|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters | |
Автор | Порака |
---|
JKD
Број на мислења : 3140
| | | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 02:03 | |
| - Alvar напиша:
- HolyTemple напиша:
- Инаку само од едно се плашам, Грујо ги држи сеуште под контрола неговите, а да ги собери и да им нареди, како што кажав прошлата година, има Бихачка со голи раце да ја срушат. Нека не се занесуваат и силат овие од СДС, овие од ДПМНЕ како што ги гледам, како се настрвени ќе ги расчеречат овие другиве што кршат.
"Сељаци" vs. "Градски деца"... како и да е, тоa можеби ќе биде почеток на граѓански конфликт. Една жртва да има не дај боже, во овој момент, СЕ ќе отиде у ПМ. Не ги спасува ни ГДОМ, ни ЕБР, ни МВР, ни СГС, ни АРМ, ни M&M. Едниве протестираат затоа што им е преку к*р од невиден криминал и автократска власт каква нема во Европа, другиве протестираат затоа што ќе ги избркаат од работа ако не се појават на контра-протест и запишат у список. А да, и за сендвич со бајата салама. Дефинирај, кој кого нема да спаси од кого. Преку кур им е, за да им овозможат на други криминалци да дојдат на власт. Се сеќавам како дете кога мојата фамилија продаваше на плоштад плетени ракотворби бидејќи не стигнуваше за да се прехраниме и сето тоа благодарение на СДС која 90тите беше власт. Овие сега место да го поправат тоа, од 2010 со проектот Скопје 2014 ја рекетираат Македонија, со тендери за изградба 90% само на две фирми кои најаголем удел има братучедот на Грујо. Веќе лекаполека влагам во години во кои ми треба работа, а неможам да ја најдам поради тоа што ми бараат партиска книшка или врски колку кабел долги. А со овие гомнава од овие НВО организации (Цивил, Отворено Општество, Солидарност, Ленка, ЛГБТ итн), не ни помислувам да се плеткам, прво нивното размислување е некомпатибилно со моето, а второ години наназад што вреѓаат, плукаат и закануваат и се што не им чини го поврзуваат со ДМНЕ, прошлата 2015 достигна кулминација кога додека нашите браќа крвареа и гинеа во Куманово, они ги обвинуваа за бруталност, им посакуваа смрт и наредна прилика да гинат за нивните усрани животи и капак на се оној сељакон отиде и си правеше селфи со јатаците на УЧКите. Денес, вчера и завчера понижувањето продолжува кон полицијата од истиве овие гомна-гнасотии од НВО здружени со СДС и партиската навивачка група ЦПБ. Инаку и овие првиве се како овие другиве, овие одат така оти им текнало, како да не. Се сеќаваш кога портокаловиве фатија вибер пораки од претседателот на младите на СДС од Аеродром кој ги праќал да соберат средношколци за протести и ќе им давале дневници од 1000 денари на секој средношколец што ќе дошол на тој протест. Тогаш цело Скопјеовие од УМС го ишкртаа со пораки "Средношколец=1000 денари". Затоа те молам не ми ги брани овие првиве, за овие вториве се знае, зашто мора да се појават на протестиве. |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 02:21 | |
| онај радикалниот мајдан почна после протестите слични на овие како во Скопје со застрелувањето на еден од учесниците од снајперско оружје. Тогаш, беше ''обработена'' опозицијата дека полицијата стрелала и почна се она до ден денес што трае таму. Кличко ги предводеше и откако сработи тоа што требаше никаде го снема а Р.Украина во никој случај не е подобра од предходно како што им ветуваше тој. Украина ги изгуби државните резерви од злато и некој ги наполна оние ''другите'' со тоа злато, го изгуби подоцна крим и сега е швајцарско сирење или со углед на к...рва со ''поминати'' 500.000км, отпишана од истокот а западот никогаш нема да ја запише. Во МК едни исти постојано ја кршат секирата удирајќи по нас, 2001 год. имавме работа со елита од инстуктори и оперативци при која што ние се браневме со доброволци и не толку обучени и опремени единици, спремаја ликвидација на лидер 2007 па ги збирша планинската бура, бегалската гриза ја тестираја со косоварите од косово па на север и успешно им помина тестот, но заборавија на Македонија, на крај удрија на камен 59 и итно направија нови договори со турција па со авиони носат сега бегалци, предходно во диво населје исто така беа осакатени во корен, многу многу се препотија кај нас!!! Во либија еднострано се дејствуваше и ја срамнија сега се номади, во сирија кога се очекуваше капитулација се појави твора сила и терезијата се порамни, во Македонија нема да се случи Сирија бидејќи еднаш се изогрија втор пат се изгорија делумно а третиов пат нема да гледаме нити либиско нити сиријско нити украинско сценарио.
Председателот Иванов може да го разбере само оној кој има долг вид, оној кој е космополит и оној кој има чувство за државност, за жал во РМ многу и не знаат што е тоа државност а за чуство за државност воопшто да не зборуваме. | |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 02:30 | |
| HolyTemple ti blagodaram üto mnogu moi misli sto sum gi imal a ne gi napisav gi napisa ti izminative nekolju denovi vo ovaa tema. Vo potpolnost! | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 03:07 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- HolyTemple ti blagodaram üto mnogu moi misli sto sum gi imal a ne gi napisav gi napisa ti izminative nekolju denovi vo ovaa tema. Vo potpolnost!
Другар, секој што ја прати хронологијата на случувањата, (а те имам забележано дека имаш прилично добро познавање на состојбите, откога си активен член на форумов) ќе види која игра се игра. Не може никој да ме убеди дека овие што кршат и палат се за слобода и демократија. Ако сакаат нека одат кај Иванов да протестираат, и нека се пресметуваат меѓу себе, полицијата да и порачуваат такви гадни работи и да ја маваат, тоа е недозволиво. |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 03:24 | |
| И сеа за да не дојдат новите криминалци на власт, треба да ги оставиме овие кои сакаат да ја доуништат и да ја доиспокрадат државава на власт за век и веков? Ја не сакам СДС утре дојде на власт, ја сакам џганов лоповски да го нема. Сосе марионетава од "претседател". Знаеш што друже, и на моите родители власта им ги затвори фирмите, на мајка ми СДС, на татко ми ДПМНЕ. И сега кој ми е повеќе крив!? Јасно е дека и едните и другите се лопови, но битно е кој е лопов во моментов. 10 е*ани години ДПМНЕ е на власт, уште 4-5 години во други минати мандати (две третини од независна МК) а уште Бранко ми го качуваат на к*р, фатете го лоповот финта ја верглаат на купени медиуми 10 години, па како не ви ску*чи!? Треба да си ментално ретардиран (говорам за оние кои душа даваат за партијата, не конкретно за тебе или некој друг на форумов, да не ме разбере некој погрешно) за да помине овој брејнвошинг кој се случува во МК. Ред пропаганда, ред серии (на кои цело време на телоп горе или долу има вести колку сме најдобри во свет), ред пропаганда, ред емисии од типот на оние со Јанко, Миленко, Мирка и остал пробисвет, па реалити емисии со Балкански фукари, па квизови со главна добивка од 1000 денари, па емисии што идат секој ден за војводите, децата бегалци и ВМРО во илегала. Преку такво! Па сите чувме како функционирале, сите бевме сведоци за каква корумпирана мафијашка организација станува збор, и сега треба да ги браниме, треба да велиме, абе слушај... овие стварно не чинат, али па Бранко што праеше.... епа затоа не ја бива ситуацијава. Тврдам дека од НВО организации меѓу луѓево кои искачаат на протести дали 1% се од нив. Па колку луѓе мислите дека работат во СОРОС, 50, 100, 500 души? 10 души ако се се на се. Толку се и во другиве. Не подпаѓајте под ВМРО-вска пропаганда толку лесно, големи сте. Најголемиот број на луѓе кои протестираат се граѓани на кои им прекипело од лимбо ситуацијава во која не води кланот. Луѓе кои не можат да најдат работа ради партиски војници, луѓе кои не можат да просперираат на работно место ради партиски војници, луѓе за кои нема кревет во студентски дом ради партиски војници, луѓе на кои им заминале децата во странство ради зачмаеноста и неперспективата во државава, луѓе на кои им е преку глава од казни за најмали прекршоци кога гледаат како некој со ограбени милиони мува не го лази, луѓе на кои им пикнале член од семејство во затвор ради политичко-бизнис интереси, луѓе на им умреле најблиски заради најквалитетното здравство на планетава, итн, итн, итн... Инаку и мене ми пречи кога им посакуваат смрт на полицајциве, мислам дека на секој нормален човек треба да му пречи кога му се посакува на друг да умре. НО, ми пречеше и кога крвнички се тепаа млади деца кои случајно се затекнале на тоа место, или жени што си ги бранеа децата, или студенти кои јадеа ќутек во читална. Па ете вие учествувате на тие конкурси за во МВР и АРМ, гледате какви се не луѓе се примаат (алал на оние кои се пробиле таму без врски), па мислите дека потоа нема истите да чуствуваат должност да си го бранат условно кажано стопанот!? Секоја чест на професионалците во МВР, но да не се лажеме... има таму и бајаги доста багра во последно време. Што се однесува на цената на протестантиве, се знае дека ВМРО-вската тарифа на овие од другиве градови е 500 денари, на тие од Скопје најчесто е потпис во тетратка дека си бил или отказ од работа, и сендвич за пензионерите. Денеска видов купишта автобуси со луѓе кои ги домкнале од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Штип... па на фаците им се гледа дека се дојдени ради тоа што мораат, а не дека им дошло да го бранат Грујо, Иванов и Вељановски. Мислите дека тие ќе се тепаат за нив ако им кажат... не би рекол. На крај краева, нели е чудно ако они протестираат против аболиција на Заев и Верушевски, тоа не го прават пред канцеларијата на Иванов кој и ги помилувал, туку одат кај аболицираниве!?!? Некако, не држи вода сценариово. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 11:09 | |
| - Alvar напиша:
- И сеа за да не дојдат новите криминалци на власт, треба да ги оставиме овие кои сакаат да ја доуништат и да ја доиспокрадат државава на власт за век и веков? Ја не сакам СДС утре дојде на власт, ја сакам џганов лоповски да го нема. Сосе марионетава од "претседател".
Знаеш што друже, и на моите родители власта им ги затвори фирмите, на мајка ми СДС, на татко ми ДПМНЕ. И сега кој ми е повеќе крив!? Јасно е дека и едните и другите се лопови, но битно е кој е лопов во моментов. 10 е*ани години ДПМНЕ е на власт, уште 4-5 години во други минати мандати (две третини од независна МК) а уште Бранко ми го качуваат на к*р, фатете го лоповот финта ја верглаат на купени медиуми 10 години, па како не ви ску*чи!? Треба да си ментално ретардиран (говорам за оние кои душа даваат за партијата, не конкретно за тебе или некој друг на форумов, да не ме разбере некој погрешно) за да помине овој брејнвошинг кој се случува во МК. Ред пропаганда, ред серии (на кои цело време на телоп горе или долу има вести колку сме најдобри во свет), ред пропаганда, ред емисии од типот на оние со Јанко, Миленко, Мирка и остал пробисвет, па реалити емисии со Балкански фукари, па квизови со главна добивка од 1000 денари, па емисии што идат секој ден за војводите, децата бегалци и ВМРО во илегала. Преку такво! Па сите чувме како функционирале, сите бевме сведоци за каква корумпирана мафијашка организација станува збор, и сега треба да ги браниме, треба да велиме, абе слушај... овие стварно не чинат, али па Бранко што праеше.... епа затоа не ја бива ситуацијава.
Тврдам дека од НВО организации меѓу луѓево кои искачаат на протести дали 1% се од нив. Па колку луѓе мислите дека работат во СОРОС, 50, 100, 500 души? 10 души ако се се на се. Толку се и во другиве. Не подпаѓајте под ВМРО-вска пропаганда толку лесно, големи сте. Најголемиот број на луѓе кои протестираат се граѓани на кои им прекипело од лимбо ситуацијава во која не води кланот. Луѓе кои не можат да најдат работа ради партиски војници, луѓе кои не можат да просперираат на работно место ради партиски војници, луѓе за кои нема кревет во студентски дом ради партиски војници, луѓе на кои им заминале децата во странство ради зачмаеноста и неперспективата во државава, луѓе на кои им е преку глава од казни за најмали прекршоци кога гледаат како некој со ограбени милиони мува не го лази, луѓе на кои им пикнале член од семејство во затвор ради политичко-бизнис интереси, луѓе на им умреле најблиски заради најквалитетното здравство на планетава, итн, итн, итн...
Инаку и мене ми пречи кога им посакуваат смрт на полицајциве, мислам дека на секој нормален човек треба да му пречи кога му се посакува на друг да умре. НО, ми пречеше и кога крвнички се тепаа млади деца кои случајно се затекнале на тоа место, или жени што си ги бранеа децата, или студенти кои јадеа ќутек во читална. Па ете вие учествувате на тие конкурси за во МВР и АРМ, гледате какви се не луѓе се примаат (алал на оние кои се пробиле таму без врски), па мислите дека потоа нема истите да чуствуваат должност да си го бранат условно кажано стопанот!? Секоја чест на професионалците во МВР, но да не се лажеме... има таму и бајаги доста багра во последно време.
Што се однесува на цената на протестантиве, се знае дека ВМРО-вската тарифа на овие од другиве градови е 500 денари, на тие од Скопје најчесто е потпис во тетратка дека си бил или отказ од работа, и сендвич за пензионерите. Денеска видов купишта автобуси со луѓе кои ги домкнале од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Штип... па на фаците им се гледа дека се дојдени ради тоа што мораат, а не дека им дошло да го бранат Грујо, Иванов и Вељановски. Мислите дека тие ќе се тепаат за нив ако им кажат... не би рекол. На крај краева, нели е чудно ако они протестираат против аболиција на Заев и Верушевски, тоа не го прават пред канцеларијата на Иванов кој и ги помилувал, туку одат кај аболицираниве!?!? Некако, не држи вода сценариово. Токму така. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 11:52 | |
| Јас само познавам 2ца кои се од невладини и излагаа на сите можни протести и зимаат пари за тоа 2ца од 10 знам јас,што човек ќе бев ако имаш некој од куманово прашај го кој иде на протести со автобуси...или можда кумановци толку им прекипело од криминалциве,па си платиле автобуси и рекле сеа ќе видат,иако е работен ден јас ќе идам на протест и ќе си платам со мои пари превоз 1% да,ама 1% од тие што ти ги кажуваш,обичен народ дојдено преку глава од криминали.Останато ти е се невладини и сдсм,како што е и на спротивната страна,се партиски послушници.Не ја сфаќам логиката да верувате дека членството на сдсм и раководството е светлосни години пред спротивното...истите гомна се и во раководството,и во извршни комитети кои ги носат одлуките што ќе се дешава,и во членството.Ако ја ставаш таа теза не потпагајте под влијание,тогаш не потпагај ни под влијание на сдсм дека сите пред бихачка се вмрвоци,туку кажи ни дека се припадници на здруженија на граѓани како ГДОМ,БЕДЕМ и слично ПС-да не бидам погрешно сфатен,и другиве со 20 автобуси стигнаа,ама ете само сакам да кажам дека ИСТИ СЕ сите.И членство,и раководство и се.Затоа,не треба да правиме разлика,мислам,ако си веќе неопределен како што каже Алвар | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 13:22 | |
| Значи ако 1% (100 луѓе) се незадоволни граѓани, а останатите 99% (9900 луѓе) се припадници на НВО здруженија... од излезени 10000 луѓе, излегува дека невладиниот сектор е еден од најголемите работодавачи во државава. Интересно, тоа е повеќе од сите ТИРЗ капацитети во државава. Ова со странскиве служби кои ја подриваат безбедноста на државава и спремаат атентати (ко што рече Иванов) на политичари и не било толку наивно и безопасно. Фрлам пешкир, не можам со вакви аргументи, знам кога сум поразен. P.S. Кој е овој лево од Милчин? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/4/2016, 13:34 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|