Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 89, 90, 91 ... 95 ... 100  Next
АвторПорака
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty5/8/2015, 16:56

Па може да падне договор за комплетно опремување на КОВ , ВВ и ПВО , ВМ и слично . Very Happy
Нели во последно време имаат вишок на опрема , АБРАМСИ , БРЕДЛИ , СТРУКЕРИ , ХАМФИ , ОХ-58 и слично
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty5/8/2015, 19:04

Ке падне тапшање по рамо сигурно,за другово ке видиме Wink
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty7/8/2015, 14:48

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп одбележана 14 годишнината од загинувањето на припадниците на АРМ кај месноста „Карпалак“

Денес, 07 Август 2015 година во касарната “Мирче Ацев“ во Прилеп, со воена церемонија се одбележаа четиринаесет години од загинувањето на десет припадници од резервниот состав на АРМ од гарнизон Прилеп во воениот конфликт во 2001 година.

Во чест на загинатите припадници пред спомен одбележјето во кругот на касарната свежо цвеќе положија делегација од гарнизон Прилеп, локалнтата самоуправа и советот на општина Прилеп, преставници од Министерството за одбана подрачна единица Прилеп, здружение на бранители како и семејствата на загинатите припадници.

Во продолжение на активноста присутните имаа можност да ја разгледаат и спомен собата лоцирана во кругот на касарната посветена на десетте припадници од резервниот состав на АРМ од гарнизон Прилеп.

На денешното чествување припадниците на АРМ и присутните уште еднаш им оддадоа почит на загинатите припадници за нивната храброст, несебичност и пожртвуваност во која за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на нивната татковина Република Македонија несебично го положија и својот живот.

Во текот на утрешниот ден заедничка делегации од МО на РМ и ГШ на АРМ ќе им оддадат почест на загинатите припадници на АРМ на спомен плочата кај месноста „Карпалак“ и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

За време на воениот конфликт во 2001 година на пат за Тетово кај месноста Карпалак животот го загубија припадниците на резервниот состав на АРМ: Нане Наумовски, Сашо Китановски, Бранко Секулоски, Веби Рушитоски, Горан Миноски, Дарко Вељаноски, Марко Деспотоски, Пецо Секулоски, Ердован Шабаноски и Љубе Грујоски.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/08/14_godini_karpalak.html

АРМ - новости - Page 90 1

АРМ - новости - Page 90 4

АРМ - новости - Page 90 9
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty7/8/2015, 14:51

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty17/8/2015, 17:57

Војниците бараат поголема плата, целосни оброци, нова опрема и хумани услови!

Независниот синдикат на професионалните војници го искористија одбележувањето на 23-годишнатата од АРМ (Денот на Армијата) да излезат и јавно да проговорат за проблеми на војниците. Ги има многу - бараат зголемување на платите и нова опрема, истовремено реагираат дека добиват половичен оброк, слободни денови место дневници, по две години носат ист комплет униформа, стационирани се во објекти без струја и вода, возат неиправни возила...

„Пред неколку месеци баравме поголема плата, а наместо тоа добивме повеќе салата. Не може исхраната да се сведува на тоа - човекот во кујна да не може да обезбеди еден единствен оброк за војниците, па мора да комбинира од два различни. Друга ситуација: Не може во постојани објекти на Армијата да нема струја и вода, а редовно таму се присутни вработени. Луѓето не можат да одржуваат ниту лична хигиена, ниту хигиена на објектите. Исто така, не може Армијата да живее од донации. Затоа, на денешен ден реагираме. Се препознаваат сите кои треба да се заложат за сето тоа. Ќе реагираме и понатаму и ќе биде се поостро и поостро“, рече денеска Веле Крбалески од Независниот синдикат на професионални војници.

Крбалески пред новинарите на прес-конференцијата покажа и униформа, прешивана и крпена, за која вели е една и единствена што ја поседува војникот. Две години!

„Можете да замислите војник во неговата служба да работи со само еден комплет униформа. И буквално да ја крпи униформата! Поради необновениот возен парк и застарената технологија, загрозен е нашиот живот, како и животот на сите кога ќе излезат од објектите. Нема ниту опрема за сите, а беше најавена“, рече претставникот на професионалните војници, истовремено прашувајќи „само полицајците ли се дел од безбедносните сили, па добиваат покачување на плати, или и војската?“

Според него, надлежните наместо да бараат начин да ги решат проблемите, смета ги замолчуваат тие што сакаат да зборуваат за нив.

„Виновници за целата состојба во АРМ се врховниот командант, Владата, Министерство за одбрана, Собранието, како и сите униформирани лица што можат да реагираат и да се заложат за решавање на проблемите. Побаравме средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски уште во ноември минатата година, а уште не сме добиле одговор на барањето", рече Крбалески.

Не сакаше да ги коментира информациите за истечениот мандат на началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

„Не сум во тек со тој проблем, нам ни е важно дали некој работи, а тој спаѓа во лицата одговорни за нашата кризна ситуација", рече Крбалески.

http://www.mkd.mk/makedonija/vojnicite-baraat-pogolema-plata-celosni-obroci-nova-oprema-i-humani-uslovi
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty17/8/2015, 18:00

http://www.mkd.mk/makedonija/vojnicite-baraat-pogolema-plata-celosni-obroci-nova-oprema-i-humani-uslovi

----

Разрешен началникот на ГШ Котески, новиот ќе се знае утре на Денот на армијата

Началникот на генералштабот Горанчо Котески денеска бил разрешен од функцијата.

Според информации од Генералштабот дознаваме дека инаугурацијата на новиот началник ќе биде утре на свечената церемонија по повод Денот на армијата, кога и официјално ќе биде прочитан указот за назначување на новиот началник.

Засега суште не се откриваат детали кој ќе го замени досегашниот началник кој веќе цела година функцијата извршуваше со истечен мандат.

Неофицијално се спомнуваат имиња на тројца високи офицери, директорот на ГШ на АРМ Генерал-мајор Димче Петровски, командантот на здружената оперативна команда Генерал-мајор Методија Величковски и Бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, командант на единицата за специјални операции на АРМ.

24 Вести се обиде да добие потврда или демнат од Кабинетот на претседателот Иванов кој е надлежен за именување на првиот човек на Генералштабот, но оттаму никој не се јавуваше.

Котески беше именуван на 18 август 2011та година кога го замени пополковникот Мирослав Стојановски.

http://24vesti.mk/razreshen-nachalnikot-na-gsh-koteski-noviot-kje-se-znae-utre-na-denot-na-armijata
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty17/8/2015, 18:16

Е сеа жими ашимов што ке не вработат нас од селективниот

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty17/8/2015, 18:34

Зашто да не ве вработат?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty18/8/2015, 02:03

Иванов го потпиша указот- Величковски нов началник на Генералштабот

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, потврдија за Алсат-М извори од Кабинетот на претседателот Иванов.

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, потврдија за Алсат-М извори од Кабинетот на претседателот Иванов. Тој денеска во Охрид го потпишал указот за назначување на Величковски, откако претходно од должноста беше разрешен генерал Горанчо Котевски.

Инаку, како што Алсат-М повеќепати информираше, фаворит на шефот на државата за челната функција во армијата беше неговиот доскорешен аѓутант, Васко Ѓурчиновски, но поради судирот со владејачката партија која застана зад генералот Димче Петровски, новиот началник на Генералштабот е компромисно решение.

Алсат-М дознава дека Ѓурчиновски како „утеха“ ќе добие унапредување а Петровски е планиран за ректор на новиот Државен универзитет за одбрана.
http://alsat.mk/News/209351/ivanov-go-potpisha-ukazot-velichkovski-nov-nachalnik-na-generalshtabot



Методија Величковски - нов началник на Генералштабот на АРМ
http://kirilica.com.mk/vesti/metodija-velichkovski-nov-nachalnik-na-generalshtabot
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty18/8/2015, 11:44

Чистка во Генерaлштабот на АРМ

Од вкупно 8 формациски маста со чин генерал во структурите на АРМ, има промена на 6 генералски места со напредување со систем во кариера. Разрешени се 5 генерали од кои четворица исполнуваат услови за пензија, а еден генерал се поставува на друга должност.

Поставени старешини на формациско место генерал во структурата на АРМ вкупно се 6 генерали од кои тројца се унапредени во повисок чин.

Разрешени се: Началник на ГШ; Заменик Начелник на ГШ; командант на ЗОК; Заменик командант на ЗОК; Началник на штаб на ЗОК и Командант на Прва Бргада.

Рекордни 15 укази за поставување на старешини на формациски места генерали, унапредување и разрешување на генерали донесе денеска Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на вооружените сили Горѓе Иванов.

Досегашниот НГШ е поставен за државен советник за одбранбени и стратегиски прашања а должноста ќе ја извршува во Кабинетот на Претседателот како советник за воени прашања на Врховниот командант.

Дел од неговата идна мисија се активностите за следниот самит на НАТО во Варшава и подготвување на стратегиските документи за системот за одбрана и членството на Македонија во НАТО.

Директорот на Генерал Штабот, генерал мајор Димче Петровски останува да ја извршува оваа должност до поставување на друга должност.

Разрешени се 4 генерали ветерани кои исполнуваат услови за пензионирање со што ослободуваат формациски места за поставување на старешини за генерали и нивно унапредување во чин генерал.

Разрешени се поранешниот началник на генерал штабот и сегашен државен советник за одбранбени и стратегиски прашања, генерал потполковник Мирослав Стојановски, сегашниот заменик началник на генералштабот, генерал потполковник Насер Сејдини кој продолжува да извршува функција член на Советот за безбедност на Република Македонија, началникот на штаб во здружената оперативна команда, бригадниот генерал Димчов Стојан и поранешниот одбранбен преставник во мисијата на НАТО со најголем мандат од 5 години во Брисел и сегашен советник за НАТО во Министерството за одбрана, бригадниот генерал Дракалски Бранко.

Врховниот командант го постави и унапреди во чин генерал потполковник досегашниот Командант на здружената оперативна команда, генерал мајорот Методија Величковски кој од 13.03.2012 година ја врши должноста Командант на ЗОК.

За нов заменик началник на генерал штабот е поставен и унапреден во чин генерал мајор, досегашниот заменик на здружената оперативна команда, бригадниот генерал Мухамет Рацај.

Врховниот командант го постави командантот на ПСО бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски за нов Командант на Здружената Оперативна Команда.

Командантот на 1вата Механизирана Бригада во ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсовски е поставен за заменик Командант на Здружената оперативна команда.

Унапреден во повисок чин бригаден генерал е досегашниот полковник Азим Нуредин кој е поставен на формациско место началник на штаб во Здружената Оперативна Команда а продолжува да врши должност Аѓутант на Врховниот командант.

Полковникот Зоран Милески е поставен за командант на 1ва Механизирана Бригада во ЗОК.
http://telma.com.mk/vesti/chistka-vo-generlshtabot-na-arm

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 90 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 90 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 90 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 89, 90, 91 ... 95 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: