Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 1. Пешадиска Бригада

Go down 
+21
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
dzole
Alvar
Panter
икс
bucko123
Braveheart993
ESN
AntiLigushi
leopard
РИС
SIG
Dejan N
Зоран
BABUN
Smrtnikot
JKD
Генерал
Legija91
Macedonian Knight
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 32 ... 54  Next
АвторПорака
ESN

ESN


Број на мислења : 1585

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty7/3/2015, 19:53

Одлично vojnik vesel

______________________
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty8/3/2015, 15:50

Momak od Gjorce напиша:
Посета на 1.мпбр од страна на инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“

На ден 04.03.2015 година во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше инспекциски тим од Вооружените Сили на Р.Словенија и Р. Хрватска придружуван од екипа од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Македонија.

Посетата е со цел согледување на состојбата по специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.

Инспекцискиот тим изврши обиколка на командата на 1.мпбр и тенковскиот баталјон во гарнизонот Петровец, во артилерискиот баталјон во Прилеп и на 4. механизиран пешадиски баталјон во Кичево.

Од страна на клучниот персонал во 1.мпбр и командите на првопотчинетите единици на 1.мпбр кои беа обиколени, инспекцискиот тим се запозна со историјата на единиците, мисијата, организациско- формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/vienski_dokument.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 1bpqPN6

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 J1lKC9o

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 AGW5TEj

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 CC2CJFo

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 DZzeMJG

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 G4NXuCa

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 KqLpB4F



малку подетално за виенски документ ? Или линк ако има некаде ? Rolling Eyes

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty8/3/2015, 17:57

Мислам дека беше нешто за контрола на вооружувањето од страна на обсе
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty9/3/2015, 15:02

Заврши обуката во зимски услови

Во периодот од 23.02.2015 година до 06.03.2015 година припадниците на оклопно извидувачките водови од 1. и 2. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб и 2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во реонот на “Лисец” - Плачковица реализираа обука во зимски услови.

Согласно годишниот план за обука активност заврши циклусот на обука во зимски услови со оклопно извидувачките водови кој се одвиваше на неколку планински локации во Република Македонија.

Целта на обуката е стручно и методичко оспособување и извежбување во организација и извршување на борбени задачи во зимски услови, движење во снег, совладување на снежни пречки со формациски и прирачни средства како и работа во зимски услови.

Во реализацијата на обуката беа реализирани и следните теми: изработка на објекти од снег во зимски услови, ставови за гаѓање со лично вооружување во зимски услови, прва помош при смрзнатини и евакуација на повредени, реализација на кондициони маршеви и движење во планински предели и длабок снег.

За успешно соочување со предизвиците кои со себе ги носат зимските услови, пред се планинските предели потребно е да се биде психофизички подготвен. Припадниците од 1.мпбр беа подготвени да се соочат со горе наведените предизвици и тоа на ниски температури, ветер и снег и сите планирани активности беа успешно реализирани.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/obuka_zimski_uslovi.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 T2VliYz

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 1Jj1YlE

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 6AkwyVQ

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 MpvwEQ1

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 GDPyELD

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 LNeEaGK

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 0FrWbNw

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 LPRBQXl

Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty9/3/2015, 15:11

поправете ме ако грешам,но мислам дека последнава година-две,најмногу обуки имале АРМ...порано само од ПСО се гледаа обуки,а сега сите работат...или можеби не се експонирале во јавност ? како и да е,одлично што сите имаат обуки,постојани.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty9/3/2015, 15:16

Обуки си имало од стално,само што порано немаше сајт АРМ,па единствени слики беа кога министерот ке отидеше во посета на некоја вежба и ден на единица,од кога се пушти сајтот на АРМ се зголеми фондот на слики,е сега треба да поработат на нивен квалитет
Вратете се на почетокот Go down
ESN

ESN


Број на мислења : 1585

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty9/3/2015, 22:07

Пешадијата и шкорпионите и леопардие се многу добри дечки спремни,од тоа јас што имам гледано во штипската касарна немам коментар aplauz

______________________
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty13/3/2015, 14:50

Методска и военостручна обука со новопримените потпоручници

Во период од 09.02 до 13.03.2015 година во 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна команда (ЗОК) се реализира методска и военостручна обука со потпоручниците, идни командири на водови, распоредени во составот на 1.мпбр.

Обуката е со цел новопоставените потпоручници да добијат практична надградба на нивните знаења. На почетокот на обуката потпоручниците се запознаа со Планот за обука и вовед во методите на военостручната обука.

Обуката започна со воведни тестови за познавањата од доменот на Правилата во АРМ, тактичката обука, познавање на англискиот јазик и строевата изграденост.

Воено стручната обука беше реализирана во 3 периоди во месец февруари и март на различни локации во зоната на одговорност на бригадата и тоа во пешадиските баталјони и обука по специјалности во четата за АБХО, тенковскиот и инженерискиот баталјон.

Носители на изведената обука беа командантите на потчинетите единици со директно вклучување на потпоручниците како непосредни извршители на обуката. Во потчинетите единици на бригадата обуката беше искористена за запознавање на идните командири со зоната на одговорност на бригадата и локациите на гарнизоните.

На крајот на активноста беа реализирани завршни тестови за проверка на успешноста на реализираната обука на која беа покажани завидни резултати и значително беа подобрени резултатите од воведните тестирања.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/obuka_potporucnici.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 5EQ5okv

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 XehHFl7

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 JfiNSdD

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 ZCixMI4

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 NoJEOdu

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 O6uBHpM

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Dm1mUuv
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty17/3/2015, 13:21

Стационарно логорување на инженерискиот баталјон на АП Криволак

Во периодот од 09.03. до 16.03.2015 година согласно Планот за обука во потчинетите единици на Здружената Оперативна Команда припадниците од инженерискиот баталјон (инжб), од состав на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа стационарно логорување на Армискиот полигон (АП) „Криволак“.

Целта на логорувањето беше обучување и извежбување на припадниците на инжб во правилна и безбедна работа при вежби со боеви минско - експлозивни средства (МЕС) и реализација на дневни и ноќни гаѓања со личното вооружување (л/в).

Во текот на логорувањето на вежбалиштето за инженериска обука „Мушанци“ се реализираа поголем број на вежбовни активности, меѓу кои:

Вежби со боеви МЕС за поединец на теми: „Изработка на палење на бавногорлива запалка и палење на експлозивно полнење (е/п) со бавногорлива запалка, „Палење на елекрична детонаторска каписла (ЕДК) со машина за електрично палење и палење на е/п со ЕДК“.
Вежби со боеви МЕС за единица: „Изработка на мрежи за фитилно палење и палење на е/п“, „Изработка на мрежи за електрично палење и палење на е/п“, „Уривање на елементи и материјали“ и „Подготовка и палење на фугаси“.

При изведувањето на гаѓањата и вежбите со боеви МЕС во целост беа запазени мерките на безбедност, техничка заштита и зачувување на животната средина. Истите се изведени под надзор на претставници од претпоставенета команда, командата на инжб и старешини од единицата специјализирани за работа со МЕС.

Со успешната реализација на гаѓањата и вежбите со боеви МЕС зголемена е подготвеноста на единицата, со што уште еднаш инженерците ја докажаа својата одлична обученост и професионалност.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/logoruvanje_inzb.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 MEGQx1y

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 DzrVIx4

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 E2xqVkd

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 EHNy9ZG

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 QU7DkXr

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 2WaZPrF

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 VUnBSp5

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 PooxQGz

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 YyAtN0T

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 CIJWx71
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty18/3/2015, 16:03

Финални спортски натпревари во пресрет на Денот на 1.мпбр

Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, ден на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) која е најголемата единица од составот на здружената оперативна команда,  на ден 17.03.2015 година на спортските терени во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одиграа финални спортски натпревари.На овие  натпреварувања и покрај тоа што во преден план е другарувањето и спортувањето а резултатите се споредни, сепак кај учесниците не изостана натпреварувачката мотивација.

На натпреварите првите места ги освоија следните екипи и поединци:

Трчање на 8 км машка конкуренција - 3. механизиран пешадиски баталјон,
Женска конкуренција на 4 км - артилериски баталјон,
Мал фудбал - 1. механизиран пешадиски баталјон,
Кошарка - 3. механизиран пешадиски баталјон,
Пинг-понг- 1. механизиран пешадиски баталјон,
Одбојка- 2. механизиран пешадиски баталјон и
Шах- 1. механизиран пешадиски баталјон.

Припадници од сите единици  на 1.мпбр со масовното учество на спортските натпревари покажаа во пракса како изградената физичката кондиција и спортскиот дух се еден  од неопходните фактори за успешно извршување на сите задачи.

За најуспешните екипи и поединци од бригадата кои ги освоија првите места на спортските натпревари, ќе им бидат доделени дипломи на воената свеченост по повод Денот на единицата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/03/sportski_natprevari_1mpbr.html
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 11 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
1. Пешадиска Бригада
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 54Отиди на страна : Previous  1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 32 ... 54  Next
 Similar topics
-
» Воздухопловен "ВИНГ"
» 63. Падобранска Бригада

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: