Во мое разбирање, славата на Бизмарк е чиста пропаганда.
Бродот бил недоделкан, направен без експертиза во градење на големи бродови и пуштен во употреба недоправен.
На првото испукување на сопствените топови му отпаднала радарската антена, на првиот примен погодок од непријателски топ бил пронижан комплетно примајќи голема штета во предниот дел а на првиот примен погодок од торпедо во задниот дел изгубил контрола и вртел кругчиња со што не можел да пука прецизно ни пак да изведува одбранбени маневри.
Бизмарк е само уште еден од пропаднатите нацистички мегаломански проекти исто како топовите Дора и Густав.
Единствена причина зошто се стекнал со голема слава е фалењето кое го добил од двете страни.
Од Германците бил фален затоа што бил еден од нивните монструозни креации, симбол за тоа дека Германците се најсуперастичниот народ на кој другите не му се се ни до колена... и слични нацистички фантазии.
Британците го фалеле поради тоа што со еден погодок за 2-3 минути го сместил под вода нивниот најфален брод, па ако кажеле дека не чини ќе се посрамотеле.
Од тоа што го имам разбрано овака некако би изгледала кратка приказна за настаните во кои бил вмешан Бизмарк:
1. Бизмарк со неговиот придружен брод се нападнати од 2 Британски брода и возвраќаат оган при што на Бизмарк му отпаѓа радарската антена.
2. Придружниот брод ја презема водечката позиција затоа што Бизмарк нема радар.
3. Бизмарк со неговиот придружен брод се повторно нападнати овојпат од Худ и неговиот придружен брод, кои незнаејќи дека местата им се сменети почнуваат да пукаат по бродот на водечката позиција мислејќи дека е Бизмарк.
Бизмарк го потопува Худ и прима погодок од Принцот од Велс (придружбата на Худ) по што му истекува гориво.
4. Британски торпедни авиони го наоѓаат Бизмарк и ги испалуваат торпедата кон него по што ниедно не се активира бидејќи имале некои нови детонатори кои не чинеле за ништо.
5. Истите торпедни авиони повторно го напаѓаат Бизмарк (овојпат со стари детонатори) при што едно торпедо го погодува во крмата по што Бизмарк комплетно губи способност за управување.
6. Повеќе британски бродови го начекуваат Бизмарк неспособен ефикасно да се брани или напаѓа.
7. Торпедните авиони се враќаат по трет пат да го нападнат Бизмарк но по нив намерно пукаат нивните сопствени бродови и ги пронудуваат да свртат назад за да не им ја земат славата.
8. Британските бродови му се истураат на Бизмарк со се што имаат и не престануваат да пукаат се додека не го наковаат под вода како одмазда за Худ.
Од настанот 8. излегува приказната дека биле потребни многу погодоци за да се потопи Бизмарк, но иако тие погодоци биле извршени не изгледа баш како да биле и неопходни. Уште пак и велат дека не го спасиле германскиот екипаж поради страв од подморница