|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+18shady3 Wolf beowulf tose JKD Mrshajnoski gladiator_17 Iko alexmkd Генерал assasian Momak od Gjorce РИС Legija91 Smrtnikot Зоран Alvar SIG 22 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/6/2014, 19:09 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/6/2014, 16:01 | |
| Три четвртини од младите сакаат да се иселат во странство Седумдесет и седум отсто од младите сакаат да заминат во странство, покажаа истражувањата на штипскиот Правен факултет. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски вели дека 50 проценти од анкетираните се изјасниле дека сакаат да заминат од земјава за да заработат, да студираат на некој познат универзитет или да градат кариера, но повторно би се вратиле во Македонија. Според овие истражувања 15 отсто од нив велат дека заминуваат од државата со претпоставка дека нема да се вратат во земјава. Стојановски забележува дека иселувањето од источниот регион во изминатите 10 години е сигнал за државата да почне со изнаоѓање решенија за проблемов. Младите се сепак носталгични во ова истражување, се изјасниле дека доколку би се вратиле во земјава тоа ќе го сторат заради семејството. Додека младите размислуваат дали животот да го продолжат во земјава или во странство, во источна Македонија не запира процесот на иселување. Има села, како што е винички Блатец во кои од повеќето куќи преку зима од оџаците не излегува чад, а летото се полни со иселеници. Статистичките податоци од последниот попис покажуваат дека 17 села во источниот регион веќе не постојат, а во 85 села бројот на жители е помал од сто. http://telma.com.mk/vesti/tri-chetvrtini-od-mladite-sakaat-da-se-iselat-vo-stranstvo ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/6/2014, 22:10 | |
| Џамбаски: „Присоединете ја историјата кон бугарската“! Македонија и Бугарија треба заеднички да седнат и да разговараат за добро соседските односи, во кои ќе биде вклучена историјата но, и начинот на известување и опишувањето на односите меѓу двете земји од страна на македонските и бугарските медиуми. Со склучувањето на овој договор Македонија ќе има широк пат кон Европската унија, порача бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на ултранационалистот Красимир Каракачанов. Тој вели дека кусиот пат на Македонија до Брисел поминува преку Софија, а заедничките средби и чествувањето на Светите Кирил и Методиј од страна на БАН и на МАНУ се првиот добар чекор меѓу двете земји. - Тоа е одлично и прв добар чекор, треба заеднички да се одбележуваат Илинденско –преображенско-Крстовденското востание, а како што знаете на Илинден е во Македонија, на Преображение е две седмици подоцна во сегашна Тракија во рамките на границите на Бугарија, а на Крстовден востанието завршува во Банско и Разлог, каде што дијалектот е како во Скопје, така се говори. Треба да се одбележуваат тие празници заеднички, а оваа година имаме и 1000 - годишнина од битката на Самоил и ослепувањето на неговите војници, сето ова треба заеднички да се почитува, тоа се нешта кои не можеш да ги бираш, имаме заедничка историја која што не може да биде избршана, а на младите во двете земји треба да им се раскажува така, што меѓу нив да нема спротиставување.* Европратеникот Џамбаски вели дека од историски причини Бугарија ја признава Македонија како држава, но не и македонската нација. Според него, Македонија постои, но има луѓе кои што се определуваат како Македонци по потекло и Македонци по самосознание. - Прашањето за нацијата е и политичко прашање. Ние немаме проблеми со тоа што има луѓе кои што се определуваат како Македонци и ни не го оспоруваме тоа. Но, постојат во Македонија и луѓе кои што се самоосознаваат како Бугари. Ние посакуваме никој да не ги спречува да се определуваат како такви, така што оној кој ќе се изјасни како Македонец ние не му го оспоруваме тоа. Да, постојат такви луѓе и има многу такви луѓе, тоа е неоспорен факт. Така што, повторно ќе речам дека тоа е политичко прашање. Но, тоа се нешта кои не` обединуваат, а не разделуваат, вели Џамбаски. Бугарскиот европатеник потенцира дека не постои проблем со македонското малцинство во Бугарија, спрод него тоа e група на луѓе кои имаат две организации, а партијата не можат да ја регистрираат бидејќи, како што вели, не можат да ги соберат потребните потписи. Џамбаски денеска во Пробиштип го отвори огранокот на Македонско - бугарското здружение, на кое покрај членовите на ова здружение присуствуваа и претставници на ВМРО - Народна на Љубчо Георгиевски и членови на бугарската ВМРО-БНД на Каракачанов. http://www.telma.com.mk/vesti/dzhambaskimakedonija-istorija-da-ja-prisoedini-na-bugarskata ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/6/2014, 22:03 | |
| | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/6/2014, 23:00 | |
| Демек немаат информации за ваквите фанатици? Абе ајде.. Си ќутат нашиве заради мир у куќа и во име на коалицијата и заедничкиот криминал. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2014, 11:10 | |
| На Грција на тацна и` ги дадовме македонските активисти На грчките државни безбедносни структури на тацна им се дадени податоците за македонските активисти во Грција, со објавување на документи и досиеја на веб страницата на Комисијата за лустрација. На ова се пожали Никола Костурски, поранешен претседател на Здружението на Егејците во Македонија, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и во Бугарија, кој неодамна беше лустриран под псевдонимот Демагог. "Сега во објавените досиеа и документот за мене на веб страницата на Комисијата за лустрација се гледа дека се изнесени со име и презиме сите луѓе со кои сум контактирал во егејскиот дел на Македонија. Им ги дадоа на тацна на безбедносните служби на Грција луѓето со кои контактирав и ги организираа македонските активности во Грција. Со овие информации тие, на некој начин, се предадени на грчките служби", обвини Костурски. Тој, по лустрацијата, ги прекинал сите контакти со нашите активисти преку граница, па нема информации дали се соочиле со проблеми. Но за себе вели дека во неколку наврати го враќаат од грчката граница како персона нон грата. Костурски тврди дека никогаш не бил кодош туку жртва на кодошење. Една година пред да биде лустриран, во Историскиот архив пронашол досие за себе од 200 страници, во кое службите за безбедност во социјализмот го воделе како шовинист и националист, а други лица го кодошеле за неговите активности. Тој одлуката за лустрација ја обжалил до Вишиот Управен суд, и чека одговор. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=461C02B7E38DD747BA64F0D6CA0978B3Ќе си го кркаме стапот ради овој ретардиран монтиран процес со кој се уништи македонската разузнавачка мрежа. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/6/2014, 21:34 | |
| ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/6/2014, 11:01 | |
| Уште да беа доблесни овие од тинк и да кажеа чива е анализата. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/6/2014, 12:30 | |
| Доживотен затвор за тероризам за сите во „Монструм“, освен Сејди Рами Сите обвинети во случајот „Монструм“ пред малку добија казна доживотен затвор за кривично дело „тероризам“, за разлика од Сејди Рами, кој е ослободен од вина и укинат му е притворот. Пресудата беше изречена во Основен суд Скопје 1 предмалку. Судењето започна на 20 декември 2012 година, по неколкумесечна истрага и изготвување на обвинителниот акт во кој беа опфатени седум лица. Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута, односно сите седуммина се товареа за тероризам поради петкратното убиство кај Смилковското Езеро што се случи на 12 април 2012 година. Тие беа уапсени по 20 дена од грозоморното убиство, а Обвинителството тврди дека постојат цврсти докази дека тие го извршиле делото. Обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се наоѓаат во затвор во Приштина, каде што се осудени за нелегално поседување оружје. Постапката за нивна екстрадиција е во тек, но не се знае кога тие ќе бидат испорачани во државава. Тие беа уапсени по 11 месеци бегство, односно во март 2013 година. http://plusinfo.mk/vest/142180/Dozhivoten-zatvor-za-terorizam-za-site-vo-Monstrum--osven-Sejdi-Rami ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/6/2014, 14:48 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|