и зошто така..? толку се нема пари или нешто друго е во прашање ?
Се има пари само не се дава за војска,а војската со годишен будџет од 100 милиони евра и Буџет од само 5,6 милиони за модернизација и одржување на веке постоечката опрема не може да одржува 12 хеликоптери Ми-24,6 хеликоптери Ми-8,2 хеликоптери Ух-1,и 4 Су-25.а каде пари за копнена војска.
РИС
Број на мислења : 2581
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2014, 15:26
Замисли немаме пари да оджуваме 10-15 воени воздухоплови а што ќе правевме ако ЈНА ни ги оставеше 35те борбени авиони Орао и Јастреб , 5те Газели , пво системите Куб и Нева , 100на Т-55 ,20те М-84 , 30на Т-34 , 150на оклопни транспортери и да не набројувам уште што друго требаше да остави .
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2014, 15:58
РИС напиша:
Замисли немаме пари да оджуваме 10-15 воени воздухоплови а што ќе правевме ако ЈНА ни ги оставеше 35те борбени авиони Орао и Јастреб , 5те Газели , пво системите Куб и Нева , 100на Т-55 ,20те М-84 , 30на Т-34 , 150на оклопни транспортери и да не набројувам уште што друго требаше да остави .
Па тогаш би имале повеќе избор, пример во отпад, на топење, а во најдобар случај би ги продале и парите би ги голтнала земјата, додека пак во најлош случај би гниеле оставени на забот на времето како што е случајот со СУХОИте.
______________________ "Through discipline comes freedom"
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2014, 16:10
Би направиле исто што и Црна гора го направи,ја продаде скоро цела поранешна поморска сила на ЈНА за да купи нови пушки од Германија,нови униформи и панцири...а дали тие бродови и остало вредееа само толку,нормало дека не,но балканце
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2014, 19:26
Видео од вежбата во Романија
______________________ Мијак 100 %
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 2/6/2014, 15:11
Исхрана во природа
Во период од 26.05.2014 година до 30.05.2014 година во реонот на “Калин Камен” во Крива Паланка припадниците на оклопно извидувачкиот вод од 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) и шест припадници од инжинериски баталјон од прва механизирана пешадиска бригада реализираа обука “Исхрана во природа”. Целта на ваква специјалистичка обуката е обучување и оспособување за изработка на објекти за сместување, изведување и извршување на задачи во планински услови, препознавање и селектирање на продукти од природата, како и подготовка на храна во природа со обезбедени намирници. Во успешноста и нивната снаодливост во планински услови, изолирани од најблиското населено место во посветеноста во извршувањето на задачите и во нивните вештини се увери и инспекторски тим од МО на РМ, кои на ден 27.05.2014 година придружувани од командантот на 1.мпб извршија обиколка на изведувањето на обуката . За успешно соочување со предизвиците кои со себе ги носи планината под Осоговието пред се потребно е да се биде психофизички подготвен, како и познавање на можностите за користење на природните ресурси со кои располага реонот каде беа стационирани. Хранејќи се од собираните растителни плодови кои ги приготвуваа во импровизирана кујна припадниците оклопно извидувачкиот вод од 1.мпб и оваа година успешно ја реализираа планираната обука .
Посета на Центарот за обука на вода од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија
На 30 Мај 2014 година Центарот за обука на вода (ЦОВ) го посетија 14 припадници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија од државите: НР Кина, Франција, Италија, Руска Федерација, Турција, Украина, Австрија, Чешка, Кралството Белгија, Хрватска, Грција, Полска и Словачка. Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија за 2014 година. Домаќин за време на посетата беше командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски. За време на престојот во Центарот за обука на вода воените аташеа преку реализација на презентации се запознаа со мисијата, задачите, кратката историја, структурата на Командата за обука и доктрини и Центарот за поддршка на обуката како нејзин составен дел. Од презентираните содржини произлезе плодна дискусија и интерес за капацитетите на АП Криволак и неговото користење за обука од страна на странски армии од регионот. По извршената обиколка и разгледување на расположливите сместувачки капацитети и инфраструктурата на ЦОВ доајенот на Асоцијацијата на одбранбените аташеа полковник Yildrim Osman Nuri во име на целата асоцијација на аташеата искажа огромно задоволство и благодарност за срдечниот прием и ангажираноста на домаќините за време на посетата.
Обука за животоспасувачи во Воениот Медициски Центар
Во период од 26.05-05.06.2014 година во одделението за медицинска обука на Воено Медициски Центар (ВМЦ) од составот на логистичката бригада се изведува основен курс за животоспасувачи. Курсот го посетуваат припадници од командите и единиците на АРМ кои се подготвуваат за следната ротација на контингентот за мировната мисија „ ИСАФ“ во Авганистан. Обуката ја спроведува тим од инструктори и надгледувачи кои се сертифицирани во медицински тренинг центар во Швајцарија со што се обезбедува највисоко ниво на квалитет и сепофатност во потребните постапки . Според програмата учесниците преку теоретска и практична настава ги извежбуваат стандардните оперативни процедури, како што се хемостаза, имобилизација, срцево-белодробно оживување, евакуација и транспорт на повредени и заболени, прва помош при шокова состојба, топлотен удар, изгореници, смрзнатини, каснување од змии и убоди од инсекти. На крајот од курсот се спроведува теоретски и практичен тест, по што, во зависност од покажаните резултати кандидатите продолжуваат со следното ниво, односно напреден курс за животоспасувачи. Обуката од овој тип постојано се изведува во ВМЦ и им овозможува на припадниците на АРМ успешно да се справуваат со евентуалните предизвици од овој вид во текот на нивното распоредување во мировните операции.