Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ

Go down 
+4
SIG
Генерал
Зоран
filip555
8 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty2/4/2012, 20:49

Германскиот воен брод Бизмарк е најверојатно најпознатиот борбен брод од Втората Светска Војна. Крстен е по германскиот канцелар од XIX век Ото фон Бизмарк. Бизмарковата слава дојде за време на Битката кај Данскиот Проток, во која гордоста на Британската Кралска Морнарица, борбениот брод HMS Hood беше потонат во мај 1941, а наредната немилосрдна потера од Кралската Морнарица заврши со негово потонување само три дена подоцна.

Дизајнот на бродот започнал во раните 1930-ти, како следен чекор на Германскот развој на борбените бродови Deutschland класа крстосувачи и Gneisanau класа борбени бродови. Изградбата на вториот French Dunkerque класата на борбени бродови направи редизајнот да биде потребен, со што носивоста на Бизмарк се зголемила на 42,600 тони, иако официјално нејзината тонажа сѐ уште беше 35,000 тони, за да обезбеди рамноправност со бродовите изградени согласно со ограничувањето на Вашингтонската Морнарска спогодба. Целосно натоварен, Бизмарк и неговата сестра-брод Тирпиц имале можност на пренесување на товар потежок од 50,000 тони. Предложениот прототип на бродот бил со футуристички идеи под тајно име Plan Z, а неговата кобилица била спуштена на Blohm + Voss бродоградилиштето во Хамбург, на 1 јули 1936. Бродот беше пуштен во вода на 14 февруари 1939 година и овластен на 24 август 1940 на чело со капетан Ernst Lindemann.

Овој огромен брод кој сеел страв на почетокот бил предвиден како пљачкосувач на трговски бродови, бил толку широк што му овозможувало голема стабилност во бурните мориња на Северниот Атлантик и имал толкави резерви на гориво предвидени за борбените бродови кои биле наменети за операции во Тихиот Океан. Секако, опремен со осум 15-инчни главни топови наредени во четири куполи, значајна заварена-оклопна заштита и дизајниран за топ брзина не помала од 29 морски милји (дури достигнал импресивни 30,1 морски милји во повеќе обиди во мирните води на Балтикот), Бизмарк бил способен на заземење на било кој друг непријателски брод со барем најмалку исти одредби. Неговиот домет на артилерија лесно можел да десеткува било кој конвој кого ќе го сретнел. Бизмарк навлегувал во широките води на Северниот Атлантик, каде полнел гориво од германските танкери и останувал незабележан од Британските сили, со што Сојузничките конвојски мрежи би биле изложени на опасност со месеци.
Бизмарк испловил на својата прва и единствена мисија, со тајно име Rheinübung, на 18 мај 1941, во придружба со тешкиот крстосувач Prinz Eugen. Мисијата започнала под командата на Адмирал Günther Lütjens, и имала за цел да уништи што е можно повеќе Сојузнички бродови и да ги натера Британците да ги суспендираат конвоите, дури и на кратко, да компензираат за нивните малкубројни подморници во Атлантикот, да ги повлечат Британските морнарски сили од Медитеранот за да можат да го остварат планираниот напад на островот Крит и да му дозволат на Ромел и неговите сили да преминат во Либија.
Околу 5:30 часот наутро во сабота 24 мај, како што германскиот ескадрон го напуштал Данскиот Теснец, хидрофоните на Prinz Eugen забележале присуство на два брода во близина на пристаништето. После 15 минути двете страни биле доволно блиску за визуелен контакт, но германската флота сѐ уште не ја идентификувала непријателската сила. Тоа всушност била Британската морнарица со два свои борбени брода, Hood борбениот крстосувач и новиот Prince of Wales, кој само што бил завршен со изградба. Бил специјално пуштен во вода за да го пресретне Бизмарк, дури кога испловил на него имало работници кои ги завршувале останатите незавршени работи додека бродот се упатувал кон Бизмарк. Крстосувачот Hood бил изграден како брза борбена крстарица, модифицирана со оклоп за да пружи заштита како нормален борбен брод, но сепак нудел релативно слаба кабинска заштита. Во 5:49 капетанот на Prince of Wales наредил да се отвори оган концентриран на водечкиот брод, Prinz Eugen, за кој верувал дека е Бизмарк. За среќа на британците, навреме откриле дека ја имаат погрешната мета. Капетанот ја корегирал својата наредба, но таа не стигнала навреме во оружарата пред првиот оган. Кога капетанот на Бизмарк наредил контра удар на водечкиот британски брод, британските бродови веќе правеле вртечки маневар и испалувале уште неколку рунди оган. Овој вртечки маневар бил направен со цел британските бродови да се доближат до Бизмарк во "имун-зоната", но 8 од 18 артилериски топови на британскиот водечки брод откажале со што артилеријата не била прецизна.

И двата германски бродови отвориле оган на водечкиот британски, Hood, на растојание од 11 милји. Првичниот оган испален од германските бродови бил прецизен, и две минути подоцна 8 инчни гранати од Prinz Eugen го погодиле водечкиот, Hood. Ова предизвикало пожар и екипажот се усмерил кон локализација на пожарот. Меѓутоа и Бизмарк во меѓувреме бил погоден од Prince of Wales, предизвикувајќи одлив на гориво од предните резервоари, на што капетанот наредил топовите на се усмерат кон Prince of Wales, со што основните и помошните топови го имале за цел. По испуканите гранати, најмалку една го погодила Prince of Wales, на далечина од 9 милји. Во овој момент, водечкиот британски брод Hood поради екплозија бил расцепен на две дела, a парчињата дури се разлетале и паѓале на Prince of Wales, кој бил оддалечен половина милја. За три кратки минути целиот британски брод потонал заедно со адмиралот и 1,415 луѓе. Во подоцнежните испитувања докажано е дека најверојатно причината за експлозијата била единечна 15 инчна граната која пенетрирала помеѓу магацините на муниција и предизвикала ланчана експлозија.
Prince of Wales морала да скршне од својата патека за да ги заобиколи остатоците од водечкиот брод, при што бил погоден неколку пати на горниот дел од палубата, каде погинале неколку луѓе. Секако, претходно испратениот оган предизвикал штета кај Бизмарк. Британскиот брод се свртил, целиот горел, и се вдал во бегство. Капетанот Lindemann сакал да продолжи да го брка бродот "за да го докусири", адмиралот одбил бидејќи се плашел во пресретнување на нови бродови од британска страна. Незамисливо, во битка долга 20 минути, Бизмарк, со својата неверојатна сила, потонал еден водечки брод и натерал еден да избега, нешто непознато за Британската Кралска Морнарица, при што следело темелно испитување од Министерот на Воената Морнарица на Британија.

Погрешни информации ги натерале германците да веруваат дека Prince of Wales не е спремна за повторен напад, по што извештаите кои Бизмарк ги давал Prince of Wales ја ословувале како King George V, борбен брод од прва класа, кој бил активен неколку месеци. И покрај славењето на екипажот на Бизмарк, бродот не бил безбеден. Британците ја знаеле неговата позиција, неговиот преден радар не работел (од нападите од претходниот ден), и резервоарите за гориво течеле. За да заштеди гориво бродот морал да плови со брзина не поголема од 20 морски милји, но оставал огромна нафтена линија позади неговата трага. Адмиралот морал да одлучи да се упати кон францускиот брег за поправки, додека Британците продолжиле да го следат, Prinz Eugen добил можност да се оддели од Бизмарк примајќи ја пораката "Добар лов".

Утрото на 27 мај 1941 британските бродови Rodney и King George V се приближале до Бизмарк, испукувајќи неколку рунди оган нешто пред 9 часот. Бизмарк го возратил ударот, меѓутоа оштетениот брод неможел да плови по зададениот курс и прецизно да ги упатува гранатите. Со својата брзина од 7 морски милји бродот бил лесна цел, и набрзо бил погоден повеќе пати. Кон нападот против Бизмарк се придружиле и тешките бродови Norfolk и Dorsetshire. Во следниот половина час Бизмарковите топови воопшто не биле активни, а дури и бродот малку се навалил во водата. Бродот Rodney се приближал најблиску до Бизмарк (околу 3 километри) за да ја погоди суперструктурата на бродот, а King George V пукал оддалеку. Британците никако не сакале да го остават Бизмарк иако бродот бил скоро уништен и неможел да стигне до најблиското пристаниште за поправка. Нешто подоцна, кога британските бродови биле при крај со муниција и гориво, биле испратени дома. Иако целиот горен дел на бродот бил уништен, неговите мотори сѐ уште биле функционални, а трупот прилично здрав. За да не ризикува, капетанот издал наредба да го напушти бродот, за да не бидат фатени и затворени. Повеќето од екипажот скокнале во водата, но само неколкумина од најниските моторни делови излегле живи.
Бизмарк потонал во 10:39 тоа утро. Несвесни за судбината на Бизмарк, германската командна база, Group West, продолжила да испраќа сигнали до Бизмарк во наредните неколку часа, сè додека Reuters не објавила вести од Британија дека бродот е потонат. Британските бродови Dorsetshire и Maori успеале да спасат околу 110 морнари од Бизмарк, но бидејќи добиле аларм за германска подморница во близина, го напуштиле местото оставајќи околу 2,200 луѓе на милоста на водата. Наредното утро била испратена U-74, германска подморница која имала мисија да го спаси Бизмарковиот дневник, и успеала да спаси 5 морнари. Додека се приближувала, хидрофоните слушале звуци на делови кои тонат. По потонувањето на Бизмарк, Адмиралот John Tovey од британската морнарица ја дал следнава изјава: "Бизмарк ја пружи најгалантната борба против невозможни шанси достојни за старите добри времиња на Величенствената Германска Морнарица, и таа потона веејќи го своето знаме."

По сите овие години, бродот Бизмарк достигна скоро митолошки статус. Неговите остатоци беа пронајдени на 8 јуни 1989 од Dr. Robert Ballard, поморски археолог кој е одговорен за наоѓањето на бродот Титаник. Бизмарк лежи на длабочина од околу 4,700 метри, на околу 650 километри далеку од Брест, Франција. Познатиот археолог не ја откривал тајната локација на Бизмарк, плашејќи се од судбината на Титаник, најобични крадци на гробови да ги опустошат остатоците собирајќи ги како сувенири. Подоцна, во правењето на документарна емисија за Бизмарк на British Channel 4 е откриена локацијата и обезбедени повеќе слики и снимки од местото каде Бизмарк потонал.

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty2/4/2012, 21:04

Легенда.
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty2/4/2012, 21:15

Малце се лоша резолуција ама ако некој најде подобри нека ги стаи Smile Smile Smile

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ German-Battleship-Bismarck

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Ger_bb62

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty2/4/2012, 23:14

Добро е што се активира и оваа тема. Жално беше да остане празна

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty3/4/2012, 01:14

Дечки има заинтересирани да почнеме со дискусија на оваа тема? Smile

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Battleship_Bismarck
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty3/4/2012, 17:50

Даа.. Сега иако неамо наши бородви ај за овие носачиве за модерниве воени бродови нешо да пишеме ziveli

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty3/4/2012, 19:41

Овој брод е легенда и е докрајчен со Авиони за малце ке ничкосал цела флота,.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty9/3/2013, 15:56

Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

Hivemind


Број на мислења : 52

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty16/4/2013, 06:19

Зоран напиша:
Овој брод е легенда и е докрајчен со Авиони за малце ке ничкосал цела флота,.

Грешка, Бизмарк чинел 30 подморници кои биле ефикасни, но хитлер сакал да има нешто со што ќе се гордее(како Јамато батлшип кај јапонците или Конго) и мверувал дека ќе успева да потопува цели конвои, хитлер не ги послушал експертите, бизмарк ја напушта франција и тргнува кон атлантикот со над 2000 екипаж, но истиот е забележан па веднаш потоа е торпедиран, бродоот бил така оштетен да изгубил и маневрабилност па дури и гориво-Duck in the water поради уништен пропелер и контроли Бизмарк се враќа назад неславно во Цик Цак Курс а ова го знаат англичаните па праќаат поздрав друго торпедо, некоја бомба и имало уште два брода кои ја искористиле предноста да ги избегнат главните топови-Бизмарк беше срамно потопен.
Вратете се на почетокот Go down
Iceman

Iceman


Број на мислења : 17

Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty10/11/2014, 22:09

Само да се надоврзам на предходните коментари, хитлер имал мало познавање(никакво) за морнарицата и борбите на море скоро и да не бил заинтересиран за Бизмарк поише бил посветен на неговата главна цел освојување на СССР.

Бизмарк има изведено малку но успешни операции и главната намена му е да ги сречи конвоите на бродови од САД кон Велика Британија кои доставувале помош затоа што тоа бил единствен начин В. Британија да добива помош пошто била отсечена.
Накратко Британците трагаат по него (затоа што од него зависела иднината на Британија) но на погрешно место, дури потоа утврдуваат дека се движи кон Франција имаат шанса да го стигнат пред да влезе во заштитените води.
Британците праќаат носач со авионите Fairey Swordfish вкупно 5 (многу слаби и застарени плус без кабина) тогаш била најголемата бура и имало мала видливост, трагајќи пилотите здогледуваат бродот испалуваат торпеда и се враќаат на носачот каде што добиваат информација дека потопиле британски борбен брот.
Веднаш потоа полетуваат и стигнуваат до место каде што  водичот на ескадрилата треба да одлучи дали да се вратат или не пошто снемувале гориво и имале доволно да се вратат, но носи одлука да продолжат во тој момент се отвара простор(се рачистува) од облаците и маглата и го здогледуваат Бизмарк кој прв почнува да пука кон нив но тие продолжуваат да летаат и сите пет авиони испалуваат 5 торпеда од кои торпедото на водичот го погодува кормилото односно механиката, и тука ја губи контролата бродот(оди лево-десно) веднаш потоа стигаат британските бродови кои го гаѓаат од далечина 20 километри па се до најблиску биле потребни 11 часа за да се потопи.

Ова е најнова верзија дури имаше и снимка со изјава од пилотот само неможам да ја најдам.
За мене тоа се нај успешните пилоти до сега само замислете низ се што поминале за да ја остварат целта.

Патем да не се заборави дека на бродот имало расправии помеѓу адмиралот и капетанот според мене тоа е една од причините што е потопен.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ   Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Бизмарк - најголемиот брод на германската ВМ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Utah Data Center - најголемиот шпиунски центар

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Морнарицa :: Бродови-
Отиди до: