Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 18/2/2013, 21:44
Интересен документарец за Флорида, САД. Како купуваат оружје и муниција... како да станува збор за пипер и патлиџан.
______________________ Si vis pacem, para bellum
leopard
Број на мислења : 567
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:08
Пред некоја недела бев низ продавнициве,со цел да разгледам какви пиштоли се нудат(бидејки добив дозвола) направив неколку слики од Микеи и од продавницата во стар беверли.
Микеи модели.
Модели од ТЦ Стар Беверли.
Значи да резимирам.Требаше да купам половен ЧЗ-75Б,ама нешто се изјалови работата,уште не е прецизирана.Сакам да купам нешто во неговата класа,има некои нови модели на Словачки пиштоли к-100, к-78-85,и негови подверзии,цените му се од 29 000 па нагоре до 40 000,Продавачот го презентира дека е во класа на ЧЗ-75 во однос на цевката-квалитет(мада читав во Калибар списанието дека имал некој проблем со репетирањето и уште нешто ситно,конкретно за К-100) инаку фрлив око и на ХС-от има во Микеи модел 37 210 денари. моделот го има и на слика (вториот одозгоре)
SIG
Број на мислења : 6110
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:24
Многу ми се свиѓаат ХС-овите...ако ти лежи на рака мислам дека нема да згрешиш.
А од овие „екстрим дјути„ ?
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:34
Честитки на дозволата. Гледам со цениве Микеи отишле. Виде што имаат во ДиМанКо, ГТЦ?
BTW, со изборот сепак би се задржал на ЧЗ-75, за Словачкиве имам читано пата-пата рецензии. Тоа системот за забравување со ротирачка цевка ми е... хмммм, неконвенционален. Не дека не е користен и од други пореномирани производители, но сепак.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:38
Што пари беа Беретите и Џерикото во Капиштец?
______________________ Si vis pacem, para bellum
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:40
HS односно ХD според некои информации е вистински бум на Американскиот пазар. Јас лично имам користено HS 2000 и сум задоволен. Во однос на визуелниот изглед XD има висока оценка. Одсекогаш ми се допаѓало решението на безбедноста кое се карактеризира со специфичната кочница ( оној дел кој се наоѓа на задинот дел од ракофатот ). Кога станува збор за оружје кое се користи за лична заштита или еве да речам за цивили, секогаш давам предност на пиштоли со полимериски рам.
______________________ Потта штеди крв!
SIG
Број на мислења : 6110
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:44
Дефинитивно ХС направи парче во САД...тоа ти е добар производ плус добра реклама = неизбежен успех.
leopard
Број на мислења : 567
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:50
Мене пред се ми е квалитетот на машината внатре,знам дека цевката на ЧЗ-то не е нај нај,исто важи и за К-100,секако и цената игра голема улога,ЧЗ барав и нема никаде,половен има во Микеи и тоа Сребрен (таков ни под точка разно не би купил)За Глок-от и ХС читав споредбени тестови,и тука се некаде,луѓево што ги тестирале неможеле да се одлучат,единствено ХС-от имал малку поголема тежина што не е пресудно,(и малку подолг бил.
Беретите во капиштец беа од 800 еур па 1200, Смит весонот исто,израелскиот Бул 1250.
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:51
Само ме интересира со која храброст успеа да ги направиш овие слики во Микеи. Па јас таму не можев ни да прашам наједноставно прашање од преголемата љубезност на вработените.
______________________ Потта штеди крв!
leopard
Број на мислења : 567
Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/2/2013, 18:52
Frogfoot напиша:
Дефинитивно ХС направи парче во САД...тоа ти е добар производ плус добра реклама = неизбежен успех.
Прашање за ХД-то ..нели ХД беше ознака за пиштолите што се произведени во Спрингфилд Армори САД...?