Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 54 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:01

Makedon напиша:
Alvar напиша:
Тешко нам ако чекаме на институциите да превземат мерки.
Кој ќе превземе нешто друже Македон, брконо министер, Гујо, Бесими!? Сите се гола вода.

Инаку да, кога веќе спомена војна... таа би било совршена алатка зa да се забошоти мизерната состојба и апашлакот во државава.
Сета грдна пара што се изнесе одовде има да се изгуби без трага како чад. Очигледно некој моли бога за тоа... но не од истите причини за кој јас и ти мислиме дека ќе има конфликт.

Брату не ме интересира ниту еден политичар во оваа држава, да бог да ги немало!!!
Јас сум многу голем патриот, многу си ја сакам оваа наша напатена Македонија, многу ме боли што се случува моментално. Во многу наврати сум бил по станици заради етнички проблеми и затоа апелирам до сите или средете ги проблемиве или никој нема да види бел ден.
Ако пукне а се натака оди, моето место ќе биде меѓу моите браќа во оружените сили на Р. Македонија.

Господе чувај не и благослови ја МАКЕДОНИЈА

Македон, немој да мислиш дека сето ова што се случува не ме прави нервозен.... ухааа... ај да не речам што најрадо би направил во моментов.
Но причината за инцидентиве мора да излезе на виделина. Некој го храни ова расположение меѓу народот, а тој сиротиот при очи е ќор.
Утре да ја симнат "Султанот" од телевизија ќе искочат да протестираат пред собрание... а за ова што тепаат деца низ градов им е мање више сеедно.
Да не беше така... Чаир, Кондово и Сарај сега требаше да горат.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:17

Но сега во штабот на воениот и политичкиот лидер Али, во Мала Речица ќе се рече зборот што и како понатака! Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:34

Frogfoot напиша:
Но сега во штабот на воениот и политичкиот лидер Али, во Мала Речица ќе се рече зборот што и како понатака! Twisted Evil
А што може да биде ке им истегнат уши и се ке си биде по старо.
Тепаниот тепан и да не кажувам натаму срамота е.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:35

ДОПОЛНА:

Попладнето околу 18 часот во полиција е пријавен уште еден физички напад, овој пат во Тетово. Шестнаесетгодишно девојче пријавило дека била нападната од група момчиња од албанска националност кои најпрви вербално ја нападнале, а потоа ја удриле со клоци.

Неофицијално, вечерва се случиле уште два инциндента. Едниот во Шуто Оризари кога четворица нападнале дваесетгодишно момче. Другиот инцидент кој се уште не е потврден се случил во автобус на ЈСП 55-ка. За сега полицијата нема информации за овие напади.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:37

Значи почнаа и девојчиња да тепаат. Ц.ц.ц.ц.ц.ц....
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:39

Alvar напиша:
Значи почнаа и девојчиња да тепаат. Ц.ц.ц.ц.ц.ц....
Мжишча.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:43

ДПА БАРА АЛБАНИЈА И КОСОВО ДА ГИ ЗАШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ АЛБАНЦИ!

„Претседателството на ДПА на попладневната седница заклучи да побара помош од Меѓународната заедница и од Владите на Албанија и на Косово помош за да престане насилството врз Албанците во Македонија“, изјави по седницата пратеникот Зиадин Села. Тој нагласи дека врз Албанците во изминативе денови се врши насилство и дека тие, рече Села, се жртви на неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ДПА, рече тој, бара оставка да поднесат министерката за внатрешни работи и замненикот министер кој е од редовите на ДУИ.
http://daily.mk/cluster3/6cb2c50c6f806f8649a368832f5e9a60/1186708/dpa-bara-albanija-i-kosovo-da-gi-zashtitat-makedonskite-albanci
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 22:44

Се јави и Рики.

Рикер ги осуди инцидентите во Македонија

Вашингтон, 9 март 2012 (МИА) - Оние кои напаѓаат деца, ученици, навистина се најголемите кукавици, изјави заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер на брифингот за ситуацијата во регионот што денеска се одржа во Центарот за странски новинари во Вашингтон.

- Ги повикуваме сите страни да останат смирени. Треба да се постапи согласно законот, властите да ги утврдат фактите што се случило и да се спроведе законскиот процес, рече поранешниот амбасадор на САД во Македонија, на прашањето за последните инциденти во Македонија што ја зголемија меѓуетничката напнатост, јави Гласот на Америка на македонски.

Тој резимираше дека Балканот и натаму е приоритет за американската влада, а патот до стабилност и просперитет е преку евроатлантската интеграција.

Запрашан, пак, дали САД и другите НАТО-сојузници би извршиле притисок врз Грција да се согласи на прием на Македонија под референтното име, така што земјата уште на самитот во Чикаго би влегла во Алијансата, Рикер со став дека името треба да се реши.

- Особено сакаме Македонија да стане целосна членка на НАТО и во тој однос, ние, а мислам и сите сојузници, би сакале што е можно поскоро да се реши прашањето за името со Грција, рече Рикер.

Вишиот дипломат на Стејт департментот ја пофали неодамнешната средба на премиерите на Грција и Македонија, побара натамошни средби и дијалог со посредство на ОН, рече дека Вашингтон веќе подолго време смета дека решението е можно и заклучи дека тоа ќе биде од интерес не само на луѓето од двете земји, туку и на целиот регион. ва/21:41
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92028528&lId=1
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 23:05

Овие па едно те исто..со тоа име преку глава.. него ај прочитајте го ова ..

Северна Република Македонија!? Ова бил предлогот за кој се договориле на последната средба македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Лукас Пападимос, ако се верува на последните шпекулации кои се вртат низ партиските кулоари пред самитот на НАТО во Чикаго, објавува Капитал. Според весникот двете недели кои Груевски му ги дал на Пападимос се токму периодот во кој грчкиот премиер треба да размисли дали ќе го прифати македонскиот предлог, Северна Република Македонија, или не, информирале дипломатски извори. Од тоа најмногу ќе зависело дали премиерот Никола Груевски ќе патува во Чикаго или сепак, таму ќе оди претседателот Ѓорге Иванов.
Заклучоците за ваквите информации, тврди Капитал, се базираат на последните случувања. Дел од упатените за весникот велат дека иако на македонски терен ситуацијата изгледа сосема мирна и премногу песимистичка по последните изјави на премиерот Никола Груевски, но и на челниците на ЕУ и НАТО, сепак, атмосферата во Грција навестува дека околу спорот за името, сепак, се случува нешто.
Како што пренесува Капитал грчките медиуми пренесуваат дека неколку дена по средбата Груевски-Пападимос во Брисел, завчера грчкиот премиер имал едночасовна средба со експремиерот Јоргос Папандреу. Во штурата информација пренесена од грчките весници се пишува дека Пападимос и Папандреу зборувале за нерешениот спор за името. Засега отсуствуваат подетални информации точно за што разговарале двајцата соговорници.

ПЛУСИНФО
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty9/3/2012, 23:09

3-ве деца во парк ги истепале кај Жабарот. Па тоа е позади влада, на неколку метра од полициските куќарки. Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 54 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: