|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 16:03 | |
| | |
| | | Goust
Број на мислења : 137
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 16:33 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 16:57 | |
| Борисов: Инцидентот на гробот на Гоце Делчев контрапродуктивен за Македонија Петочниот инцидент, кога Иван Петков, амбасадорот на Бугарија во Македонија беше спречен да положи цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев е длабоко контрапродуктивен за Македонија, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вчера на Петков и на бугарската делегација, како што извести бугарската агенција „Новините“ не им беше дозволено да пристапат кон гробот на Гоце Делчев и, според пренесеното, биле нападнати од група „Македонски хулигани“, при што никој не бил повреден. На инцидентот остро реагираа и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, квалификувајќи го инцидентот како одвратен и велејќи дека тој им наштетува на билатералните односи. Плевнелиев дури и спомена дека Бугарија би можела да размисли за блокирање на обидот на Македонија да стане членка на ЕУ ако македонските власти не преземат мерки за да ги подобрат чувствата кон Бугарија во земјата, пренесува „Новините“. - Бугарија ќе работи во прилог на приближувањето на Македонија кон ЕУ, но само ако Македонија се однесува во склад со таа поддршка - вели Плевнелиев. Сериозно предупредување во тој дух стаса и од премиерот Борисов. - Македонија веројатно не сфаќа колку е важно да стане членка на ЕУ и дека и е потребна поддршка од нејзините сосетки-членки на ЕУ - порача Борисов. Тој сепак нагласи дека иако Бугарија сериозно го прима овој инцидент, нема намери да ја спречи интеграцијата на Македонија во ЕУ. - Ние сме соседи и братски народи. Македонија мора да се придружи на ЕУ. Ако го спречиме тоа, би направиле грев кон историјата. Тоа што се случи не им е полза, ниту им служи на чест. Сепак, ние нема импулсивно да се одмаздиме - вели Борисов за „Новините“. Бугарскиот премиер нагласи дека македонскиот амбасадор во Софија Благој Ханџиски бил повикан во бугарското МНР за да му се врачи протестот на официјална Софија за инцидентот. http://www.plusinfo.mk/vest/42063/Borisov-Incidentot-na-grobot-na-Goce-Delchev-kontraproduktiven-za-Makedonija | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 17:04 | |
| Татристанскава држава која во Европскиот Парламент и ЕУ Совет не пропушта прилика (заедно со јунанистанциве) да ја оцрни Македонија, држава која не го признава Македонскиот народ и јазик, која не признава Македонско малцинство на нејзината територија, каде не може да се регистрира Македонска партија, држава каде се запленуваат печатени материјали само затоа што се на Македонски, каде катадневно има саркастични прилози и отворен говор на омраза кон Македонија и Македонците.... ИСТАВА бара од НАС да поработиме на "подобрување на чуствата" кон Бугарија!? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 18:13 | |
| Градоначалникот на Чаир пред министри порача дека не бил реализиран идеалот на „ОНА“ Сè уште не е реализиран идеалот на паднатите борци за албанската нација. Ние ќе се обидеме да го реализираме, порача денеска градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, на одбележувањето на денот на паднатите борци на ОНА, пренесе телевизијата Телма. На одбележувањето, на кој присуствуваа голем број министри од ДУИ, освен актуелниот претседател на партијата и некогашен лидер на ОНА, Али Ахмети. Меџити ги повика Aлбанците во Македонија да не го заборават она што за нив го направиле нивните предци. - Не смееме да заборавиме дека тоа што денес сме слободни и слободно се вее албанското знаме е нивна заслуга. На овој ден треба да се потсетиме дека тие го дадоа најскапоценото, а тоа е животот. И Скендербег е еден од нив, затоа секогаш кога ќе влеземе во чаршијата, треба да се потсетиме на тоа. Ние ќе се обидеме да го реализираме идеалот на паднатите борци - рече Меџити. Според Хазби Лика, македонските Aлбанци не се задоволни од моменталните услови во земјата. Смета дека имаат право на повеќе. - Сигурен сум дека Албанците во Македонија сакаат повеќе од она што го имаат сега. Иако, има напредок. Порано немавме универзитет, администрација, министертва. Сега имаме дел од тоа. Затоа нема никогаш да дозволиме да се понижи името на загинатите - порача тој. Да се обединат сите Албанци, побараа семејствата на загинатите припадници на ОНА. - Да се обединат сите Aлбанци во светот. Потребно е поголемо обединување меѓу нив и тоа не само во Македонија, туку и пошироко, порача Ндерим Јашари -, роднина на загинат во војната на Косово. Одбележувањето на Денот на паднатите борци за албанската нација го организираше Одборот за 100-годишнината на албанското знаме, заедно со ветераните на ОНА. http://www.plusinfo.mk/vest/42071/Gradonachalnikot-na-Chair-pred-ministri-poracha-deka-ne-bil-realiziran-idealot-na-ONA | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 18:22 | |
| На одбележувањето на денот на паднатите борци на ОНА албанците порачаа дека не се задоволни од постигнатото и добиеното во Македонија. Имале право на повеќе. Без да прецизираат што уште сакаат? Сонот на ОНА уште не е реализиран, ние ќе го реализираме, албанците имаат право на повеќе, обединување на албанците – ова се само дел од пораките кој биле упатени на одбележувањето на денот на паднатите борци на ОНА. Како што пренесува телвизија Телма на одбележувањето присуствувале голем број преставници на албанските партии во Македонија. Според Хазби Лика, македонските Aлбанци не се задоволни од моменталните услови во земјата. Смета дека имаат право на повеќе. „Сигурен сум дека Албанците во Македонија сакаат повеќе од она што го имаат сега. Иако, има напредок. Порано немавме универзитет, администрација, министертва. Сега имаме дел од тоа. Затоа нема никогаш да дозволиме да се понижи името на загинатите“, порача тој. Градоначалникот Изет Меџити во своето обраќање изјавил: „ИДЕАЛОТ НА ОНА СЕ УШТЕ НЕ Е РЕАЛИЗИРАН. Ние ќе се обидеме да го реализираме, ги повикувам, Aлбанците во Македонија да не го заборават она што за нив го направиле нивните предци. Не смееме да заборавиме дека тоа што денес сме слободни и слободно се вее албанското знаме е нивна заслуга. На овој ден треба да се потсетиме дека тие го дадоа најскапоценото, а тоа е животот. И Скендербег е еден од нив, затоа секогаш кога ќе влеземе во чаршијата, треба да се потесетиме на тоа. Ние ќе се обидеме да го реализираме идеалот на паднатите борци, изјавил Меџити. На обединување на Албанците, повикалеи семејствата на загинатите. „Да се обединат сите Aлбанци во светот. Потребно е поголемо обединување меѓу нив и тоа не само во Македонија, туку и пошироко, порача Ндерим Јашари, роднина на загинат во војната на Косово, пренесува Телма. http://www.bezpardon.mk/albantsite-vo-makedonija-imale-pravo-na-povek-e-sonot-na-ona-ushte-ne-bil-realiziran/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 18:59 | |
| - Генерал напиша:
- Превземено од Кајгана форумот!
Драги мои форумџии
Вие вчера и денеска станавте дел од еден херојски и навистина историски настан, масовна македонска виртуелна акција за пораз на исламскиот радикализам и во МК а и во светски рамки како дел од државите на светот кои се борат со ова зло како и ние. Огромна почит кон сите вас и продолжете ја акцијата и денес со 22:00 твитање а од утре малку и одморете. Заслужено. И до следната акција.
Со оглед како медиумите функционираат и се затрупани со вести од цел свет медиумската кампања беше крајно успешна со CNN Ireport како врв на успехот. Во смисла на објавување вести медиумите секако имаат краток фокусна внимание и за нив ова веќе денес е yesterday’s news. Поголем е успехот е што нашиот глас го слушнаа влијателни уредници, новинари на кои ќе им остане во сеќавање за користење во идни написи таканаречени споровозни материјали каде што ова пто им го дадовте ќе игра улога во формирањето на нивното мение и пристап кон темата. Мислам денес најкорисно е да се продолжи какои што и планирате со преминување на фокусот кон блогерај, ФБ, твитер итд. Верувајте дека социјалните мрежи стануваат и повлијателни од самите медиуми кои постепено ја губат монополната позиција во владеењето со информацијата.
Чувајте ги врските, мрежите, контактите со други портали, организации, линкови и адреси за брзо распространување информации до голем број медиуми, блогови и социјални мрежи. Ќе има можности и потреба за вакви брзи реакција и во иднина можеби. Користете и експонирајте ги сите слабости на овие радикали, пишувајте не долго а ефектно, прваете концизни видеа, користете највпечатливи фотографии кои сами раскажуваат приказна, користете факит и благ и неутрален јазик прифатлив за увото на цивилизираниот слушател како што мудро правевте и вчера и денес.
Голема благодарност што ја ставивте Македонија и нас на мапата на светот во контекст на културни цивилизирани напредни и толерантни луѓе како што сме и какви што ќе си останиме. Ги осветливте ликовите на загинатите деца и ги им дадовме помен во очите на светот не само како невини жртви туку и по играта на случајот наши херои кои се запишани со крв во нашава историја.
Исламските радикали ќе бидат поразени и кај нас како што ќе бидат поразени и во целиот свет. Вие само им ја пренесовте на целиот свет сликата која е реална и која исламските радикали сами си ја создадоа на вчерашниот протест кога сами си се упукаа жестоко во нога. Имаат право да се лутат, сами на себе. И тие џихадистите и водачите на чело кои не се повеќе од 50тина и кои полицијата треба да ги затвори како превенција на терористички акции а и тие останатите кои беа заблудени, искористени и злоупотребени да застанат зад знамето на Џихадот. После ова бламирање и радикалите а и заблудените ќе се замислат на кого ќе му даваат подршка во глобалново село кога се се гледа. Тоа е и успехот на вашата акција. Одделување на доброто од злото.
Тука однапред да подвлечам, ги ставам само исламските радикали а не и Албанците или било кој муслиман. Нашата акција треба да биде насочена кон Џихадистите а не кон сите, ние нема да викаме смрт за Шиптари затоа што тие викаат смрт за Каурите. Ние сме повисоко од тоа. И Гоце не убивал турски селани а убивал зулумџии и војници. Тоа нас не прави морални победници, Гоцева раса, тоа што никому не сме му наштетиле, никого не сме убиле, а и во момент на најмонструозниот масакр во историјата на Македонија бевме доволно силни и големи да бараме само законска казна за монструмите и таа да биде потврдена со докази и да настрадаат точно убијците а не невини луѓе. Верувајте, имам муслимани како многу блиски мои луѓе кои не можат да ги смислат овие радикали и кои се грозат од тоа што група дебили им го урива реномето на една цела религија. Не ги ставајте во ист кош сите, тие заслужуваат да бидат третирани како тоа што и се, добри луѓе муслимани. Тоа е најважната порака до нив.
Ако вака размислуваме и не паѓаме на нивото на секој последен талибанец, така и ќе ја добиеме медиумската битка и битката за срцата на граѓаните во светот и на медиумите и уредниците и на политичарите што ќе ни биде најголема и најважна победа.
Со тоа покрај што ке излеземе морални победници затоа што сме во право туку и ќе обезбедиме меѓународни симпатии и подршка за нашите правилни определби за мир. Со тоа ќе им дадеме простор на нашите институции да се справуваат со водачите на овие џихадисти кои под тие 1,500 не се повеќе од 20 до 30 луѓе со нивно итно апсење во рамките на превенција на тероризам. Со тоа ќе им дадеме шанса на заблудените од вчерашните кои не се исламски радикали да се дистаницраат од овие кои им вееја Џихад знамиња напред. А со тоа и ќе ја добиеме и целосната битка за нашата Македонија во која секој ќе се чувствува дома а секој џихадист ќе се чувствува прогонет додека на крајот не го снема и последниот од нив.
Ако, ако, сите праведни напори паднат на глуви уши кај заблудените кои имаат шанса да бидат на страната на мирољубивите и човечните сили во овој свет и сите напори не успеат и ако ги ескалираат нападите, ќе одиме гора зелена и пак ќе ги поразиме до последен. Но јас верувам во својата држава, во мудроста, знаењето и умеењето на оваа генерација и мислам дека битката ја добиваме на цивилизиран начин, преку институциите на нашава земја и преку напорите како што оваа херојска група на кајгана.com ги направи вчера и денес за обезбедување на подршката на целиот цивилизиран свет. Сме биле и ќе бидиме свои на своето, сите ние добри луѓе што живееме во Македонија
Поздрав Генерал, твој е текстов? Секоја чест за тој што го напишал! Кратко и јасно, се што треба да се каже е кажано - ни збор повеќе! | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 19:01 | |
| Ова реактивирањево на ОНА е или блеф или треба озбилно да се почне со контролирање на границата а и од ЕБР да видиме повеќе вакви акции како „Монструм„ со цел превентива од можно второ полувреме за да не биде толку гадно. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 19:17 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 5/5/2012, 19:22 | |
| За каков текст станува збор? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|