Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 93, 94, 95 ... 100  Next
АвторПорака
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty2/9/2015, 23:54

може и шошон да влезе во ПСО,ко што знам,има неколку во РБ.
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 00:01

Не се првите 115 списокот е измешан има и македонци кои не го завршија селективниот а се сега у спискот така да каша попара е

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 00:29

Следниов ке биде уште поголема каша и попара
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 00:42

зошто...?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 00:44

Зошто се направија големи рокади во АРМ
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 00:58

мисли позитивно,можеби ќе го направат по-оштар селективниот...Smile
Вратете се на почетокот Go down
Спенсер

Спенсер


Број на мислења : 214

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty3/9/2015, 02:55

JKD напиша:
мисли позитивно,можеби ќе го направат по-оштар селективниот...Smile

Тоа не е можно. Тоа би се случило само кога би се барал КВАЛИТЕТ. А знаеме каков квалитет се бара кај нас. Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty4/9/2015, 12:49

МО: Војникот се ранил со автоматската пушка

Вчера во текот на вечерните часови, за време на редовно извршување на стражарска служба во касарната ,,Мирче Ацев“ во Прилеп, професионален војник на АРМ, на 27 годишна возраст се здобил со повреда, прострелна рана од личното вооружување (автоматска пушка) со кое вршел должност, соопштуваат од Министерството за одбрана.

- Од засега неутврдени причини, професионалниот војник при вршење на должност на стражарско место во касарната ,,Мирче Ацев“ во Прилеп, се здобил со прострелна рана од огнено оружје во пределот на стомакот. Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Синоќа, војникот е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба.

- За случајот се известени надлежните судски органи, органите на МВР и дежурната служба на Воена полиција, кои се излезени на лице место за да ги утврдат причините поради кои дошло до истрелување на куршум од личното вооружување и повреда на војникот.

- Врз основа на првичните сознанија, пред извршување на должноста, согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ, навремено и целосно е извршена подготовка на комплетниот состав на лицата кои извршуваат стражарска служба во гарнизонот Прилеп, при што е утврдено дека професионалниот војник кој се повреди, бил во добра здравствена и психофизичка состојба, соопштуваат од Министерството за одбрана.
http://www.telma.com.mk/vesti/mo-vojnikot-se-ranil-so-avtomatskata-pushka

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
икс

икс


Број на мислења : 81

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty4/9/2015, 13:18

Ме интересира сите 125 примени војници сите биле барем 2-3 дена на селективен или има и некои шо не биле?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty7/9/2015, 20:11

Во строј се онесвести млад војник на АРМ, еден од 125-те нови

Од денеска почна обуката на 125-те нови професионални војници во составот на АРМ кои тестовите ги минаа уште пролетта и оттогаш чекаа вработување. На свечената церемонија во касарната „Илинден“присуствуваа Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.

Министерот Јолевски им посака добредојде во армиските редови на младите војници и истакна дека храброста е витална вредност на војницитем на подофицерите и и офицерите и дека нивната професија им го изложува животот на ризик.

Министерот во краток говор без многу коментар за обвинувањата на 24 кандидати кои не се примени во АРМ, а ги завршиле селективните курсеви за воени специјалци. Во петокот Телма објави дека Потенцијалните армиски специјалци остануваат на улица откако Министерството за одбрана реши да не потпише договор со нив, без да им објасни кои се причините. ( http://telma.com.mk/vesti/i-pokraj-obukata-za-armiski-specijalci-ne-gi-vrabotile )

Невработените кандидати се сомневаат дека и покрај успешно поминатата обука и сертификатот кој им било кажано дека им гарантира влез во армијата, нивните места ги добиле лица како што велат по партиска или рамковна линија. Тврдеа дека вработување во армијата добиле кандидати кои пред нивни очи се откажале од напорните селективни курсеви.

Министерот денеска пак нагласи дека во АРМ се примени најдобрите на конкурсот.

-Поминавте ригорозен процес на селекција и докажавте дека сте најдобри од најдобрите. Вие имате силна волја, мотивација и желба да ја носите униформата на Армијата на Република Македонија. Таа униформа претставува гордост и престиж за секоја граѓанин на Република Македонија, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на свеченоста.

Додека министерот го држеше својот говор, еден од младите војници во стројот се онесвести и падна, а постарите колеги го однесоа до медицинското возило каде на момчето му беше укажана помош и тоа бргу стана на нозе. Младите „свежи“ сили на АРМ според планот за свеченоста стоеја построени подолго време на пистата во касарната, па најверојатно тоа било причината за овој несекојдневен настан кој не го прекина говорот на министерот, а Јолевски им поска успешна кариера на сите девојки и момчиња кои од денеска се дел од македонската Армија.

Новопримените војници се дел од февруарскиот конкурс на одбраната, но нивното вработување беше одложувано неколку месеци по завршените курсеви и проверки. Јолевски најави дека во тек е нов конкурс за прием на уште 125 млади војници. На одбиените кандидати кои добиле сертификати за завршен селективен курс за воени специјалци, а без образложение се одбиени им било советувано повторно да се пријават.
http://telma.com.mk/vesti/primeni-novi-125-profesionalni-vojnici-na-arm

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 94 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 94 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 93, 94, 95 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: