http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22315928447&id=9&prilog=0&setIzdanie=23402#.VOsL4lEkzgA.facebookМакедонија во игротеката на ЦИА и на МИ6Велиновска прави паралели од конфликтот во 2001 година, аферата „Големото уво“ и актуелната ситуација во државата. Таа се осврнува и на целите за основањето на ИСИЛ, повикувајќи се на документи во кои црно на бело стои дека во БиХ и во Македонија било практично вежбано сценариото по кое неодамна била пуштена од ремен и оживотворена ИСИЛ и извлекувајќи заклучоци дека основачот на УЧК/ОНА е Американец, безбедњак. Во анализата Велиновска потсетува и на скандалот со холандската компанија ГЕМАЛТО, која произведува СИМ-картички за мобилни телефони и од која во 2010 г. се украдени дешифрирачките клучеви, и тоа од тајните шпионски служби НСА и Британската разузнавачка служба (GCHQ)
МИРКА ВЕЛИНОВСКА
АНАЛИЗА
Деновиве слушнавме сенешто поврзано со осуетениот преврат во изведба на Зоран Заев во името на СДСМ и дружината на СОРОС. На пример, двајца кандидати за првата уставна позиција - шеф на државата од редовите на СДСМ, Тито Петковски и Стево Пендаровски, кои како вистински професионалци нѐ поучија дека добивањето, поседот и користењето неовластени и доверливи информации од странски тајни служби не се смета за кривично дело и шпионажа, туку за корисен подарок, а кривично дело било ако такви документи од Македонија им се лиферуваат на странски служби. Од професорот по новинарство Зоран Димитровски научивме исто така дека превратите се делат на популистички (изведени со помош на народ) и елитистички, без народ!? По активирањето на бомбашката серија, стратегот на превратот Заев ги изнесе своите експертски очекувања. Вели, не очекува правна, туку политичка разврска. Владе Милчин, во чија режија се сите граѓански востанија, битки, борби и револуции во обид и сите пропагандно-манипулативни акции за риболов на кленови од 2001 г. до денес повторно раководи со секторот „зомби-герила“, кој гостува во јавниот простор со повеќе привремени имиња (под различни шифри) во зависност од поводот. Мобилен е и активиран на сите страни. Пука од сите гори и шуми во Македонија помеѓу две паузи од силно повраќање поради згрозеност од прислушувачките капацитети на Сашо Мијалков. Ја отслушавме и математичката методска единица за тоа колку време и колку луѓе ѝ се потребни на некоја тајна служба да преслуша и да пренесе на хартија прислушуван материјал што опфаќа 20.000 луѓе. Нема што нема во македонските анализи, освен она што е корисно и паметно да се знае за да не се удави во „океанот од материјали“
На сите нив треба да им се соопштат два факти: брзината на светлината за вакуум сѐ уште изнесува с-(299792,50±0,10) во секунда и сега е 2015 година во 21 век. Тргнувајќи од ова, сѐ што понатаму ќе прочитате е информација, сознание, релевантни, проверени и проверливи податоци добиени и напишани од луѓе со несомнен интегритет или учесници во собитија, од документи и извештаи на институции. Сублимирано и пакетирано во два предмети со импакт-фактор 10 во однос на скандалот „Пуч“, кој ја засега Република Македонија. Значи, кој го инспирирал Зоран Заев да прави преврат? Кој го држи на контакт и му лиферува документи и прислушувани разговори? Кој нѐ шпионира? Со која цел? Кој и зошто се согласил да биде подизведувач на валканите работи во земјава? Што треба Заев да одработи за возврат за порачателот на превратот? Што ќе стореше со шпионскиот материјал, со „бомбите Зоран Заев ако Груевски ја прифатеше зделката“ на уценувачот како што тоа го стори во 2001 г. Љупчо Георгиевски?
МАКЕДОНИЈА ВО 2001 Г. БИЛА ПОЛИГОН ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ИСИЛ
Нашето соочување со реалноста мора да почне со констатацијата дека Заев и Милчин, како и ИСИЛ впрочем, уредно со соопштенија најавуваа „дека ќе тргнат на Рим“, односно на Илинденска б.б. Македонците не се толку духовити и склони се кон драматизирање, за разлика од Италијанците, кои најавата за терор (бомби) ја истретираа како зафрканција. Поради искуството веројатно. Е, токму тоа искуство му помогна на професор д-р Мајкл Чушидовски да напише текст со наслов „Исламската држава - дежа ви“, а по повод превратот на Заев. Во репринт на текстот што го напишал два месеци по 9/11, односно во време кога во ек беше и фингерајката од војна и мировниот процес во Македонија во 2001 година, Чушидовски ги внел и новите откритија од релевантни извори и документи во кои црно на бело стои дека во БиХ и во нашава држава било практично вежбано сценариото по кое неодамна беше пуштена од ремен и оживотворена ИСИЛ. Со „програмата“ раководел Антони Лејк, кој беше на чело на Националниот комитет за безбедност на САД, а нам ни е познат како прв човек што дојде лично да се увери колку е жив и здрав (употреблив) Киро Глигоров по атентатот. Значи, основачот на УЧК/ОНА е Американец, безбедњак. Целта е од овие произведени „борци за човекови права“ да се создаде богат фундус на терористи-платеници и центри за нивна регрутација за потребите на САД. Што за Европа го остварија со креирањето на косовската држава, ама од која, како што гледаме, сега масовно бегаат Албанци, кои „стасале“ за регрутација, односно присилна мобилизација. Ова уште поубаво и сликовито го објасни на Си-ен-ен пензионираниот генерал, а сега сопственик на рудниците за јаглен на Косово, Весли Кларк. Вели: „ИСИЛ бил создаден од сојузниците на САД во осумдесеттите години со намена да се борат против Хезболах во Либан. Но, САД ја презедоа програмата и ја вклучија како дел од својата надворешна политика. Целта е каде што треба да се создадат и употребат зилоти за теренска борба до смрт“. Со овој термин се означуваат фанатизираните, адреналински пројави на човечко однесување во чопор. Сега, каква врска има тоа со ова што денес е озаглавено како „пуч“? Па, никаква, освен што сценариото на Заев е до запирка исто како во 2001 година. Мало потсетување: 1. Креиран скандал „Големото уво“. 2. Испорачана јавно упатена уцена од челникот на СДСМ, Бранко Црвенковски: или заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ или пуч, односно војна. 3. Војната почна во февруари 2001 г. во Танушевци, а се пренесе на Тетовското кале. 4. СДСМ влезе во Владата, ама оттогаш Македонија не можеше повеќе да се брани. 5. За тоа се погрижија НАТО и ОБСЕ, обете под американско раководство. 6. Во Македонија допатуваа 3.000 тешко вооружени војници на НАТО со мисија божем да ја разоружат боречката формација на УЧК-ОНА и да издејствуваат прекин на огнот. 7. Базата беше сместена на Еребино. Со неа раководеа британските офицери и агенти. 8. Тие беа и кумови на двете акции познати како „Килибарна лисица“ и „Суштинска жетва“. И во обете е видливо присутен далеку познатиот британски асоцијативен (симболичен) цинизам на сметка на „дивјаците“, кои решиле да ги „цивилизираат“. 9. Ама ништо од тоа не ќе беше ефикасно ако во фингерајката не учествуваше агитпропот во организација на Соросовиот цивилен сектор, МКГ, ОБСЕ, односно пропагандата во која се вклучија новинарите. Не за џабе нив Чушидовски ги нарекува кожна ракавица на ЦИА и на НАТО, а Ноам Чомски логистика на воената морнарица. Но, како и да е, според документацијата на Чушидовски, целта била „да ја ослабнат македонската армија и да ги дестабилизираат македонските државни институции“. УЧК и ОНА, според него, се формирани на ист начин како ИСИЛ-бригадите на терор. Пентагон регрутира платеници со договор по дело како што го сторија во Сирија, Либија и во Ирак. Во нашиов случај, преку оглас објавен од „Бота Сот“ во март 2001 година, а со одобрение на американската влада, во Њујорк почна регрутација на „борци за човекови права“ и така е создадена т.н.,атлантска бригада. Такви центри денес во Европа има во Велика Британија, Франција, Белгија, БиХ и во Косово. Сѐ друго е историја.
ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО САЈБЕР-ВОЈНАТА
Но, за изведба на превратот, како и во 2001-та, се активно вклучени истите актери: тука е СДСМ како подизведувач и „карактерен глумец“, тука е супститутот на „деканот“ на „Мала Речица“ првиот човек на ИВЗ, видлива е ОНА преправена во ДУИ, па Милчин со своите зомби-герилци и дувачкиот медиумско-експертски оркестар. Ги имаме и соло-парчињата на евроатлантските амбасади, единствено што нема се критична маса „напалени“ зилоти подготвени да се борат до смрт и народни маси подготвени да голтаат пропагандни јадици. Што би рекол Бранко Црвенковски, кој во 2001 година ја одигра мајсторски улогата на Заев, односно на марионета, фали адреналин за да ја реактивира фабричката грешка, вградена во државните институции по неговиот преврат. Едноставно, повторувањето на „Големото уво“ по исто сценарио, во иста режија и идентични глумци, не врви. Оти е 2015 година. И зашто мисијата на просветители на планетарно ниво ја водат луѓе како Џулијан Асанж и Едвард Сноуден.
Годинашната презентација на холивудските филмови го вклучува и оној за криптографот што успешно ја декриптирал страшната „енигма“ за потребите на шпионажа во услови на светска војна. Ние очигледно не сме отишле подалеку од времето на Втората светска војна, па уште си го замислуваме Мијалков како залепил уши на телефонски приклучок во Телеком и воајерски ужива во разговорот на Емил Стојменов со него или некој друг функционер. Велам ние, мислејќи на нас, новинарите. Веројатно затоа нема кој да ја информира нацијата што е тоа што ја тресе планетава и што е тоа што се случи со ГЕМАЛТО, компанија сместена во Холандија, а која произведува чипови за мобилни телефони (СИМ-картички) и следната генерација кредитни карти за 70 отсто од човештвото и чии клиенти се „АТ и Т“, „Ти-мобајл“, „Веризан“, 450 светски провајдери со безжичен опфат во 85 држави. За посликовит увид е и податокот дека оваа компанија годишно произведува две милијарди СИМ-картички. Е, од компанијата во 2010 г. се украдени дешифрирачките клучеви, и тоа од тајни шпионски служби. Кои се? НСА и Британската разузнавачка служба (GCHQ). Откога експлодира оваа бомба, благодарение на Сноуден, Холандија е на нозе. Ќе го менува и Уставот. Тоа го натера Ади Шамир, креатор на декриптирачкиот протокол за заштита на е-комуникацијата, да каже дека „Криптографијата е премостена“. Што ќе рече, „денес е полесно да отвориш блиндирана врата со клуч отколку да се мачиш и да ја кршиш“. Е, па токму тоа го сториле разузнавачите на САД и на Велика Британија. Иако имаат повеќе вработени математичари на квадратен метар како дешифрирачи отколку кој било друг во светот, сепак во три смени им работат само хакерите. Тие ја извеле „Жетвата на клучеви“. Пак жетва во англиска верзија!!! Британските хакери во содејство со НСА ја опљачкале холандската компанија, ѝ ги украле шифрираните податоци за производите и на тој начин му ја украдоа слободата на светот.
Значи, нужно ни е приземјување и усериозување. Наша цел е да попречиме дестабилизација на државата и да се заштитиме од шпионажа со сериозна дератизација на јавниот и политичкиот простор. Во моментов Македонија е нападната на два начини: влезена е во списокот на активно шпионирани држави заедно со Унгарија, Венецуела, Сирија, Египет, Србија, Јордан, Мексико, Куба, Италија, Шпанија, Исланд и Грција од неодамна, и логистички потпомогната со пари на ЦИА, а преку фондациите на Сорос е покриена со пропаганда и спинови како подготовка за дестабилизација. Како што јавува американскиот новинар Вејн Мадсен, сведок во конгресните сослушувања за работата на НСА, Зоран Заев има директна комуникација со Томас Мелија, еден од раководителите на ДРЛ (одговорен за Европа, Северна Африка, Блискиот Исток), организација за човекови права и труд, поранешен заменик-претседател на невладината „Фридом хаус“ во чиј управен одбор седат Пол Волфовиц, Кен Аделман, Збигњев Бжежински, Доналд Рамсфелд и Ото Раих. Овој комплот „слободњаци“ неодамна е фатен на дело како за потребите на своите потфати специјални операции ѝ трансферира пари на ЦИА за опозициските групи во Сирија, Иран, Кина и во Русија. Во овој состав активно е вклучена и актуелната висока функционерка на американската администрација Викторија Нуланд, која неодамна беше во Скопје за да го сними теренот. Жртви на такви валкани операции беа и се лидери избрани на демократски организирани избори: Кристина Киршнер, шефица на Аргентина, Дилма Русеф, претседателка на Бразил, и Мишел Бачелет, претседателка на Чиле.
А од неодамна за таков е таргетиран и Никола Груевски, заедно со Виктор Орбан. Затоа е употребен и активиран профилот Зоран Заев.
Што се може шпионажата
За каков тип игри говориме покажува и шокантното откритие на комисијата ИАЕА, која е задолжена за контрола на нуклеарната програма на Иран, а што го пренесе Блумберг. Дознаваме имено дека пред 15 години преку испорака на соодветни делови за нуклеарките на Иран од разни компании ЦИА успеала да вгради „доказен материјал“, кој ќе ја обвини државата оти произведува компоненти за атомска бомба. Дури сега се откриени овие дубари и комисијата ги повлекла досегашните извештаи за да се направи нивна измена. Што се случуваше во тие 15 години сите знаеме. Иран е длабоко изолирана држава изложена на жестоки санкции оркестрирани од САД, а поддржани од ЕУ. Економските и другите штети се огромни, земјата е тотално демонизирана, на лажна пропаганда пораснаа и се индоктринирани милиони луѓе. Страшно е што ова не е издвоен случај, туку практика.
Универзална воена кројка за уништување држави
Мајкл Чушидовски во својот текст „Дежа ви - Исламска држава“ пишува: „Документирано и без трошка сомнеж е дека Вашингтон стои зад терористичките напади на Македонија. Додека официјален Вашингтон објави дека се бори против тероризмот, американските воени советници се бореа на страната на терористите на ОНА“. Значи, Вашингтон се бори против тероризмот така што го помага. За тоа сведочи воената кројка по која дејствуваат САД и НАТО: 1. Американските воени сили ги штитат терористите. 2. НАТО и САД обезбедуваат и регрутираат странски платеници. 3. САД спонзорираат терористи, кои нанесуваат штети и произведуваат жртви на таргетиран терен. Цел е етничко чистење, бегалски кризи заради терор. 4. На повик на САД, светот тргнува во спасувачки акции. 5. Крај на играта: нужно следува мировен процес, по кој доаѓа политичка фрагментација и балканизација.
Жетва на клучеви
Преку изјавата на еден од криптографите што ги обезбедил за разговор Џереми Скејхил, новинарот што го разоткри присуството на „блеквотер“-агентурата во воените сили и институциите на Украина, а која работи за веб-страницата на Гринвалд и за „Гардијан“, може да се дознае дека за новите 3Г, 4Г и ЛТЕ-протоколи нужен е декриптирачки клуч зашто заштитните алгоритми се посложени за декодирање (имаат многу повеќе карактери).
Тој го објаснува и начинот на кој е сторена кражбата во холандската компанија. Имено, во текот на 2009 и 2010 година хакерите во НСА и Британската тајна служба извлекле приватни податоци на 130 вработени преку нивните и е-адреси и прислушувани разговори преку мобилни телефони со трети лица (вработени во компании-снабдувачи и производители на СИМ). Од оваа операција се произведени 8.000 клуча, кои одговараат на телефонијата на 10 држави. За 2 недели, со пребарувањето на само 6 и е-адреси, произведоа 85.000 клуча. Веќе во март, британските шпиони имаа во посед 100.000 клуча само за шпионирање на Сомалија, а во јуни таа бројка е 300.000. Иако Сомалија не е на листата на интереси на Обединетото Кралство, таа е на листата на братската НСА.
Тајниот документ на НСА лиферуван неодамна вели дека од 2009 година американската шпионска организација може да прислушува и да следи безжични комуникации на 12, односно 22 милиони адреси во секунда, а работи на тоа во блиска иднина да може да шпионира 50 милиони во секунда. Денес НСА прислушува 200 милиони разговори на планетава во минута. Две бази во Велика британија и 1 на Кипар, а која е британска, ја покриваат, односно ја шпионираат цела Европа. Според Скејхил, целта на службите е да ги таргетираат и шпионираат оние луѓе што можат да ги употребат како свој оброк на крајот од играта.