Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 19:18

Генерал напиша:
Зоки да не погреши малку? scratch Smile
Се надевам не има порака во сликата.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 21:48

Има слика но што бара сликата тука Smile
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 21:52

Frogfoot напиша:
Има слика но што бара сликата тука Smile

Tao se naj oshtrite zabi na ARM , kao shtop rekov poraka e!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 22:57

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО ГО СМЕТААТ ЗА ТЕ­РО­РИ­ЗАМ

Македонија жртва на специјална војна?


"Ова е класичен терористички акт. Не ви е гајле кои се жртвите. По начинот на убис­тва­та, кои се класична егзекуција извршена од професионалци, јасна е по­вр­за­нос­та на убијците со групи преку границата. Добрата работа во оваа голема тра­ге­ди­ја е што не се испотепавме меѓусебно Македонци и Албанци", го квалификува про­фе­сор­ка­та Билјана Ванковска од Институтот за безбедност, одбрана и мир пет­крат­но­то убиство кај Смилковското езеро, во близина на Скопје.

"На­ра­ча­те­лот на терористичкиот акт добро го осмислил сценариото за оваа спе­ци­јал­на војна, т.е. дека на акција ќе следи реакција. Мес­то­то на убиството, денот, наелектризираните меѓуетнички односи пре­диз­ви­каа спирално однесување, нешто што нарачателот, исто така, успешно го осмислил", посочува Ванковска.
Целта на специјалната војна е дестабилизирање на државата, провоцирање внатрешно незадоволство или немири за присилување на државата на дипломатски отстапки.
"Во секој случај, ова е сериозен удар врз Македонија. На само еден месец пред самитот на НАТО, со загрозени меѓунационални односи и со протести как­ви што имаше завчера, во очите на светот Македонија е како во граѓанска војна", збо­ру­ва Ванковска за пошироките последици кои ги има настанот.
Таа предупредува на ниската доверба која ја имаат граѓаните кон институциите во мо­мен­тов. Доказ за неа е тоа што за убиството на петтемина цивили повеќе им се ве­ру­ва на шпекулациите отколку на тоа што го зборува МВР. Ванковска им за­бе­ле­жу­ва и на медиумите бидејќи, вели, на ниту една од телевизиите не и` текна да ор­га­ни­зи­ра дебатна емисија, да ја повика министерката за внатрешни работи со ек­спер­ти да и` дадат една светлина на јавноста, а не таа да живее во хаос од шпе­ку­ла­ции.
Спо­ред неа, и изјавата на премиерот Никола Груевски дека и Бог ќе ги казни сто­ри­те­ли­те на монструозниот чин, е исто така, скандалозна.

Уште наседнуваме како мали деца

Про­фе­сор­ка­та од Институтот за безбедност, одбрана и мир Билјана Ванковска ве­ли дека иако избегнавме меѓуетнички конфликти по петкратното монструозно уби­ство на недолжни цивили, капка млади луѓе, сепак, ние на оваа специјална војна про­тив Македонија и натаму наседнуваме како мали деца.
"На кого фрлаа камења тие разбеснети навивачи завчера? На својата полиција, на сво­ја­та влада? По државата маваат Албанците, маваме ние, е па ај да ја рас­ту­ри­ме Македонија", размислува професорката, која ги обвинува институциите што доз­во­ли­ја хулиганите меѓу навивачите од трибините да излезат на улица и од кон­тро­ла.
"Тоа е парамилитантна група која, во континуитет, регрутира млади луѓе. Ис­фрус­три­ра­ни запалени млади глави, кои сега ги копираат истите такви што дивееја во Гос­ти­вар", ги анализира Ванковска т.н. навивачки групи, кои прават сè поголеми бе­ли во Македонија, божем барајќи правда.

Превенцијата потфрли

"Факт е дека превенцијата потфрли, потфрлија разузнавачките служби кои тре­ба­ло да го спречат извршувањето на петкратното убиство, зашто се ра­бо­ти за организирана група, за планирано убиство, во кое било користено и ав­то­мат­ско оружје кое не може да се поседува легално", укажува професорката Ван­ков­ска.

С.К.Д.
----

Добра читаност..

17.04.2012, 20:20

Текстот е прочитан 26767 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 22:58

И е точен.
ни ја мерат вољата.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty18/4/2012, 23:07

Конечно некој од угледните професори да се јави и да каже нешто од стручен аспект. Се наслушавме и нагледавме квази експерти, но едно вакво мислење има своја тежина.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty19/4/2012, 01:37

Од скоро сите нејзини колумни може да се заклучи дека навистина си го знае занаетот. Браво за мојата идна професорка Smile
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty19/4/2012, 09:16

Ovaa zhena beshe, e, i verojatno kje mi ostane lichno - eden do redkite VISTINSKI Defendoloshko/Irenistichki eksperti kaj nas (a takvi nemame za zhal mnogu - iako site se pravat "znalci") - za kogo imam poprilichno visoko mislenje i golemo uvazhuvanje - vo pogled na nejziniot intelektualen kapacitet, erdutiven kvalitet i logichki sens....eden od redkite....zatoa kutrata - i e potpolno marginalizirana....od strana na site dosegashni vladeachki bandi (kako segashnive, taka i prethodnive)....koi neli vo svoite barabski redovi - se polni so razno-razni "struchnjaci" i "eksperti"....koi aj shto nemaat 2 grama mozok - ne zavrshile ni 2 dena shkolo (za shto konkretno treba) - za striktna razlika od nea, i samo par drugi kon koi imam visoko mislenje....
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty19/4/2012, 11:44

Frogfoot напиша:
Ванковска им за­бе­ле­жу­ва и на медиумите бидејќи, вели, на ниту една од телевизиите не и` текна да ор­га­ни­зи­ра дебатна емисија, да ја повика министерката за внатрешни работи со ек­спер­ти да и` дадат една светлина на јавноста, а не таа да живее во хаос од шпе­ку­ла­ции.
Спо­ред неа, и изјавата на премиерот Никола Груевски дека и Бог ќе ги казни сто­ри­те­ли­те на монструозниот чин, е исто така, скандалозна.

Кој да организира дебата? Со кого? Кој ќе ја повика министерката за внатрешни?
Во вакви моменти се гледа недостатокот на независни медиуми во Македонија. Откако сите беа (сакале-неќеле) ставени под партиски патронат, веќе немаме медиум од кого би чуле независно мислење, анализа. Медиум кој можеби ќе исчепка информација која би била корисна како за истрагата, така и за граѓаните.
Дебата помеѓу политичките опоненти веќе имаме заборавено како изгледа.
Додека изјавата дека ќе оставиме бог наместо државата да ги казни сторителите не вреди ни да се коментира.

Frogfoot напиша:
Превенцијата потфрли

"Факт е дека превенцијата потфрли, потфрлија разузнавачките служби кои тре­ба­ло да го спречат извршувањето на петкратното убиство, зашто се ра­бо­ти за организирана група, за планирано убиство, во кое било користено и ав­то­мат­ско оружје кое не може да се поседува легално", укажува професорката Ван­ков­ска.

Треба да се види и испита кои се приоритетите на разузнавачките служби на РМ.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty19/4/2012, 12:48

Одлично кажано и од двајцата aplauz

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 49 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 49 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: