Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty27/9/2013, 08:16

Frogfoot напиша:
Јас би прекинал секакви разговори и би промрчил дека можеби вреди да се размисли за некој источно-азиски пакт.. кхм кхм... онака колку за нервоза.

Сигурно не им одговара такво страно тело на Балканов. Па малце нека ги стиснат гејците, ова веќе не се трпи.
Batka i mene scr mi plache za taa idea ama nie sme ostrov vo okean od NATO.
Ili po staro od site strani Gorgija sardisan.

Seti se na suhoite edvam dojdoa.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty27/9/2013, 12:27

Епа на нив помалку ќе им одговара да им сме остров на сред океан...башка, имаме уште еден остров над нас.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty27/9/2013, 15:21

Во струшко Теферич „никна“ споменик за албанските војници

Со албанска химна и развеани албански знамиња група жители од струшките села Теферич и Радолишта денеска свечено го открија спомен - обележјето во чест на албанските војници, кои пред сто години учествувале во македонско - албанското востание против српскиот окупатор.

И покрај барањето на струшкиот Музеј да се стопира градбата, мермерната плоча на која на албански јазик е испишана порака , денеска е поставена на местото каде според сите преданија во минатото имало црква.

- Ова е црковно место. До пред десетина години на ова место имаше и крст и верско обележје. Во старите визитации на епархијата е обележано како црковно место, вели Сашо Цветкоски директор на Музеј „Никола Незлобински” Струга.

- Во 1999 година во урбанистички план е зацртан еден крст тоа значи дека местото е вакафско, заедничко, а не подразбира дека е црква или џамија, вели Ваит Ајро претседател на организациониот одбор.

За поставувањето на трите спомен - плочи во околината на Теферич и Радолишта не им била потребна дозвола.

- Дозвола нема за ниедна спомен - плоча. Дозвола не се бара за спомен - плочи. И тоа е одлука на локалните власти, вели Ајро.

На ова остро реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

- Станува збор за нелегална градба без одлука на Совет. И покрај тоа што градоначалникот се сокри од јавноста нема да се изземе од одговорност, бараме градежна инспекција веднаш да ја отстрани дивоградбата, бидејќи вака се нарушуваат меѓуетничките односи, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ .

На свеченоста присуствуваа поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, актуелен претседател на ДУИ, претседателот на струшката ДПА и претседателот на Академијата на науки и уметности од Албанија.

Таткото на Струга, Зиадин Села, откако за албанските медиуми даде изјава, не се појави на настанот, но испрати свои претставници да положат цвеќе.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=18347


Каде е бе брко да реагира, како знае да праќа 500 специјалци за да отстранат 10 души што бранат сеча на 2-3 дрва!?
Како знае да јаде ГОВНА против македонци и македонски партии а на шиптарскиве провокации ќути!?
Како знаат да затвараат луѓе за разно разни глупости, а не знаат да апсат антидржавни елементи кој го кршат уставниот поредок на РМ?
Зошто ДПМНЕ не го ангажира нивното членство и админстрацијата да одат и да го бранат тој имот како што ja бранеа изградбата на црква во Скопје!?
Како дозволуваат да помине граница член на шиптарската академија на науки која го негира постоењето на Македонија!?
Или знаат да се џапаат само во македонски средини а таму кај што е мешано население им е фуфка да пратат луѓе и жандарми!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty27/9/2013, 16:50

Мајсторот е Америка, калфата несмее сам да работи.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 00:19

Ахмети: Рамковниот договор ќе се исполни кога албанскиот ќе стане официјален јазик во Македонија

Лидерот на владејачката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети денеска пред дипломатите од земјите-членки на Европската унија во Брисел во рамки на конференција организирана од невладината Центар за европски политики (ЦЕПС), порачал дека Рамковниот договор во Македонија целосно ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата, тврди МИА.

Како што јавува дописникот на МИА, на оваа средба која изобилувала со темата за наметнатиот спор за нашето уставно име од страна на Грција и македонските евроинтеграции, Ахмети, кој присуствуваше заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, порачал дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО има голема поддршка кај албанската заедница во нашата земја, но дека поради нерешениот спор за името, Македонија не може да напредува. Поради тоа, тој уште еднаш порачал дека е потребно да се најде компромис за ова прашање.

Во рамки на неговиот денешен престој во Брисел, Ахмети имал и неколку билатерални средби со официјални лица од ЕУ и НАТО, меѓу кои и со Питер Фејт и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
http://plusinfo.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 00:23

Вандали дивееле на гробиштата во дворот на црквата Свети Атанасиј

Откорнати надгробни плочи, искршени гробови, украдени христијански обележја. Во ваква сосотојба жителите од Џепчиште утринава ги затекнале православните гробишта, лоцирани во црковниот двор од храмот Свети Атанасиј. Православните обележја и објекти во ова село се честа мета на вандалите, велат мештаните. Тие сметаа дека ваквите сквернавења најчесто ги вршат малолетници, за кои полицијата ништо не презема, па така престапниците си земаат за слобода да прават што сакаат во божјите храмови.

Ваквите зачестени вандалски чинови не се прават поради материјална корист, затоа што претежно црквите во овој дел од тетовско немаат ниту пари ниту некои поголеми скапоценитости.

Тетовско Џепчиште брои околу 20000 жители, село главно населено со албанци, меѓу кои има и 20 тина жители македонци.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=30998

Пи*ка им материна, ни мртвите не ги оставаат на мир... крв да серат племе им е*ам затуцано неандреталско. Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 00:44

Мирни, кротки и плашливи, небаре зомби

Одамна е минат Рубиконот. Додека има уште малку надеж, ајде да свртиме нов лист во нашето колективно однесување: дали имаме зрно снага за будење на заспаниот дух што во наследство ни го оставија далечните предци? Ако одговорот е да - Македонија ќе опстои, ако е не - ќе згаснеме на полиците на историјата врз кои паѓа прашина.

Во летото 2006-то, кон крајот на јули, како што објави тогашно Време, во едно кафуле во Охрид од полицијата бил приведен извесен Норман Г., државјанин на САД, поради сериозно нарушување на јавниот ред и мир. Имено, Норман почнал агресивно да се однесува кон присутните гости, со навреди, закани, физички напади и сл.

На распитот во полицијата, своето недолично однесување Норман Г. го објаснил вака: „Не можев да го издржам мирното однесување на луѓето околу мене! Небаре беа зомби! Во нив нема никаква агресивност”!

Полицајците уште повеќе се збуниле, па побарале психијатриско вештачење, кое го дало следново објаснување: Норман Г. имал трауматично дејство, поради што сега, во зрели години, има необјасниви изблици на агресивност. Тука, постапката на државата Македонија против агресивецот запрела и тој бил испратен дома, во САД, да се агресира таму кога ќе има потреба за тоа.

Овој вовед отвора прашање што Норман Г. го поставил без влакно на јазикот: „Зошто Македонците се мирни како јагниња, зошто немаат ниту трунка амбиција да чкрипнат со забите, да треснат со стисната тупаница, да удрат кога ќе бидат удрени... зошто во нив нема ниту трунка т.н. позитивна агресивност? Зошто буквално ја применуваат божјата заповед - кој тебе со камен, ти него со леб?

Поради таквата јагнешка карактеристика, РМ денес се простира на само на 46% од нејзината етничка територија, при распадот на претходната федерација последни сфативме дека ни се дава можност за самостојна држава, а кон крајот на минатиот и почетокот на овој век странските олеснувачи ги примавме како спасители, без да разбереме дека се Данајци што дарови носат...

Дали некој се запрашал зошто пред секоја, и најмала закана, се повлекуваме, го виткаме опашот. Зошто бегаме од Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, Куманово, Чаир? Зошто продаваме трошни куќи за скапи пари? Кога ќе ги потрошиме, ќе немаме ниту куќа, ниту пари!

Средбите во Македонија на Македонците од соседните земји покажуваат колку сме инертни кон самите себе, колку оние што ги избравме да нè водат се грижат само за нивното чекмеџе, а не за националната кауза, колку не водиме грижа дека ако соседскиот оџак престанал да чади, не сме свесни дека и нашиот наскоро ќе згасне!

Најнова илустрација за овие неповолни национални состојби е последниот конкурс за упис на новата генерација питомци во Воената академија „Михајло Апостолски“. Конкурсните услови биле обична фарса затоа што се примени кандидати според партиски клуч, а не според компетитивен критериум со кој на заслужени позиции доаѓаат најдобрите, најспособните...

Неправилно одбиените кандидати се обидоа да ја анимираат јавноста за оваа негативна селекција, но не наидоа на поддршка. Им било понудено во отворена дебатна емисија на една од телевизиите да ги кажат работите онакви какви што се. Понудата прво ја прифатиле, но потоа откажале, со образложение дека не се плашат толку од негативни последици, колку што ги инхибира стравот дека нема никој да ги заштити кога агресијата на оние што така ги кројат конкурсите ќе се нафрли на нив.

Да бидам прецизен: кандидатите-Македонци се уплашени јавно да протестираат за нанесената неправда, затоа што на нивно место се примени Албанци.

Што е, тука е. Одамна е минат Рубиконот. Додека има уште малку надеж, ајде да свртиме нов лист во нашето колективно однесување: оние над 80.000 Македонци што зедоа бугарски пасоши нека се договорат на наредните, а потоа и сите други избори во Бугарија, да гласаат за партиите во кои мнозинство од кандидатите ќе бидат Македонците од Пиринскиот дел!

Забарите, козметичарите, терапевтите од Битола и Гевгелија и околината нека не ги чекаат Грците да доаѓаат кај нив, туку тие своите ординации, салони и слично, да ги префрлат во Егејска Македонија и таму да бидат странски инвеститори!

За да не дојдеме до таму каде и личните имиња ќе ни ги променат!

Имаме ли сила за такви агресивни настапи? Дали имаме зрно снага за будење на заспаниот дух што во наследство ни го оставија далечните предци? Ако одговорот е да - Македонија ќе опстои, ако е не - ќе згаснеме на полиците на историјата врз кои паѓа прашина.

Милан Аџиевски
http://www.mkd.mk/kolumni/mirni-krotki-i-plashlivi-nebare-zombi

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 01:29

Прашање за милион долари!
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 19:47

Ах бате грујче, сакам да те видам кога ке прсне овоа, шо ке праиш...

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty2/10/2013, 20:11

Не се секирај, нема да се секира како ти, ќе му ја здувне ко претходникот негов!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: