|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+28BABUN trpe grozni MarkoMKD Macedonian09 mstislav MakWarrior HoLfElDeR shady3 dzole Panter Iko loran11 Legija91 Mrshajnoski darkness kocov assasian РИС koki.skopje Зоран JKD Цане Alvar Smrtnikot Momak od Gjorce Генерал Macedonian Knight SIG 32 posters | |
Автор | Порака |
---|
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 6/12/2014, 23:13 | |
| Па знам,можеби се крие политичка игра,и кажав и за тоа ама кој да чита.Прочитај го првиот мој коментар и ќе разбереш зошто сум се "закарал" | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 6/12/2014, 23:31 | |
| - JKD напиша:
- Па знам,можеби се крие политичка игра,и кажав и за тоа ама кој да чита.Прочитај го првиот мој коментар и ќе разбереш зошто сум се "закарал"
Не земам страна . А за АЛВАР знам дека не е политички офарбан , па сметам дека токму то асакше да го одбегне не форумов. Лека нок. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 00:07 | |
| - JKD напиша:
- Па он нема 50 години па да ми вика сине,макар и да има толку сигурно нема да ме вика сине,па и на форум.Работата е во тоа што се докажувавме за грбот,откако виде дека му изнесов факти почна да збори дека сум не зрел и дека ќе сум сфател,а ни он сам не знае што треба да сфатам иако убаво го објаснив моето мислење.
Оооооо, боже господе, со некој кој има Даунов синдром полесно ќе се разберев. Прво (граматика), тоа синко беше напишано како вокативен израз, не дека имплицирав оти си ми син ... туку користев именка со која сакав да посочам дека од тебе сум повеќе од дупло постар, па треба нивото на комуникација кое го имаме меѓу нас (а особено ти како помлад кон постар) да биде на соодветно ниво, а не уличарско или како за пред гранап. Второ, поставив легитимни и прилично јасни прашања на кој не ми одговори... иако беа поставени за сите членови, ти ги виде како некаков напад кон тебе и твојот ценет интелект. Сепак, на нив ми реплицираше со дузина други прашања кои не можам да ги земам како сериозни аргументи. На пример, велиш не ме интересира договорот меѓу коалицијата, а токму поради такви договори денеска албанскиот јазик е службен на цела територија на МК, албанското знаме е во службена употреба на туѓа територија (нашата), згора на се, заради такви коалициски пазарења се донесе законот за амнестија на терористи и се призна независноста на Косово. Но, тебе нели тоа не те интересира. Трето, како може нешто да се внесе прво во устав, а потоа да се распишува референдум за истото!? Кај си го чул тоа? Зошто сега, а зошто да не? Ова е претпоставувам еден од фактите со кој ми реплицираше... здрав аргумент? Како лојален граѓанин и даночен обврзник на оваа држава еве МЕНЕ ме интересира чива е идејата за промена на државниот грб. Ти разбираш ли што е државен грб, како тој се носи и што тој претставува? Дали тој симбол е репрезент на една држава... или пак на партија која владее одреден период со таа држава? Нит дебата, стручна расправа или слично... ТУП, на вести ти кажуваат од утре ова ќе биде новиот грб на државата, ова ќе бидат новите лични исправи итн. Што ти кажува тоа? Јас ќе ти кажам, а е поврзано со неучеството на опозицијата во работата на парламентот и останатите државни институции (кое го наведе како аргумент). За да една држава може себеси да се нарече Парламентарна Демократија... илити Република, треба да има легитимно избрана влада, парламент кој функционира регуларно и институции кои работат во корист на граѓаните. Кај нас имаме "власт" која на избори доаѓа со груб фалсификат, "власт" која се однесува репресивно кон своите граѓани како да истите се нејзини поданици, носи редица грешни одлуки за кои не се консултира со никого.. а се на директна штета на граѓаните, со еден збор, парламентарната демократија ја заменија со ДИКТАТУРА, и тоа фашизоидна. Ете тоа ми смета. И на крај, што се однесува до грбовите. Лавот ЈЕ присатен како симбол низ историјата на овие простори, но истиот не претставува симбол на Македонија како независна држава или како симбол на македонскиот народ, туку станува збор за симбол со која се одбележува една територија каде не битисувале само македонци. Натписите на тие грбови не се ни на кирилица ниту на глаголица, туку на латинично писмо... авторите исто така носат некои имиња и презимиња кои не се типично македонски, не? Во 14 и 15 век тешко би можеле да говориме за независна Македонија и национално освестен македонски народ, се надевам јасни ти се токовите кога се појавиле одредени држави, кога се формирале нациите и сл. Во нашата понова историја лавот може да се најде на воени бајраци, но истите не можат да се наречат државни симболи бидејќи тогаш држава и сме немале. А како воени бајраци, тие симболи се пред се на востаниците илити ВМРО, а не на Република Македонија како држава. Да не бидам погрешно разбран, немам ништо против лавот како симбол... немам ништо ни против ново решение за државен грб, но истото мора да помине низ една легитимна процедура, со широка дебата, со изнесени стручни мислења на реномирани хералдичари и историчари, сето тоа да помине низ еден филтер, па потоа да се прашаат граѓаните што мислат. Вака, туп, грбот на ДПМНЕ во инверт... носете си го со здравје. Слично на времето направи и СДСМ кога го сменија првобитното знаме под притисок од надвор... и секако, прифатија еден грд акроним кој си го носиме до ден денес. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 00:19 | |
| Како да работиш за а1онмк,или овие што шетаат по врати и солат памет.Јас помислив дека збориш стварно како да сум ти син ти реплицирав така затоа што и 3 пати постар да си,не си во ситуација да викаш некој син,најмалку мене.Како тоа е фалсификувана власта,кој го кажал тоа освен зајко и остала екипа ? јас не слушнав некаде за такво нешто,мада не ме ни интересира ама морав да те прашам,пошто ти прв почна со политички прашања.Ти кажав,никој не ја тера опозицијата да си ги лади дома и да лапа плата 6 месеци,и на тоа не ми даде одговор.Те прашав и каде сум вреѓал,и пак не ми одговори.Самото тоа што на бајраците се веел лавот,тоа значи дека бил симбол на македонскиот народ.Немале држава,сега имаат,што ти смета ? и ти кажав,уште не е донесено решението дека ќе биде така,можеби ќе има некои измени,можеби арнаутиве ќе кажат НЕ.За тие примери што ги наброја си смешен,сите знаеме под какви притисоци била Македонија тогаш,така да не ти држи вода тој аргумент.И да,ајде објасни зошто да не се донесе сега,кога требало ? за да се замачкаат очи на народот ваљда а ? | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 00:25 | |
| Kрш | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 00:35 | |
| Да пишувам тогаш како новинар од Сител, Канал 5, Вечер или Курир... полесно ќе се разбереме? Пред да обвиниш некој за тоа како пишува, се обраќа и сл, треба да поработиш на сопственото однесување, кое за жал не е на завидно ниво. Тоа што тебе ти се чини дека живееш во демократија, не значи и дека е така. Бидејќи ние постарите имаме поголемо животно искуство кое неминовно доаѓа со годините, треба да ни верувате на збор за некои работи. За разлика од доста членови тука, ние живеевме и во некои многу поубави и посигурни времиња од денешниве. Во тие времиња не учеа да имаме почит кон останатите, да се однесуваме прикладно и учтиво. Тоа денес го нема, за жал. Тоа што можеби годинава првпат си излегол на гласање, не те прави експерт по граѓански права и демократија. Треба уште фурни леб да јадеш за да стекнеш искуство за држава и државност. Школо и високо образование не се на одмет. На останатите прашања одговорите ги имаш во претходниот пост. - JKD напиша:
- за да се замачкаат очи на народот ваљда а?
Ете, гледаш како знаеш. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 01:30 | |
| Ајде нема везе,нема потреба да ти се докажувам.Терај со свој памет. Еве нешто по различно,кој има жиро-сметка нека уплати ако сака нормално,дечково не ми е лично мене фамилија,но на наши пријатели-братучед,и е во ужасна состојба,сообраќајка со мотор,му излетал пешак на пат,свртел на лево и удрил директ во кола..другарот е починат за жал на лице место,он едвај се бори за живот,на цефки го хранат веќе неколку недели,парите се за лечење во Турција... http://www.kavadar4e.com/index.php?option=com_content&%3Bview=article&%3Bid=12301%3A-26-&%3Bcatid=65%3Atikvesija6&%3BItemid=80а еве една ретка ситуација,но сепак постои,каде Македонецот на Македонецот-му е Македонец,и доказ дека и во тие момци има добри и хумани луѓе- http://www.kavadar4e.com/index.php?option=com_content&%3Bview=article&%3Bid=12330%3A2014-12-06-21-10-34&%3Bcatid=20%3Akavadarci&%3BItemid=62 | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 13:45 | |
| Бугарија се жали: Македонија ни го украде државниот грб МАКЕДОНИЈА | 07.12.2014 13:30 Владата во Скопје скрои нов државен грб,кој е копија на нашиот -пишува бугарскиот весник Телеграф. -Тој претставува црвен разгневен лав на златно жолт штит со круна во форма на тврдина во горниот дел. Во преголг измените се почосчува дека со тој грб Македонија се враќа кон историските симболи. Се истакнува дека лавот е несомнен симбол на македонците ,албанците и другите народи во Македонија. Никаде не се спомнува дека тоа е симбол на второто буграско царство кое се наоѓа на сегашниот грб”-додава весникот на својата насловна страна. http://republika.mk/?p=356142Како што кажав пред некој ден |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 16:02 | |
| - HolyTemple напиша:
- Бугарија се жали: Македонија ни го украде државниот грб
МАКЕДОНИЈА | 07.12.2014 13:30
Владата во Скопје скрои нов државен грб,кој е копија на нашиот -пишува бугарскиот весник Телеграф.
-Тој претставува црвен разгневен лав на златно жолт штит со круна во форма на тврдина во горниот дел. Во преголг измените се почосчува дека со тој грб Македонија се враќа кон историските симболи. Се истакнува дека лавот е несомнен симбол на македонците ,албанците и другите народи во Македонија. Никаде не се спомнува дека тоа е симбол на второто буграско царство кое се наоѓа на сегашниот грб”-додава весникот на својата насловна страна.
http://republika.mk/?p=356142
Како што кажав пред некој ден Јас гледам празна страна на линков... |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 7/12/2014, 16:34 | |
| Изгледа ја избришале веста
|
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|