Русите го исмејуваат НАТО: Моќните теренци заглавија во песокот 24. ОКТОМВРИ 2015 - 16:21
НАТО овие денови спроведува една од најголемите воени вежби во последната декада. Покрај тренингот на силите, сигурно е дека целата приказна сакаат да ја искористат и за покажување мускули во периодот на затегнати односи со Русија.
Но, барем на пропагандниот дел, не оди се според планот. Додека на една од плажите изведуваа вежба пред новинарските екипи, моќните американски Hummer возила, заглавија во песокот.
Војниците добиле наредба да ги поттурнат воените теренци, возилата заглавиле уште подлабоко во песокот.
Руските медиуми ја искористија приликата за да им фатат сеир на американските возила.
Russia Today на пример, пишува дека вежбата била „очигледен неуспех“ што првите луѓе на НАТО не сакаат да го признаат.
Во воените вежби на НАТО учествуваат 36.000 војници од 30 земји, и тоа се најголемите вакви вежби од 2002 година.