По долго размислување решив да го направам Советскиот Ракетен Противоздушен Систем Стрела-1 (NATO SA-9 Gaskin)Макетата е од производителот Драгон и денес изгубив 3часа само за чистење на 7-8 делчиња од вишок на пластика.Идејата ми е Стрелава да биде на постамент каде ќе биде симулиран асфалт и беџ оригинален од Парадата 1985 година во Белград,неможев да најдам никаде по нетов фигура на војник-офицер што салутира,за да го поставам во десниот отвор.
Мал напредок околу макетава,Лансирните кутии провизорно се прицврстени за лсикање како и целиот лансер,секое делче треба се се исчисти од вишок пластика и одзема многу време.
Другари Стрелата ја завршив пред една недела,денес Драган направи фото сесија.Мала забелешка на сликиве е што 2те леви лансирни кутии се одлепени предниот дел при транспорт во кола,касно приметивме ги залепивме,на крајот од сликите се гледа дека се залепени.Најголема утка е тоа што нијансата на боја ЈНА е прилично потемна,моја грешка Макетата е одлична за работа,малку упатството не е на ниво на макетата ама нема гајле.Парадна верзија не можеше да биде,затоа што ЈНА на парадата 1985 година,ги има офарбано бројките од 2те страни,а на десната страна има залепено налепница од логото на парадата..ликот на Другарот Тито со профил на 2ца војници со знамиња..итн..итн..кој е неизводливо да се направат.