретно за тебе или некој друг на форумов, да не ме разбере некој погрешно) за да помине овој брејнвошинг кој се случува во МК. Ред пропаганда, ред серии (на кои цело време на телоп горе или долу има вести колку сме најдобри во свет), ред пропаганда, ред емисии од типот на оние со Јанко, Миленко, Мирка и остал пробисвет, па реалити емисии со Балкански фукари, па квизови со главна добивка од 1000 денари, па емисии што идат секој ден за војводите, децата бегалци и ВМРО во илегала. Преку такво! Па сите чувме како функционирале, сите бевме сведоци за каква корумпирана мафијашка организација станува збор, и сега треба да ги браниме, треба да велиме, абе слушај... овие стварно не чинат, али па Бранко што праеше.... епа затоа не ја бива ситуацијава.
Тврдам дека од НВО организации меѓу луѓево кои искачаат на протести дали 1% се од нив. Па колку луѓе мислите дека работат во СОРОС, 50, 100, 500 души? 10 души ако се се на се. Толку се и во другиве. Не подпаѓајте под ВМРО-вска пропаганда толку лесно, големи сте. Најголемиот број на луѓе кои протестираат се граѓани на кои им прекипело од лимбо ситуацијава во која не води кланот. Луѓе кои не можат да најдат работа ради партиски војници, луѓе кои не можат да просперираат на работно место ради партиски војници, луѓе за кои нема кревет во студентски дом ради партиски војници, луѓе на кои им заминале децата во странство ради зачмаеноста и неперспективата во државава, луѓе на кои им е преку глава од казни за најмали прекршоци кога гледаат како некој со ограбени милиони мува не го лази, луѓе на кои им пикнале член од семејство во затвор ради политичко-бизнис интереси, луѓе на им умреле најблиски заради најквалитетното здравство на планетава, итн, итн, итн...
Инаку и мене ми пречи кога им посакуваат смрт на полицајциве, мислам дека на секој нормален човек треба да му пречи кога му се посакува на друг да умре. НО, ми пречеше и кога крвнички се тепаа млади деца кои случајно се затекнале на тоа место, или жени што си ги бранеа децата, или студенти кои јадеа ќутек во читална. Па ете вие учествувате на тие конкурси за во МВР и АРМ, гледате какви се не луѓе се примаат (алал на оние кои се пробиле таму без врски), па мислите дека потоа нема истите да чуствуваат должност да си го бранат условно кажано стопанот!? Секоја чест на професионалците во МВР, но да не се лажеме... има таму и бајаги доста багра во последно време.
Што се однесува на цената на протестантиве, се знае дека ВМРО-вската тарифа на овие од другиве градови е 500 денари, на тие од Скопје најчесто е потпис во тетратка дека си бил или отказ од работа, и сендвич за пензионерите. Денеска видов купишта автобуси со луѓе кои ги домкнале од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Штип... па на фаците им се гледа дека се дојдени ради тоа што мораат, а не дека им дошло да го бранат Грујо, Иванов и Вељановски. Мислите дека тие ќе се тепаат за нив ако им кажат... не би рекол. На крај краева, нели е чудно ако они протестираат против аболиција на Заев и Верушевски, тоа не го прават пред канцеларијата на Иванов кој и ги помилувал, туку одат кај аболицираниве!?!? Некако, не држи вода сценариово. А каде спомнав јас дека треба да се остават овие на власт да крадат. Врати се назад во моите постови и најди каде ги спомнав овие дека треба да останат на власт? Еве го 5ти јуни нека направи она гомноно од Струмица програма да излезе наизбори кој толку ги сакаше и ги бараше, да ги смени портокаловите криминалци на 10 години власт, или толкав му е капацитетот да размисли. Овие портокаловиве да се симнат на власт, а СДС да не дојде на власт, па која е друга опозиција движечка, нема. Овие што се тепаат моментално, за кого се тепаат знаеш? Се тепаат за ДПМНЕ да ја симнат од власт, и да дојдат истите тие што 95 го сменија името, знамето, ја направија територијалната поделба во 2004 година, во 90тите шлеперите со нафта и цигари беа ослободени од сопирање на полиција, се знаеја чии беа, фабриката АУДИ која требаше да се гради кај нас отиде во друга држава, тогаш УБК (односно ДБК) на чие чело беше Слободан Богоевски, беше бетер од Мијалков, затварањето на ОХИС и фабрики од сличен ранг како неа, ТАТ од која цела Битола живееше, Порцеланка итн., аферата Телеком која денес пак стана актуелна, аферата со тенковските делови на Бучко итн., и некој ќе ми каже дпмне овие десет години ја уништија Македонија. Тие приказни може само од симпатизери само на СДС да ги слушнеш, Македонија од 8ми септември 1991 година до 15ти април 2016, постојано или скоро 25 години се краде, 90тите со транзицијата, и сега овие портокаловиве со разни останати работи, на нас познати. Викаш мајка ти СДСМ, татко ти ДПМНЕ го избркале, епа затоа на Македонија им е неопходна трета партија и лица чисти од такви гадотии кои ќе ги стават сите криминалци и овие ДПМНЕ и овие СДС во затвор. Викаш ти пречи што им влагале во читална и ги тепале. Студенти кои тоа време учеа и се затекнале кажуваа дека неколкумина демонстранти се скриле таму, (ако го најдам принтскринот од разговорот на фб ќе го постирам) бидејќи и Алфи и ЕБР, ги бркале низ цело Скопје. Сакаш да маваш, а после да викаш оф леле мајко кога ќе ти вратат, или да очекуваш да ти стојат, малку тешко. Јас сум учествувал на тепачки со ЕБР, сум ги гаѓал со камења, ме бркале низ Скопје, ама сум знаел дека ако ме фатат ќе го кркам. а исто кога ја напаѓавме грчката амбасада 2008 година, тогаш Алфите, ЕБР, обична полиција не бркаше по Партизанска, искршивме едно возило на ОПСЕ кое залута меѓу нас, на еден новинар му го искршивме фотоапаратот и еден му ја раскрвари главата со стап, зошто не сликаше, итн., така да ако си отишол да правиш инциденти не се жали после ако те фатат и јадеш пендраци. А за тоа што преку партија се напикаа во полиција, тоа немам коментар. Ми кажуваат луѓе што влегле таму со какви панциенти делат соби, благодарение на црвената книшка или на каблите од врски што ги имаат. Исто како и овие што идат за сендвич да го бранат овој на власт, така и овие поголемиот дел идат, да не се лажеме, не може овие само горе да ги правиш дека идат за сендвич и сок, а овие другиве да бидат часни сестри. Има исклучок на мал дел, ама тоа се повеќето неопределени кои им е преку кур од криминалци. Само тие стојат на страна и се дистанцираат од партиските полтрони на Заев и невладиниве. |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:34 | |
| ПОЧНАА ОТВОРЕНИТЕ ЗАКАНИ: Западни дипломати се закануваат со агресивност, терористи од Франција чекаат наредба да ја нападнат Македонија!По поттикнувањето на масовни насилни протести во Македонија, западот ја става во погон последната полуга од акцискиот план за дестабилизација на државата. Ова во текот на вчерашниот ден го потврди и Претседателот Иванов кој сведочеше на огромни притисоци, закани и нелегални активности на некои странски фактори во државата, а во официјална реакција од официјална Москва стоеше предупредувањето до странскиот фактор во Македонија да не поттикнуваат „украинско сценарио“ и да не ја користат опозицијата како алатка за разгорување на кризата енес, како што објавуваат соросоидните портали, поточно оној на Борјан Јовановски, одреден висок дипломат од ЕУ во еден од највлијателните весници во САД „Вол Стрит Џурнал“ изјавил дека „западните земји ќе преземат агресивни чекорти против лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и други високи претставници од власта доколку амнестијата од претседателот Иванов остане на сила“. – Меѓу можните казнени мерки за кои се разгледуваат е забрана за патување во земјите од шенген зоната за макеоднски политичари, повлекување на помошта што Скопје ја добива за мигрантската криза и запирање на поддршката од земјите од ЕУ и НАТО за евроатлантските интеграции на земјата, вели дипломатот за весникот.- пренесува Нова ТВ, порталот на Борјан Јовановски кој во изминатиот период од како е формиран има инкасирано повеќе десетици илијади евра од фондациите на Сорос, УСАИД, Холандската амбасада… Дека дестабилизација на државата по „украинско сценарио“ е крајната цел на западните земји, говори и речиси идентичниот след на активности кој се случуваше во Украина пред избивањето на граѓанската војна, со следот на настаните и активностите на западните земји во Македонија. Имено, во вчерашната колумна на Наталија Ивчева насловена како „Злобната империја која си обезбеди аболиција преку Иванов!“ таа ќе напише: – Слично, можеби и поблиску ни е сценариото со Сирија. Башар ал Асад чиј татко беше добар, лојален пријател на САД. Прво, како и во Македонија беа објавувани незаконски стекнати наводно инкриминирачки документи (повторно од запандите служби) кои беа повод за масовни протести. Полицијата и таму како и во Македонија цела година се воздржуваше од насилство, но Западните советници смислија план. Да се запали амбасадата на САД, со што ќе се обвини некоја друга светска сила за предизвикување на хаос, а потоа да се чека на насилство од полицијата, кое пак ќе биде повод за радикализирање на протестите. Така и беше. Неколку дена подоцна Обама објави дека САД ќе ја вооружи опозицијата и ќе ги милитаризира протестите. И оттаму почна хаосот. Речиси идентична паралела со Македонија.“ Дека западот спрема одредено сценарио за државата зборуваат и реакциите на одредени екстремистички групи, кои живеат во бегство надвор од Балканот каде своевремено дејствувале незаконски или спроведувале тероризам. Така на пример, во текот на вчерашниот ден, на социјалната мрежа Твитер, албанец кој живее во Франција потпишан како „Артан Куманова“ на француски ќе напише: – Чекам да бидам регрутиран од САД, за да дојдам во Македонија и да ја избришам земјата! Ако во минатото тврдевме дека зад нападите во Куманово, стојат токму западните сили, ако командатот на терористите од Диво Насеље Малишева напиша писмо во кое вели дека „сите дипломати од амбасадата на САД беа запознаени со акцијата пред да се случи, како и персоналот на Бондстил“, оваа порака на социјалните мрежи, но и најавата дека против Македонија ќе бидат преземени агресивни мерки, тогаш можеме да бидеме сигурни дека сето она што сме го пишувале две години, е апсолутно точно! http://infomax.mk/wp/?p=53869Од такво "Украинско" сценарио, реално, корист имаат само оние кои сакаат да го сокријат својот криминал кој 10 години го вршеа на грбот на граѓаните, од вакво сценарио корист има само власта. Опозицијата пред се, факт е дека се пи*кици, пошто да не беше така одамна Македонија ќе беше на подобар пат. Единствено доволно луди да го покријат својот билионски криминал, дури и по цена на безброј невини животи, се оние луѓе, онаа криминална банда која себе се нарекува "легитимно" избрана влада. Оние кои во последните 10 години, придонесоа Македонија да падне на ниво на некоја афричка земја и тоа само поради задоволување на сопствената алчност и личните интереси. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:43 | |
| - Zajcef напиша:
- JKD напиша:
ПС-да не бидам погрешно сфатен,и другиве со 20 автобуси стигнаа,ама ете само сакам да кажам дека ИСТИ СЕ сите.И членство,и раководство и се.Затоа,не треба да правиме разлика,мислам,ако си веќе неопределен како што каже Алвар Да бе Сите се исти да си бидеме ние неопределени.Овците да си гласаат,ние неопределените да си седиме да си ќутиме пошто нели ни за вмро ни за сдс не сме,и лудакот да си ја засилува се повеќе и повеќе позицијата дури не се сети доволно моќен да си се прогласи за цар Не братче власта треба да се менува,особено на балканов,тоа ти е основна хигиена,секој 4 години спушти ги малку,оти грото се копуци,и малку фазла да поседи на столица и одма сака да биде султан наместо султанот...
А за тоа НВО и слични срања,јас бев учесник на сите лански демонстрации,да има НВО фаци ама на прсти се бројат,и сега можам да ти ги набројам 20-30 души кој земаат некој денар и се професионални демонстранти ама тоа се 30 души,а повеќето протести лани беа 1000+(многу често и многу над ова ама еве сител бројка ќе ви кажам)па сега удри математика што и како... Народот е лут и тоа е факт,секоја ваква власт пробува да се вади со галактички завери,светски совети против нив,и слична слобо-параноја бидеќи полесно е да се рече американците се криви него да се признае дека си ја украл младоста и иднината на 10 генерации за да правиш замоци во чешка,а и ризикуваш да те обесат Кој неверува дека е лут народот се прави на будала,бидеќи тоа го гледа на секој чекор,каде и да се движите денес ќе слуѓате само пцуење и плукање по власта,некни буџетари во болница слушав како го пцујат Хорхе,кога дошле тие што останува за другите.Во секое друштво на моја возраст што го познавам минимум 2 другари/другарки се перманентно одселени од Мк,се во времето на оваа власт и така натаму.Сето ова е доволно за еден народ да не ја сака власта повеќе,нема потреба Ротшилдови и масонски друштва и турски текови и циаши преправени во демонстранти тоа се вика параноја и за тоа всушност има лек треба само да се побара Јас имам роднини и пријатели кои се отселени од Македонија или со години работат на бродови и слично, и од времето кога беа и овие од Бранко на власт и сега со овие портокаловиве. Затоа ако се оди со чистење на криминалот прво треба да се почне од Бихачка, да се продолжи во Струмица, потоа на Водно па да се заврши на самонаречениот простор наречен Плоштад на ДПМНЕ. И на крај конечно да се растури пирамидата, која пред некое време ја прославуваше "Златната Милијарда" во луксузни хотели во Дубаи, и купување на Ролекс часовници од неколку илјади евра на неговите соработници, а кој во Чешка има згради во негова сопственост, и кој прошлата година го фатија на аеродром во Белград со пиштол и медицински ракавици во торба. А за муабети за геостратешка политика, турски токови, Илуминати, Масони, Ротшилдови, Рокфелери, има друга тема. |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:44 | |
| а опција да сакаат насилно да дојдат на власт опозицијата која е опозиција 10 години,нема шанса нели ? и тоа по 2 пат нормално,за терористички напади ни дпмне ни сдсм ја нема таа моќ и мозок да го направи,но факт е дека и странците сакаат да ги бутнат дпмне од власт,и тоа и самиот заев го кажа со поклонувањето до земја на странците,а ако некој верува дека тоа е така пошто многу се они загрижени за шака земја и народ колку еден град у европа,поради тоа што ги водат криминалци на власт,тогаш треба да е стварно малоумен. не знам како сите вие сте неутрални и за никого не навивате,ама пишувате само една теза а другата не ја спомнувате,а ако ја спомне некој,лепите етикети и вреѓате можно е да сакаат да го сокријат криминалот со војна и да им влезат по 2 пат техничка влада и да си го скратат мандатот по втор или 3 пат,има и такви шанси,ама за мене поголеми се шансите од првата варијанта,нормално,со помош од надвор,бидејќи очигледно е колку се мешаат,посебно после куманово експресно навлегоа како оси странците.А тоа,е далеку од случајност. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:49 | |
| - Smrtnikot напиша:
- албанец кој живее во Франција потпишан како „Артан Куманова“ на француски ќе напише:
– Чекам да бидам регрутиран од САД, за да дојдам во Македонија и да ја избришам земјата! Слободнонека дојде, ќе го избришат патосот од поганштијата со него. |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 14:57 | |
| Странците немаат никаква корист од Македонија како држава, да имаа веќе одамна ќе бевме членки на ЕУ, по примерот на некои наши соседи, меѓутоа не сме, затоа што странците не ги боли уво за Македонија. Јас лично сметам дека опозицијата се пи*кици и немаат капацитет за хипи движење, а да не зборуваме за некакви насилни сценарија, патем тие да сакаат некакво насилство, до сега ќе беа објавени сите бомби, вклучувајќи ги и оние за смилковско езеро и за Младенов и тука веќе немаше да има никакви дилеми. Со оглед на последиците кои можат да настапат кон членовите на владата, доколку се открие нивниот криминал, мислам дека тие на секаков начин ќе се обидат да приредат насилно сценарио (09.05.2105, Куманово) со цел да го свртат вниманието кон нешто друго. Тоа веќе го имаме видено во повеќе наврати (и слушнато!) и знаеме дека се способни и имаат капацитет за остварување на било какво насилно сценарио, како што лани на 9 мај го свртеа вниманието на целата јавност од масовните протести. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 15:02 | |
| ако немаа никакви интереси,што се мешаат тогаш ? што бараа да се насипуваат како оси после куманово ? што бараа у пржино ? што бараа 2001 ? не треси глупости,не значи дека ако имаат интерес од тебе мора да те примат у еу.Тоа се големи игри и ни ја ни ти не можеме да ги знаеме.Не ги објавил бомбите за смилковско...можеби затоа што така му наредиле ? или сметаш дека и грујо и заев носат САМОСТОЈНИ одлуки ? не биди толку наивен жити се.Што не не оставеа и 2001 и сега очи да си извадиме и да испоуапсат се што можеа,ако не им е грижа за нас и ако не им значиме ништо ? Да,ние не им значиме ништо,ни како народ ни како нација,но им играме улога во геополитичката игра и војна.Ако не им значевме на никаков план,немаа воопшто да се замараат со нас.Немој само да кажеш-па тука се за мирот за да нема војна да нема убиства свртување внимание...еве гледаме колку е свртено вниманието.Сети се дека после куманово за 10 дена се десија најголемите протести составени од средношколци,студенти,невладини организации и опозиција.Или мислиш дека успеаа нешто вмро со тоа што "свртеа" внимание тие 10тина дена ? | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 15:19 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|