Скандал на вежбите на американската војска во Германија: Оклопни возила паѓале од небото и се рушеле на земја 21.04.2016 | 21:07
Извор: Точка
Минатата седмица од небото над Германија паѓале американски оклопни теренски возила.
За време на воздушно-дестантните вежби на американската војска во воената база во Хоенфелс, каде е сместена командата на Заедничкиот мултинационален центар на американската војска, се случил сериозен инцидент кога транспортните авиони "C-130 Hercules" почнале да исфрлаат воени теренци "HMMWV" или Humvee со падобранци на земјата. Возилата паѓале како камен од небото и се кршеле на земјата, додека некои завршиле во вода.
Сè се случило поради тежок технички пропуст. "173-тата Воздушно-десантна бригада заборавила како се прави воздушен десант", е еден од коментарите на интернет страната "US Army WTF Moments", која ја објавила снимката на која се гледа како оклопните возила паѓаат од небо. Воздушниот десант со тешка воена опрема технички е многу одговорна задача, бидејќи возилата мора безбедно да се спуштат и да бидат веднаш подготвени за акција.
За да се спуштат возилата, се ставаат на метални палети, понекогаш со помош на кран. Три "G-11B" падобранци, секој со дијаметар од 30,5 метри и вкупна тежина од 125 килограми, се прицврстуваат на секое возило, додека под нив се ставаат кутии од лесно дрво кои треба да амортизираат ударот при слетувањето. За време на летот, пилотот мора да забави на околу 260 km/h.
Прво се спушта помал падобранец, прицврстен за палета. Тој падобранец буквално ја извлекува палетата со возилото од товарниот авион, а потоа се отвораат и големите "G-11B" за безбедно слетување на Земјата. Во овој последен дел од слетувањето на земјата дошло до проблеми. Американските војници кои го гледале "атерирањето" се смееле додека гледале како возилата како јајца паѓаат на земјата.
ВИДЕО: (https://www.facebook.com/RTvids/videos/1200087860001465/)
http://tocka.com.mk/1/193950/skandal-na-vezbite-na-amerikanskata-vojska-vo-germanija-oklopni-vozila-pagjale-od-neboto-i-se-rusele-na-zemja