Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty3/4/2014, 12:58

Крвава ноќ во Скопје, четири лица избодени со нож

Група непознати лица ноќеска во скопската населба „Железара“ нападнале две малолетни лица, при што еден од насилниците употребил нож и на жртвите им задал убодни рани, по што и двете деца завршиле во болница.

Инцидентот бил пријавен околу 21 часот и 50 минути, а на двајцата малолетници кои имале по 16 години им биле констатирани убодни рани, на едното во пределот на стомакот, а на другото во пределот на надколеницата.

Врз жртвата која се здобила со убод во стомакот била извршена итна хируршка интервенција во Ургентниот центар.

Крвави пресметки во средата биле регистрирани во уште два други одделни инциденти кога едно лице било нападнато со нож, при што му биле зададени убодни рани во пределот на вратот од засега непознат сторител. Овој инцидент се случил во населбата Чаир на улицата „Џон Кенеди", а жртва бил 34 годишен скопјанец. Насилникот по нападот веднаш избегал од местото, а повредениот бил префрлен во болница при што веднаш била извршена хируршка интервенција.

Поради сложената операција органите на редот сè уште не зеле изјава од жртвата.

Во третиот случај во населбата Аеродром на булеварот „Јане Сандански" 24 годишно момче било избодено со нож, откако претходно било довикувано од напаѓачот кој потоа почнал физички да го напаѓа.

Од МВР најавија истрага за откривање на сторителите.
http://daily.mk/krvava-nokj-vo-skopje-chetiri-lica-izbodeni-so-nozh?forward=2961341

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty12/4/2014, 17:13

Путин ја навел Македонија како причина за нападот врз Грузија

По припојувањето на Kрим кон Русија, Москва и Вашингтон отворија расправа дали независноста на Kосово претставува преседан за руските потези кон Украина. Руските власти инсистираат дека тие постапуваат на идентичен начин како САД кон тогашна Југославија во 1999 година штитејќи загрозено население, а американските дипломати велат дека оваа споредба е апсурдна. Но, една од книгите за геополитичките планови на Владимир Путин, кои се честопати цитирани на секојдневните дискусии за Русија и за Украина во Вашингтон, укажува дека Путин, освен Kосово, ја споменувал и Македонија како аргумент за нападот врз Грузија во 2008 година.

Kнигата со наслов „Малата војна која го потресе светот: Грузија, Русија и иднината на Западот“, е на денес починатиот американски дипломат Роналд Асмус (умрел во 2011 година во Брисел на 54-годишна возраст од рак на белите дробови), еден од архитектите на политиката на проширување на НАТО кон поранешните руски сателитски држави.Во книгата Асмус го пренесува

разговорот на Путин со поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во февруари 2008 година пред самитот на НАТО во Букурешт кога Грузија не доби поддршка за отворање на МАП-процесот, а истовремено неколку дена по прогласувањето на независноста на Kосово. Асмус, повикувајќи се на грузиски извори, вели дека на оваа средба Путин практично ги најавил нападот врз Грузија и одвојувањето на грузиските области Абхазија и Јужна Осетија.

- Според грузиските белешки од средбата, Путин му рекол на Саакашвили - постои ургентна потреба да реагираме на тоа што се случи во Европа и во Kосово. Размислуваме како да се справиме со тој проблем. Запомнете дека сме под огромен притисок на нашите републики од северниот Kавказ, да бидеме солидарни со Абхазија и со Јужна Осетија. Не разбирам зошто Американците почнаа кампања за исламизирање на Европа. Откако Албанците го проголтаа Kосово, ќе се обидат да се прошират на сметка на Македонија. И многу ни е жал, но вие ќе бидете дел од нашиот одговор - му рекол Путин на Саакашвили. Според книгата на Асмус, Путин продолжил да му oбјаснува на грузискиот претседател дека не се работи за негова вина или за вина на неговата земја, но дека географијата на Грузија е таква што ја отвора можноста преку неа Русија да возврати на косовската независност со иста мера.

- Независноста на Kосово, неколку месеци пред самитот на Букурешт, исклучително многу влијаеше врз Путин и го насочи на курсот на кој е сега. И покрај тоа што на самитот во Букурешт, Украина и Грузија не добија согласност за МАП-процес за почнување на патот кон НАТО, членот 23 од заклучоците на самитот содржеше забелешка дека овие две земји ќе станат членки на НАТО. Путин тоа го сфати како директно загрозување на стратегиската позиција на Украина. Kнигата на Асмус тоа јасно го покажува - вели Герард Тоал, професор по меѓународни односи на Универзитетот „Вирџинија тек“.

Освен како користење на Балканот од страна на Путин како инспирација и оправдување за неговите активности на Kавказ и во Украина, рускиот претседател се најде обвинет дека и конкретно почнува да врши притисок врз балканските држави за да го запре нивното движење кон поблиски евро-атлантски интеграции. Мило Ѓукановиќ, премиерот на Црна Гора, која историски се смета за најстариот руски сојузник на Балканот, при неговата посета на Вашингтон најави строго раскинување на односите со Москва. Ѓукановиќ предупреди дека низ регионот се движи анти-НАТО бран, кој е поттикнат од Москва и ги дестабилизира земјите што се ориентирани кон НАТО. Најзабележителен момент при посетата на Ѓукановиќ на Вашингтон беше неговото сведоштво дека рускиот претседател Владимир Путин пред неколку години му рекол дека Русија не се противи на црногорскиот прием во НАТО.

- Не можеме да го смениме минатото. Историјата вели дека руското присуство во нашиот регион е значајно и е длабоко влезено во свеста на граѓаните. Но, тоа не го редуцира правото на избор на оваа генерација во Црна Гора, која рече дека сака да биде дел од ЕУ и од НАТО. Многу отворено за тоа пред неколку години разговарав со претседателот Путин дека сакаме да бидеме дел од НАТО и од ЕУ и тоа е нашиот пат. Неговиот одговор беше дека наше право е да го избереме својот пат и дека се надева дека паметно сме избрале. Ништо повеќе од тоа. Знам дека за мене би било профитабилно кога би можел да кажам дека на тој состанок дал некои директни забелешки кон мене, но не даде. Но, и без тој разговор сум многу свесен дека владите што одат по тој пат, одат по жилет - изјави Ѓукановиќ. Црногорскиот премиер ја претстави својата земја како предводник на Западен Балкан додавајќи дека се надева оти и Македонија ќе успее да го реши спорот со Грција навреме за самитот во Британија. Во исто време Србија, која инвестира во нормализирање на односите со Kосово за да може да ги почне ЕУ-интеграциите, не дава никакви знаци дека ќе направи чекор и кон НАТО.

Цветин Чилиманов
Дописник на МИА од Вашингтон
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=13EB491592051A4380A383FF962BECD5

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty12/4/2014, 22:11

Академик Ќулавкова: Албанското малцинство врши психолошка пресија врз Македонците
Интервјуа | 11.04.2014 12:37

Ед­но тре­ба да би­де јас­но, ја­зич­ни­те пра­ва на мал­цинс­тва­та во Ма­ке­до­ни­ја не сме­ат да се обез­бе­ду­ва­ат по пат на не­га­ци­ја и на на­ру­шу­ва­ње на ја­зич­ни­те пра­ва на ма­ке­дон­ски­от на­род, сме­та Ќу­ла­вко­ва

Спо­ред Уста­вот на Ма­ке­до­ни­ја, служ­бен ја­зик во на­ша­та др­жа­ва е ма­ке­дон­ски­от ја­зик, а тоа зна­чи де­ка тре­ба да го ко­ри­стат си­те во офи­ци­јал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја, без раз­ли­ка што не­ка­де има и втор ја­зик. Ака­де­мик Ка­ти­ца Ќу­ла­вко­ва сме­та де­ка на ма­ке­дон­ски­от ја­зик му се слу­чу­ва еден вид ге­но­цид. Со неа раз­го­ва­рав­ме и за про­ме­на на то­по­ни­ми­те, ка­ко и за пред­ло­гот за во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност во на­ша­та зем­ја и за тоа што се крие зад фло­ску­ла­та „ин­те­гри­ра­но обра­зо­ва­ние“.

Ве­ли­те де­ка на ма­ке­дон­ски­от ја­зик му се слу­чу­ва ја­зи­чен ге­но­цид. Мо­же­те ли по­пре­циз­но да об­јас­ни­те за ка­ков вид ге­но­цид ста­ну­ва збор?
Ќулавкова: Исто­ри­ја­та на чо­веч­ка­та ци­ви­ли­за­ци­ја поз­на­ва не са­мо си­сте­мат­ски уни­шту­ва­ња на на­ро­ди и по­пу­ла­ции, ту­ку и кул­ту­рен ге­но­цид. Тер­ми­нот е де­лум­но сим­бо­ли­чен, ама, се­пак, ука­жу­ва на за­гри­жу­вач­ки со­стој­би во об­ла­ста на кул­ту­ра­та, ја­зи­кот, ду­хов­но­то нас­ледс­тво (движ­но­то). Ја­зи­кот е при­мер­но, пр­вок­лас­но ду­хов­но кул­тур­но нас­ледс­тво. Ако не се не­гу­ва со љу­бов од стра­на на го­во­ри­те­ли­те на еден ја­зик (кои не мо­ра да би­дат и ро­де­ни го­во­ри­те­ли) и со под­др­шка од ин­сти­ту­ци­и­те на др­жа­ва­та (устав­ни и за­кон­ски одред­би, фи­нан­си­ска под­др­шка, на­уч­но­и­стра­жу­вач­ки про­е­кти, ле­кто­ра­ти, врв­на кни­жев­ност/ја­зич­на умет­ност, вр­вен пре­вод во си­те об­ла­сти, јав­на упо­тре­ба на ја­зи­кот, ме­ди­ум­ска упо­тре­ба, ле­кту­ра, обра­зо­вен си­стем), то­гаш мо­же да дој­де до стаг­на­ци­ја на раз­во­јот на еден ја­зик, до не­го­ва на­ма­ле­на упо­тре­ба и, со тек на вре­ме, до не­го­во све­ду­ва­ње на рам­ни­ште на мал ег­зо­ти­чен ја­зик по­ме­стен од пред­ни­от дел на оп­штес­тве­на­та сце­на и ре­ал­но­ста на втор план, зад сце­на­та. Ако по­дол­го по­трае таа со­стој­ба, ја­зи­кот од жив ста­ну­ва „мр­тов“ ја­зик, тоа е исто­ри­ски и лин­гви­стич­ки факт.

Ма­ке­дон­ски­от ја­зик, во пер­и­о­дот ко­га тре­ба­ше, ло­гич­но, ра­ци­о­нал­но и нор­мал­но, да се оче­ку­ва да ја зац­вр­сту­ва сво­ја­та по­зи­ци­ја, сво­ја­та оп­штес­тве­на и кул­тур­на функ­ци­ја, сво­јот до­стрел, сво­ја­та про­мо­ци­ја во све­тот, се од­ви­ва­ат крај­но не­по­вол­ни про­це­си за кои тре­ба да се алар­ми­ра.

Aлбан­ски­те пар­тии упор­но се оби­ду­ва­ат да го на­мет­нат ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко втор служ­бен ја­зик. Кол­ку и на кој на­чин ова нив­но ба­ра­ње го за­гро­зу­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик?
Ќулавкова: Па­ра­до­ксал­но, ама ток­му во пер­и­о­дот на по­сто­е­ње­то на не­за­вис­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, во пер­и­о­дот во кој, спо­ред Уста­вот на РМ, на­ша­та др­жа­ва има су­ве­ре­но уни­тар­но уре­ду­ва­ње, ма­ке­дон­ски­от ја­зик ме­сто да го по­до­бру­ва сво­јот ста­тус, всуш­ност го де­гра­ди­ра­ше. Не­што су­ге­ри­ра де­ка уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на ма­ке­дон­ска­та со­вре­ме­на др­жа­ва не е це­ло­сен, де­ка е са­мо дек­ла­ра­ти­вен. Ко­га Ма­ке­до­ни­ја бе­ше ре­пуб­ли­ка во рам­ки на ју­гос­ло­вен­ска­та фе­де­ра­ци­ја, функ­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­от ја­зик во оп­штес­тво­то и во др­жа­ва­та бе­ше мно­гу по­ста­бил­на.

По­себ­но пос­лед­ни­ве три­на­е­сет го­ди­ни ма­ке­дон­ски­от ја­зик не­пра­вед­но го за­гу­би ста­ту­сот на служ­бен ја­зик на те­ри­то­ри­ја­та на це­ла Р. Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко по Устав сѐ уште му сле­ду­ва тој ста­тус. Не­кои за­ко­ни, а осо­бе­но не­кои автен­тич­ни тол­ку­ва­ња на Уста­вот и на за­ко­ни­те (одре­де­ни по­ли­тич­ки до­го­во­ри, т.н. Мај­ски, на при­мер, за кој ре­тко се збо­ру­ва, но и мно­гу­број­ни пра­ктич­ни при­ме­ни на за­ко­ни­те) за упо­тре­ба­та на ја­зи­ци­те во РМ до­не­се­ни од 2001 го­ди­на на­ва­му, не се во сог­лас­ност со Уста­вот.

Рам­но­те­жа­та е на­ру­ше­на и тре­ба да се вос­по­ста­ви од­но­во, во спро­тив­но ќе дој­де до не­кои тра­гич­ни пос­ле­ди­ци. И пред устав­ни­те аманд­ма­ни од 2001 го­ди­на, ја­зи­ци­те на мал­цин­ски­те на­ро­ди (де­ло­ви од на­ро­ди­те) имаа лин­гви­стич­ки пра­ва спо­ред врв­ни­те ме­ѓу­на­род­ни стан­дар­ди на Обе­ди­не­ти­те на­ции, ка­ко и спо­ред Дек­ла­ра­ци­ја­та за ја­зич­ни пра­ва на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН. Се­ка­де ка­де што има­ше мно­зинс­тво на ед­но ет­нич­ко мал­цинс­тво, ја­зич­ни­те пра­ва беа по­ста­ве­ни на нај­ви­со­ко ни­во. На ре­пуб­лич­ко и на др­жав­но ни­во, пак, имаа не­о­гра­ни­че­ни пра­ва во об­ла­ста на кни­жев­но­ста, ме­ди­у­ми­те, из­да­ваш­тво­то, те­а­та­рот и сл. Са­мо еден „до­го­вор“ ме­ѓу прет­став­ни­ци на по­ли­тич­ки­те пар­тии во Ма­ке­до­ни­ја пов­ле­че се­ри­ја про­ти­вреч­ни за­ко­ни и пра­кти­ка.

Иа­ко, спо­ред Уста­вот, ма­ке­дон­ски­от ја­зик е за­дол­жи­те­лен на те­ри­то­ри­ја­та на це­ла др­жа­ва, зна­чи за си­те гра­ѓа­ни, др­жав­ни и прав­ни суб­је­кти, ка­ко и за ме­ѓу­на­род­на упо­тре­ба, ма­ке­дон­ски­от ја­зик се исфр­ла од упо­тре­ба – пр­во не се учи ка­ко др­жа­вен ја­зик во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние, се истис­ну­ва и од сред­но­то обра­зо­ва­ние, на не­кои уни­вер­зи­те­ти, исто та­ка, за са­мо не­кол­ку го­ди­ни се ста­ви на мар­ги­ни­те, ад­ми­ни­стра­ци­ја­та во ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва ра­ди­кал­но го истис­ну­ва од упо­тре­ба, Ма­ке­дон­ци­те од ал­бан­ско ет­нич­ко по­тек­ло од­би­ва­ат да го учат и да го збо­ру­ва­ат, по­ли­тич­ки­те ли­де­ри, во таа смис­ла, им се ре­пер за од­не­су­ва­ње. Та­ка, до­де­ка во се­ко­ја нор­мал­на др­жа­ва во све­тот не е воз­мож­но ед­но ли­це да здо­бие др­жав­јанс­тво ако не го ис­пол­ну­ва ус­ло­вот поз­на­ва­ње на ја­зи­кот на др­жа­ва­та, кај нас се до­де­ли­ја ил­јад­ни­ци др­жав­јанс­тва на ли­ца што не го поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Уште по­фра­пант­но е тоа што јав­но се од­би­ва да се збо­ру­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик, се упо­тре­бу­ва че­сто и де­гра­ди­рач­ки ди­скурс, и тоа по­ми­ну­ва не­санк­ци­о­ни­ра­но и ста­ну­ва стан­дард за т.н. по­сто­хрид­ска или рам­ков­на Ма­ке­до­ни­ја.

Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те про­ме­ни­те на то­по­ни­ми­те?
Ќулавкова: Упо­тре­ба­та на то­по­ни­ми­те е по­ве­ќе од ка­та­стро­фал­на. Таа е пр­ви­от и клу­чен сиг­нал де­ка не­што не е во ред со ста­ту­сот на еден ја­зик и со од­но­сот на суб­је­кти­те (гра­ѓа­ни, ин­сти­ту­ции, пар­тии) спре­ма тој ја­зик. Не­за­мис­ли­во и не­до­пуст­ли­во е да се пре­ве­ду­ва­ат то­по­ни­ми­те. Во Р. Ма­ке­до­ни­ја се пре­ве­де­ни то­по­ни­ми­те од ма­ке­дон­ски на ал­бан­ски (на­пра­ве­на е транс­ла­ци­ја). Тоа не се слу­чу­ва­ло ни во Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја, а де­нес се оза­ко­ни до акт на ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние. То­по­ни­ми­те се транс­ли­те­ри­ра­ат, од­нос­но бу­ква по бу­ква се пи­шу­ва­ат на дру­го пис­мо, да ре­че­ме од ки­ри­лич­но­то (ка­ко офи­ци­јал­но пис­мо во РМ), на ла­ти­нич­но­то, во слу­ча­јот со ал­бан­ски­от или тур­ски­от ја­зик. Во акти­те за за­шти­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво тре­ба­ше да би­де до­не­се­на за­бра­на за транс­ли­те­ра­ци­ја или пре­вод од еден на друг ја­зик на то­по­ни­ми­те. То­по­ни­ми­те се ме­мо­ри­ја на те­ри­то­ри­ја­та и ме­мо­ри­ја на на­ро­ди­те, и таа тре­ба да се по­чи­ту­ва. Кај нас отсус­тву­ва по­чит спре­ма ма­ке­дон­ско­то ја­зич­но сло­вен­ско нас­ледс­тво, ме­сто тоа да има спе­ци­ја­лен за­шти­тен трет­ман, оти ма­ке­дон­ски­от ја­зик мо­же да се на­де­ва са­мо на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва ко­га се ра­бо­ти за за­шти­та­та на ма­ке­дон­ски­от ја­зик и кул­ту­ра. Не­ма дру­га др­жа­ва по­ви­ка­на и за­ин­те­ре­си­ра­на за ма­ке­дон­ски­от ја­зик.

Из­ве­сту­ва­чот за Ма­ке­до­ни­ја, Ри­чард Хо­вит, во пос­лед­ни­от из­ве­штај за Ма­ке­до­ни­ја пред­ла­га­ше во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност во на­ша­та зем­ја. Не­го­ва­та иде­ја на­и­де на же­сто­ки ре­ак­ции во зем­ја­ва, но и ме­ѓу евро­пра­те­ни­ци­те. Кол­ку е опа­сен овој пред­лог за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, но и за др­жа­ва­та во­оп­што?
Ќулавкова: Зна­чи, ве­ќе си­сте­мат­ски, за­гро­зе­на е ја­зич­на­та, кул­тур­на и ду­хов­на ме­мо­ри­ја на Ма­ке­дон­ци­те. Штом ја за­гро­зи­те ја­зич­на­та и кул­тур­на ме­мо­ри­ја, авто­мат­ски ја за­гро­зу­ва­те и исто­ри­ја­та на еден на­род за­што да­ва­те ос­но­ва за неј­зи­на ре­ви­зи­ја и па­у­шал­ни („автен­тич­ни“, по­ли­тич­ки) тол­ку­ва­ња, а ја за­гро­зу­ва­те и ид­ни­на­та за­тоа што во­ве­ду­ва­те раз­вој­ни стра­те­гии што се не­га­тив­но по­ста­ве­ни спре­ма ја­зич­ни­те, кул­тур­ни­те и ко­му­ни­ка­ци­ски­те пра­ва на тој на­род. Да не збо­ру­вам за фи­нан­си­ски­те имп­ли­ка­ции, кои се огром­ни, а Ма­ке­до­ни­ја е, се­пак, ма­ла и си­ро­маш­на др­жа­ва и не­ма бу­џет за ја­зи­чен лу­ксуз. Да не збо­ру­вам за ште­ти­те што про­из­ле­гу­ва­ат од ни­ско­ква­ли­тет­ни­те пре­во­ди на ма­ке­дон­ски ја­зик во др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, а кои се слу­ша­ат јав­но.

Раз­вој­на­та стра­те­ги­ја, на­ви­дум стра­нич­но, по­ви­ку­ва и од Скоп­је, и од Бри­сел, на тоа – Ма­ке­дон­ци­те да поч­нат да го учат ал­бан­ски­от ја­зик по ди­фолт, за­дол­жи­тел­но, за­што та­ка ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки кор­пус го тол­ку­ва Уста­вот и тоа, спо­ред нив, е ус­лов за оп­ста­нок на за­ед­нич­ка­та др­жа­ва. Тоа тол­ку­ва­ње е не­точ­но, ин­тер­на­ци­о­нал­но и штет­но по уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та, по оп­ста­но­кот на ма­ке­дон­ски­от ја­зик и кул­ту­ра, по ефи­кас­но­ста на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, по прет­ста­ву­ва­ње­то на иден­ти­те­тот на Р. Ма­ке­до­ни­ја во ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции и во све­тот во­оп­што. Та­кво­то де­фор­ми­ра­но тол­ку­ва­ње ги за­гро­зу­ва ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви ја­зич­ни пра­ва на Ма­ке­дон­ци­те. Тоа ини­ци­ра ве­штач­ки иден­ти­тет­ски кон­струк­ции во Ма­ке­до­ни­ја, што, пак, соз­да­ва кон­фу­зи­ја по од­нос на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Што сме, се пра­шу­ва­ат ко­рис­ни­ци­те на ин­тер­нет, ту­ри­сти­те во Гр­ци­ја, на при­мер, ка­де што про­па­ган­да­та за грч­ка Ма­ке­до­ни­ја е огром­на и си­сте­мат­ска. Сло­вен­ски­от иден­ти­тет на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, до не­о­дам­на не­ос­по­рен, се­га се до­ве­ду­ва во пра­ша­ње. Ви­зу­ел­но, ко­му­ни­ка­ци­ски и ад­ми­ни­стра­тив­но, ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни има­ат преч­ки во са­ма­та др­жа­ва. Се­кој ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин мо­же по свој из­бор да го учи ал­бан­ски­от или кој би­ло друг ја­зик, ег­зи­стен­ци­ја­та и еко­но­ми­ја­та и ко­му­ни­ка­ци­ја­та ги мо­ти­ви­ра­ат гра­ѓа­ни­те на тоа, но ни­кој не­ма пра­во со за­кон да го об­вр­зе ма­ке­дон­ски­от гра­ѓа­нин, чиј­што мај­чин ја­зик е ма­ке­дон­ски­от, да го учи за­дол­жи­тел­но ал­бан­ски­от ја­зик, или кој би­ло друг мал­цин­ски ја­зик во Р. Ма­ке­до­ни­ја. И што се слу­чу­ва, всуш­ност, во Ма­ке­до­ни­ја? Пси­хо­ло­шка­та пре­си­ја (со­фи­сти­ци­ран об­лик на оку­па­ци­ја) про­дол­жу­ва, Ма­ке­дон­ци­те се ста­ва­ат во исто­ри­ски де­гра­ди­рач­ка по­зи­ци­ја на не­из­вес­ност, за­гро­зе­ност, по­ни­же­ност и на на­вре­де­ност, ста­ве­ни се под ед­на ре­ал­ност да би­дат при­ну­де­ни да го учат ја­зи­кот на мал­цинс­тво­то, а са­мо­то мал­цинс­тво од­би­ва да го учи и да го збо­ру­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик.

Ко­ја е цел­та на ва­кви­те стра­те­гии? Што се крие зад стра­те­ги­ска­та фло­ску­ла „ин­те­гри­ра­но обра­зо­ва­ние“?
Ќулавкова: За овие проб­ле­ми од на­ци­о­на­лен, др­жа­вен и стра­те­ги­ски раз­во­ен ин­те­рес за РМ, тре­ба под ит­но да се изра­бо­ти на­уч­но истра­жу­ва­ње и врз ос­но­ва на тоа да се пре­зе­мат со­од­вет­ни раз­вој­ни мер­ки во др­жа­ва­та.

Ма­ке­дон­ски­от ја­зик ти­вко го за­гу­би ста­ту­сот што го има здо­би­е­но по мно­гу­ве­ков­ни за­лож­би на ма­ке­дон­ски­от на­род. Обич­но се сме­та де­ка не е до­бро да се од­зе­ма­ат здо­би­е­ни­те пра­ва за­што тоа пре­диз­ви­ку­ва не­га­тив­ни ре­ак­ции. Во овој слу­чај, ни­кој не ре­а­ги­ра со­од­вет­но на ште­та­та што е на­не­се­на на здо­би­е­ни­те ја­зич­ни и кул­тур­ни пра­ва на ма­ке­дон­ски­от на­род и на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

Исто­то тоа тре­ба да се на­пра­ви и по од­нос на дру­ги­те ас­пе­кти на пси­хо­ло­шка­та вој­на и тор­ту­ра врз Ма­ке­дон­ци­те. Се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, не тол­ку зо­што се збо­ру­ва ин­тен­зив­но за де­мо­граф­ски­те те­ко­ви во Ма­ке­до­ни­ја, за мож­но­ста Ма­ке­дон­ци­те да се пре­о­бра­зат од мно­зин­ски во мал­цин­ски на­род во сопс­тве­на­та др­жа­ва, кол­ку што се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, ако, на­ви­сти­на, се точ­ни тие прес­ме­тки и па­ра­ме­три, зо­што ни­кој не пре­зе­ма ит­но и не­од­лож­но со­од­вет­ни мер­ки за да се спре­чи та­кви­от ис­ход на раз­во­јот, за да се осу­е­тат овие ан­ти­ма­ке­дон­ски стра­те­гии и та­кти­ки? Зо­што си­те се ог­лу­шу­ва­ат? Во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја не сме­е­ше да се спо­ме­не ва­ри­јан­та­та срп­ско­хр­ват­ски­от ја­зик да се на­мет­не ка­ко втор ја­зик во Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко се тоа ја­зи­ци од иста лин­гви­стич­ка гру­па и тра­ди­ци­ја. Де­нес е не­нор­мал­но да се збо­ру­ва за ма­ке­дон­ски­от ка­ко др­жа­вен ја­зик на су­ве­ре­на­та, не­за­вис­на и уни­тар­на Ма­ке­до­ни­ја. Мис­лам де­ка кон тоа при­до­не­су­ва и фа­ктот што Ма­ке­до­ни­ја е ре­ги­о­на­ли­зи­ра­на, од­нос­но кан­то­ни­зи­ра­на, фраг­мен­ти­ра­на, а за мно­гу ло­кал­ни еди­ни­ци и „кан­то­ни“ не ва­жи ни Уста­вот ни за­ко­нот. Има­ме еле­мен­ти да збо­ру­ва­ме за не­ло­јал­ност спре­ма Уста­вот и за не­ко­ја „ди­ва ли­га“ што вла­дее со раз­вој­ни­те про­це­си.

Оваа го­ди­на МАНУ пот­пи­ша ме­мо­ран­дум со на­уч­ни­те ин­сти­ту­ции од об­ла­ста на ма­ке­до­ни­сти­ка­та и ќе се ра­бо­ти на соз­да­ва­ње еле­ктрон­ски кор­пус на кни­жев­ни де­ла на ма­ке­дон­ски ја­зик. Што ќе зна­чи тоа за ма­ке­дон­ски­от ја­зик?
Ќулавкова: Да, на­пра­вен е еден зна­ча­ен че­кор во обе­ди­ну­ва­ње­то на ка­дров­ски­те и истра­жу­вач­ки ка­па­ци­те­ти по­све­те­ни на про­у­чу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Ко­неч­но е пот­пи­шан еден ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка, фор­ми­ра­но е ко­ор­ди­на­тив­но те­ло, на­пра­вен е опе­ра­ти­вен план и еве, овие де­но­ви, ра­бо­ти­ме кон­крет­но и на соз­да­ва­ње на еле­ктрон­ски­от кор­пус на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, со цел да би­де до­ста­пен за на­уч­на лин­гви­стич­ка обра­бо­тка од си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни ма­ке­до­ни­сти, лин­гви­сти, сла­ви­сти, бал­ка­ни­сти.

Ка­ко да го со­чу­ва­ме ја­зи­кот од се­којд­нев­ни­те на­па­ди, од стран­ски­те збо­ро­ви, до­да­вки, ме­шо­ви­ти­от ма­ке­дон­ско-анг­ли­ски ја­зик? Тоа ве­ќе не е ни сленг, ту­ку на­чин на го­вор, на жи­вот, на од­не­су­ва­ње?

Ќулавкова: Ја­зи­кот е жи­ва ма­те­ри­ја, тој е под­ло­жен на вли­ја­ни­ја, исто ка­ко што и са­ми­от мо­же да вр­ши одре­де­но вли­ја­ние врз дру­ги­те ја­зи­ци со кои до­а­ѓа во кон­такт, во до­пир. Тоа се ас­пе­кти што ги про­у­чу­ва аре­ал­на­та лин­гви­сти­ка, Истра­жу­вач­ки­от цен­тар за аре­ал­на лин­гви­сти­ка при МАНУ, на при­мер, се за­ни­ма­ва ток­му со тоа, до ка­кви за­ем­ни вли­ја­ни­ја до­а­ѓа­ло ме­ѓу бал­кан­ски­те ја­зи­ци (би­ло да се од сло­вен­ско или од нес­ло­вен­ско по­тек­ло) – ма­ке­дон­ски­от, бу­гар­ски­от, ал­бан­ски­от, грч­ки­от, вла­шки­от, тур­ски­от, срп­ски­от). Не мо­же­ме да се за­ла­га­ме за ја­зич­на изо­ла­ци­ја, за­што тоа е не­воз­мож­но во со­вре­ме­ни­те ус­ло­ви на гло­бал­на ко­му­ни­ка­ци­ја и на но­ви­те тех­но­ло­гии.
Но, за­тоа, мо­же­ме да се за­ла­га­ме за усо­вр­шу­ва­ње на ја­зич­ни­от си­стем и на ја­зич­на­та кул­ту­ра, за по­ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, за ефи­кас­на про­мо­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от ја­зик во све­тот, пре­ку ле­кто­ра­ти­те , кул­тур­ни­те цен­три, ин­тер­нет-ба­зи­те/стра­ни­ци­те и сл. Тоа тре­ба да би­де еден од раз­вој­ни­те при­о­ри­те­ти на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва во нај­ско­ро вре­ме. Тре­ба да ну­ди­ме вр­вен пре­вод и на умет­нич­ки кни­жев­ни де­ла, и на на­уч­ни де­ла, и на учеб­ни­ци. Ако ну­ди­ме лош ква­ли­тет, обра­зов­на­та и кул­тур­на­та функ­ци­ја на тие де­ла и на та­кви­те про­е­кти мо­же да би­де по­греш­на и со спро­тив­ни ефе­кти.

И тре­ба ед­но да би­де јас­но, ја­зич­ни­те пра­ва на мал­цинс­тва­та во Ма­ке­до­ни­ја не сме­ат да се обез­бе­ду­ва­ат по пат на не­га­ци­ја и на­ру­шу­ва­ње на ја­зич­ни­те пра­ва на ма­ке­дон­ски­от на­род. Мул­ти­кул­тур­на­та по­ли­ти­ка по­драз­би­ра ин­те­гра­тив­ни фа­кто­ри, за­ед­нич­ки ја­зик на ко­му­ни­ка­ци­ја, а не де­зин­те­гра­ци­ја и енк­ла­ви­за­ци­ја на оп­штес­тво­то и на др­жа­ва­та. За­тоа тре­ба од стра­те­ги­ски ин­те­рес да би­де по­ли­ти­ка­та на ин­тер­кул­ту­ра­ли­зам, а не де­зин­те­гри­рач­ка­та по­ли­ти­ка на ра­ди­кал­ни­от мул­ти­кул­ту­ра­ли­зам и на ек­стрем­ни­от мул­ти­лин­гви­зам.
http://republika.mk/?p=234000&fb_action_ids=537064763078097&fb_action_types=og.likes

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty13/4/2014, 14:08

Република Македонија за жал е федерација, само нема кој да и го каже тоа...

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty13/4/2014, 16:52

Епа да бевме Израел... ќе праевме вака:
Israel destroys aid projects in West Bank to make room for settlements
http://rt.com/news/israel-palestinian-humanitarian-settlements-244/

Наместо да трошат милијарди на ГЛУПОСТИ од кој ќар има само мала врхушка на луѓе, пари требаше да се вложат во населување на делови од Македонија кој веќе се мошне малку населени со православно население.
Изгради цели населби, инфрастуктура и се што оди со тоа... и подели го без пари на оние кој немаат свој кров над глава, дај им земја да обработуваат, потпомогни ги и таму финансиски, стави безбедносни сили да ги штитат... а воедно и да демонстрираат чива држава е ова. Комплетно препиши го еврејскиот рецепт. Па мајку му, Израелциве се шират и онаму каде што никогаш не живееле.
Некој ќе рече не е уставно така да се делат граѓаните... ОК, нека идат парите преку МПЦ, нека има некоја корист и од нив еднашка. Ионака на шпоновиве им стигаат тешки пари за исти цели од арапскиве земји. Како ги изнаправија оние мини градови со џамии од 200 метра... од купусот и компирот што го садат?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty13/4/2014, 17:59

Алвар, тоа е детерминирано од повеќе фактори и знаеме дека тоа е "виша" политика која е пред се диктирана од надвор. Погледни и самиот, околу нас се прави круг на НАТО и ЕУ членки а ние сме исфрлени, за сите нив важат истите услови само за нас има дополнително. Иако пред случувањата во Украина мислев дека прекројувањето на граници замина во историјата, барем во Европа, по се изгледа ни се спрема некое сценарио. Полека, но сигурно.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty14/4/2014, 01:16

Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty15/4/2014, 13:52

Ви предлагам да го прочитате ова.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41514758291

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty15/4/2014, 16:19

Затоа, да не дозволиме и во иднина ДУИ да не уценува, иако и понатаму ќе биде дел од власта... само дај да не биде во тој обем. Smile 
Ах бре... Нова Македонијо, Нова Македонијо. Rolling Eyes 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty15/4/2014, 16:28

Alvar напиша:
Затоа, да не дозволиме и во иднина ДУИ да не уценува, иако и понатаму ќе биде дел од власта... само дај да не биде во тој обем. Smile 
Ах бре... Нова Македонијо, Нова Македонијо. Rolling Eyes 

Тоа и ми беше муабетот... Злоупотреба на националните интереси.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 32 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 32 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: