|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+18shady3 Wolf beowulf tose JKD Mrshajnoski gladiator_17 Iko alexmkd Генерал assasian Momak od Gjorce РИС Legija91 Smrtnikot Зоран Alvar SIG 22 posters | |
Автор | Порака |
---|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2014, 16:41 | |
| Лајм: Тензично во ДУИ, не се исклучувaат насилни судириМАКЕДОНИЈА | 30.10.2014 15:21 Тензично во разгранокот на ДУИ во Тетово. Напнатоста помеѓу военото и невоеното крило ескалираат по најавите дека градоначалничката Теута Арифи има намера да ја добие и позицијата на претседателка на тетовскиот партиски разгранок, пишува весникот на албански јазик Лајм. Во средата навечер се одржала мошне напната средба на претседателството на разгранокот на која требало да се назначат петте членови на Координативниот совет кој треба да предложи кандидати за претседател на тетовските интегристи. Членовите на овој Совет немаат право да конкурираат за претседател на разгранокот. Но, кога еден од членовите на претседателството ја предложил Арифи за членка на Советот, друг член реагирал најавувајќи дека таа сигурно ќе се кандидира за првото место. По таквата најава реагирале со нервоза претставниците на военото крило, заканувајќи се дека ако треба и физички ќе спречат некој претставник од невоеното крило да продолжи да го води разгранокот, каков што е сегашниот претседател Атила Реџепи. По ова настанал хаос по што состанокот бил прекинат, за потоа да биде одложен за неодредено време. Военото крило бара поддршка од Али Ахмети за остварување на своите намери. - Ахмети треба да ги поддржи оние кои го поддржуваа во 2001 година. Не треба да поддржува лица кои не се во служба на Албанците, туку на некои други, бидејќи на тој начин се девалвира нашата победа во 2001 година – изјавиле за „Лајм“ партијски извори од военото крило на ДУИ во Тетово, воедно најавувајќи дека се подготвени да преземат „радикални мерки” за да се спречи најголемиот разгранок на партијата да падне под контрола на „продадени личности“. Изборите за претседател на разгранокот на ДУИ во Тетово треба да завршат на крај на ноември, по што ќе се дознае и новиот претседател. http://republika.mk/?p=337393 |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2014, 16:57 | |
| - JKD напиша:
- Да,знам,имаа повеќе такви акции ЕСЗ каде што вратиле на огнот демек,и завршиле со шаржер во глава.Така и треба,нема што многу многу демократија со такви екстремисти...имаме ние спремни единици за да се справат со такви брадоњи и копуци,само им требаат одврзани раце.
Да само тие брадоњи и копуци нема да седат со скрстени раце, туку можат да организираат напад на некој објект или на цивилни цели. Значи треба да се размисли прво што како треба да се направи. Има луѓе од безбедносните служби кои вршат безбедносни анализи и разни други активности во врска со некоја акција која се презема. Кај нас треба да се ојачаат разузнавачките активности со цел навремено со апсење да се сместат во затвор таквите дестабилизатори. Најголема можност за чистење (физичка ликвидација) на ваквите штетни елементи внатре во државата за зачувување на безбедноста можат да си дозволат Америка, Кина и Русија која скоро неколку пати во годината редовно уништува терористички ќелии на Кавказот. |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2014, 19:27 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2014, 22:50 | |
| Мирни, дечки! Не дека јас сум тој што треба да каже ама да не ја полниме темата со препукување и непотребни дискусии. Си има модератори и админи кои ги следат постовите во сите теми и ако сметаат дека е потребно најверојатно ќе реагираат. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/10/2014, 22:55 | |
| - JKD напиша:
- Alvar напиша:
- И како има ова врска со темата?
А па твојов линк каква врска има со темава ај објасни се ?
се работеше за припадник на АРМ,шиптар,кој продава дел од личната опрема која му е дадена од наши пари(односно од Турски),кај треба да се стаи линкот ако не овде,во Блискиот Исток темата ? Сакаш да кажеш дека тоа што некој шпон стаил чизми кој ги должел во АРМ на fb да ги продава, е од геостратешко важење за РМ? Друга работа, еднаш ми се чини веќе беше опоменат како треба да однесуваш кон останатите членови од форумот, има такви кој се со подолг стаж на форумов од тебе, а конкретно има и такви кој се бајаги постари (доколку си матурант тогаш повеќе од ДУПЛО постари). Се чини дека форумов го поистоветуваш со однесувањето со кое можеш да поминеш на Кајгана, а Кајгана ко за беља не сме. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2014, 01:05 | |
| Дечки, мислам дека работава ги премина сите граници. Мразам во 1 по полноќ да пишувам вакви работи, ама морам, бидејќи очигледно е дека мојот глас тука некои не го разбираат и слушаат. Епа, да ви кажам дека ќе морате. Ова не е мој форум, ова е наш форум, но тука јас сум шефот, заедно со уште неколку дечки, и јас ја имам можноста да бришам мислења за кои ќе „ми се прдне„ дека не се поврзани со темата, да „шамарам„ по форумов со опомени, и да „мавам клоци„ односно банови!
И тоа ќе го правам. Замислувајте ме како лошото дебело детенце во школо што е за пола метар повисоко од сите други деца, и ги тормози ако не се држат до правилата што ги поставил!
Мојот праг на толеранција е исклучително висок, НО ДОСТИЖЕН, а некои се многу блиску до таа граница.
Против никој тука, немам ништо лично против, но како модератор, во име на оние кои форумов го разбираат сериозно, оние кои трошат дел од своето скапоцено време да го збогатуваат со содржини, за оние кои знаат помалку - да научат, оние кои имаат желба да научат, морам, и ќе се однесувам како модератор. Нема муабети од „абе ај брат, ме знаеш мене„ и такви финти. Ова е сериозен форум и воопшто не го преценувам кога велам така.
Да ве прашам сите Вас по нешто. Дали сте одвоиле 10 секунди од вашето скапоцено време, да размислите колку денови, ноќи, часови, и недели се потрошени во изградбата на овој форум? Мене и на дечките што го правевме, очи ни течеа, буквално, додека го доби овој изглед, функционалност, збогатување со теми и сл. за да Вие почитувани, кога се регистриравте на овој форум, бидете од нешто и некоја тема привлечени да го поминувате вашето време.
Бидејќи ние, од почит према Вас, сме вложиле огромен труд - ЗА ВАС, Ве молиме и Вие вложете малку напор да бидете културни, да не бегате од темата на секои 15 минути и да не им отварате нон-стоп работа на модераторите, и да научите да слушате од постари форумџии и луѓе кои имаат сосема солидно познавање во одредена област поврзана со форумов?
Овој форум, исто така, обработува многу тесен спектар на теми и сите се меѓусебно испреплетени, односно овој форум не е за широки народни маси, како што имаме многу други форуми во Македонија. Значи, не можете на форум за автомобилизам да пишувате како се прави ајвар, и слично. Така и тука, и Ве молам сватете го тоа што поскоро, за да избегнеме непријатни и несакани ситуации.
Доколку нешто знаете на некоја тема, напишете, ако не знаете, прашајте, НО НЕКА БИДЕ ВО МАРГИНИТЕ НА ТАА ТЕМА!!!
Овој форум опстојува и постојано се гради веќе 3-та година, и сакаме тоа да продолжи, и ќе продолжи, со некој од Вас, или без.
Се надевам дека повеќето од Вас ова ќе го разберат, како моја ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА, и овој пат НАВИСТИНА ПОСЛЕДНА, во поглед на опоменувањата што ги даваме поради непочитување на правилата и обичаите на форумот, бидејќи нема смисла, безброј пати само јас сум опоменувал.
Во иднина, размислете 2 пати дали треба и дали вреди нешто да напишете. Ако немате нешто поврзано со темата да напишете, воопшто не пишувајте само за да билдате број на мислења, не се добива медал за тоа, не овде.
Оние што во иднина ќе бидат банирани (без опомена, бидејќи сите џокери до сега ги потрошија) воопшто да не се чудат зошто е тоа така, и да ми пишуваат инбокс да ги одбанирам, или да ми се закануваат со мајки шајки дека ќе ме тепаат додека трчам во парк во 10 навечер. На секое ваше кунг-фу јас имам по една 9ка, па изволте!
И да, ова не е Кајгана!!!
На оние што ова им се чини престрого, излезот е таму! | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2014, 12:12 | |
| Овој "таканаречен аналитичар" ми е многу смешен со неговите изјави. Прочитајте му го интервјуто и се ќе ви стане јасно. Мехмети: Меѓу Албанците има верски настроени абдалиИНТЕРВЈУА | 31.10.2014 11:33 ИСИС е чисто антиисламистичка организација, која има толку нечовечност во себе што не може да се поврзе со ништо исламско. Во срцевината го уништува исламот. Според мене, толку е антиисламистичка што на исламската религија не можеше да ѝ се случи ништо полошо од појавата на ИСИС Коментарот на Ким Мехмети за „православниот ИСИС“ по прекинот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија осамна на насловните страници на српските медиуми. Мехмети по предводењето на протестите за пресудите за „Монструм“ е споменуван како можен основач на нова политичка партија. Вели дека е против национализмот во институциите, но и дека правата треба да зависат од бројката и од потенцијалот. По прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград на социјалните мрежи напишавте дека се надевате дека „космополитски Албанци/Тирана, конечно, ќе разберат што значи со години да се живее под јаремот на православниот ИСИС. Што значи сето ова? МЕХМЕТИ: ИСИС не е ниту народ, ниту држава, ниту религија, туку е памет, начин на мислење што ги исклучува и мрази сите други, што може да отсече туѓи глави. Јас во таа моја изјава сакав да нагласам дека ние Албанците тука со децении живееме во такво опкружување каде што јавно се бара или се искажуваат мислења дека „само мртов Албанец е добар Албанец“, убиј Албанец да не постои воопшто, а сето тоа за мене е таа – исисовска памет, што мрази сè што не е слично на неа, што, врз верска основа, можеби, би го правела истото што се случува во тие арапски држави. Оттука јас, навистина, мислам дека во нашето опкружување има такви центри, кои се водат по таа исисова логика дека секој што не припаѓа на твојата религија или ентитет треба да не постои. Велите, надвор од нашето опкружување, надвор од Македонија? МЕХМЕТИ: Мислам дека и во Македонија го има тоа. Не треба да бидеме слепи дека и денеска на некои згради ќе видиме испишани пароли „Смрт на Шиптарите“. И денеска на спортски натпревари каде што не се игра со албански тим се извикуваат тие пароли. Што значи тоа? Јас знам дека во секој народ ќе најдете група што мрази некои други, но во што е разликата. Додека се извикуваа такви пароли на стадионот во Белград каде што беше претседателот на Србија, тој не стана да си оди. Јас да ве потсетам дека хрватскиот претседател јавно има кажано дека сè додека публиката извикува такви националистички шовинистички пароли, тој нема да оди на натпревари. Така што кај мене постои дилемата дали е тоа определена група од народот или тоа институционално се негува. За Србија сега имам аргумент дека тоа институционално се негува. Никој од тамошните државници не се дистанцираше од тие повици. Мене не ми е проблематично тоа дали 10.000 луѓе мене ме мразат како Албанец, но кога тие се хранат и институционално, тоа е веќе проблематично. Што е ИСИС? МЕХМЕТИ: Тоа е чисто антиисламистичка организација, која има толку нечовечност во себе што не може да се поврзе со ништо исламско, со исламската религија, која, пред сè, го става човечкиот живот, која вели дека „Бог го создал човек, човекот е сопственост на Бог и само Бог може да одземе човечки живот“. Значи во срцевината го уништува исламот. Според мене, толку е антиисламистичка што на исламската религија не можеше да ѝ се случи ништо полошо од појавата на ИСИС. Kim-Mehmeti-int112-2 Кој е вашиот став за санкционирањето на учеството на млади Албанци во тие формации? МЕХМЕТИ: Што се однесува до Албанците, јас не сум од тие кои мислат дека мојот народ е најубавиот, најпаметниот, најдобриот, јас не сакам таква „српска памет“ да надвладее кај нас Албанците. Ние сме народ како и сите останати, меѓу нас има секакви. Има ли таква тенденција? МЕХМЕТИ: Апсолутно не. Кај Албанците постои нешто што секој треба да го знае, дека ние сме трирелигиозен народ. И такво конфронтирање ќе значи уништување на албанскиот народ. Но, веројатно меѓу Албанците има такви абдали што се верски настроени, и кај христијаните и кај муслиманите Албанци, но тие засега немаат учество во создавањето на колективната свест на Албанците. Толку се минорни и никој не знае зошто некој оди таму. Прво таа војна нема ништо со Албанците, ниту со исламот. Тоа е војна чисто за превласт. Дали се оди за пари или за нагони, кои ги имаат луѓето? Знаете, убијци има и во Скопје, меѓу нас, само немаат услови да ги реализираат тие нагони и може таму најдоа терен за да ги реализираат нечовечките нагони. Велите дека албанскиот национализам постои само во главата на Груевски, а потоа повикувате на уривање на институциите, велите дека децата се поголеми националисти… МЕХМЕТИ: Пред малку реков, иако ми е болно, немам проблеми кога навивачите ме мразат, туку кога ме мразат институциите. Да повторам, „Скопје 2014“, енциклопедијата, учебниците во кои стои дека Албанците се таму некои луѓе симнати од планини не е проект на навивачи, туку на државните институции. Епа што ќе ми се тие институции што не се грижат за мене како за граѓанин? Што ќе ми е влада што ќе ги штити интересите само на етничките Македонци. Кај ќе оди таа држава, која со 30 проценти Албанци, како приоритетен интерес ѝ е само македонскиот? Секој Македонец и секој Албанец во оваа држава, треба да сфати дека оваа држава има два носечки столба – Македонци и Албанци – и дека само будали што не ја сакаат оваа држава мислат дека ако едниот столб го ослабнат, а другиот го зацврстат, државата ќе стане посилна. Тоа е нелогично, а тоа го повторувам јавно, во сите албански медиуми. Секој што не ѝ мисли добро на оваа Македонија, нека не троши пари да финансира протести или што било друго, само нека се моли оваа држава и натаму да е водена од овие политички елити. Таа сама по себе ќе се распадне. Kim-Mehmeti-int112-3 Колку проблемите на Македонците и на Албанците се различни? Дел од вработените по Рамковниот земаат плата а не одат на работа. МЕХМЕТИ: Јас не сакам младината во земјава да се „пензионира“ на млади години. Да зема плата и да не работи. Охридскиот рамковен договор не е тоа. Охридскиот договор се урна и тој е мртов документ. Се урна со тоа што се уништи комитетот за меѓуетничките … кој требаше да биде втор дом, да ја реализира меѓуетничката консензуална демократија, и се сведе на тоа да ѝ послужи на ДУИ за да вработува свои партиски послушници, кои не само што примаат плата од државата, од нас, туку и работат за партијата, за ДУИ. Јас како Албанец не го сакам тоа, кој ви рекол дека јас го барам тоа. ДПА секогаш во рака има барање за „втор договор“, кој е Вашиот став за тоа? МЕХМЕТИ: Охридскиот договор требаше да се реализира до 2004 година, сега сме 2014 година. Јас на Албанците им велам дека Договорот не остана нереализиран само поради македонските политички елити, туку и поради нашите политички елити, кои го сведоа на парола и за вработување на своите политички послушници. Сакам да сум праведен. Од 2001 година наваму ние имаме проблеми со нашите корумпирани политички елити, кои го приватизираа и народот. ДУИ има свои гласачи, нив и ВМРО-ДПМНЕ веќе никој не може да ги смени на избори. Никој. Тие најдоа механизам како цели семејства да ги направат заложници со вработување на еден член. Оттука ДУИ воопшто не е помалку виновна за ова што се случува. ДУИ е коавтор на „Скопје 2014“, на Енциклопедијата на Македонија. ДУИ не е надвор од ова. Каква е таа мултиетничка демократија во која буџетот се усвојува со мајоризација? Или кога јас однапред знам дека како Албанец нема да бидам ниту претседател, ниту министер за надворешни или за внатрешни работи, ниту гувернер на НБРМ. Ние зборуваме за етничка демократија, каде што се бара од нас Албанците да се помириме дека сме асистенти. Дека ќе бидеме помошник-директор, помошник-министер, помошник… Ние ќе помагаме за некој да се чувствува комотен. Неодамна се случи територијална прераспределба во Албанија, со која македонското малцинство загуби три општини, а со тоа и правото на јазик и на образование. Намерно ли беше направено тоа за да се смени соодносот? МЕХМЕТИ: Мојот став е следниов. Ниту Албанците во Македонија се заложници на Албанија, ниту Македонците во Албанија се заложници на Македонија. На Македонците во Албанија им посакувам сè што им посакувам на Албанците тука. Но не дозволувам од Тирана да ми диктираат по телефон како да му се спротивставам на Груевски, ниту, пак, би ги потценил тие Македонци таму за да ги упатувам што треба да прават. На Балканот треба да се навикнеме покрај етничката припадност да развиваме чувство за државна припадност. И секој според околностите. Веројатно Албанците во Србија се однесуваат поинаку од нас бидејќи се два процента. Албанците во Македонија се однесуваат поинаку, нека се 25 процента, па нека се и 12 процента. Веројатно Македонците во Албанија треба пропорционално да се однесуваат на тој свој потенцијал бидејќи, за жал, бројките се пресудни. Јас сум уверен дека Македонците во Албанија може да го проценат тој свој потенцијал и да функционираат така како што им налага тој потенцијал. И тука не ставам равенства. Од Прешево, каде што треба да функционираат сосема поинаку бидејќи не се 10 проценти, не се ниту 30 проценти, колку што сме ние, бидејќи, за жал, во демократијата решаваат бројките. А тие велат дека Македонија не може да постои без Албанците. Ако е така, го користам тој потенцијал. Друго, за да користите права треба да задоволите определени услови. Многу права што ги реализирале Албанците во Македонија, а што ги немаат Македонците во Албанија, претпоставувам се поради тоа што треба да имате бројки. За да направите филхармонија треба да имате инструменталисти, за национален театар треба да имате актери, за да имате друштво на писатели треба да имате писатели… потенцијалот се мери така. Фотографијата на личната карта на еден народ е студентската младина. Албанците го комплетираа тоа во Македонија, го немаа извесно време. И затоа сега може да се погласни. Но ние не сме заложници на Албанија. Ако некој им сече уши на Македонците во Албанија, треба да им ги исечете ушите на Албанците во Македонија? Не! Таа логика треба да се заборави. Секој во својата куќа. Затоа, на Македонците во Албанија им посакувам да реализираат сè што посакуваат и умеат да реализираат, да се чувствуваат комотно. Тоа им го велам и на Албанците тука. Немојте да плачете дека не ви дале бидејќи така покажувате дека сте неспособни. Оттука, нема што да барате од Груевски, напротив, одете кај тие што ви ветиле, кај ДУИ и кај ДПА. Од тие луѓе побарајте. А зашто не одат, не знам. Разговараше: Наум Стоилковски Фото: Игор Ангеловски (Интервјуто со Ким Мехмети е објавено во 112. број на неделникот Република, 24.10.2014) http://republika.mk/?p=337170 |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2014, 12:36 | |
| Да, фин е и елоквентен, но под тој плашт на елоквенција и говор на литературен македонски јазик, тврдам дека станува збор за радикал и албански националист на кого ништо освен остварувањето на нивната вековна агенда не му е битно. Прв е на браникот кога бараат повеќе права и слободи, а тука ми зборува... слушај, бројките одлучуваат, што да ти правам, секој на своето. Епа тие се на нашето, онолку колку што и нашите се на нивното. Они биле опкружени со векови од правослвен ИСИС, ма немој... ден денес се однесуваат како племе симнато од планина, и не знам зошто толку се пенави кога така некој и ќе ги опише. Сосема адекватен опис за нив. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2014, 14:32 | |
| - Frogfoot напиша:
- Дечки, мислам дека работава ги премина сите граници. Мразам во 1 по полноќ да пишувам вакви работи, ама морам, бидејќи очигледно е дека мојот глас тука некои не го разбираат и слушаат. Епа, да ви кажам дека ќе морате. Ова не е мој форум, ова е наш форум, но тука јас сум шефот, заедно со уште неколку дечки, и јас ја имам можноста да бришам мислења за кои ќе „ми се прдне„ дека не се поврзани со темата, да „шамарам„ по форумов со опомени, и да „мавам клоци„ односно банови!
И тоа ќе го правам. Замислувајте ме како лошото дебело детенце во школо што е за пола метар повисоко од сите други деца, и ги тормози ако не се држат до правилата што ги поставил!
Мојот праг на толеранција е исклучително висок, НО ДОСТИЖЕН, а некои се многу блиску до таа граница.
Против никој тука, немам ништо лично против, но како модератор, во име на оние кои форумов го разбираат сериозно, оние кои трошат дел од своето скапоцено време да го збогатуваат со содржини, за оние кои знаат помалку - да научат, оние кои имаат желба да научат, морам, и ќе се однесувам како модератор. Нема муабети од „абе ај брат, ме знаеш мене„ и такви финти. Ова е сериозен форум и воопшто не го преценувам кога велам така.
Да ве прашам сите Вас по нешто. Дали сте одвоиле 10 секунди од вашето скапоцено време, да размислите колку денови, ноќи, часови, и недели се потрошени во изградбата на овој форум? Мене и на дечките што го правевме, очи ни течеа, буквално, додека го доби овој изглед, функционалност, збогатување со теми и сл. за да Вие почитувани, кога се регистриравте на овој форум, бидете од нешто и некоја тема привлечени да го поминувате вашето време.
Бидејќи ние, од почит према Вас, сме вложиле огромен труд - ЗА ВАС, Ве молиме и Вие вложете малку напор да бидете културни, да не бегате од темата на секои 15 минути и да не им отварате нон-стоп работа на модераторите, и да научите да слушате од постари форумџии и луѓе кои имаат сосема солидно познавање во одредена област поврзана со форумов?
Овој форум, исто така, обработува многу тесен спектар на теми и сите се меѓусебно испреплетени, односно овој форум не е за широки народни маси, како што имаме многу други форуми во Македонија. Значи, не можете на форум за автомобилизам да пишувате како се прави ајвар, и слично. Така и тука, и Ве молам сватете го тоа што поскоро, за да избегнеме непријатни и несакани ситуации.
Доколку нешто знаете на некоја тема, напишете, ако не знаете, прашајте, НО НЕКА БИДЕ ВО МАРГИНИТЕ НА ТАА ТЕМА!!!
Овој форум опстојува и постојано се гради веќе 3-та година, и сакаме тоа да продолжи, и ќе продолжи, со некој од Вас, или без.
Се надевам дека повеќето од Вас ова ќе го разберат, како моја ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА, и овој пат НАВИСТИНА ПОСЛЕДНА, во поглед на опоменувањата што ги даваме поради непочитување на правилата и обичаите на форумот, бидејќи нема смисла, безброј пати само јас сум опоменувал.
Во иднина, размислете 2 пати дали треба и дали вреди нешто да напишете. Ако немате нешто поврзано со темата да напишете, воопшто не пишувајте само за да билдате број на мислења, не се добива медал за тоа, не овде.
Оние што во иднина ќе бидат банирани (без опомена, бидејќи сите џокери до сега ги потрошија) воопшто да не се чудат зошто е тоа така, и да ми пишуваат инбокс да ги одбанирам, или да ми се закануваат со мајки шајки дека ќе ме тепаат додека трчам во парк во 10 навечер. На секое ваше кунг-фу јас имам по една 9ка, па изволте!
И да, ова не е Кајгана!!!
На оние што ова им се чини престрого, излезот е таму! Ако не е кајгана тогаш опомени го другарчето пошто става линк поврзан со друга држава,на тема за Македонија,а мојот пост си беше на место,пошто се работеше за Македонска армија,а ми глуми мене шериф. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 31/10/2014, 14:48 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|