Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 17:44
Чекај малку полека.Нели јас бев најнаивниот на форумов,од кај си ти убеден прво дека не се странски слузби ? од кај си убеден дека се 20 илјади граѓани ? јас не видов 20 илјади туку 4-5 високи функционери,и новинар кој што е близок до власта.Кај се тие 20 илјади односно 26 илјади ? ти мислам дека пиша дека не е веќе како во црно-белте филмови да седат со слушалки на уши и да прислушкуваат,а сеа го казуваш обратното ? ако ти сметаш и останати дека заев ова го прави за доброто на Македонија,и дека ова е од домашни слузби,и дека мијалков би се прислушкувал самиот и тие снимки би стоеле на маса и лесно достапни би биле така да се украдат,тогаш не знам што да ти казам.
Овде не е работата за Македонија,нигде у свет не с еработело за една дрзава,тоа се цели математики и планови,ама ај ќе видиме со тек на време,се се случува со план,ништо не е случајно во зивотот,најмалку па во политиката,уште помалку во вакви ГОЛЕМИ игри.
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 18:09
Електронски е записот, електронска опрема и се користи. Опремата за прислушкување е кај нас, а не кај америте, германците, грците или не знам кој, тоа е муабетот. Мијалков го слушаме само затоа што се прислушкувани соговорниците од другата страна на телефонот. Разговор помеѓу Мијалков и Груевски НЕМА, тоа е толку индикативно да не знам што е потребно за да види народов кој го ебе у глава.
Друга работа, ги слушате ли воопшто снимките, или ги пратите само скратените објави на владиниве медиуми? Абе луѓево (грев е да ги наречам луѓе) си играат курташак со животи, решаваат у кафана кој да живее кој да умре, цела држава ја држат во залог. Е сега, тоа не е битно, битно е од каде дошле снимките, дај не ме заебаај. Млади сте, умни, нека не ве л'жат продадени ликови ко Латас, Миленко, Јанко, Мирка, Тони Шанац и др.
Кризата тек предстои, овие се спремни да стават СЕ на коцка... можат да креираат и конфликт, само за да искочат од кашата која сами си ја запржиле. До таму е работава. Ќе изманипулираат и ќе насскаат луѓе да се тепаат за да дувнат негде у маглата. Го боли курот Груевски, Мијалков, Латас шпиунот српски или Ставревски за Македонија. Кешот го изнесоа, сега само треба да најдат модус и они да искочат надвор.
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 18:15
А нели пријавија сдсм дека им ги украле сите документи ? како објавуваат ? од кај знаеш уште што се имало во тие документи ? зошто ивз бара средби со заев ? кој се анонимуси ? ако објавуваат само за оппозиција анонимуси а не и за власт,тогаш значи се од власта,ако објавуваат само за власта а не и за опозиција(пошто нели најприслушкуван бил заев) тогаш значи самите сдсм ги креирале тие наводни анонимуси за да не сносат одгворност за постапките,или трета опција стварно анонимуси да им ги украле разговорите.СИГУРНО не ги чувале нешто посебно,со некој лесен систем на заштита,пошто не мозеш у телефон да ги чуваш тие снимки сигурно,посебно ако се 20 илјади(што јас не верувам дека се толку) мора да ги чуваш во добар компјутер,па некој што си ја разбира струката како од шала би ти влегол и би ти украл што сака.Ако објават СЕ,без пардон,тогаш значи дека се стварно некои хакерчиња,или странски слузби.
Пообјасни ова со електронскава опрема што сакаш да казеш,само ние имаме таква америте немаат или што ?
да те подтсетам дека америте ги прислушкуваа германците и обратно,така да за нас па најмал проблем би им било тоа.
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 18:18
Alvar напиша:
Електронски е записот, електронска опрема и се користи. Опремата за прислушкување е кај нас, а не кај америте, германците, грците или не знам кој, тоа е муабетот. Мијалков го слушаме само затоа што се прислушкувани соговорниците од другата страна на телефонот. Разговор помеѓу Мијалков и Груевски НЕМА, тоа е толку индикативно да не знам што е потребно за да види народов кој го ебе у глава.
По мене ниска безбедносна култура . Факт 2 ако С.М е манга и прислушкувал или дла налог да се прислушкува веројатно ке се пази и нема да тресе зелени ко г-га министерка кој на снимкиве е како да слушам средноШКОЛКА како лафи ( gossip girl ) да нема дилеми застапник сум за легализам и ова ке мора да заврши на суд или никако поинаку во спротивно ни Зајо ке ужива у парите ни контра банда . Значи како реков не заземам страна. Али мн чудни нешта . Инаку како тргнало очекувам и сникмка Грујо -Сашо и за крај се надевам судот ке побара вештачење од угледна лабарторија од странство кои ке се произнеста што е ватетично или е местенка. Успут имавме добра презентациај од Паника бе како се мести клип ( кој беше надпросечно супешен и многу портали го коментираа сериознао ) Клип летва пијан кои звучи како д азбори Тодоров.
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 18:35
А каде пишуваше дека "анонимуси" им ги украле доказите/документите на СДСМ? Таква информација не излезе од СДСМ. Просто ко грав. Таа информација излезе на портали и медиуми кој се во сопственост на владата. Нормално дека ќе излезат со таква информација. ИВЗ бара со нив средба за да претпоставувам дојдат до информациите и мубетите каде они се актери, не верувам дека ќе ги добијат. "Анонимуси"... оние кој излегоа со креиран профил од минатата недела, се креирани од самата власт за да ги искористат како канал од каде би излегле снимките од разговорите кој ги водел Заев и компанија. Сигурно МВР нема да излезе на прес и да ги пушти снимките со кои располагаат, сами ќе си пукаат во нога и ќе ни докажат дека снимале разговори. Туку ќе речат еве, една "анонимна група" на одметници од СДСМ ни ги даде материјалите со кои располага Заев.
Ви текнува на видео снимката од разговорот помеѓу Грујо и Заев во кабинетот на премиерот? Зошто се заташка таа снимка, зошто не ја вртат повеќе по владините медиуми? Затоа што истата е доказ дека се снимани и прислушкувани СИТЕ кој се од интерес на дуото братучеди. Како Сител дојде до тие снимки (а не другите медиуми) неколку часа пред воопшто снимката да биде објавена на YouTube? Затоа што се неписмени аматери.
Околу чувањето на снимките, верувам дека овие од СДС не се толкави глупаци за да ги чуваат тие материјали на компјутер поврзан на мрежа. Како ќе им ги земат тие снимки доколку се ставени на екстерен HDD или стик?
Опремата, т.е. софтверот за прислушкување го имаат нашите служби, истиот се користи во координација со телекомуникациските компаниии кој ги има кај нас, не е можно прислушкување без нивна дозвола и соработка. Америте сигурно дека имаат можност да псислушкуваат други држави, но повторно НЕ во толкав обем колкав што е кај нас. Зошто САД би го прислушкувал да речеме Емил Стојменов, сопственик на приватна телевизија во Скопје!? Или пак Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп!? Толку им се битни овие ликови на CIA, BND или MI5?
На крајот, кој сме ние, во споредба со една Германија, Русија или Кина, за да имаме ист приоритет на листата за прислушкување на CIA?
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 19:17
Другар,ако сакаат дестабилизација,ќе прислушкуваат секој што би придонел за тоа.За да се дигне прашина,револт,гнев.Размисли на таа тема.
Дај ми негде кај излегла опозицијата и рекла-лазат,ги имаме сите документи,никакви анонимуси не ни влегле во компјутер и не земале ништо ?
зошто заев не објавува негови снимки ? нели е најприслушкуван ?
го гледаше ли видеото од васко ефтов во центар ? таму еден експерт кој бил порано советник на борис трајковски казува дека е ДОЗВОЛИВО со закон да се снима во кабинетот,доколку се уценува некој висок функционер.И за мене тоа е ОК,зошто сепак го уценувал,со техничка влада.
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/2/2015, 19:48
JKD напиша:
Другар,ако сакаат дестабилизација,ќе прислушкуваат секој што би придонел за тоа.За да се дигне прашина,револт,гнев.Размисли на таа тема.
Дај ми негде кај излегла опозицијата и рекла-лазат,ги имаме сите документи,никакви анонимуси не ни влегле во компјутер и не земале ништо ?
зошто заев не објавува негови снимки ? нели е најприслушкуван ?
го гледаше ли видеото од васко ефтов во центар ? таму еден експерт кој бил порано советник на борис трајковски казува дека е ДОЗВОЛИВО со закон да се снима во кабинетот,доколку се уценува некој висок функционер.И за мене тоа е ОК,зошто сепак го уценувал,со техничка влада.
Ако добро помнам Кесковски беше член на партијата на Љубе ( Народна ПАртија ) или како веке се викаше/
______________________ Мијак 100 %
Цане
Број на мислења : 87
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 21/2/2015, 02:41
Абе до толку е се, буквално се, измешано што веќе не може да се процени кој јаде, кој пие, а за плаќање, како по обичај, секогаш плаќа народот. Е сега по мое за снимкиве колку што гледав содржината на снимките досега никој ја нема демантирано, што значи дека најверојатно се вистинити (но без анализа од странство не можи да се потврди). Некако гледам сите се запнале од кај се снимките, кој ги снимил, како излегле и не знам што, а никој не коментира за самата содржина на снимките. Не дека не е битно од кај се, битно е и тоа многу, а особено ако се води судска постапка, ама работите треба да имаат некој редлосед на приоритети. Значи досега од сите 3 снимки објавени, доколку нивната содржина е веродостојна, значи дека нас системите во државата ни се катастрофа и Уставот се крши од самата власт, бидејќи не се почитува онаа тростолбна поделба на власта. Па имаме најразлични договарања од најразличен каркатер, а сите тие се во спортивност на Уставот, а да не зборувам за законите, подзаконските акти и цела таа хиерархија од најгоре до најдолу. Значи прво тоа е катастрофално за системот и за стабилноста на државата, а особено за безбедноста и сигурноста на самите граѓани. Тоа првиот дел и најзначајниот, а вотриот дел кој е истотака многу битен е делот за тоа кој и како ги направил тие снимки и како опозицијата ги доби тие снимки. Ако снимките се добиени од странските служби, тоа значи дека нашиот безбедносен и контраразузнавачки систем е катастрофален и е како швајцарско сирење. Истотака се поставува прашањето и што опозицијата нуди за возврат за да добие таков скапоцен подарок од службите, кои пак сигурно не му го доставиле тој материјал на Заев оти многу му е мил (се знае како работат странските служби и за чии интереси и дека ништо не даваат џабе). Ако пак снимките се добиени од нашите служби, тогаш имаме кршење на одредбите за службена тајна, со која вработените во УБК и АР се обврзани, а ако вработените морале да ги прекршат овие тајни за да спречат навистина еден од најтешките и најсериозни видови на криминал со тоа што снимките морале да ги дадат на опозицијата, а не на надлежните институции и сето тоа да оди по легален институционален пат, значи дека ние како држава воопшто и не функционираме. За која страна какви интереси има од сето ова не коментирам бидејќи сите имаат некаков интерес. Од се досега изнесено на површина можи да се заклучи само дека системите на оваа држава се распаднати и нивното правилно функционирање е сведено на минимум и сето тоа е така заради преголемата политизација на општеството. Не треба да се заборави дека народот е исто така многу поделен на партиско ниво и голем број на луѓе ги запоставуваат интересите на државата за сметка на партиските интереси што придонесува до ваквото "функционирање" на нашата држава. Факт е дека некој треба да застани и да го расчисти еднаш за секогаш организираниот криминал кој ја проголтува Македонија од осамостојувањето па до ден денес, само прашањето е дали воопшто има таков?
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 21/2/2015, 10:20
Добра анализа Цане . Успут топ аватар,
______________________ Мијак 100 %
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 21/2/2015, 19:47