Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty8/11/2013, 23:21

Обуката во 2001 на Тигрите е спроведена на тој начин поради тогашната ситуација. За подобри нема споредба. Двете единици се добри. Не е благодарно да се прават било какви споредби.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty11/11/2013, 13:21

ЗАСТРАШУВАЧKА ПРОПАГАНДА НА МЕДИУМ НА АЛБАНСKИ ЈАЗИK

На Македонците им се калеми и тероризам врз албански ученици

Kако што се наближуваат декември и министерскиот совет на ЕУ, така се засилува пропагандата кај некои од албанските медиуми против македонскиот дел од популацијата во државата

Неодамнешните ученички тепачки во Скопје биле тероризам со намера да се попречи зголемувањето на бројот на ученици-Албанци во училиштата и во средините во кои постои македонско мнозинство. Со ваква радикална теза излегоа деновиве некои од медиумите на албански јазик одејќи дури до тоа дека во организирањето вакви терористички групи е вмешан дури и самиот државен апарат. Kако повод за вакви тврдења „Журнал“ ја зема последната тепачка меѓу средношколците од две училишта кај Транспортниот центар во скопската општина Аеродром.

- На одредени групи им пречи фактот што ученици-Албанци учат во населби претежно населени со Македонци. Им пречи и тоа што од година на година бројот на учениците-Албанци во овие училишта се зголемува. Нивната крајна цел може да е сеење страв и несигурност кај учениците-Албанци и дислокација на албанските паралелки од овие училишта - анализира „Журнал“.

Истовремено, без да се направи целосна анализа на феноменот на ученичките тепачки што се случуваат периодично во јавноста, преку мислењата на одредени експерти по криминал се пласира тезата за однапред испланирани терористички напади.

Теза со умисла

- Kога имаме несигурност да ги испратиме децата во училиште и тие се враќаат повредени и завршуваат во болница, овие случаи од научен аспект се познати како тероризам, значи терористички акти, затоа што во овие случаи има несигурност, има чувство на страв и ризик за здравјето на човекот. На терен имаме вакви акти, кои од научен аспект се познати како терористички напади, но сега има дилема дали се организираат од терористички групи, поединци-терористи или може да е вмешан и самиот државен апарат - вели за „Журнал“ криминологот Башким Селмани.

По тврдењата за дискриминација на припадниците на албанската етничка заедница кога е во прашање остварување соодветна и правична застапеност во државната администрација и во разни државни органи и институции, како и за економска дискриминација на фирмите, чии сопственици се Албанци, ова е нова теза што ја форсираат медиумите на албански јазик. Со неа македонската страна повторно директно се посочува како одговорна за нападите мотивирани со планот да се оневозможи присутноста на Албанците во разни општествени сектори.

Експертите што ги консултиравме наведуваат дека тврдењата оти ученичките тепачки претставуваат тероризам од македонска страна се претешки и целосно не одговараат на ситуацијата.

- Ученичките тепачки, барем онакви какви што ги има кај нас, во никој случај не можат да се третираат како тероризам. Овие тепачки, за разлика од тероризмот што се третира како специфична форма на криминал, спаѓаат во форма на класичниот криминал. Во исто време тие се социјален феномен кој мора да се регулира и да се лекува преку соодветни социјални сеопфатни механизми, во кои, освен училиштето, активна улога ќе имаат и општествените институции, но и родителите - наведува универзитетски професор Методи Хаџи-Јанев, познат македонски експерт по безбедност.

Тренд во повеќе држави

Податоците покажуваат дека за девет месеци од годинава во тепачките се повредени 101 ученик, од кои тројца добиле тешки телесни повреди. Инаку, на територијата на државата вкупно се регистрирани 109 случаи на насилничко однесување на ученици. Од нив 69 биле во средните училишта, а 40 во основни. Најголем број од регистрираните случаи се во Скопје - 63, а потоа во Тетово и во Kуманово и помалку во други градови. Најчесто се користи физичка сила, а во девет случаи се употребени тврди предмети, а во два случаја и нож и пиштол, од кој било пукано во воздух.

- Не можам да се сложам со тоа дека тие се форма на тероризам или заплашување на одредени групи од општеството од причина што овој тренд не е специфичен само за Македонија, туку во многу земји. Такви, на пример, се Австралија, Аргентина, Белгија, Бугарија, Франција, Јапонија Полска, Велика Британија, САД и др. Причината за овие насилства сепак не е идентична. Се среќаваат генерални причини, кои се појавуваат кај секоја држава каде што ова е тренд и посебни причини кои се одраз на социјалната средина, динамиката со која се одвиваат нештата во дадено општество, самата средина во која се случува насилството, резилиентноста на системот да се справи со овие феномени, можноста превентивно да дејствува и секако соодветните казни што треба да се преземат не само за учениците туку и за нивните родители - наведува Хаџи-Јанев додавајќи дека целта е учениците во иднина да изградат здрави навики на толеранција и на заедничко дејствување и инхибирање на генераторите на проблемите.

Наспроти ова, албанскиот медиум потенцира дека пресметките меѓу групите на млади Албанци и Македонци не се само расчистување на сметките меѓу младите на кои им врие крвта.

- По конфликтот од 2001 година, бројот на меѓуетничките инциденти постојано се зголемува, а во последниве неколку години се поорганизирани и помасовни. Хулиганството индиректно се подбуцнува од владината политика, која го спонзорира национализмот - стои на самиот почеток на текстот со наслов „Хулиганство спонзорирано од државата!“, објавен во „Журнал“.

Kако примери за дискриминација на Албанците во политиката на етничките вработувања албанските медиуми ги земаа застапеноста на Албанците во МАНУ, Народната банка на Македонија, Врховниот суд, Судскиот совет, Управниот суд, Генералниот секретаријат на Владата, Секретаријатот за законодавство... При ова не беа наведени области каде што вработени Албанци се застапени во процентот кој е значително поголем од потребниот. Истовремено, вицепремиерот Муса Џафери одговори дека при остварувањето на принципот на соодветна и правична застапеност мора да се води сметка и за квалитетот, а не само за квантитетот. Во случај на фирмите тврдењето на медиумите на албански јазик беше дека фирмите во сопственост на Албанците во земјава се маргинализирани и поради тоа што „немаат пријатели на власт со помош на кои би воделе успешен бизнис“. Министерот за економија Ваљон Сараќини на ова одговори дека не се согласува со ваквите тврдења дека албанските компании се маргинализирани во однос на македонските. Проблемот, според него, е во тоа што албанските компании не аплицираат во државните институции со предрасуда дека нема шанси да добијат.

Три елементи

Иако не постои утврдена дефиниција ниту од академски ниту од стручен безбедносен и меѓународно правен аспект за тоа што е тероризам, главно најприфатените дефиниции за тероризмот укажуваат на тоа дека неколку елементи мора да бидат кумулативно исполнети, наведува Хаџи-Јанев.

- Првиот е доколку заканата, заплашувањето или активностите од противправното дејствување е насочено да влијае врз легално избрани власти, да го загрози општествениот систем или дел од јавноста. Потребно е, исто така, противправните активности да се насочени кон одредени лица, имот и да предизвикаат сериозна материјална штета или штета врз здравјето на луѓето од пошироки размери. И ако со нив се загрозува индивидуалниот живот на граѓаните и се дизајнирани да предизвикаат сериозни нарушувања на електронските системи во едно општество. Оттука, по ниедна основа не можеме да кажеме дека училишните тепачки се вклопуваат во рамката на она што генерално се подразбира под тероризам – вели професорот Методи Хаџи-Јанев.

Бранко Ѓорѓевски, Билјана Арсовска
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=123FCAE5DBA011469CF83983AAC2E75D


Ако, ако... па нека им го вртат образот (газот) нашиве медиуми и политички елити.
На секога провокација нека одговараат со политички коректни и одмерени аргументи... со добро ќе им се врати. 'Бате шугите 'бате. Evil or Very Mad 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty11/11/2013, 14:05

Што е чудно.
Се секаваш на Гнасите од ОБСЕ кога на одговорот на бранителите на провокациите на адмимистративците од ОНА , има накалемија вина токму на нив.
Такае и сега!
Кога невоспитаните дечишта ги двои полицијата нејчинат Македонцит епошто се уште живи.
Исто и со Грчиштата ни сметате што ве има.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty11/11/2013, 14:22

Да Зоки, но мене ми пречат шиптарите... кој ќе го артикулира мојот глас?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty11/11/2013, 16:01

Alvar напиша:
Да Зоки, но мене ми пречат шиптарите... кој ќе го артикулира мојот глас?
И јас би сакал да го знам одговорот на истото прашање.
СЕ плашам дека еден ден ке пукне гневот ама кај Македонците.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty11/11/2013, 17:42

Зоран напиша:
Alvar напиша:
Да Зоки, но мене ми пречат шиптарите... кој ќе го артикулира мојот глас?
И јас би сакал да го знам одговорот на истото прашање.
СЕ плашам дека еден ден ке пукне гневот ама кај Македонците.
Можеби, евентуално за 5-6 векови. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty12/11/2013, 18:32

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty13/11/2013, 01:50

Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty13/11/2013, 10:08


Зоран напиша:
Бељозно

http://www.vesti.rs/Sirija/Al-Kaida-preti-Kosovu-2.html
Со оглед на тоа што се смета дека Ал Каеда е мрежа на терористички и парамилитарни организации , кои се меѓусебно поврзани и имаат свои ќелии речиси во секоја земја во светот, не е чудно Ал Каеда да е присутна на балканот, односно одредени терористички и парамилитарни организации кои се дел од терористичката мрежа Ал Каеда. Според мене тие ќелии на балканот се доста маргинализирани, но кога би добиле одредено засилување може да дојде до дестабилизација на одредена држава или повеќе држави на балканот. Да не заборавиме дека балканот е буре барут.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty14/11/2013, 22:03


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: