Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 59 ... 100  Next
АвторПорака
assasian

assasian


Број на мислења : 304

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty1/12/2013, 11:08

Здруженијата на бранители ќе се обединуваат во „Одбор на бранителите“


Ви го пренсуваме соопштението за медиуми на скоро сите здруженија на бранители со кое се најавува формирање на „Одбор за спроведување на определбите на Декларацијата на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија кои учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година односно формирање на „ОДБОР НА БРАНИТЕЛИТЕ”


vojska-mak-645x360

Почитувани,

Ќе ни биде особена чест и задоволство ако присуствувате и ја информирате јавноста во Република Македонија за формирањето на „Одборот за спроведување на определбите на Декларацијата на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија кои учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година” („Одборот на Бранители” за спроведување на „Декларацијата на Бранителите”). Формирањето на „Одборот на Бранители” ќе се одржи во Прилеп, на 01. декември 2013 год. (недела) во просториите на Градската библиотека „Борка Талески” (Дом на култура „Марко Цепенков”) со почеток во 13.00 часот.

„Одборот на Бранители” првично ќе биде формиран од скоро сите „Здруженија на Бранители” во Република Македонија кои се главни потписници на „Декларацијата на Бранителите” со цел -- организирано, легитимно и легално дејствување насочено кон давање на активен придонес во формирањето на праведна нормативна рамка, односно праведно законско преуредување на посебните права на Бранителите и на членовите на нивните семејства во содејство со релевантните државни институции и со другите релевантни општествени субјекти, како и на остварување на другите бранителски определби од „Декларацијата на Бранителите”. На основачката седница ќе бидат донесени основачките и стратешките документи за дејствување на „Одборот на Бранители” и ќе бидат утврдени начелните ставови во врска со остварувањето на стратешките и приоритетните цели на Бранителите и на членовите на нивните семејства.

Во прилог на соопштениево би потсетиле дека на 22. јуни 2013 год. во Скопје, на иницијатива и предлог на „Форум за безбедност”,осум „Здруженија на Бранители” го потпишаа историскиот документ - „Декларацијата на Бранителите” со што се оствари историското обединување на Бранителите околу нивната самобитна бранителска кауза.

Истиот ден, на истата локација паралелно ќе биде одржана и свечена седница по повод 11-годишнината од формирањето на „Здружението на учесници во вооружените дејствија при одбрана на суверенитетот на Република Македонија 2001/2002” од Прилеп.

Лица за контакт: Рубин Секулоски, тел.: 078 429-957; 075 214-319;
Крсте Кекев, тел.: 071 296-644


„Декларацијата на Бранителите” која беше донесена на 22. ууни 2013 година:


ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ

СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ УЧЕСТВУВАА ВО

АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА ВО 2001 ГОДИНА

Поаѓајќи од националните и виталните интереси на Република Македонија, што произлегуваат од основните потреби на македонското општество и од темелните вредности што се утврдени со Уставот на Република Македонија,

Сметајќи дека патриотски мотивираното активно учество и стратешкиот безбедносно-одбранбен придонесна припадниците на безбедносните сили на Република Македонија (Бранителите) во антитерористичката одбрана на независноста, на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Македонија, како и во спречувањето на насилното уривање на уставниот поредок на државата во 2001 година (антитерористичката одбрана на државата во 2001 година) претставува еден од клучните моменти од поновата историја на Република Македонија,

Истакнувајќи дека Бранителите претставуваат специфична и посебна општествена група која ја создадоа легитимните безбедносни потреби на македонското општество и на Република Македонија,

Истакнувајќи и дека Бранителите и понатаму претставуваат структура што ја сочинуваат граѓани кои се активни, резервни или потенцијално активни припадници надржавните безбедносни сили и кои, на таков начин претставуваат клучен ресурс за државните безбедносни капацитети на Република Македонија и, иако неформален, се сепак суштински елемент на нејзиниот безбедносен систем, бидејќи тие немаат друга татковина за да ја бранат и одбранат,

Потсетувајќи на натамошното присуство на надворешно-внатрешните извори на загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, Бранителите си остануваат последната потпора на државата, која им е и единствената за живот, па така и за нејзина заштита и одбрана,

Потсетувајќи дека независноста, територијалниот интегритет, суверенитетот, уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година беа загрозени од напаѓачки (агресивни) етнонационалистички структури, и вон границите на земјава, кои практикуваа тероризам и други нелегални облици на насилство,

Потсетувајќи и декадел од генерирачките фактори на ваквиот насилен етнонационалистички тероризам останаа присутни и по формално-правното демобилизирање на Бранителите, па со овој појавен облик на тероризам продолжуваат да се загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, како и животот, здравјето и имотот на нејзините граѓани - Македонците, Албанците, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите и останатите граѓани на Републиката,

Потврдувајќи ја доследноста на Бранителите на самобитната бранителска кауза која претставува конзистентен збир на изворни определби, вредности, ставови, модели на однесување и ориентација на Бранителите, кои се однесуваат на: (1) антитерористичката одбрана на државата во 2001 година;(2) облиците на етнонационалистички тероризам и другите нелегални облици на насилство со кои беа загрозени уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година;(3) постојаната готовност на Бранителите за заштита и одбрана на државата, односно нивната постојана готовност за давање на активен придонес во достигнувањето, одржувањето и унапредувањето на оптималното ниво на национална безбедност, како и нивната постојана готовност за давање на активен придонес во остварувањето на сеопфатна заштита на уставниот поредок на Република Македонија во секојаопштествена, односно политичка, безбедносна и историска ситуација; (4) одржувањето на патриотизмот, честа, угледот и достоинството на Бранителите; (5) утврдувањето и остварувањето на посебните права на Бранителите и на членовите на нивните семејства, а кои права се засновани врз темелните начела на социјална праведност, граѓанска солидарност, општествена одговорност и патриотски морал; (6) спречувањето на политизација на општественото дејствување на Бранителите; како и на (7) спречувањето на нивна коренита поларизација поради политичко-партиски причини,

Изразувајќи ја волјата на Бранителите за обединување околу самобитната бранителска кауза, конкретизирано низ продолжување на правно дозволено и здружено дејствување на Бранителите од позиции на организирани барања за подобрување на нивната неповолна социјална положба, за подобрување на нивната здравствена состојба, како и за подобрување на степенот на нивното образование, тие подолу ги искажуваат следните општествено оправдани, рационални и морално основани мотиви за донесување на овој историски документ:

Заради афирмација на вредностите произлезени од активното учество на Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година;

Заради афирмација и реализација на трајните определби за обединето, здружено и непартиско општествено дејствување на Бранителите;

Заради дооформување на праведна нормативна рамка за утврдување и остварување на посебните права на Бранителите и на членовите на нивните семејства;

Заради спречување на политизација на општественото дејствување на Бранителите;

Заради спречување на коренита политичко-партиска поларизација на Бранителите, и

Заради афирмација на ставовите на Бранителите за облиците на загрозување на националната безбедност и уставниот поредок на Република Македонија во 2001 година, кои беа практикувани како појавни облици на етнонационалистички тероризам и други нелегални облици на насилство,

На иницијатива и предлог на претседателот на невладината организација „Форум за безбедност”, ПРИПАДНИЦИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ УЧЕСТВУВАА ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА ВО 2001 ГОДИНА (БРАНИТЕЛИТЕ) донесуваат

Декларација на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија кои учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година

1. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија (Бранителите) кои учествуваа во легалната, праведната и легитимната антитерористичка одбрана на државата во 2001 година, се изјаснуваат, сега и засекогаш, против етнонационалистичкиот тероризам и другите нелегални облици на насилство со кои се загрози уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година, како и против какво било идно менување на уставниот поредок на државата за истите етнонационалистички цели како и во 2001 година.

2. Со активното учество и стратешкиот безбедносно-одбранбен придонес на Бранителите во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година, се одбрани и воспостави загрозениот територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија, со што се создадоа суштинските претпоставки за продолжување на опстојувањето и функционирањето на државата, како и за продолжување на нејзиниот општествен, односно политички, економски, социјален, безбедносен и културен развој.

3. Останувајќи доследни на својата самобитна бранителска кауза, Бранителите ќе развиваат општествено дејствување насочено кон одржување и афирмација на вредностите произлезени од антитерористичката одбрана на државата во 2001 година, а кои вредности се однесуваат на: (1) активното учество и стратешкиот безбедносно-одбранбен придонес на Бранителите во легалната, праведната и легитимната антитерористичка одбрана на државата во 2001 година;(2) воспоставениот и одбранет територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија кои во 2001 година беа загрозени со етнонационалистички тероризам и со други нелегални облици на насилство;(3) докажаната, актуелната, како и понатамошната готовност на Бранителите за заштита и одбрана на Република Македонија, односно нивната готовност за давање на активен придонес во достигнувањето, одржувањето и унапредувањето на оптималното ниво на национална безбедност, како и придонес во остварувањето на сеопфатна заштита на уставниот поредок на Република Македонија во секоја политичка, безбедносна и историска ситуација; (4) потврдениот и зајакнатиот патриотски морал, чест, углед и достоинство на Бранителите;(5) постконфликтното, правно дозоволено, неполитичко и непартиско, општествено легитимно дејствување на Бранителите доследно на самобитната бранителска кауза;(6) постојаната спремност и способност на Бранителите, меѓу другото, и врз основа на антитерористичкото искуство од 2001 година да придонесуваат во планирањето, поставеноста и остварувањето на политиката на национална безбедност на Република Македонија, што воедно претставува и легитимна општествено-безбедносна и државна потреба.

4. Бранителите кои претставуваат патриотска, чесна и достоинствена, но социјално ранлива и социјално недоволно вклучена општествена група, легитимитетот на своите барања и потреби што се однесуваат на остварувањето на полна социјална и здравствена заштита и на остварувањето на посебните образовни права, како и легитимитетот на останатите легитимни барања и потреби кои произлегуваат од самобитната бранителска кауза, ги црпат и засноваат од темелните начела на социјална праведност, на граѓанска солидарност, на општествена одговорност, како и врзоснова на нивниот патриотскиот морал, нивната чест, нивниот углед и нивното достоинство. Врз таа општествено и морално легитимна основа, Бранителите ќе развиваат правно дозволени активности во насокана преуредување и на остварување на нивните посебни права, како и на посебните права на членовите на нивните семејства што се однесуваат:(1) навработувањето;(2) на станбеното згрижување;(3) на надомест за рехабилитација;(4) на семејната, односно, на најниската и на предвремената пензија;(5) на еднократните парични надоместоци;(6) на работниот стаж; (7) на ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги;(Cool на образование во државните високообразовни установи во прв, втор и трет циклус, како и на други права од областа на образованието без учество со лични средства; (9) на ослободување од учество со лични средства при оспособување за вршење на работи на обезбедување на лица и имот;(10) на обележувањето на местата каде што загинале Бранители;(11) на одликувања на Бранителите;(12) на сместување во старечки домови;(13) како ина други легитимни посебни права кои може да се остваруваат со постапување од страна на државните институции во насока на спречување и надминување на основните социјални и здравствени ризици на кои бранителската општествена група е изложена.

5. Општественото дејствување на Бранителите, меѓу другите општествено легитимни и легални цели, ќе има за цел и остварување на посебните права на членовите на семејствата на загинатите Бранители кои ја задолжија татковината со својот непроценлив и неповратен придонес во нејзината одбрана, положувајќи го својот живот за иднината на Република Македонија.

6. Општественото дејствување на Бранителите, без разлика дали се остварува во организиран, здружен или неорганизиран, индивидуален облик, никогаш нема да биде подредено на какви и да се политичко-партиски цели на кој и да е политички или друг општествен субјект.

7. Заради доследна кривично-правна заштита на државата, како и заради доследно постапување врз основа на самобитната бранителска кауза, Бранителите нема да поддржуваат отстапки од процесуирање на сите можни случаи на поединечни и колективни воени злосторства, на тешки повреди на хуманитарното право, како и на сите други кривични дела поврзани со подготвувањето и изведувањето на терористичките напади и на другите насилни облици на насилство со кои се загрози уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година, и при тоа повикуваат на строга примена на начелата на индивидуална одговорност и вина.

8. Останувајќи доследни на својата самобитна бранителска кауза, Бранителите се оградуваат од активностите на сите политички и други општествени субјекти кои, со сторување или несторување, овозможија измени и дополнувања на Уставот на Република Македонија во 2001 година, кои беа како последица, меѓу другото, и на практикувањето на етнонационалистички тероризам и на други нелегални облици на насилство од страна на етнонационалистички структури, со што во 2001 година се загрози уставниот поредок и безбедноста на државата.

9. Заради достигнувањето, одржувањето и унапредувањето на оптималното ниво на национална безбедноста и остварувањето на сеопфатна заштита на уставниот поредок на Република Македонија, како и заради опстојување на самобитната бранителска кауза и одржување и унапредување на вредностите произлезени од антитерористичката одбрана на државата во 2001 година, Бранителите, нема да поддржуваат, односно, се изјаснуваат, сега и засекогаш, против безбедносните ризици пројавени низ поставување на учесниците и поддржувачите на терористичките и другите насилни напади против државата во 2001 година на високи функции во системот на раководење и командување со државните безбедносни институции, како и против нивно поставување на која и да е висока државна функција.

10. Бранителите и останатите потписници и поддржувачи на оваа Декларација ги повикуваат сите општествени субјекти – Претседателот на Република Македонија; Собранието на Република Македонија; Владата на Република Македонија и органите на државната управа; синдикалните организации во Република Македонија; сите невладини организации, фондации и други општествени организации во Република Македонија; печатените и електронските медиуми во Република Македонија; како и сите граѓани на Република Македонија – на поддршка на определбите во овој документ, која поддршка ќе биде во функција: (1) на заштитата, одржувањето и унапредувањето на вредностите произлезени од антитерористичката одбрана на државата во 2001 година; (2) на одржувањето на самобитната бранителска кауза; (3) на одржувањето на оптимално ниво на подготвеност на Бранителите за заштита и одбрана на државата;(4) на чувањето, одржувањето и унапредувањето на патриотскиот морал, честа, угледот и достоинството на Бранителите, како и на чувањето, одржувањето и унапредувањето на моралниот дигнитет на останатите граѓани на Република Македонија; и конечно, (5) на достигнувањето, одржувањето и унапредувањето на националната безбедност и остварувањето на сеопфатна заштита на уставниот поредок на државата.

11. Оваа Декларација на Бранителите претставува нивен официјален проглас во кој се изнесуваат основните елементи и принципи на самобитната бранителска кауза, посебно, нивните базични определби и однос кон етнонационалистичкиот тероризам и другите нелегални облици на насилство со кои во 2001 година беа загрозени уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, како и нивните базични определби и однос кон вредностите создадени од антитерористичка одбрана на државата и од неа произлезените посебни права на Бранителите.

12. Оваа Декларација на Бранителите која доброволно и првично е прифатена и потпишана од Здруженија на Бранители и членови на нивни семејства, како и од нејзиниот иницијатор и предлагач, е отворена за депонирање на потписи и од други Здруженија на Бранители и на членови на нивните семејства, при тоа останувајќи отворена и за депонирање на потписи на поддршка од било која невладина, владина, синдикална или друга легална општествена организација.


а овој дел мора да се ПОВТОРИ уште еднаш
Потсетувајќи на натамошното присуство на надворешно-внатрешните извори на загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, Бранителите си остануваат последната потпора на државата, која им е и единствената за живот, па така и за нејзина заштита и одбрана,

Потсетувајќи дека независноста, територијалниот интегритет, суверенитетот, уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во 2001 година беа загрозени од напаѓачки (агресивни) етнонационалистички структури, и вон границите на земјава, кои практикуваа тероризам и други нелегални облици на насилство,

Потсетувајќи и декадел од генерирачките фактори на ваквиот насилен етнонационалистички тероризам останаа присутни и по формално-правното демобилизирање на Бранителите, па со овој појавен облик на тероризам продолжуваат да се загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, како и животот, здравјето и имотот на нејзините граѓани - Македонците, Албанците, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите и останатите граѓани на Републиката,

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty2/12/2013, 11:32

Зошто сме вљубени во Путин и во Ердоган

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1129131813256&id=13&prilog=0&setIzdanie=23041

aplauz 
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty2/12/2013, 15:47

Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty2/12/2013, 17:16

Зоран напиша:
Komplicirano.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=144440&kategorija=4
''SKOPJE E NOVATA KAZABLANKA NA BALKANOT, ONA STO BESE BELGRAD NEKOGAS SEEGA E SKOPJE'' VI ZVUCI POZNATO???
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty2/12/2013, 20:35

Mrshajnoski напиша:
Зоран напиша:
Komplicirano.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=144440&kategorija=4
''SKOPJE E NOVATA KAZABLANKA NA BALKANOT, ONA STO BESE BELGRAD NEKOGAS SEEGA E SKOPJE'' VI ZVUCI POZNATO???
Не тоа правило не важи за паланки.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty6/12/2013, 15:19

Македонија ја губи битката со Бугарија и Грција на Википедија

На Википедија на англиски јазик Илинденското востание е претставено и како бугарско востание, ВМРО е основан од „македонско-бугарски“ револуционери, Делчев, Груев, Сандански и многу други се Бугари, Лазар Поп Трајков е исто така Бугарин, а Македонците во северна Грција имаат проблем со етничката идентификација...

Вакви и слични на овие податоци може да се најдат на Википедија енциклопедијата на англиски јазик која веќе одамна стана еден од главните извори на информации за сè и сешто. И за историјата и за националните херои. Е тука, македонската викизаедница навистина ја губи битката со нивните колеги од Бугарија и Грција.

Дел од научната заедница во Македонија, заедно со дел од студентите од повеќе факултети пред неколку години најавија зголемена активност на овој план. И да, тоа имаше резултат. Ако во 2009 година на Википедија имало 39.000 единици за Македонија, сега има повеќе од 74.000 единици. Ама на македонски јазик. Тоа е и најголемиот проблем.

Еден од посериозните проблеми, според уредниците на македонската Википедија е немањето публикации, книги, енциклопедиски единици за Македонија на англиски јазик, нема доволно референци од македонски историчари. Од она што може да се види на Википедија, очигледна е доминацијата на историски дела на англиски јазик од бугарската историографија.

Балканските проблеми по појавувањето на Википедија многу брзо се преселија по викизаедниците на секоја земја посебно. Тоа, донесе специјални правила за уредување на единиците на Википедија за балканските држави, што меѓу другото подразбира малку построга селекција во однос на референците за секој напис посебно. Особено се разбира референците на англиски јазик. А тука, очигледно сме и најслаби.

Полнењето на оваа интернет-енциклопедија е волонтерска работа и според правилата на Википедија строго е забрането каква било владина инволвираност во работата на волонтерите.

Секој професор им укажува на студентите да не ја користат како референца. Туку да ги користат написите како појдовна точка и да ги истражуваат научните референци во нив...

Еве неколку интересни линкови за македонската историја на Википедија, каде што е очигледно дека покрај македонската, замешана е и уредувачка бугарска, грчка или српска рака.
http://www.mkd.mk/makedonija/makedonija-ja-gubi-bitkata-so-bugarija-i-grcija-na-vikipedija

http://en.wikipedia.org/wiki/Lazar_Poptrajkov

http://en.wikipedia.org/wiki/Ilinden-Preobrazhenie_Uprising

http://en.wikipedia.org/wiki/Ethnic_Macedonians_in_Bulgaria

http://en.wikipedia.org/wiki/Gotse_Delchev

http://en.wikipedia.org/wiki/Dame_Gruev

http://en.wikipedia.org/wiki/Yane_Sandanski

http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonians_(Bulgarians)

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty6/12/2013, 15:32

Волерс: Македонци – не треба да има!
http://www.mkd.mk/kolumni/volers-makedonci-ne-treba-da-ima

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty6/12/2013, 15:43

Alvar напиша:
Волерс: Македонци – не треба да има!
http://www.mkd.mk/kolumni/volers-makedonci-ne-treba-da-ima
Изгледа дека дојдовме до ѕидот, уште да не стрелаат и се ке е во ред.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty6/12/2013, 15:49

Добро, се ова со трошка сол, сепак Р. Никовски е окорели анти-американец. Но сепак, вреди да се видат работите и од таа перспектива.
Инаку Зоки, она за ѕидот. До таму стигнавме и поради редици, редици... и редици глупости кој сами си ги направивме. Нит Американци, нит Грци, нит Бугари, нит Руси.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty7/12/2013, 11:00


______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 18 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 18 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 59 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: