Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/7/2014, 21:39
По којзнае кој пат...
Македонското знаме запалено во Приштина
Протестот почнал од плоштадот Скендербег, па продолжил до амбасадата на Република Македонија со носење и извикување пароли „Скопје на Албанците“, „Али предавник“ „ Скопје, Приштина не те остава само“,…
Од протестот бил упатен апел до Косово и до Албанија да го запрат „шовинистичкото насилство врз Албанците во Македонија“. Побарале, исто така, да не се екстрадираат осудените во „Монструм“ зашто судскиот процес бил политички монтиран.
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 14:08
Живееме во луда реалност
Дивеењата на примитивни насилни толпи против легитимна и легална одлука на суд со која се осудија убијци уште еднаш ги покажаа сите погрешни политики на државата во изминатите дваесетина години. Македонија со секој ден с` повеќе личи на Палестина, а Скопје на Бејрут – сликите се идентични, сцените се исти: хулигани покриени со шамии, со злокобни знамиња и националистичко-фашистички скандирања. Племенската, примитивна колективна „свест“ на таа толпа прецизно се отсликува токму преку нивните пароли и извици – скандирањето „учк“ ја потврдува реалноста дека Македонија се соочува со агресија и дека затоа мора да ги промени трендовите во клучните државни политики. Сето ова што се случува во најголем дел е резултат на опортунистичката, плашлива, нерационална, па дури и антимакедонска и антидржавна политика на големите политички партии.
Дрскоста, силата и фанатизмот што ги манифестираа тие што го извикуваа името на својот идеал (терористичка организација која масакрира Македонци), додека зачудувачки мирните припадници на МВР (за разлика од случајот во Ѓорче Петров) се криеја и мазохистички ги трпеа ударите од камења, уште еднаш непобитно ни покажа дека времето на оваа држава (како држава) забрзано поминува. Или нешто ќе се смени, односно ќе се отфрли целиот комплекс на причини што доведуваат до етничко и верско насилство врз македонскиот народ и нашата држава или РМ ќе биде (ако тоа веќе и не е) територија на која нема закони, Устав, владеење на правото, елементарна лична безбедност и институции на држава.
Македонија живее во толку луда реалност што таа не може да се дофати со кој било светско-историски систем на мислење. Просто несфатливо е како е можно толку крваво стекната држава среде бурето барут Балкан, за само дваесетина години некои политичари да ја доведат до работ на пропаст. Kакви странски инвестиции, каква ЕУ, НАТО! – па ние одамна практично не функционираме како стабилна држава, и ниту еден странски бизнисмен што ќе ги погледне снимките како насилници удираат полицајци со исламски фундаменталистички воени извици и „учк“ како „длабинска инспирација“ нема да инвестира на таква територија. Kакво исполнување на Kопенхашките критериуми за интеграција во ЕУ, кога орда со стапови и камења дивее среде центарот на главниот град покрај полиција која (според снимките) се крие со штитови од фрлените камења! Kаква држава сме ние, односно каква држава денес имаме, кога за неколку минути таа неконтролирана толпа сосема непречено може да дојде и да каменува насекаде во Скопје, крши споменици, тепа деца – како што впрочем знаеме од поранешни вакви слични случаи!
Мешањето во внатрешните работи на РМ (што инаку е долгогодишна практика) од страна на Р. Албанија со официјално соопштение во кое се искажува загриженост за „насилството што полицијата го применила за време на протестите на Албанците“ (?!), освен ако не е потсмевање, покажува со што ќе се соочи оваа држава ако еден ден (не) собере сила да почне да функционира како правна и демократска европска држава. Исто така, можеби сега ќе им стане јасно на многу наивни Македонци дека зад реторичката маска на граѓански активизам и слично, некои припадници на албанското малцинство кое живее во РМ, а кои се прикажуваат како „независни интелектуалци“ всушност пропагираат големоалбанска идеологија која е во спротивност со највисоките национални и државни интереси на македонскиот народ. Читајте што пишува еден поранешен амбасадор на РМ (?!) и човек што редовно го канат на оние „одлепени од секаква реалност“ дебати на СДСМ додека низ Скопје дивее насилничка толпа – „... сиот процес во кој македонска полиција апсеше, македонска полиција тепаше, македонски тужител тужеше, македонски суд пресуди, македонски медиуми се согласуваа со секоја оптужба упатена кон оптужените. Од другата етничка димензија“ (Арсим Зеколи, цитирано од текст на порталот „Либертас“).
Се распрснуваат импликации со нихилизам и поделба по етничка основа на институциите на државата наместо граѓанско општество, говор на омраза и своевиден повик за непризнавање на легитимитетот и легалитетот на институциите на системот („Протестантите од вчера заслужуваат секоја почит, што за разлика од сличните протести на „питомите дечиња“ во Ѓорче Петров не запалија ниту еден дуќан на неалбанец, туку својот бес прецизно го упатија кон вистинска адреса – врз зграда која се нарекува суд, но од многу граѓани не се признава како институција на независно судство“). Во сите нормални држави вакви изјави се санкционираат преку јавниот обвинител како дела против државата и предизвикување национална и верска омраза. И така, додека полицаецот Јаким Трифуновски е осуден поради тоа што го бранел сопствениот живот и животот на својата малолетна ќерка, ете, некои „граѓански интелектуалци“ сугерираат дека на убијци на Македонци не смее да им суди македонски суд (во смисла на државна институција, но и како припадници на народ); па дури сугерираат (според плаузибилна рецепција на значењата на исказот) дека само припадници на малцинството може да судат припадници на малцинството, во државата на македонскиот народ!
Kрајно време е оваа свирепа реалност на македонската луда политика да се погледне од политичарите-државни функционери, уште повеќе поради фактот што повеќе нема дилеми ниту кај малите деца дека клучните политики просто мора да се променат. Дваесет години упорно пропагандистички и антидемократски се наметнува и практикува модел на функционирање на државата кој неа ја деструира, а во тој контекст и реалниот статус на национално-историскиот носител на државноста на РМ – македонскиот народ. Со секој ден РМ станува с` помалку демократска и правна држава, доближувајќи се до работ на целосна аномија и претворајќи се во територија на која владеат посилните, па дури и, парадоксално, преку употреба на репресивниот апарат кон беспомошните и репресираните, кон жртвите кои тие не успеваат да ги заштитат.
Големо поправање на грешките е неопходно – тоа е судбински важно и од животно значење, затоа што нема друг начин за задржување на Македонците на оваа територија. Ужасни се сликите во кои полицајци се кријат додека насилници врескаат „учк“ и кршат државен суд – тие длабоко го депримираат и демотивираат секој нормален Македонец. Не му оставаат надеж и верба дека с` уште е можно РМ да стане (нормална) држава, и таму е главната длабинска причина за големото иселување на Македонците, за ниското ниво на странски инвестиции итн. Мора нешто да се стори, не можеме и не смееме повеќе да го поднесуваме овој погром на Македонците во Македонија.
Големите политички партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) треба да воспостават консензус и да започнат со нормализација на лудата македонска реалност – да направат ревизија на незаконски доделените државјанства по што тие луѓе во согласност со законите и европските практики ќе се вратат назад во своите матични држави, односно протекторат, да го поништат во Собранието т.н. Рамковен договор како извор на дискриминација врз македонскиот народ, а особено антимакедонските и антидемократски принципи на Бадентерово гласање и некаква невидена во светот пропорционална застапеност на малцинствата во државните и јавни институции, да ги засилат воено-полициските единици во кризните региони каде што има даночна евазија и протерување на Македонците, и да го забранат дејствувањето на политичките партии кои имаат националистички и антидржавни програми.
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 15:30
Интересна колумна и добар заклучок кој е теоретски лесно изводлив, меѓутоа во практика е речиси невозможно. Консензус помеѓу ДПМНЕ и СДСМ ќе им отвори можност на Албанците да се прикажат како угнетувани во Македонија и најпрво ќе бидеме обвинети за водење на фашистичка политика и непочитување на Бадентеровото правило. Што се однесува до одземањето на државјанства тоа ќе предизвика бурна реакција од меѓународната заедница од надвор како и од албанците внатре во државата и тука речиси сигурно ќе има нова војна бидејќи ние не сме една силна и стабилна држава како што е Франција па да ги следиме нејзините чекори. Е сеа, од новата војна која ќе почне како резултат на таквите постапки, единствено ќе изгуби Македонија. Жртви, сиромаштија, незадоволство на граѓаните, меѓусебна некоординираност на безбедносните сили поради потенцијалната консензуална влада (ДПМНЕ - СДСМ како во 2001) итн. А тука најверојатно ќе им дадеме и можност за поделба на Република Македонија со интервенција на НАТО и САД, односно одземање на западниот дел на Република Македонија и основање друга независна држава (како примерот со Косово) или пак спојување на тој дел со Косово или Албанија или евентуално во најмала рака федерализација или конфедерализација на Република Македонија
______________________ "Through discipline comes freedom"
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 15:38
Чаре?
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 19:35
Што знаеше ЦИА уште во јануари годинава? Македонија и БиХ се потенцијално „експлозивни"
Директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер во јануари годинава пред Сенатската комисија за разузнавање во делот за Западниот Балкан кажа дека без оглед на позитивниот развој на настаните во регионот во 2013 година, 2014-та ќе се карактеризира со длабоки етнички и политички поделби, при што ситуациите во Македонија и во Босна и Херцеговина добија назнака „особено експлозивни".
„Македонската влада продолжува да турка програми наменети за промоција на етнички македонскиот национализам, на сметка на евроатлантската интеграција на земјата. Што подолго се одолголекува со македонското членство во ЕУ и НАТО поради спорот со Грција околу уставното име на земјата и слабите билатерални односи со Бугарија, толку е поголем ризикот дека ќе нарасне етничката напнатост“, проценува американското разузнавање.
Истата проценка беше дадена и за Босна и Херцеговина.
Една недела по овој извештај, колумнистот на Дневник, Американецот и голем пријател на Македонија Џејсон Мико со вчудоневидување праша зошто само во два мали параграфа е споменета Македонија и Босна и Херцеговина. „Никаде не е спомената Грција, каде што петгодишната криза ја доведе земјата до работ и резултира со масовни граѓански немири. Никаде не се споменува ни неодамна „избеганиот“ грчки терорист Христодулос Kсирос од озлогласената група „17 Ноември“ (која убиваше американски дипломати во минатото) и кој се заколна дека „ќе ги згрми герилските пушки против тие што им ги украле животите и им ги продале соништата за профит“. Не се споменуваат ни Златна зора и нивното неонацистичко движење... Зошто? Од каде ги добива Kлапер информациите за Македонија? Ги добива од американската амбасада, оперативците на ЦИА што работат во Македонија и во регионот... Ништо во извештајот на Kлапер нема допир со реалноста... Клапер погрешно го изедначува патриотизмот со национализмот. Тие две работи се сосем различни, а тој ја обвинува македонската влада дека е националистичка кога е таа едноставно патриотска. Но потоа, со поврзување на т.н. национализам со македонските евроатлантски интеграции, тој во основа вели: „Бидејќи Македонија одбра да се бори за своите име и идентитет, ја загрозува својата евро-атлантска иднина.“ Ова, се разбира, е фрапантна лага и македонските влада, бизниси и граѓанско општество секојдневно работат на зајакнување на таа врска“, напиша Мико.
За амбасадорот Ристо Никовски нема никакви дилеми дека овие протести за случајот „Монструм“ се длабоко поврзани со проблемот со името и притисокот што се врши на Македонија за смена на уставното име.
Ха ха, што знаеше ЦИА... реторичко им е прашањево или?
______________________ Si vis pacem, para bellum
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 21:48
Командант Пантер со апел до Албанците- полицајци: Соблечете ги униформите на оваа фашизоидна држава, револуцијата ќе почне набрзо
Хамди Ндрецај познат како командант Пантер испрати ново соопштение до медиумите. Ви го пренесуваме во целост:
Гледајки го зголемувањето на тензиите на фашизоидната држава и монструм БЈРМ, барам итно од сите соборци, како и сите Албанци кои и служат на државниот славо-македонски апаратус, што побрзо да ги соблечат униформите на ова фашизоидна држава како и униформата на славомакедонска полиција, апарат кој од крвта на нашите синови ги мие улиците на нашите етнички територии кои се окупирани.
Затоа молам за последен пат, да се вратите на правиот пат, патот во кој е и среќата (надежта) на албанскиот народ и да не бидете дел пд монструозниот државен апарат. Обврзани сме да ви кажеме дека не сакаме братоубиство во ниедна форма, иако некој тоа и го посакува.
Ако не сакате да ни се придружите во нашата праведна борба, тогаш сте замолени да не ни сметате, револуцијата ќе почне набрзо, затоа и ова наше последно обракање, бидејки сите кои ќе носат униформа на слав.макед.полиција и војска и нивно оружје ке ги сметаме исто како славомакедонци (полиција,војска)
Што мислите, дали и колку се реални според вас овие закани? Ќе "пукне" ли?
______________________ "Through discipline comes freedom"
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 22:25
Попрво ќе има акција на ЕСЗ каде што ќе му ја пукнат тиквата на овој ко на оној Тели...
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 22:39
Многу пати се курчеле вака,па завршувале под земја...НО,не треба да се исклучи и можноста да направат нешто.
БТЊ--
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/7/2014, 22:54
Ако има нешто, најверојатно со акција на ЕСЗ како "Планинска бура" во Бродец би можело да се разбие таква паравоена групација или криминална група и да се спречи понатамошно ширење, зголемување и идеологизирање на таквата група. Меѓутоа чисто се сомневам дека некоја мала група ќе се обиде да се пресмета со нашите безбедносни сили без претходно утврдена поголема поддршка.
______________________ "Through discipline comes freedom"