|
|
| 1. Пешадиска Бригада | |
|
+21Momak od Gjorce BoyfromKavadarci dzole Alvar Panter икс bucko123 Braveheart993 ESN AntiLigushi leopard РИС SIG Dejan N Зоран BABUN Smrtnikot JKD Генерал Legija91 Macedonian Knight 25 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 19/3/2015, 12:14 | |
| Крводарителна акција во пресрет на Денот на 1.мпбр Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, денот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се реализира акција за доброволно дарување на крв. Со пораката „Крвта спасува живот, дарувајте мал дел од вашата крв, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“, припадниците на АРМ ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи 90 крвни единици. Во акцијата покрај припадниците од 1. мпбр се вклучија и припадници од воздухопловната бригада и логистичката чета кои се лоцирани во касарната во Петровец. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/kvodaritelna_1mpbr.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 25/3/2015, 18:07 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 27/3/2015, 15:01 | |
| Подготовка за претстојната вежба „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) во СР ГерманијаВо период од 05.03 до 27.03.2015 година, механизиран пешадиски вод од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда (ЗОК) ги спроведоа подготовките за учество на вежбата „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) која ќе се реализира во Хохенфелс, СР Германија во период од 01.04 до 29.04.2015 година. Согласно сценариото за вежбата и изработениот план за подготовки во касарната „Н.Х Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово низ реалистични сценарија блиски до сценариото на вежбата, водот спроведе обука од доменот на операции за поддршка на мирот. Персоналот се обучуваше во постапките при работа на контролна точка, спроведување патрола, реакција на заседа, реакција на контакт и извлекување, постапки при наидување на импровизирани експлозивни направи и 4Ц процедури и постапки при офанзивни и дефанзивни борбени дејства. Припадниците на АРМ од 3.мпб со учеството на оваа вежба покажуваат дека ЗОК и 1.мпбр во континуитет продолжуваат со учество на меѓународни вежби и се достојни на предизвикот за докажување на нивната врвна подготвеност при спроведување на операции за поддршка на мирот. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/podgotovka_vezba.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 30/3/2015, 14:17 | |
| „Отворен ден за цивилните структури“ во шест гарнизони на АРМ Во рамките на организација на прославата на 2 Април, Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда на ден 27.03.2015 година во касарните каде се стационирани единиците од составот на 1.мпбр се организира и реализира „Отворен ден за цивилните структури“. На отворениот ден присуствуваа претставници на локалната самоуправа, приватни фирми и ученици од средните и основните училишта од Петровец, Куманово, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп. Во текот на денот, во касарните „Чојлија“ во Петровец, „Боро Менков“ во Куманово, „Јане Сандански“ во Штип, „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово, „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево и „Мирче Ацев“ во Прилеп во организација на единиците од 1. мпбр се реализира тактичко технички (ТТ) збор со повеќе работни точки. На ТТ зборот деца од градинките, учениците од средните и основните училишта, но и постари граѓани, со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користат во единицата. Граѓаните кои ги посетија касарните, а посебно учениците покажаа голема заинтересираност за прикажаните воени возила, вооружување и материјално техничките средства, со многу поставени прашања за лицата кои презентираа на ТТ-зборот. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/otvoren_den.html | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: 1.Mеханизирана Пешадиска Бригада 31/3/2015, 23:34 | |
| ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 1/4/2015, 15:28 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 1/4/2015, 16:00 | |
| Прослава на Денот на 1.мпбрДенес, 1-ви април 2015 година (среда), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр). На свеченоста присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Арбен Лабеништа, Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, пензионирани генерали, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други високи гости. Командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски, во своето обраќање истакна дека 1.мпбр е столб на АРМ и расадник на сегашните и идни припадници од родовите на: пешадија, артилерија, ОМЕ, инжинерија и АБХО. Тој на прославата од првиот празник на бригадата, пред присутните се заложи за продолжување со напорна работа на сите припадници на бригадата, исполнета со елан и мотивираност, со цел за доградување на борбената подготвеност и справување со идните предизвици, под мотото на бригадата ,,Сила и чест“. Генералот Котески честитајќи им го Денот на единицата, пред свечениот строј на единиците на 1.мпбр, ги истакна постигнатите успеси на бригадата, како најмоќна борбена единица во АРМ, нагласувајќи дека тоа претставува голема обврска за сите припадници на единицата да останат доследни во исполнувањето на воспоствените вредности, како услов за нови и поголеми успеси на домашен и меѓународен план. НГШ на АРМ на припадниците на 1.мпбр им порача да останат препознатливи по храброста, одважноста и успехот, јакнејќи ја уште повеќе довербата кај граѓаните на Република Македонија, при што потсети на основната мисија за одбрана на нашата татковина, чување на нејзиниот територијален инегритет и суверенитет. Во оваа прилика, генералот Котески укажа дека најсвета обврска на сите припадници на АРМ е да ја чуваат, бранат и градат државата, останувајќи лојални кон својата институција, горди за она што секојдневно се жртвуваат. На свеченоста, по повод денот на единицата, беа прочитани стимулативни мерки за припадниците на 1.мпбр, а беше прогласена и најдобра чета во бригадата. Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги превзеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/03/proslava_1mpbr.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 9/4/2015, 16:30 | |
| Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства Во период од 30 март до 9 април, во организација на Ј-4 на ГШ на АРМ се реализира Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства (МиМЕС). Курсот го изведуваа сертифицирани инструктори на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) кои непосредно извршуваат должност од оваа област. Цел на обуката е стручно оспособување на ракувачите за безбедно и правилно менаџирање (снабдување, одржување и уништување) со МиМЕС, запознавање со актуелните упатства, стандарди и нормативи како и мерките за пиротехничка безбедност. За време на обуката покрај теоретскиот дел, беа посетени неколку логистички капацитети на АРМ, каде се изведоа и практични вежби клучни за лицата на овие должности. Со обуката се опфатени 20 лица од ЗОК и останатите единици на АРМ, кои ќе бидат ангажирани во системот на менаџирање со МиМЕС. Предвидено е да се реализира обука на уште една група на ракувачи со МиМЕС во текот на месец мај. На крајот од курсот, по полагање на завршниот тест слушателите ќе се здобијат со соодветни серификати за оваа област. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/04/obuka_rakuvaci_mi_mes.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 9/4/2015, 16:35 | |
| Свечено одбележан 10. Април „Ден на артилерискиот баталјон“Со пригодна воена свеченост која се одржа во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, денес, 9 април 2015 година припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) , Здружена Оперативна Команда го одбележаа 10. Април, Денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 10. Април е одреден за Ден на артилерискиот баталјон како датум на кој е формирана првата артилериска единица во самостојна Македонија. На свеченоста покрај командантот на 1.мпбр присуствуваа и командантите на единиците од составот на 1. мпбр, поранешни команданти на единицата, претставници од Сојузот на борци, градоначалниците од општините во зоната на одговорност на баталјонот, претставници на верските заедници, претставници од јавниот и бизнис сектор во регионот и претставници на локалните медиуми. Пред присутните со пригоден говор се обрати командантот на артб, полковник Жарко Ристески кој се осврна на историјатот на единицата, додека командантот на 1.мпбр во својот говор истакна дека од сите припадници на артилерискиот баталјон бара поддршка, професионализам, дисциплина и одговорност во работата и воедно на припадниците на артилерискиот баталјон им го честита празникот. На свеченоста, по повод денот на единицата, беа прочитани стимулативни мерки за припадниците на артб, додека водот на потпоручник Мартин Спасовки беше прогласен за најдобар вод од составот на баталјонот. Во пресрет на празникот, во касарната „Мирче Ацев“ се реализираше и ТТ збор со изложба на вооружување и опрема кој го посетија учениците од основните и средните општински училишта. Исто така се спроведе и акција за доброволно дарување на крв во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/04/den_na_artbn.html | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада 9/4/2015, 23:18 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства
Во период од 30 март до 9 април, во организација на Ј-4 на ГШ на АРМ се реализира Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства (МиМЕС). Курсот го изведуваа сертифицирани инструктори на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) кои непосредно извршуваат должност од оваа област.
Цел на обуката е стручно оспособување на ракувачите за безбедно и правилно менаџирање (снабдување, одржување и уништување) со МиМЕС, запознавање со актуелните упатства, стандарди и нормативи како и мерките за пиротехничка безбедност.
За време на обуката покрај теоретскиот дел, беа посетени неколку логистички капацитети на АРМ, каде се изведоа и практични вежби клучни за лицата на овие должности.
Со обуката се опфатени 20 лица од ЗОК и останатите единици на АРМ, кои ќе бидат ангажирани во системот на менаџирање со МиМЕС. Предвидено е да се реализира обука на уште една група на ракувачи со МиМЕС во текот на месец мај.
На крајот од курсот, по полагање на завршниот тест слушателите ќе се здобијат со соодветни серификати за оваа област.
http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/04/obuka_rakuvaci_mi_mes.html
Што е ова на сталаживе? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: 1. Пешадиска Бригада | |
| |
| | | | 1. Пешадиска Бригада | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|