9К35 Стрела-10 СА-13 „Gopher“9К35 Стрела-10 СА-13 е високо мобилно возило за против воздушна одбрана земја-воздух,за мала висина со краток домет,со инфра ред наведувачка боева глава со визуелно нишанење.Системот Стрела-10 бил дизајниран и произведен во 1979 година за потребите на копнените сили и силите за ПВО на советската армија.НАТО код име за ПВО системот Стрела-10 е СА-13 „Gopher“.
9К35 Стрела-10 е наследника на ПВО системот 9К31 Стрела-1 СА-9 „Gaskin“,и поради ова системот Стрела-10 може да ги користи контењерите за ракети од Стрела-1,кои се со помали димензии од контењерите за ракетниот систем Стрела-10.За разлика од својот предходник системот Стрела-1 кој бил монтиран на амфибиско борбено возило БРДМ,СА-13 е монтиран на мобилно оклопно амфибиско возило гасеничар МТ-ЛБ,кое има повеќе простор за опрема и резервни контејнери за системот Стрела-10.На 7 Септември 2007 година за прв пат била претставена верзијата 9К35М3-К „Kolchan“ монтиран на оклопно амфибиско возило БРТ-60,кој бил презентиран МАКС 2007.
Ракета
Системот Стрела-10 иако бил дизајниран да ја користи ракетата 9М37 тој во својот понатамошен дизајн бил пренаменен да може да ги користи двата типа на ракети односно двата типа на контењери 9М37 И 9К31(Стрела-1 СА-9 „Gaskin“).
Основни карактеристики 9М37:
Должина: 2.2м
Тежина: 40кг
Тежина на боевата глава: 3,5кг
Максимална брзина: 2маха
Минимален домет во далечина:500м
Максимален домет во далечина:5000м
Минимален домет во висина: 25м
Максимален домет во висина: 3500м
Калибар:120мм
Чети контењери со ракети се наоѓаат на куполата од системот Стрела-10,и четири резервни контењери со ракети се наоѓаат во внатрешноста на возилото,отприлика потребно време за да се заменат празните контењери со нови е 3 минути.