Мислам дека немаме отворено ваква тема, па би можеле да дискутираме за нивните производители и нивниот производ според, квалитетот, цената на нивната изработка,. Исто може секој да постира каков часовник има и искуства и познавање за воените часовници.
Во последниве 10-тина години, се чини дека приматот во ова поле го држат две фирми... Casio, со нивните G-Shock и Pro-Trek серии, како и финската компанија Suunto со нивните Ambit, Core i Vector часовници. [You must be registered and logged in to see this link.]
______________________ Si vis pacem, para bellum
Гостин Гостин
Предмет: Re: Воени часовници 29/4/2014, 09:00
Alvar напиша:
Да, интересна тема.
Во последниве 10-тина години, се чини дека приматот во ова поле го држат две фирми... Casio, со нивните G-Shock и Pro-Trek серии, како и финската компанија Suunto со нивните Ambit, Core i Vector часовници. [You must be registered and logged in to see this link.]
Јас го имам овој часовник, го носам веќе три години, солидно и издржливо, има поминато во солена и езерска вода, песок на плажа, земја, кал и ништо не му е. Само едно не сакам кај овој часовник, многу е комплициран за штелување, а не можеш стрелките да ги враќаш назад. Ќе го носам се додека не соберам пари за нов, а планирам да земам некои од моделите на Luminox часовници.
Еден другар неодамна купи G-Shock со стрелки, и навистина е комлициран за штелување. Без тоа упатството тешко дека ќе ги намести сите опции, па дури и најосновните како штелување на време. Не знам какви се оние класичните со екран. Luminox се одлични часовници, а богами и со цена се тука некаде со часовнициве на Casio. Барем оваа серија која е популарна кај војскава.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11115
Предмет: Re: Воени часовници 29/4/2014, 11:25
Уште една добра компанија која има интересни аналогни часовници наменети за вакви активности е Nite Watch. Нешто поскапи од другиве, но штом ги користат британските SAS (и компанијава е британска), веројатно се добри.
Според мене G-shock часовниците не се нешто посебно. Освен што имаат заштита од удар и се водоотпорни немаат некоја друга функција која би била од корист во одредени ситуации. Што се однесува до Protrek Casio часовниците е тука веќе е друга ситуацијата. За мене современ војнички часовник треба да има најмалку: алтиметар, барометар, термометар и компас или уште подобро ГПС.
______________________ Потта штеди крв!
Alvar
Број на мислења : 11115
Предмет: Re: Воени часовници 30/4/2014, 01:05
Овие два од Suunto и Garmin го имаат сето тоа и повеќе. Мана им е што не држат долго батерија, т.е треба да се полнат на неколку дена.