Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 00:33

Искрено, мислам дека не му треба нив војна и нови жртви, политички остваруваат се што не успеаа? со пушка!

Ова е секогаш пред некој важен настан ЗАДОЛЖИТЕЛНО има нешто, и многу е наивно да се верува дека се изолирани инциденти. Ова со полицаецов засега верувам дека нема никаква врска , но претходно протестите во Струга беа итекако политички мотивиран процес. И за сето тоа нас ни штети и добиваме опаски од ЕУ, а сега за мај искрено јас немам голема надеж бидејќи цело време не подготвуваат за негативен одговор. Освен ако не го решиме проблемот со името во Април Glava v zid

Инцидентиве по Скопје,Кичево и сл. се дела на дечишта кои вршат некој вид на одмазда за тоа во Гостивар.

Најмногу од се боли тоа што изјавите на Власта во јавноста се крајно дозирани и по никоја цена не дозволуваат земјотрес во коалицијата со ДУИ, кој трие раце.

Иначе , што прави Али Ахмети, уште е во Парламентот? нешто читав го дал својот мандат на располагање и сл.. има нешто во тоа вистини?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 01:45

Нападот на полицаецот Јаким Трифуновски е смислен чин да се застраши припадникот на МВР кој имал сознанија за нелегални бизниси и трговија со дрога со што вознемирил делови од гостиварското подземје, пренесе Канал 5 информации на анонимни полициски извори кои, како што јави телевизијата, одлично ја познавале состојбата на потегот гостиварско – косовска граница.
Полицаецот од Гостивар Трифуновски во вторникот во самоодбрана застрела двајца Албанци, во тепачка на која и претходела расправија за паркинг-место.

Според изворите на Канал 5, причините за нападот треба да се бараат во фактот што Трифуновски како граничен полицаец, делумен сопственик на угостителски објект во Вруток и контактите што ги имал во овој регион имал одличен увид во нелегалните бизниси што се одвиваат на овој дел од границата со Косово.

Изворите на Канал 5, тврдат дека Трифуновски со своите информации кои ги доставувал до соодветните служби во неколку наврати спречил сериозни обиди за шверц особено за трговија со наркотични средства преку граница со Косово со што вознемирил делови од гостиварското подземје.

„Фактот што ниту полицијата, ниту јавноста се уште не знае ништо за идентитетот на двајцата учесници во инцидентот дополнително дава вредност на овие тези според кои мотивот за нападот на полицаецот воопшто не бил за паркинг простор туку имал за цел да го замолчи“, јави Канал 5.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 03:28

Прееска таман го напишав постот... а беше бајаги долг, ми секна нетот.
Сега гледам дојде но веќе е 03:30, па немам доволно концентрација да образложам што како.
Ај утре... т.е после по сабајлечки.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 12:20

Makedon напиша:
Инаку за да ви стане појасно гледајте на Ју Тјуб ја има последната емисија на Васко Ефтов со бивш платеник и член на француската тајна служба Југослав Петрушиќ!!! После емисијата многу работи ќе ви станат јасни, на кратко се спрема второ полувреме со "браќава" ама многу големо и овојпат навистина татковинско!!!

Ја гледав вчера репризата.... иако изнесе голем број на тези, некој познати, некој би рекол дискутабилни... сепак не би зел се здраво на готово, барем не од човек кој доаѓа од тоа милје (разузнавање/трговија со оружје/обука на борци).
Тоа дека има, т.е е во тек голема експанзија/пенетрација на Турците на овие простори... особено кај нас, е точно.. но тоа не е од вчера. Си земаат луѓето подобра позиција за претстојната прераспределба на сили (и територии) која надоаѓа. Та зарем навистина мислите дека постои нешто како Македонско-Турско стратешко пријателство, братство или не знам ти што!? Белким не бевме во "братство" 500 години под нив? Ни ибаа мамата, повеќе од половина муслимани кои живеат во Македонија се тоа токму поради нив, настаните во Струга од каде ескалираше последниов период целата фрка беше инспирирана од радикални муслимански струи кој доаѓаат токму од Турција, додека главните актери кој дигнаа џева, палеа и кршеа цркви беа македонци-муслимани (кои за себе сметаат дека се Албанци, а говорат македонски и пишуваат кирилица Rolling Eyes ).

Зарем мислите дека Турција во 2008-ма на НАТО самитот во Букурешт не можеше да изигра поинаку доколку сакаше? Та зарем таа немаше право на вето како што го имаше и Грција? Ви текнува ли дека и тогаш имаше шпекулации за наводна блокада од страна на Турција за проширувањето доколку и Македонија не биде од пакетот заедно со Албанија и Хрватска. Што се случи... знаеме како заврши сето тоа, Турција си поќуте, Грција си ги оствари стратешките цели, ние го јадевме к**от. На Турција од стратешки интерес и беше да има уште една доминантно муслиманска држава во НАТО, со што ќе има и стратешки партнер на овие простори кој во зависност од нејзините планови и желби ќе може да врши притисок овде или онде... но воглавном во Косово и Македонија преку големото Албанско малцинство.

За тоа колку економски се влијтелни овде нема потреба да се говори, тоа го објасни и Петрушиќ и тука со него се сложувам. Ги купија аеродромите, пола Скопје го искупија на разно разни тендери на кои се пријавува само една фирма... без исклучок турска. Зошто некој ги местеше тендерите да токму турски фирми ги купат капителните објекти во Македонија... а не пак да речеме германски или австриски... како Hochtief или Виенските аеродроми?
За турскиве серии и филмови уопште па и да не зборам... се уфилмаа македонски деца дека се Полат, Мемати или Султанот. Тие серии не идат на турски канали... идат на Македонски... поточно на СИТЕ Македонски ТВ канали.

Што се однесува до албанците и до скорешниве настани... мене сето тоа ми мириса на диригирано сценарио, и тоа помеѓу албанскиот и македонскиот партнер во власта, оттаму и млаките реакции од државните институции по повод сите овие тепачки, убиства, кршења, палења итн.
Што ви кажува тоа дека во време кога државава сериозно се ниша, за премиерот и неговата врхушка поприоритетно е да оди на road show во Индија?
Или дека кога беа настаните во Струга они беа на "road show" во Турција, претходно кога беа настаните на калето... они беа на "road show" во Сингапур и Јапонија... кога го апсеа Љубе беа не знам каде.
Сето ова е една опасна политичка игра во која за жал подебелиот крај го јадат Македонците, за да биде нели потрагично самите ние ова си го правиме... и тоа е она кое мене ме вади од такт. Толку да се немало осет за државност.
Па ја да бев министер за внатрешни и да ми се случуваа вакви работи дома кај мене... во мој ресор, не да ќе дадев оставка... ќе се упуцав пред камери.
Но јасно, она кутрата е ставена таму да глуми министер за внатрешни... кој е вистинскиот министер ми се чини знаат и врапчињата.
Кому му одговара да генерира ваква криза во МК, и со која цел ми се чини ќе дознаеме многу скоро... каков ќе биде исходот... е тоа не знам, но настаниве не ми влеваат многу оптимизам дека исходот ќе биде поволен по нас. Тешко дури и дека ќе извадиме нерешено како во 2001-ва.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 13:51

Момче избодено со нож

Инцидентот се случил за банална причина. Нападнатото момче случајно удрило по рака едно од групата момчиња со кои се разминувал во близина на Министерството за транспорт и врски, информираат од МВР.

19 – годишно момче од Скопје синоќа било прободено со нож на улицата „Црвена општина“. Ф.Д. прво бил нападнат од четири лица, а на крајот добил и еден убод од нож од десната страна на градниот кош.

Причината за немилиот настан е банална. Според полицијата, додека момчето се разминувало со групата момчиња едното од нив се удрило со него по рацете. Тој на албански му се обратил на Ф.Д. со зборовите „што се шириш толку“ и извадил нож од појасот и го нападнал.

Повредениот тинејџер е пренесен во Градската болница каде што му е санирана повредата, но е задржан на понатамошно лекување. Полицијата трага по напаѓачите.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88008


Ај може некој ден ќе се сретнеме со овие типциве па ќе видиме кој ќе извлече подебел крај. Џигерот би му го извадил.
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 14:31

Ја гледав и јас емисијата и покрај тоа што се изнесени некои непознати информации некако ми е чудно што човекот толку „лае„ .

Мене ме интересира една работа и барам одговор на едно прашање: Зошто, и дали е Груевски под толкав притисок од Али Ахмети да неможе да рече - доста!?

Ваквите настани како со полицаецот,кој се „случајни„ и кои вероватно немаат политичка позадина,ја подгреваат тавата со пуканки и тинејџерите а и повозрасните тоа го користат за пресметки од банлна причина.

Неединството помеѓу Македонците и немањето на голема национална свест дозволува до тоа да политичкиот блок - македонски,е поделен а тоа дебело го користи албанскиот политички блок и затоа се случуваат вакви работи. Со паметна политика помеѓу двата блока (за Македонија а не за нивни цели) може да делумно се изолира албанскиот политички блок и да му се скратат крилата, но тоа нема вероватно никогаш да се деси.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 14:35

Profesionalec напиша:
Ја гледав и јас емисијата и покрај тоа што се изнесени некои непознати информации некако ми е чудно што човекот толку „лае„ .

Мене ме интересира една работа и барам одговор на едно прашање: Зошто, и дали е Груевски под толкав притисок од Али Ахмети да неможе да рече - доста!?

Ваквите настани како со полицаецот,кој се „случајни„ и кои вероватно немаат политичка позадина,ја подгреваат тавата со пуканки и тинејџерите а и повозрасните тоа го користат за пресметки од банлна причина.

Неединството помеѓу Македонците и немањето на голема национална свест дозволува до тоа да политичкиот блок - македонски,е поделен а тоа дебело го користи албанскиот политички блок и затоа се случуваат вакви работи. Со паметна политика помеѓу двата блока (за Македонија а не за нивни цели) може да делумно се изолира албанскиот политички блок и да му се скратат крилата, но тоа нема вероватно никогаш да се деси.

Знаете на што дојдовме, да мораме да имаме апсолутно мнозинство во парламент за да "браќава" не условуваат толку. Така беше пред изборите, Груевски имаше 61 и можеше да прави што сака е сега нема и ќе мора да ќути, а знаеме колку е тешко било која од македонскиве партии да има 61 пратеник!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 14:54

Profesionalec напиша:
Ја гледав и јас емисијата и покрај тоа што се изнесени некои непознати информации некако ми е чудно што човекот толку „лае„.

Па тоа и јас го велам... во ред е тоа што си збори човекот, но од каде да знам дека и тоа не го говори за нечии интерес.
Ко што велат некои од северниве комшии... "ееее... да си бевте сега со нас немаше да ве чачкаат шабаниве".

Profesionalec напиша:
Мене ме интересира една работа и барам одговор на едно прашање: Зошто, и дали е Груевски под толкав притисок од Али Ахмети да неможе да рече - доста!?

Не може, прво не му стиска... друго, му зависи бизнисот од него (исто како што им зависеше и на тие претходните кои беа во коалиција со него... а може да бидат и во иднина), без него во коалицијата, нема мнозинство во парламентот = нема влада.
Дури добивам впечаток и како да се свети на одреден начин на македонците бидејќи на последните избори не му ја дадоа довербата која ја очекуваше.
Демек немам комплетна контрола во владата и парламентот.... еве ви го на, трпете го Ахмети и "браќата". Комплетно се повече. Но пак ќе кажам, ова е мое субјективно мислење. Моите "несимпатии" кои го имам кон "лидеров" не ги кријам и ми се чини се познати. За редица работи.

Profesionalec напиша:
Ваквите настани како со полицаецот, кој се „случајни„ и кои вероватно немаат политичка позадина, ја подгреваат тавата со пуканки и тинејџерите а и повозрасните тоа го користат за пресметки од банална причина.

Политичка позадина секако дека имаат, наивно би било да се верува дека сето ова е пука случајност... но не би се сложил и дека сите овие "пресметки" или сачекуши се од банална причина или повод. Тоа би било грешка по нас ако сме со такво уверување т.е заблуда.

Profesionalec напиша:
Неединството помеѓу Македонците и немањето на голема национална свест дозволува до тоа да политичкиот блок - македонски, е поделен а тоа дебело го користи албанскиот политички блок и затоа се случуваат вакви работи. Со паметна политика помеѓу двата блока (за Македонија а не за нивни цели) може да делумно се изолира албанскиот политички блок и да му се скратат крилата, но тоа нема вероватно никогаш да се деси.

Неединството помеѓу Македонците ескалираше буквално во последниве 5-6 години. Кон што ќе се обединат Македонците, кон која опција?
Еве јас никако не можам да најдам точка на разбирање за "вистинава" која катадневно ја (агит) пропагираат по телевизија и веснициве. Како сме ние антички Македонци (а јас не се чуствувам за таков), како Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Мара Бунева всушност биле херои (а јас не ги сметам за такви), како огромните пари кои ги фрлија на глупости се всушност добар потег (а не се, бидејќи можеше истиот кеш да се вложи во мноооооооооогу побитни работи, армијата да речеме)... итн, итн...
Од друга страна имаме тотално анемична опозиција која собира ситни политички поени на трошките кои паѓаат од масата на Грујо и командант Али. Група ситни трговци кои ги здоболе стапот за Македонија и она што во моментов се случува. Демек ќе чекаме овој комплетно да усере па ќе дојдеме како спасители... а кутрите не знаат дека додека дојде тој момент земјава можеби нема ни да постои.
Мала, малечка искра требаше за да отиде целава ситуација вон контрола... замислете сега некој наш да земе пушка изреволтиран од она што се случува, отиде во некое школо во Чаир да речеме... и упуца 3-4 албанци. Ете ти ја Босна втор дел. И таму се почна од едно убиство на свадба.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 15:12

Молам бога и јас еден ден да бидеме сплотени како евреите на пример.. кој не е*аваат жива сила кога се нивните национални интереси во прашање, ама тоа како што рече профи... тешко дека некад ќе дочекам да го видам. А толку сакам да ги видам "браќава" пак да играат пиперефка.



Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty4/3/2012, 15:37

Апсолутно точно без ниту една замерка Алвар!!!
Само таа искра што ја спомна не важи само за нас туку за Балканов, многу малку фали за глупости да се напраат уште еднаш!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: