|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:12 | |
| Спречување службено лице во вршење службено дејствие
Член 382
(1)Тој што со сила или сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие или ќе го присили на вршење службено дејствие, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2)Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот го навредил или малтретирал службеното лице или му задал телесни повреди или му се заканува со употреба на оружје, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3)Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори спрема службено лице или лице кое помага при вршењето работи на јавната безбедност или на заштита на уставниот поредок на Република Македонија што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело, фаќање на сторител на кривично дело,чување на јавниот ред и мир или чување на лице лишено од слобода, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4)За обид на делото од ставовите 1 и 2 се казнува.
(5)Ако сторителот на делото од ставовите 1, 2 и 3 бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое помага, може да се ослободи од казна. Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
Член 383
(1)Тој што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне службено лице или лице кое помага при вршење работи на јавната безбедност или заштита на уставниот поредок на Република Македонија што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело, фаќање на сторител на кривично дело, чување на јавниот ред и мир или чување на лице лишено од слобода, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2)Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува службеното лице или лицето кое помага или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3)Ако при извршувањето на делото од став 1 на службеното лице или на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4)Ако сторителот на делото од ставовите 1 и 2 бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое помага, може да се ослободи од казна. Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие
Член 384
(1)Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2)Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до пет години. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:29 | |
| Ма ајде мислиш дека ова ќе важи за нив шиптарана све е поврзано овој му е комсија на оној што вујко му е другар на оној у парламент па ќе му се скрати казна или нема да му се изречи ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | meth
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:32 | |
| - Волчко напиша:
- Ма ајде мислиш дека ова ќе важи за нив шиптарана све е поврзано овој му е комсија на оној што вујко му е другар на оној у парламент па ќе му се скрати казна или нема да му се изречи
Па незнам баш не би се согласил мора да му се изречи зш у прашање е стабилизацијата на земјава ... а за кратење сите казни се кратат .. | |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:33 | |
| Па баш тоа ми е зборот сегде се крати до дека некој не се земе како исклучот да му испишат секоја казна до максимум и кјутек да ги изнатепаат во болница да го пратат нема пораката да се свати ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:35 | |
| - Волчко напиша:
- Па баш тоа ми е зборот сегде се крати до дека некој не се земе како исклучот да му испишат секоја казна до максимум и кјутек да ги изнатепаат во болница да го пратат нема пораката да се свати
Сакав да ги споделам со вас овие работи. Е сега спроведувањето на нив е веќе нешто друго ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:36 | |
| - Генерал напиша:
- Волчко напиша:
- Па баш тоа ми е зборот сегде се крати до дека некој не се земе како исклучот да му испишат секоја казна до максимум и кјутек да ги изнатепаат во болница да го пратат нема пораката да се свати
Сакав да ги споделам со вас овие работи. Е сега спроведувањето на нив е веќе нешто друго Знам која ви беше на вас целта јас само изкоментирав моето мислење ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/3/2012, 22:42 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/3/2012, 00:36 | |
| Со зборовите дека медиумите претеруваат, оти инцидентот со запаленото македонско знаме во албанскиот град Бурел се случил од мал број луѓе и во мал град, денеска заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија се обиде да се извлече од одговор на новинарското прашање до каде е истрагата и дали се фатени потпалувачите, кои јасно се гледаат на снимката. Тој сепак го осуди чинот, јави Канал 5.
- Палењето на знамето во албанското градче Бурел е инцидент предизвикан од поединци и не ја одразува соработката и добрите односи меѓу Македонија и Албанија - изјави албанскиот заменик министер за внатрешни работи Авенир Пека.
Тој вели дека палењето на знамето најверојатно е предизвикано од инцидентната состојба во Македонија, и рече дека албанското МВР го истражува случајот и ги бара одговорните.
Пека ова го изјави во Охрид по потпишувањето на договорот за продлабочување на македонско-албанската полициска соработка со отворање на контакт центар на граничниот премин Ќафасан.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е домаќин на 9. годишна конференција на министри за внатрешни работи за соработка во областа на гранична безбедност во југоисточна Европа. Теми на конференцијата која попладнево беше отворена ќе биде борбата против прекуграничниот криминал и почитувањето на шенгенскиот визен режим. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/3/2012, 00:37 | |
| Скопската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишниот Ј.С., две години постариот Н.А. и малолетникот М.С.(15), сите од скопското село Сингелиќ, поради сомнение дека на 13 овој месец, околу 12.30 часот во автобусот на ЈСП со број 65, во скопска Автокоманда, го нападнале деветнаесетгодишниот Д.П. , удирајќи го со тупаници и клоци во главата и телото, нанесувајќи му видливи телесни повреди. Насилниците, според МВР, сториле кривично дело насилство оти предизвикале страв и несигурност и кај останатите патници во автобусот. Денеска пријавените биле одведени на распит кај истражен судија во скопскиот Кривичен суд. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 17/3/2012, 00:38 | |
| Груевски во „Јади бурек“: Медиумите пренагласено известуваат за меѓуетничките инциденти
Во вечерашната емисија „Јади бурек“ кај водителот Јанко Илковски, гостува премиерот Никола Груевски. Тој во врска со меѓуетничките тензии и тековната состојба на тој план, истакна дека се работи за непријатен период, за кој меѓу другото ја обвини и опозицијата. - Беше тоа непријатен период, тепачки, напаѓања. Причините може дополнително да се анализираат, но во сето тоа одмогнаа изјави од лица од опозицијата, а помогнаа пријавите кои МВР ги покрена против сторителите. Некој колку и да сака не може да го сруши она што е градено со години, рече Груевски и потенцираше дека оние кои што учествувале во тепачките се деца, кои заради нивната возраст се подложни на манипулација и истакна дека е важна улогата на домашното воспитување и на училиштата во воспитувањето. Премиерот не пропушти да се осврне на медиумите и рече дека тие исто така, по негово мислење без лоша намера, допринеле со начинот на кој ги претставувале инцидентите и конфликтите во програмата, да се поттикне паника во јавноста. - Понекогаш се пренагласува, се известува за работи за кои во други земји не се дава толку големо значење, рече Груевски. Во врска со декриминализацијата на клеветата за новинарите, Груевски подвлече дека само три или четири земји во Европската Унија ја имаат укинато затворската казна за ова дело, а Македонија би била меѓу првите. - Здружението на новинари бараат укинување на затворската казна и начелно постои расположение кај нас да се делува во тој правец, но треба да прифатат и некои насоки во однос на етика и професионализација на новинарите, рече тој додавајќи дека „дел од новинарите инклинираат кон можност да прават што сакаат“. На прашањето дали во инцидентите има личности кои членуваат во политички партии и согласно тоа делуваат во контекст на создавање меѓуетнички тензии, Груевски рече дека за такво нешто нема докази, но дека постојат сомневања за такво нешто, зашто полицијата привела лица за кои има претходни сознанија и кои имале полициски досиеја. Во врска со дијалогот кој се води на високо ниво, премиерот објасни дека се работи за детектирање на местата каде треба дополнителен напредок кој може да се постигне со реформи, во јавната администрација, судството. - Тоа не е влегување во ЕУ на задна врата, но кога ќе почнат реалните преговори ние ќе имаме поголем дел од работата завршено. Ќе ги отвориме поглавјата поврзани со правото, правдата, администрацијата, судството кои условно добиваат најмногу поени во ЕУ. Теоретски, ако ни требаат три четири или пет години за влез, сега тој период ќе се намали, истакна Груевски. Премиерот ги искритикува постапките кои ги води Уставниот суд во врска со некои законски решенија предвидени од владата, како на пример она со „електронска достава на судски покани“. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|