Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воздухопловен "ВИНГ"

Go down 
+37
gol_den_phantom69
Motorola
momo
leopard
ESN
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
Alvar
Macedonian09
Panter
debarska
Macedonian Knight
assasian
Iko
Dejan N
JKD
legend1979
РИС
Legija91
MarkoMKD
dzango86
Goust
ZaMakedonija
Mrshajnoski
Wolf
filip555
andrej
Зоран
Генерал
Desperado
shady3
Subzero
SIG
Тачка
Makedon
Profesionalec
AlexGreat
41 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 41 ... 66  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty26/4/2013, 19:59

dzango86 напиша:
Nego mene treba da mi razjasnite edna dilema.... Kolku od Mi 24 kite se vo funkcija? 4 se rastureni za delovi 4 modernizirani i ostanuvaat uste 4???? sto se desava so niv?

За комплетни бројки не е добро да се расправа. Иако во ова време релативно лесно се доаѓа до информации, сепак треба да се трудиме тие чувствителни информации да ги заштитиме колку можеме подобро...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty9/6/2013, 16:42

Утре ќе се одржи аеро-митинг во чест на Денот на воздухопловната бригада

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 1688930

Утре со почеток во 12.00 часот, во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на денот на воздухопловната бригада на АРМ.

На воениот дел од аеродромот ,,Александар Велики“ и во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, во чест на денот ќе биде прикажан аеро-митинг, тактичко-технички збор на опремата. На аеро-митингот покрај воените воздухоплови, учество ќе земат и воздухопловите на Школото за пилоти, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и аеро-клубовите од Битола и Штип, а ќе бидат прикажани и други атрактивни содржини од страна на припадниците на флајтот за специјани намени.

Постоењето на единицата се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана (ВВ и ПВО) на АРМ во чив состав велезе воздухоплопловната бригада со авијациски, транспортен и борбен хелокоптерски сквадрон. На 28 јуни 1994 година, тогашната команда во својот состав ги доби првите транспортни хеликоптери Ми-17 со што оваа команда почна позабележително да се развива. Во 2001 година, оваа единица е опремена со борбени хеликоптери Ми-24, УХ-1Х и борбени авиони Сухој СУ-25.

Денес, покрај основната мисија за остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, нејзината мисија е да учествува во мировни и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ и ОН, учество во справување со конфликти од регионален карактер, како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

Од 2006 до 2008 година, со еден хеликоптерски детачмент од тогашниот воздухопловен ВИНГ, АРМ учествуваше во мисијата ,,АЛТЕА“ во рамките на силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина од каде ангажирањето на оваа единица беше оценето со највисоки оценки.

http://sitel.com.mk/node/82309
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty9/6/2013, 18:33

флајтот?!?!?!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty9/6/2013, 20:36

Ќе иде некој утре?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty10/6/2013, 16:31

Приказ на висока способност и професионалност – одбележан денот на воздухопловната бригада

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1426_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1446_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1523_resize_1

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1555_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1582_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1586_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1614_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1789_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1881_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1941_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1950_resize

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 DSC_1998_resize

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=0C27B1BD221251C01F2465E66AE7010EDC5FFA97&lang=mk#.UbW4LNgky7I
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty10/6/2013, 16:35

Вечер...

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9450

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9511

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9537

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9618

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9681

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9686

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9700

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9703

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 GIO_9714
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty10/6/2013, 16:37

Која мизерија еј, униформиве уште од старите...цццц!!!!

П.С Министер Таљати не е тука?
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty10/6/2013, 18:46

Пишуваше дека талат , и овој насер заменик началникот ке биле присутни, ама нема ги уште овој род да го уништи фали , и после ке се појавуваат и они Very Happy

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty15/6/2013, 13:47

Девет години од последниот лет
„Сухоите“ на АРМ станаа „прашинари“




Министерството за одбрана сè уште не одлучи за судбината на четирите борбени авиони „сухој СУ-25“, кои стојат во базата на воздухопловната единица на АРМ
Игор К. Илиевски
Првите и досега единствени борбени авиони на АРМ веќе деветта година стојат препуштени на временските услови на стојалиште во базата на воздухопловната единица на АРМ кај скопскиот аеродром. Запустени и заборавени, со избледена маскирна боја и со ознаки, заматени стакла, четирите „сухои“ почиваат на гробиштата на отпишана опрема на воениот аеродром. Ниту АРМ ниту Министерството за одбрана нема одговор каква ќе биде нивната понатамошна судбина. Воени извори тврдат дека, во теорија, е можно леталата да се оспособат за оперативна употреба, но со оглед на нивната состојба, тоа би бил скап проект. Во Министерството за одбрана засега нема планови за „сухоите“.

Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во советската војна во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.

Непотребно вооружување

Во пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ. Истовремено, од формацијата на АРМ „исчезнаа“ и четири борбени хеликоптери „ми-24“. Оттогаш четирите борбени авиони почиваат на стојалиште во касарната „Страшо Пинџур“ до скопскиот аеродром.

Последниот официјален став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите на одбраната, ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. „Сухоите“ не постојат во списоците на опрема на АРМ.

Во декември 2011 година заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, изјави дека постоеле размислувања „сухоите“ да бидат модернизирани и да се вратат во употреба како дел од Балканската регионална иницијатива за обезбедување на воздушниот простор (БРААД) преку која НАТО сака земјите од регионот да ги вклучи во единствен систем за набљудување и патролирање на небото, компатибилен со тој на алијансата. Но, досега Министерството за одбрана не донесе таква одлука.

Продажбата невозможна?

Воени извори велат дека не е невозможно авионите да се доведат во состојба за оперативна употреба, но нагласуваат дека тие веќе девет години стојат на сонце и на ветер на воениот аеродром, а „ресурсите им се одамна истечени“, односно голем дел од системот го поминал животниот век, што е проблем и кај леталата што АРМ активно ги употребува. Модернизацијата на „сухоите“ е уште поскап проект. Згора на сè, во меѓувреме е намален и бројот на пилоти оспособени за лет со ваков вид воздухоплов.

Досега се разгледуваа неколку варијанти за судбината на авионите. Набргу откако беа прогласени за вишок, првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набрзо отпадна. Се разгледуваше можноста да ~ се вратат на Украина во замена за транспортен авион „ТУ-74“ или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но, ни оваа опција до денес не се реализира.

Во преговори со западни сојузници една од варијантите беше „сухоите“ да ~ се дадат како донација на трета земја од партнерските држави, а АРМ да добие донација транспортен авион од западен сојузник.
Богата борбена историја
Дизајниран за блиска воздушна поддршка на копнените сили во 1968 година, „су-25“ е единствениот авион со заштитен оклоп што сè уште се произведува. Првиот лет го имал во февруари во 1975 година, а во 1978 година почнува сериското производство на авионот во погоните во Тбилиси, Грузија.

Во досегашниот оперативен век бил во широка борбена употреба. Од советската војна во Авганистан, неговата борбена историја продолжува преку војната меѓу Ирак и Иран од 1980-1989 година, сепаратистичката војна на Абхазија со Грузија во 1993 година, двете војни во Чеченија.... АРМ го користеше овој авион во конфликтот во 2001 година, а во 2008 година беше дел од вооружувањето на двете страни во руско-грузискиот конфликт. Во меѓувреме, бил во борбена употреба во граѓански војни во повеќе африкански држави.

Грузија во 2001 година со израелската компанија Елбит разви модернизиран прототип „су-25KМ’, кој досега нема комерцијален успех. На основата на „су-25“ досега се развиени низа борбени авиони, кои носат други ознаки.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=19868718FC25D14C8C1C456100BC521C
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty23/6/2013, 11:05

Рас­кло­пив­ме 14 ави­о­ни и ги скрив­ме од ЈНА

http://vest.mk/default.asp?ItemID=36438719F426034193F52601C9EE4E62
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 16 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воздухопловен "ВИНГ"
Вратете се на почетокот 
Страна 16 of 66Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 41 ... 66  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: