Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Конкурси за вработување во МВР

Go down 
+40
Macedonian09
Macedonian Knight
Генерал
bojan1006
Drettica
darkness
gunner
warior
Gjole^Stolarot
wezzy
ZokiFifty
Rashid
ESN
икс
Спенсер
petarbt
Panter
Nikolce Trajkovski
Букефал
nikolce jakimovski
Зоран
Simona Ancevska
minceski
Kristijankiko
dekikb
Goran695
milo0710
asdasd12312345
Dimche.Trpeski
IgorM
viston
Braveheart993
assasian
JKD
Smrtnikot
ace89
tose
Momak od Gjorce
Цане
SIG
44 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 68 ... 84  Next
АвторПорака
Rashid

Rashid


Број на мислења : 80

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty8/7/2015, 09:14

Не добиваш никакви пари за времетраење на обуката и истата трае 12 месеци.

______________________
For alt vi har. Og alt vi er. Unanimi cum ratione.
Вратете се на почетокот Go down
wezzy




Број на мислења : 6

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty8/7/2015, 17:10

Има ли некој информации дали ќе има годинава конкурс ?
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty8/7/2015, 19:23

Прашај у партија

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
wezzy




Број на мислења : 6

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty8/7/2015, 20:24

assasian напиша:
Прашај у партија
Мислиш знаат ?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 14:31

МВР објави оглас за вработување 600 полицајци
10.07.2015 - 14:24:05

Министерството за внатрешни работи денес објави оглас за вработување на 52 лица, покрај тоа објави оглас и за вработување 600 полицајци на територија на цела Република Македонија. Еве го целиот оглас:

За прием на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1.Полицаец за подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје........... 435 извршители;
2.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Битола ...................20 извршители;
3.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Ресен .........................5 извршители;
4.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Охрид......................20 извршители;
5.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струга .....................15 извршители;
6.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Дебар ......................15 извршители;
7.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Тетово .......................5 извршители;
8.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гостивар...................5 извршители;
9.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Велес .......................20 извршители;
10.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Куманово.............20 извршители;
11.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Штип .........................5 извршители;
12.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струмица..............10 извршители;
13.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гевгелија...............25 извршители;
-Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.
-По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование и
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и
-висока лична физичка подготвеност.
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-извод од матична книга на родените,
-диплома за завршено четиригодишно средно образование;
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и
-две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
-Сектор за внатрешни работи Скопје:
-Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
-Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
-Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
-Сектор за внатрешни работи Битола;
-Сектор за внатрешни работи Велес;
-Сектор за внатрешни работи Куманово;
-Сектор за внатрешни работи Тетово;
-Сектор за внатрешни работи Охрид;
-Сектор за внатрешни работи Струмица,
-Сектор за внатрешни работи Штип.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува согласно точка 1 од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,30-16,30 часот).
4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:
-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
-Проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности)
-Писмено тестирање (општообразовен тест и изработка на есеј),
-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
-Безбедносна проверка и
-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).
6. Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена на писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.
9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.
10. По завршување на основната обука (во времетраење од една година), Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/216371860/mbr-objavi-oglas-za-vrabotuvanje-600-policajci
Вратете се на почетокот Go down
gunner




Број на мислења : 51

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 14:52

Многу рано ова... очекував некаде септември/октомври кој знае што се подготвува
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 15:06

Од денес 15 дена ? или откако ќе се објави во службен весник ? и кога би се објавило ?

колку проценувате време од започнување на проверките ?
Вратете се на почетокот Go down
Gjole^Stolarot

Gjole^Stolarot


Број на мислења : 32

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 15:13

JKD напиша:
Од денес 15 дена ? или откако ќе се објави во службен весник ? и кога би се објавило ?

колку проценувате време од започнување на проверките ?

октомври ... таман од март овие ќе почнат !!
Од утре 15 дена , не пишува дали работни , ако е работни тогаш 3 недели , а вака се 2 .
ЈКД исполнуваш услови ??

______________________
„Победата им припаѓа на најупорните“
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 15:17

Работни прочитав на сајтот на мвр...

Исполнувам се,освен средно...дипломи тек на 10ти август,сега прашав...да видам да ми дадат некоја потрвда дека сум завршил средно,ако ја прифатат...
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty10/7/2015, 15:19

JKD напиша:
Работни прочитав на сајтот на мвр...

Исполнувам се,освен средно...дипломи тек на 10ти август,сега прашав...да видам да ми дадат некоја потрвда дека сум завршил средно,ако ја прифатат...
ЏКД

Добро си бил информиран имаш добри информации.
Ја не верував во муабетот.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР - Page 53 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Конкурси за вработување во МВР
Вратете се на почетокот 
Страна 53 of 84Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 68 ... 84  Next
 Similar topics
-
» Конкурси за вработување во МВР

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: