| Воздухопловен "ВИНГ" | |
|
+37gol_den_phantom69 Motorola momo leopard ESN Momak od Gjorce BoyfromKavadarci Alvar Macedonian09 Panter debarska Macedonian Knight assasian Iko Dejan N JKD legend1979 РИС Legija91 MarkoMKD dzango86 Goust ZaMakedonija Mrshajnoski Wolf filip555 andrej Зоран Генерал Desperado shady3 Subzero SIG Тачка Makedon Profesionalec AlexGreat 41 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 12/9/2014, 23:34 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 15/10/2014, 15:30 | |
| Одбележување на денот на бВНЈДенес (15.10.2014 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ) од составот на воздухопловната бригада (вбр). Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 15-ти октомври е одреден за ден на бВНЈ. За ден на единицата е земен историски датум од 15 октомври 1943 година. Тој ден се смета како почеток на воздушното набљудување во Република Македонија бидејќи на 15 октомври 1943 година во реонот на месноста Црвена Вода на планината Караорман е организирано уредување на импровизиран аеродром на којшто е доставена првата воена помош од 6 британски авиони за македонската војска. На успешното прифаќање на помошта му претходеле повеќе активности како што се издавање на наредба за уредување на аеродромот, означување на истиот, организирање на визуелно набљудување на воздушниот простор поради навремено активирање на сигналите по појавување на авионите, кое што и претставува една од првите задачи од овој тип во Република Македонија. Овој историски настан бВНЈ го слави како ден на единицата и претставува продолжување на тие традиции. Командантот на бВНЈ, потполковник Александар Крстевски во обраќањето пред присутните истакна дека припадниците на бВНЈ, со својот професионализам, несебична посветеност кон професијата и службата, длабоко врежаниот војнички кодекс на однесување, како и ефикасноста при извршувањето на сите поставени задачи ги негуваат втемелените вредности и ги одржуваат веќе поставените високи стандарди на еден припадник на единица за воздушно набљудување и јавување. На свеченоста присуствуваа: Командантот на вбр полковник м-р Кире Колевски, Началникот на Штаб на вбр полковник Заим Шријељ, претставници од вбр, локалната самоуправа, МВР, пензионирани припадници од бВНЈ и други гости. Пред стројот беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот. Свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците од составот на баталјонот. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/10/den_na_bvnj.html | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 21/10/2014, 15:03 | |
| Примопредавање на должност командант на сквадронот за транспортни хеликоптериВо касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец на ден 20.октомври се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот на транспортни хеликоптери (стх) од воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста покрај командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр. Командантот на вбр во своето обраќање се заблагодари на потполковник Слободан Иванов за досегашните постигнати резултати, а од новоназначениот командант мајор Игорчо Стоименовски побара максимална посветеност во извршувањето на должноста и постигнување на високи резултати при извршување на поставените задачи. Во својот говор досегашниот командант на стх истакна дека колективот е обучен и мотивиран за справување со секаков вид на задачи воедно им се заблагодари за залагањето и професионалноста. Новоназначениот командант се заблагодари за укажаната доверба да командува со единицата во која се наоѓаат врвни професионалци и истакна дека во понатамошниот период очекува поддршка и максимално ангажирање на сите припадници во реализација на мисијата и задачите на единицата. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/10/primopredavanje_komandanti_vbr.html | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 22/10/2014, 20:17 | |
| Интензивна меѓуармиска соработка во воздухопловната бригадаВо текот на изминатата недела во воздухопловната бригада (вбр) се одвиваше интензивна меѓуармиска активност преку остварени посети од официјални претставници на странски армии и организации со кои вбр остварува соработка. На ден 13.10.2014 година во посета на воздухопловната бригада престојуваше одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Македонија полковник Ивица Матешиќ. Посетата беше со цел за водење на разговори во врска со ремонти на моторите како и искуства околу набавка и користење на резервни делови за хеликоптерите. На ден 17.10.2014 година е остварена средба со одбранбеното аташе на Република Франција во Република Македонија потполковник Стефан Лошлетер во придружба на претставник на фирмата “LH Aviation”. Од страна на претставникот од фирмата се одржа презентација за неколку варијанти на авиони и беспилотни летала кои ги произведува фирмата. Во текот на посетите се опфатени теми од доменот на воздухопловството кои се од интерес за билатералната соработка. Покрај официјалните претставници на армиите од НАТО земјите со кои соработува АРМ на 21.10.2014 година вбр ја посетија и фотографи ентузијасти од Обединето Кралство од асоцијацијата „Warton Aviation Society“ кои за време на посетата се запознаа со воздухопловите со кои располага вбр со цел правење на фото сторија за леталата. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/10/intzivna_meguarmiska_vbr.html | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 20/11/2014, 13:50 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 20/11/2014, 13:51 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 27/12/2014, 15:41 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 12/1/2015, 14:39 | |
| Седум години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско БлацеВо касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележана седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележана седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, припадници на Воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, ќе положат венци цвеќе на спомен обележјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце. На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, припадници на ЗОК и вбр на АРМ, претставници од општината Петровец. Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта. Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски. http://www.alfa.mk/News.aspx?id=87934#.VLPOZcmU51Q | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 12/1/2015, 15:13 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 23/1/2015, 21:15 | |
| Соработка на воздухопловната бригада со военото воздухопловство на Р. Хрватска во делот на воздухопловно техничкото одржување Во периодот од 12.01 - 23.01.2015 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализираа состаноци со припадници на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Р. Хрватска. Посетата на тимот од Р. Хрватска е дел од билатералната соработка на Армија на Република Македонија и Армијата на Р.Хрватска за размена на искуства и соработка во делот на воздухопловно техничкото одржување на хеликоптерите, особено во делот на инструменти радио и електроопрема. Како дел од програмата претставниците од Р. Хрватска во текот на престојот во вбр по приемот кај командантот на воздухопловната бригада, полковник Кире Колевски реализираа повеќе состаноци на кои беа разменети искуства за хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24. Припадниците на тимот се воздухопловни техничари за хеликоптери од состав на 91-та воздухопловна база од Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана на Република Хрватска. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/01/poseta_hrvatska.html | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" | |
| |
|
| |
| Воздухопловен "ВИНГ" | |
|