| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 10:16 | |
| Почнува албанска „Арапска пролет“ во Македонија? Протести против акцијата „Монструм“ на МВР преку социјалните мрежи се најавуваат во Струга, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, и повторно во Скопје, јави агенцијата „Инпрес“. Протестите ќе почнат после петочната молитва во џамииите, а ќе завршуваат пред судови и државни институции. Интернет порталот teuhid.net, кој се занимава со религиозни прашања поврзани со Албанците во регионот, масовните протести се втора точка од сценариото кое има 7 точки инспирирани од „Арапската пролет“. http://www.plusinfo.mk/vest/42175/Pochnuva--albanska-Arapska-prolet-vo-MakedonijaЈанкуловска-Свесни сме за безбедносните ризици во земјата МВР не соопштува дали им влезе во трагата на двајцата бегалци, кои пукале во момчињата на Смилковско езеро. Оружјето со кое терористите го извршиле убиството, полицијата не го најде. Сепак, министерката Јанкуловска уверува дека постојат квалитетни и различни докази со кои петчлената група ќе биде обвинета за тероризам. Нема информации кој ја финансирал групата, дали имале конекции со странски терористички организации, ниту се знае кој бил лидер на групата. Прашана дали е точно дека на Скопска Црна Гора делуваат терористички групи кои можат да ја загрозат безбедноста на државата, Јанкуловска вели дека полицијата будно ја следи состојбата. „Полицијата ги презема сите мерки. Свесни сме и будни за потенцијалните ризици, но нема да дозволиме никој да го наруши мирот на граѓаните без разлика од која националнопст се тие“ -изјави министерката. Додека министерката повикува на смиреност, бранителите од конфликтната 2001 на Денот на полицијата го ставија под знак прашалник евентуалното ангажирање во безбедносните сили, ако тоа биде потребно. Не се задоволни од однесувањето кон нив. Полицијата денеска ја покажа својата подготвеност. Сакаа да му се претстават и на премиерот, но тој ниту по час и половина чекање, не се појави на прославата на Денот на полицијата. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=49607 | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 10:32 | |
| Како да слушам вести од 2001-ва. Овие организираат протести по цела Западна Македонија, Полицијава "будно" ја следи состојбата.... после коа ќе почнат да пукаат од ридовиве, некој ќе рече пред камера "това не се терористи, това се нашите синови!". Ова не е тука така набрзина организирано, очигледно е дека планот бил во мирување и се чекало на иницијална каписла. Тепачки по автобуси и спортски натпревари, па убиства, па протести за убиствата дека не биле убиства туку самоодбрана. Веќе видено сценарио. Се кладам дека нашиве немале ПОИМ за сето ова. Инаку немаше да се бават со покер апарати и лопови од патарини, а ситуацијава ескалира од момент во момент.
P.S. Вчера околу 21:30 кога поминував кај Олимписки базен, се слушнаа неколку рафали од Калаш... убаво го истресе. А богами и блиску беше. На 50 матра од таму, полицијава седи у ауто и чачка facebook на лаптоп.
P.P.S. Ај баш да видиме дали и во петок полицајциве нема да "подлегнат" на провокации. Јас искрено се надевам дека ќе подлегнат, бидејќи вака само им даваат сигнал дека не се способни да се справат со нив, и збираат уште повеќе сила. Државата не реагира соодветно на ситуацијата. | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 11:53 | |
| Красниќи ги предупреди Скопје и Белград да бидат внимателни со Албанците Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи, во изјава дадена за весникот Експрес, побара од сите Албанци на Балканот да дадат заеднички политички одговор на последните апсења на Албанците во Македонија и во Србија. Красниќи упати апел до двете соседни земји да внимаваат со Албанците, бидејќи нивната позиција не е иста како што била во изминатите векови. Според него, некои народи не може да се помират со напредокот на позиција на Албанците и го држат регионот под тензии. Иако, според Красниќи, апсењата за воени злосторства во Србија и за убиство во Македонија се сосема различни, тој тврди дека акциите имаат за цел да се заплашат Албанците. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90987 ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 11:58 | |
| - Alvar напиша:
- Како да слушам вести од 2001-ва.
Овие организираат протести по цела Западна Македонија, Полицијава "будно" ја следи состојбата.... после коа ќе почнат да пукаат од ридовиве, некој ќе рече пред камера "това не се терористи, това се нашите синови!". Ова не е тука така набрзина организирано, очигледно е дека планот бил во мирување и се чекало на иницијална каписла. Тепачки по автобуси и спортски натпревари, па убиства, па протести за убиствата дека не биле убиства туку самоодбрана. Веќе видено сценарио. Се кладам дека нашиве немале ПОИМ за сето ова. Инаку немаше да се бават со покер апарати и лопови од патарини, а ситуацијава ескалира од момент во момент.
P.S. Вчера околу 21:30 кога поминував кај Олимписки базен, се слушнаа неколку рафали од Калаш... убаво го истресе. А богами и блиску беше. На 50 матра од таму, полицијава седи у ауто и чачка facebook на лаптоп.
P.P.S. Ај баш да видиме дали и во петок полицајциве нема да "подлегнат" на провокации. Јас искрено се надевам дека ќе подлегнат, бидејќи вака само им даваат сигнал дека не се способни да се справат со нив, и збираат уште повеќе сила. Државата не реагира соодветно на ситуацијата. Ај ќе идам натака изгледа па ќе те побарам заедно ќе се пријавиме | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 12:03 | |
| Притворен уште еден од осомничените за убиството кај Смиљковци Полицијата уапси шестоосомничен за терористичкиот акт кај Смилковско езеро. Во судот за АЛФА потврдуват дека станува збор за лицето Хаки Хазири кој досега се претпоставуваше дека се наоѓа во бегство. Лицето не е директен извршител на убиството туку е осомничен дека и помагал на групата. Судот веќе му одредил 30 дневен притвор. Во притвор се уште тројца од учесниците во инцидентот, а двајца се во бегство. МВР се уште не ја потврдува информацијата. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=49636 | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 14:13 | |
| Od MVR ja demantiraa vesta. | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 14:46 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
Последната промена е направена од Frogfoot на 8/5/2012, 20:32. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : СКРАТУВАЊЕ НА ЛИНКОТ!) | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 16:58 | |
| Шестиот осомничен бил заштитен сведок Триесет дневен притвор за кривично дело „тероризам“ му е определена на уште едно лице за петкратното убиство. Истрагата за убиството кај Смиљковското езеро е проширена за уште едно лице. Основниот суд 1 - Скопје денеска соопшти дека вчера истрагата е проширена со уште едно лице, опфатено со првичното барање на Основното јавно Оовинителство за гонење сторители од областа на организиран криминал и корупција, за определување краткотраен притвор во која постапка лицето по свое сопствено барање се здоби со статус на заштитен сведок. - Потоа тој во жалбена постапка го изгуби статусот на заштитен сведок поради што Обвинителството ја прошири истрагата и против него и сега се наоѓа во притвор, се наведува во соопштението од Основниот суд 1. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/70230-Sestiot-osomnicen-bil-zastiten-svedok ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 20:20 | |
| Протест против радикалниот ислам во Македонија!Да го спречиме ширењето на радикалниот ислам во Македонија , ако тие можат да протестираат за радикален ислам и за поддршка на убијците , епа и ние можеме ПРОТИВ! СЕГА ИЛИ НИКОГАШ ! Напомена: ДА НЕ СЕ ПРАВАТ НИКАКВИ ИНЦИДЕНТИ! https://www.facebook.com/events/356536771062765/ | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/5/2012, 23:30 | |
| Дечки, какви се овие златни коњи во Скопје?! | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|