| Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми | |
|
+13Macedonian Knight risteski.goce@yahoo.com sdan Legija91 JKD Momak od Gjorce leopard Zajcef Alvar Генерал Зоран beowulf SIG 17 posters |
|
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/11/2012, 00:52 | |
| Една цака која ми ја кажа овој човеков со кој правев муабет за тоа, вика дека има неколку основи поради кои поднесуваш барање...заштита за себеси, стрелачки активности и сл.
Вика, за поголеми да се шансите да ти одобрат дозвола запиши се во некој стрелачки клуб и прикажи потврда од клубот дека ти треба за спортските стрелачки активности. | |
|
| |
beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 26/11/2012, 02:00 | |
| - Frogfoot напиша:
- Е сега мислам дека Бео може најдобро да ти каже пошто тој најтазе доби дозвола за нековата ЧЗ.
Има нешто потазе. Ми го одбија барањето за револвер. Пред некој ден бев да земам барање за да поддадам документи за ловна пушка(конечно по 2 и пол години положив ловечки испит) и ја прашав службеничката до каде е работата со барањето за револверот....пробуричка во шкафот и ми рече - ете го тука е, штотуку стигна, одбиен си. Ми рече дека комисијата во Битола го одобрила барањето, но комисијата во Скопје го одбила. Ја прашав зошто, и таа ми рече дека во решението нема образложение. Сега чекам да ми го пуштат решението, за да официјално го добијам, за да можам да се жалам до второстепена комисија, која претпоставувам само ќе го потврди тоа дека сум одбиен. Најјак аргумент на жалбата ќе ми биди тоа што веќе поседувам оружје од истата категорија, поточно Б1. @Alvar, работата околу документацијата оди вака: -8100 денари обука која важи за сите категории на оружје(карабин, сачмарка, пиштол/револвер) -1500 денари полагање за една категорија на оружје(по твој избор). За останатите две категории се доплаќа по 500 денари одделно, плус муницијата си ја купуваш сам(13 куршуми, 10 за полагање плус 3 пробни). -2000 денари лекарско -340 денари за неосудуван -320 денари за неодземена деловна способност -200 денари таксена марка за барањто -500 денари зачленување во стрелачки клуб(во Скопје можеби е поскапо). -3000 денари зачленување во ловечко друштво(ова ти е само ако сакаш да поднесеш документи за сачмарка и карабин) Сума сумарум ако сакаш да поднесеш бараше за пиштол спреми си 13000 денари. Чим ќе се решиш да ги дадеш тие пари, мој совет ти е на денот на полагањето да си ги земеш сите категории на оружје одеднаш. Ќе те кошта 2000 денари плус ама барем во секое време ќе можеш да поднесеш барање за ловечка пушка и карабин.....па добро, можеби нема да сакаш да одиш на лов ама можеби некој ден ќе сакаш да си купиш некое црно тактичко пумпариче или некој прецизен карабин со добра оптика. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 28/11/2012, 15:02 | |
| Ти брат за кое машинче беше заинтересиран? | |
|
| |
beowulf
Број на мислења : 765
| |
| |
Alvar
Број на мислења : 10949
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 28/11/2012, 17:46 | |
| Колку знам револверите секогаш биле проблематични за процесуирање кај комисијата при МВР. Наводно поради чаурите кој остануваат во буренцето. Инаку мој фаворит кај револверите е дефинитивно Colt Python. Иако не би одбил ни Manurhin MR73. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 28/11/2012, 18:01 | |
| - Alvar напиша:
- Колку знам револверите секогаш биле проблематични за процесуирање кај комисијата при МВР.
Наводно поради чаурите кој остануваат во буренцето. Да, постојат и успешно се провлекуваат такви стереотипи за револверите. И друга работа зошто потешко давале дозвола за револвери(ова гокажуваше еден инспектор кога бев на обука во Штип), е тоа демек биле небезбедни за ракување(читај, нон стоп имало метак в цевка). Инаку сегашниот закон за оружје не разликува пиштол од револвер. - Alvar напиша:
- Инаку мој фаворит кај револверите е дефинитивно Colt Python. Иако не би одбил ни Manurhin MR73.
Јас без двоумење сум решен да земам смит 686(ако ми ја уважат жалбата). Можеби само Питонот, секако ако некако некој примерок се најди во македонија, би ме довел до двоумење. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 10949
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 28/11/2012, 18:10 | |
| - beowulf напиша:
- Јас без двоумење сум решен да земам смит 686 (ако ми ја уважат жалбата). Можеби само Питонот, секако ако некако некој примерок се најди во македонија, би ме довел до двоумење.
Тешко, можно е да има но не верувам дека некој би го продавал. Јас не би. Инаку порано во Југославија имаше официјален застапник и на Colt и на Smith & Wesson... ми се чини тоа беше Univerzal од Белград. Редовно изложуваа нивни револвери на саемот за лов и ловна опрема во Нови Сад. Застапник за Pietro Beretta на ниво на цела Југославија беше Технометал-Вардар од Скопје. Имаа и дуќан во ГТЦ. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 28/11/2012, 20:06 | |
| Алвар брат ти за што беше заинтересиран? | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 10949
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 29/11/2012, 00:10 | |
| Искрено, за нешто до 200-250 евра. Да се најде за црни дни. Што значи изборот се сведува на неколку Заставини пиштоли во 7.65 или кратка 9-ка, ЧЗ исто во 7.65... или ТТ. Половни секако. За нешто посериозно не сум спремен да дадам повеќе пари (над 500-600 е.) бидејќи во моментов имам други приоритети. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Гостин Гостин
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми 29/11/2012, 02:39 | |
| Колку повеќе бркаш за дозвола за оружје, толку повеќе ти се одмилува да извадиш дозвола за оружје. Исто и за купување за муниција. После ќе се чудат од каде толку нелегално оружје. А и со законот за муниција, кој ограничува пиштолска и карабинска муниција до 200 куршуми, кои и тие 200 куршуми не ти ги даваат до крај, највеќе им штети на легалните продавачи |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми | |
| |
|
| |
| Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми | |
|