Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воздухопловен "ВИНГ"

Go down 
+37
gol_den_phantom69
Motorola
momo
leopard
ESN
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
Alvar
Macedonian09
Panter
debarska
Macedonian Knight
assasian
Iko
Dejan N
JKD
legend1979
РИС
Legija91
MarkoMKD
dzango86
Goust
ZaMakedonija
Mrshajnoski
Wolf
filip555
andrej
Зоран
Генерал
Desperado
shady3
Subzero
SIG
Тачка
Makedon
Profesionalec
AlexGreat
41 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 40 ... 66  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty8/2/2013, 15:14

Поздрав и од мене до него и сите останати...

За сликата Shocked Shocked Shocked aplauz aplauz aplauz

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty1/3/2013, 12:19

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 482539_570156176330404_1975199275_n
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty1/3/2013, 16:15

Стигнаа...
Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Simulatorg
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty1/3/2013, 17:07

Симулаторите? Ај честито! aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty8/3/2013, 16:10

Превземено од Драган миг-31...

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 226477_4814572275476_90313243_nВоздухопловен "ВИНГ" - Page 15 544196_4814572195474_300169958_n

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 599093_4814572355478_1932420358_nВоздухопловен "ВИНГ" - Page 15 598953_4814572915492_850126410_n
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty25/3/2013, 23:02

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 156081_4781935183055_809064181_n
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty5/4/2013, 23:40

Нова страница на македонското ВВ Полковник Кире Колевски, командант на Воздухопловната бригада при ЗОК на АРМ

Полковникот Кире Колевски е во АРМ од нејзиното формирање. Пред да стане командант на Воздухопловната бригада (бБР)при ЗОК на АРМ беше командант на воздухопловниот Винг на АРМ. Покрај другото, завршил Воздухопловна воена академија (ВВА) во Задар (Хрватска), насока борбени хеликоптери, а во текот на учебната 2010–2011 година дипломирал на Индустриски колеџ на вооружените сили (ICAF) во Вашингтон, САД и се здобива со звање магистер на науки од областа на Стратегијата на националните ресурси. Еден е од првите тројца пилоти обучени од страна на израелската компанија „Елбит“ за летање со модернизирана опрема, со сертификат за инструктор за летање со помош на визири. Во својата кариера се здобил со звањата инструктор/наставник и пробен пилот за хеликоптерот Ми-8/17 и борбениот хеликоптер Ми-24, а во 2009 година го добил највисокото летачко звање во АРМ – инспектор по летање. Неговото богато искуство сега го користи за отворање нови страници во историјата на македонското ВВ.

Дали и колку сегашната трансформација на Военото воздухопловство одговара на предизвиците на новото време?
– Ќе ве потсетам на самиот почеток на првата половина на 1992 година кога бевме исправени пред можеби најголемиот предизвик –да се дојде во Република Македонија и за првпат да се формира Воено воздухопловство на независна Македонија. ВВ и ПВО е најновата структура на военото организирање во долгата воена историја на Македонија, но не помалку важна од останатите видови, и сигурен сум дека во годините кои претстојат, важноста на ВВ и ПВО и улогата која ја има во одбранбениот систем на РМ ќе биде исклучителна.
Трансформацијата како процес подразбира промена кон подобра организација и повисоко ниво на ефикасност на Воздухопловната бригада и, секако, ги следи промените во општеството и идните предизвици насочени кон евроатлантските интеграции. Денешната единица својот почеток го бележи во 1992 година кога Военото воздухопловство се формираше по распаѓањето на ЈНА и се конституираше новата македонска држава. Поточно, темелите на Македонското ВВ беа удрени на 10 април, кога е формирана Командата на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана со потчинета Авијациска бригада како прва воздухопловна летачка единица на АРМ. Други единици под командата на ВВ и ПВО беа: Лесен артилериски ракетен полк ПВО, Полк ВНЈИН и Воздухопловна база. Авијациската бригада ја сочинуваа авијацискиот, транспортниот и борбениот хеликоптерски сквадрон.
Како резултат на структурните промени, во 1994 година Авијациската бригада беше преименувана во Воздухопловна бригада, сè до следната трансформација која се случи во 2001 година со формирање на Командата на ПВО и ВВ со Авијацискиот баталјон и потчинетите единици. Со таа формација единицата ги помина турбулентните 2001 и 2002 година когa дојде до реорганизација и промена на Авијацискиот баталјон во Воздухопловен ВИНГ и Командата на ВВ и ПВО. Следната трансформација резултираше со укинување на Командата на ВВ и ПВО и разделување на трите родовски единици (авијација, ПВО и ВНЈ) во различни команди. Во согласност со новата „здружена” формација на АРМ, на 6 октомври 2005 година, на воениот дел на аеродромот „Петровец“ се изврши промоција на воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Оваа помала, покомпактна единица, наречена ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група), стартуваше со нови предизвици во делот на модернизацијата на воздухопловите, земање учество во меѓународни НАТО и ЕУ-вежби и мисии за заштита на мирот.
Како резултат на анализата на научените лекции, најновата трансформација од 2012 година придонесе за формирање на Воздухопловна бригада (Вбр) во состав на Здружената оперативна команда и повторно организирање под единствена команда на трите воздухопловни родови на АРМ.

Кои се главните новини и придобивки од трансформацијата на ВИНГ во Вбр?
– Со повторното соединување под една команда на трите воздухопловни родови: авијацијата, противвоздушната одбрана и воздушното набљудување, трансформацијата е „осудена” на успех. Спојување на воздухопловниот ВИНГ, АСОК и б.ПВО во Воздухопловна бригада придонесе единицата денес да претставува столб на обуката, одржувањето и воздухопловните операции во АРМ, со што непосредно се овозможи АРМ максимално да ги искористи капацитетите и да ја зголеми ефикасноста при извршувањето на својата мисија. Со новата трансформација, Вбр ја скрати веригата на командување, поефикасно ангажира сили, има поефикасен систем за планирање, организирање и реализација на обуки и вежби, ги зголеми борбените и огнените капацитети, со што ги ремоделираше начините на обука и го подигна нивото на безбедност во летачката обука, како и обуките со средствата на ПВО и ВНЈ. Моја заложба е со трансформацијата да се максимизираат сите расположиви капацитети на ВБР и истите да се насочат кон планско, економично и координирано извршување на задачите, со што ќе придонесеме во услови на рестриктивен воен буџет АРМ и понатаму успешно да ја извршува својата мисија.

Која е денешната мисија на Бригадата?
– Покрај основната мисија, одбрана на татковината, мисијата на Вбр опфаќа извршување на мировни и хуманитарни операции, учество во состав на регионалните сили за справување со регионалните конфликти и кризи и воопшто, заштита на севкупните интереси на Република Македонија. Во поширока смисла, мисијата на единицата опфаќа: одбрана и заштита на територијалниот интегритет и на независноста на Р. Македонија во согласност со Уставот, Законот за одбрана и Националната концепција за безбедност и одбрана на РМ, контролата и заштитата на суверенитетот над македонскиот воздушен простор, противвоздушна одбрана на вооружените сили и на виталните објекти во РМ, поддршка на силите на МВР и на единиците на локалната самоуправа и на други владини и невладини организации и институции во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на нашата држава. Како дериват на мисијата произлегува листа на суштински задачи која, војнички кажано, е најразбирлива и ја сочинуваат: блиска воздушна поддршка, воздухопловен транспорт, ПВО на единици и територии, контрола на воздушниот простор на РМ, извидување, медицинска евакуација, борбена медицинска евакуација, гасење пожари, учество на меѓународни вежби.

Македонија е земја со мала територија, но има високообучен ВВ и ПВО кадар којшто во изминатиот период се потврди во моментите кога беше најтешко. Ќе можете ли да издвоите неколку такви моменти?
– Со формирањето на ВВ и ПВО една од најголемите придобивки беше и екипирањето со соодветно образуван воздухопловен кадар кој во времето кое претстоеше претставуваше одлична база за надградба и усовршување на генерациите кои следеа. Ќе напоменам дека ВВ и ПВО од самиот почеток во 1990-тите години активно промовираше политика на изучување на англискиот јазик и обновување и проширување на знаењата од областа на авијацијата, ПВО и ВНЈ, со што на ниво на МО/АРМ бевме лидери за подоцнежните НАТО-интеграции. Со процесот на трансформација продолживме со ефикасна индивидуална и колективна обука на припадниците на Вбр. Преку професионална, ефикасна и реалистична обука со високомотивиран, професионален и обучен кадар на Вбр, обезбедивме успешно извршување не само на тековните задачи, туку се справивме со сите неочекувани мисии наметнати како последица на лошите временски услови, зголемените температури, пожари и безбедносната реалност на РМ.
Во изминатиот период бевме сведоци на активно учество на нашите припадници при справувањето со природните непогоди и човечкото невнимание. Секако, најсвежи се сеќавањата на гасењето пожар на манстирот „Трескавец“ (Прилепско), на почетокот на февруари, кога Вбр за помалку од 1 час крена во воздух 3 хеликоптери и спречи поголемо оштетување на манастиркиот комплекс. Во оваа пригода би напоменал дека и есента 2009 година, тогашниот ВИНГ исто така ја имаше главната улога при гасењето на манастирот „Свети Јован Бигорски“, каде што на непристапен терен со 2 хеликоптера спречи поголема трагедија. Во април 2010 г., еден хеликоптер на тогашниот ВИНГ во екстремно лоши ноќни услови, со помош на опремата за ноќно летање успеа да спаси од сигурна смрт двајца државјани на Р. Албанија кои нелегално ја преминале границата и едно деноноќие беа заглавени во длабок снег во пределот на планината Кораб. Неодамна, кога Република Македонија беше зафатена од големи снежни врнежи, многу граѓани, села, бачила и други издвоени објекти останаа отсечени од светот. Повторно Вбр овозможи со своите летала да се изврши дотур на вода, храна и медицинска помош по воздушен пат. Понатаму, следуваат мисии на гасење на пожари на целата територија на РМ, наоѓање и спасување на изгубени лица во планинските предели, ВИП-трансфери на многу истакнати личности, учество на државното првенство во падобранство, државен аеромитинг и слично.
Би сакал да напоменам дека учеството на 20-годишнината од независноста на Македонија со хеликоптерите на Вбр, како и свеченото дефиле по повод одбележувањето 20 години на АРМ со воздухопловните и земските капацитетети на Вбр, претставуваат уште еден доказ за интероперабилноста на Вбр со останатите единици на АРМ и институциите на РМ.

Бевте командант на два македонски контингенти на првата самостојна мировна мисија на РМ, АЛТЕА, и стекнавте незаменливи искуства. Колку и како тие искуства придонесуваат за создавање нов дух и нов имиџ на Бригадата?
– Две години по заминувањето на првата ротација на хеликоптерскиот детачмент во мисијата АЛТЕА во БиХ на 14 јули 2008 година, заврши првата меѓународна мисија на воздухопловнмиот ВИНГ. По многу нешта карактеристична, но пред сè поради фактот што за првпат АРМ учествуваше со хеликоптери во меѓународна мировна мисија.
Меѓународната мисија на македонското ВВ, позната под името „Букефал”, ја сочинуваа два транспортни хеликоптери Ми-17/8 и 20-член воздухопловен персонал стациониран во воздухопловната база „Ортјеш” кај Мостар, за подоцна да бидат дислоцирани во базата на ЕУФОР, Бутмир, кај Сараево, каде и го завршија учеството во мисијата на ЕУ. Сите контингенти постигнаа извонредни резултати и за ова неколкупати беа наградувани од Командата на ЕУФОР во БиХ и од НАТО-комесарот во Брисел. Со извонредните ре¬зултати во извршувањето на сите задачи поставени од командата на ЕУФОР се здобивме со симпатии пред меѓу¬народната јавност и стекнавме авторитет вреден за почит меѓу НАТО-членките. Тестот за оспособеноста на хели¬коп¬терскиот деташман и за нашата ком¬па¬ти¬билност со останатите НАТО-структури успешно го совладавме, за што го¬ворат највисоките оцени добиени од ко¬мандата на ЕУФОР во БиХ. Во текот на мисијата, поголемиот дел старешини од тогашниот ВИНГ (во оваа мисија учествуваа над 70 припадници во четири ротации), кои ги извршуваа задачите на хеликоптерски транспорт, одредено време поминаа како припадници на детачментот, со што се стекнаа со искуство за работа во меѓународни мисии што, секако ќе биде од голема корист за идните мисии кои i претстојат на Воздухопловната бригада.
Како командант на два македонски контингенти на оваа мировна мисија можам да ги потенцирам искуствата кои се гледаат во три сегменти: самата подготовка за мисијата каде што ги согледавме сите недостатоци и слабости за подготовка на ваква мисија; самата мисија, бидејќи во услови на мултинационално опкружување и без директна логистичка поддршка од РМ успеавме да ја реализираме двегодишната мисија и пренесувањето и имплементирањето на искуството во обуката на пилотскиот и на техничкиот персонал во согласност со НАТО-стандардите и искуствата стекнати во мисијата.

Во таа насока, кои се вашите видувања за Школата за пилоти и нејзините потенцијали?
– Со потпишувањето на договорот за отворање Центар за обука на пилоти помеѓу Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит” во декември 2010 година се отвори нова страница во историјата на Македонското ВВ. После повеќегодишни анализи на потребите на воздухопловната компонента на АРМ, се создадоа услови за формирање на Центар за обука на пилоти кој ќе помогне ВБР да се „ослободи” од, условно кажано, несуштинските задачи и да се посвети на извршување на оперативните мисии во рамките на АРМ.
Од осамостојувањето на Република Македонија до денес, едукацијата на нови пилоти се одвиваше во АРМ, односно во единицата за селекција и основна обука, како и во двата оперативни сквадрони. Неспорни беа квалитетите на нашите инструктори чии ученици се оперативни пилоти денес. Добар дел од нив ги потврдија своите летачки вештини на повеќе меѓународни вежби и други активности во и надвор од државата. Сепак, нашите реални капацитети не ги задоволуваа потребите за квалитетно, безбедно и економично школување, односно пополнување на летачките единици со пилоти. Гледано на среднорочен и на долгорочен план, овој процес одеше во надолна линија.
Со формирање на Центарот за обука на пилоти ќе се овозможи континуирано школување на пилотите и ќе се подигне квалитетот на обуката на оперативните пилоти со вклучување на симулатори за двата оперативни типови хеликоптери. Со ЦОП, АРМ ќе добие нови, млади пилоти, кои ќе бидат „скроени” според нашите интерни потреби, но истовремено ќе бидат подготвени да ги извршуваат сложени борбени мисии со нашите партнери од НАТО-алијансата. Посебно внимание ќе се посвети на изборот на потенцијалните пилоти, на оптималните услови за едукација (теоретска и практична) и на времето на школување, така што за 18 месеци кадетите официјално ќе ги добијат своите „крилја”. Центарот, како институција, ќе се занимава исклучиво со произведување на пилоти и со надградба на оперативните пилоти со помош на двата симулатори со висок степен на веродостојност во однос на хеликоптерите „Ми-24 Александар” и „Ми- 8/17/171”. Новина за Вбр ќе биде таканаречениот „синтетички” тренинг, односно вметнување во процесот на летачката обука на двата симулатори за летање кои во голем дел ќе ги намалат трошоците за обука и ќе ја подигнат безбедноста на летањето во Вбр.

Учесници сте на речиси секоја поголема вежба одржана во Македонија, како и на повеќе вежби во странство?
– Во септември 2012 година, на АП „Криволак“ се реализираше билатералната вежба „Предизвик 2012”. Вежбата „Предизвик 2012” беше петта по ред од ваков вид, која на „Криволак” заедно ја изведуваат припадници на АРМ, односно баталјонот ПВО од Вбр и ПВО баталјонот на Воздухопловната бригада на вооружените сили на Р. Словенија. На вежбата се реализираат боеви гаѓања на цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „ИГЛА”. Покрај високиот степен на обученост, борбените единици ја покажаа својата огнена моќ во заедничкото дејствување со војници од ист род со сојузничката словенечка армија. Понатаму, на веќе традиционалната воена вежба во Унгарија „Logical Decision 2012”, ЗОК/Вбр по вторпат беа претставени со учество на персонал од 35 припадници и три хеликоптери (два Ми-24 и еден Ми-Cool. Иако бевме единствени претставници на држава која сé уште не е членка на НАТО, припадниците на Вбр и овојпат добија највисоки признанија од останатите учесници. Вредно е да се напомене дека како воздухопловна поддршка досега имаме учествувано речиси на сите вежби во РМ: „Rescuer“, „Macedonian Flash“, „Balkan Flash“, „Challenge“, „Cooperative Longbow And Cooperative Lancer“, „Wise Wolf“ итн. Од меѓународните, покрај споменатите, Вбр има учествувано и на: „Cooperative Key 2000“ во Константа, Романија, „Cooperative Key 2002“, Сент Дизиер, Франција, „Cooperative Key 2003/2005“, Пловдив, Бугарија, „Eagle Sar 2005“, Фарка, Албанија и „Logical Decision 2010/2012“, Папа, Унгарија. Во текот на 2013 година, во зависност од од финансиските средства, се надевам дека ќе успееме да ги реализираме планираните вежби „Предизвик 2013“ и традиционалната воена вежба во Унгарија „Logical Decision 2013” .

Опремувањето на македонското ВВ со хеликоптери се наметна како врвен приоритет за нашата земја. Каква е денешната состојба?
– Воздухопловството, како од една од најкомплексните компоненти на одбранбениот систем на РМ, бара посебно внимание од доменот на логистичката поддршка и континуитет во обуката на пилотскиот и техничкиот кадар. Од тие причини, многу е важно како државата ќе го дефинира неговото место и улога во одбранбениот систем на РМ и воедно алокација на соодветни финансиски средства за поддршка. Во случајот со Вбр се направени голем број анализи кои реално ги даваат проблемите поврзани со оваа единица на АРМ. Тие говорат за проблемите во изминатите 20 години во доменот на обуката, логистиката, школувањето, мисии, вежби итн. Анализата се базира на дефинирање на идните чекори во процесот на обуката и логистичката поддршка на воздухопловната компонента на АРМ со цел целиот процес да заврши со алокација на објективни финансиски средства за поддршка на Вбр.
Опремувањето со хеликоптери е само еден дел од проблемот кој се наметна изминативе години со застарување и неремонтирање на воздухопловите на Вбр. Командата на Вбр има изработено детални планови за оваа проблематика каде што предложивме неколку модели за ремонтирање и модернизирање на постоечката флота или купување на нови современи хеликоптери и динамика на обновување на старите хеликоптери со нови. Како новина, пред неколку години предложивме избор на стратегиски партнер кој ќе одговори на потребите за обезбедување интегрирана логистичка поддршка во РМ и секаде каде што би биле упатувани единици на Вбр во мисија.

Како гледате на иницијативата на НАТО за „Балканскиот регионален пристап за противвоздушна одбрана“, како и на вклучувањето во мултинационални проекти на Алијансата?
– Иницијативата на НАТО за „Балканскиот регионален пристап за противвоздушна одбрана“ – Balkan Regional Approach to Air Defense (BRAAD) започна поодамна, но иницијативата се интензивираше во последно време. Во јануари оваа година во нашата касарна на Петровец се одржа координативен состанок со НАТО-експертите на NCIA-агенцијата со цел изработка на предаквизициска студија за набавка на радарски системи за модернизација на ПВО во рамките на НАТО-иницијативата „Балкански регионален пристап кон ПВО“, преку која би се вршела и набавката. Од наша страна, експертите од НАТО беа запознаени со капацитетите на воздушното набљудување, со системот за командување и контрола во воздухопловството, како и со комуникациите, врските и ПВО-системите на АРМ. Во оваа иницијатива, покрај Македонија учествуваат и БиХ, Албанија и Црна Гора. Нашата држава е дел од овој проект со оглед на неговата важност и инсталирањето на четири современи радарски позиции со цел покриеност на воздушниот простор над Балканот, со што Р. Македонија, односно АРМ, Вбр и бВНЈ би се обезбедиле со тридимензионален радар и инсталација на системот за автоматска обработка на податоците, добиени од набљудувањето на воздушниот простор.
Во оваа насока, значајно е да се напомене и активноста на бВНЈ во завршната фаза од потпишувањето на техничкиот договор за поврзување и размена на радарска „филтрирана” слика со Р. Грција која делумно ќе ги задоволи потребите за контрола на воздушниот простор над РМ. За оваа цел во изминатиот период е реновиран подземниот објект каде што ќе биде инсталиран системот каде што ќе заживее Оперативниот центар за воздушно набљудување и јавување на Вбр.
Во согласност со Долгорочниот план за развој на одбраната 2011–2020 година се планира подобрување на воздухопловната инфраструктура за прифаќање, базирање на капацитети и способности за патролирање во воздушниот простор (Air Policing). Се планира заеднички, со експерти на НАТО, да се изработи Студија за патролирање во воздушниот простор. Потоа, во тесни консултации со НАТО, ќе се разгледаат сите можни опции (сопствени, билатерални и мултилатерални) за обезбедување на авијациски капацитети и способности за патролирање во воздушниот простор во согласност со резултатите и заклучоците на студијата. Патролирањето во националниот воздушен простор претставува голем предизвик за Република Македонија, за нашата армија и, секако, за Вбр, за што ќе се решава во тесна соработка со НАТО. Нашиот прв чекор во таа насока е подобрување на воздухопловната инфраструктура за прифаќање и базирање на капацитети, способности за патролирање во воздушниот простор и, секако, продолжување со обуката на летачкиот и ВТСЛ-персонал.

Наскоро ќе го одбележите 21. роденден на Бригадата. Што би им порачале на припадниците на Бригадата по тој повод?
– Кога се зборува за минатото и 20-годишниот јубилеј, неизбежно мора да се спомене и иднината на воздухопловната компонента во АРМ за која сум убеден дека ќе опстои во облик кој сам по себе и не е толку важен колку што се значајни старешините и војниците кои ја сочинуваат, како и принципите и начелата врз кои опстојува како систем Универзалните вредности кои произлегуваат од мисијата на Вбр, како и службата кон татковината се трајни и се само мал дел од нашите секојдневни активности при спасувањето човечки животи и материјални добра, како и посветеноста и лојалноста кон армијата и државата. Овие вредности се квалитет само на најдобрите и сигурен сум дека и во иднина ќе бидеме препознаени како единица достојна за почит.

http://www.morm.gov.mk/contentr/?7CA7FBF541AA18082CA99A8A86C4486E6DB9FEA1
Вратете се на почетокот Go down
dzango86




Број на мислења : 5

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty26/4/2013, 16:01

Mrshajnoski напиша:
Koga zboruvame za nabavka na avioni, moram da kazam deka nam ni se potrebni jurisni avioni koi sto se sposobni za niski preleti kako na primer su-25 koj sto go imavme, bidejki samo takvi avioni odgovaraat na reljefnata struktura na makednija. NO!!! pritoa tie moraat da bidat so NATO kod. Nasite suhoi se prizemjeni poradi toa, zarem mislite ako suhoite bea amerikansko proizvodstvo ke ni gi prizemjea, naprotiv! I apsurdno e da nemame barem 2 lovci.



Zatoa treba da razmisluvame za A10 ki..... modernizirani Strasno opasni avioni Smile
Вратете се на почетокот Go down
dzango86




Број на мислења : 5

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty26/4/2013, 16:02

Nego mene treba da mi razjasnite edna dilema.... Kolku od Mi 24 kite se vo funkcija? 4 se rastureni za delovi 4 modernizirani i ostanuvaat uste 4???? sto se desava so niv?
Вратете се на почетокот Go down
MarkoMKD




Број на мислења : 14

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty26/4/2013, 16:10





Zatoa treba da razmisluvame za A10 ki..... modernizirani Strasno opasni avioni Smile[/quote]




Америка мислам дека не ги продава A-10ките,а и да ги продава ке ни ја продаде најраната верзија т.е. обичната А-10ка,која е поспора и од су-25 и по...тапа...ако ме прашуваат мене,додуша модернизираната верзија "чарли" или А-10C (мислам дека така беше) е тоа е више друга приказна (друга електроника,вооружување ти реков ми рече)
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 15 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воздухопловен "ВИНГ"
Вратете се на почетокот 
Страна 15 of 66Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 40 ... 66  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: