Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty11/10/2013, 12:40

Далеку е сето тоа од она со што се соочуваат Скопје, Струга, Кичево и сл.
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty11/10/2013, 13:22

Нормално, но ако погледнеш наназад , така почнало се и во тие градови, не велам ја за 2-3 години ке бидат накотени ко глувци , ама ако се деси нешто и ти ке се бунат.А за подолг период нормално дека ке ги имаме и ние истите проблеми.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty11/10/2013, 20:10

Тешко дека ќе останат во Штип, освен ако немаат некоја наредба од ИВЗ па да добијат работа некаде надвор и да основаат семејства во Штип, инаку знаеме дека тие не можат да егзистираат во источна Македонија поради добро познати причини.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty12/10/2013, 03:01

Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty12/10/2013, 09:16

Frogfoot напиша:
http://maktel.mk/makedonija-2/item/6232-foto-portparolot-na-dui-i-novinarot-zekiri-na-adjilak-vo-meka
Се надевам дека нема да се вратат. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty12/10/2013, 10:24

Во Гостивар запалено државното знаме пред зградата на ХЕЦ Маврово

Непознат сторител го запалил знамето на Република Македонија кое било истакнато на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово.

Случајот го потврдуваат и од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид утрово, веднаш по пријавувањето. Според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа.

На трите јарболи покрај државното, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени.

Подигнати се траги траги за вештачање и спроведени се активности за откривање на сторителот.

http://a1on.mk/wordpress/archives/219540



Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty12/10/2013, 20:22

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty19/10/2013, 03:13

Затвореник нападнал полицаец

Затвореник вечерва нападнал полицаец во затворот во Скопје.
Како што информираат полициски извори притвореникот Лиридон Кустиси физички нападнал судски полицаец со удари во главата.
На полицаецот му е укажана лекарска помош
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/50846-zatvorenik-napadnal-policaec

Пукање во Љуботен: Алфи налетале на дрвокрадци, повредени и жртви нема

Доцна попладнево пукотници ги вознемириле жителите во околината на скопското село Љуботен, откако патрола на мобилната полициска единица Алфа налетала на дрвокрадци, потврдија за Плусинфо од одделението за односи со јавноста на МВР.

Дали дрвокрадците покале кон Алфите, или полициската патрола стрелала во воздух за да ги предупреди да застанат, затоа што се оглушиле на полициската наредба и не сакале да се идентификуваат, од МВР најавија дека подоцна ќе излезат со детали, бидејќи полициските единици се на терен.

Повредени и загинати нема, а МВР дополнително ќе информира дали некој е уапсен.
http://plusinfo.mk/vest/110430/Pukanje-vo-Ljuboten-Alfi-naletale-na-drvokradci-povredeni-i-zhrtvi-nema

(ОБНОВЕНО) Дрвокрадците со калашникови стрелале кон Алфите

Неколку часа полицијата во околината на селото Љуботен ги барала дрвокрадците кои доцна попладнево со автоматски пушки стрелале кон патрола на мобилната единица Алфа. Напаѓачите и побегнале на полицијата, уапсени нема. Во нападот на полициската патрола повредени и жртви нема, потврдија за Плусинфо од одделението за односи со јавноста на МВР.

Според информации од полицијата, патрола на Алфите, заедно со шумската полиција, околу 18.30 часот биле на обиколка во околината на скопското селото Љуботен. Полицијата забележала поголема група дрвокрадци кои товареле огревно дрво во возило. Штом ја забележале патролата, дрвокрадците со автоматски пушки почнале да пукаат кон полицијата. Патролата дејствувала веднаш, а за многу кратко време стигнало и засилување.

Потрагата по напаѓачите траела неколку часа, сепак сојузници на дрвокрадците биле мракот и блиската шума, кои им помогнале да им избегаат на полицајците.
http://plusinfo.mk/vest/110434/OBNOVENO-Drvokradcite-so-kalashnikovi-strelale-kon-Alfite

Полициски службеник нападнат во близина струшкото село Шум

Полициски службеник во Граничната полиција е повреден вчера околу 17 часот при вршење на службената должност во близина на струшкото селото Шум, информира СВР Охрид.

Граничната полициска патрола поставена кај струшкото село Вишни, при контрола констатирала дека во трактор во кој имало две лица од Велешта и едно лице албански државјанин, нелегално се превезуваат шест метри кубни огревно буково дрво односно транспортот се вршел без соодветна доку- ментација. Патролата констатирала дека немало прописно поставен жиг на огревното дрво и оти тракторот сообраќал без регистарски таблици.

- Поради тоа, патролниот тим на граничната полиција со еден полициски службеник во тракторската кабина и полициско возило како придружба го упатил тракторот кон полициската станица во селото Франгово каде требало да се преземат понатамошни мерки. Во близина на селото Заграчани, тракторот бил блокиран од патничко моторно возило марка „Волксфаген-голф“ без регистарски таблици од кое излегле две лица од селото Велешта. Тие упатиле вербални напади и закани кон полицискиот службеник по што едниот од нив го истуркал возачот на тракторот и со возење се упатил кон селото Шум. Во тоа бил спречен од полицискиот службеник кој го запрел тракторот, појасни портапролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде оти на местото на инцидентот пристигнале повеќе други лица кои веднаш физички го нападнале полицискиот службеник додека дел од нив го спречиле вториот полициски службеник да преземе службени мерки за одвраќање на нападот. Групата го одзела тракторот и побегнале кон селото Шум.

Според информациите од СВР Охрид, полицискиот тим на граничната полиција приведе едно лице жител на селото Велешта, а во тек се мерки за пронаоѓање на неколку други лица, од кои едно е албански државјанин. Кај нападнатиот припадник на граничната полиција се констатирани лесни повреди на главата, вратот и левото рамо.
http://a1on.mk/wordpress/archives/222768

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty19/10/2013, 03:16

Села сака да ја урива Триумфалната порта во Вевчани

Ќе се урива триумафалната порта на влезот од општина Вевчани ако се утврди дека катастарски и територијално се наоѓа на територија на општина Струга рече за А1 градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Ова доаѓа вели Села откако Агенцијата за државни патишта пред неколку дена ги отстрани претходно поставените тројазични патоказни табли каде што името на Вевчани беше напишано и на албански јазик.

„Јас како градоначалник на Струга од Министерството за локална самоуправа писмено побарав да ја добијам територијалната и катастралната граница меѓу општина Вевчани и општина Струга. Ако тој дел припаѓа под општина Струга тогаш Агенцијата за патишта треба да ги врати имињата и на албански јазик.

- Ако тој дел припаѓа во општина Струга каде е изградена и една капија јас ве уверувам дека ќе биде рушена и капијата бидејки е изградена нелегално и е изградена на територија на општина Струга. Очекувам во наредните денови да ги добијам потребните информации“, рече Села.

Села смета дека изградбата на капијата и отстранувањето на знаците со албански јазик ги иритира жителите Албанци.

„Нема како друго сето ова да се дефинира, туку како расистичко однесување на општина Вевчани за која е незамисливо да се пишува на јазикот кој го зборуваат нивните сограѓани“, рече Села.

Села вели дека нема никаква потреба да се среќава со вевчанскиот градоначалникот Цветомир Угриновски

„Неговиот однос кон албанскиот јазик и кон Албанците и тоталната непочит зборува дека нема потреба јас да побарам средба со него. Се работи за магистрален и регионален пат и надлежноста врз него ја има централната власт. Тој проблем треба да го решават тие кои земаа гласови од граѓаните, а тоа е ДУИ кои наводно ги претставува Албанците во централната власт. Јас до сега не слушнав никаде ништо никаква реакција и изјава за тоа од нив“, рече Села.
http://a1on.mk/wordpress/archives/222736

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty19/10/2013, 20:45

До кога народе мој!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: