Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А

Go down 
+6
Iko
Зоран
SIG
Генерал
Momak od Gjorce
Desperado
10 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty25/4/2013, 12:52

Којзнае што пратиле американците..иако едно време еден од Б-2 му немаше на митинзи ова она незнам кој Spirit of .... (така ги обележуваа) им фалеше.
Вратете се на почетокот Go down
su50fighter

su50fighter


Број на мислења : 144

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty27/4/2013, 06:44

http://ruskarec.mk/politics/2013/04/23/kineskite_tajni_na_srpskata_vojna_20957.html
Интересен податок изнесват русиве тука дека Ф 117 не бил срушен со нева туку со бук кој Србите го Немале. Еве го извадокот за тоа:

Војната во Југославија има уште една нерешена мистерија. Како е соборен американскиот невидлив авион F-117A. Оваа машина е направена за решавање на специјални и мошне чувствителни задачи. Аглестите страни на авионот, кои повеќе личат на бумеранг одошто на класичен авион, требаше да го направат F-117A апсолутно невидлив за радарите на противниците, благодарение на што американскиот бомбардер можеше неказнето да извршува борбени задачи во длабоката заднина на противникот. Овие карактеристики F-117A ги потврди за време на Панамскиот конфликт и успешно дејствуваше во Ирак, но во Југославија доживеа целосно фијаско.

Српските извори тврдат дека „невидливиот“ бил соборен со помош на застарениот советски противавионски ракетен систем С-125 „Нева“ и дека тоа го направила третата батерија на 250 бригада за противвоздушна одбрана под команда на Унгарецот Золтан Дани. Но, експертите тврдат дека ракетниот систем е сосема застарен и дека со негова помош такво нешто е невозможно да се постигне, зашто неговиот радар физички не може да препознае авион направен според технологијата „Стелт“. Србите имаа уште еден комплекс за противвоздушна одбрана од советско производство од типот „Куб“, но ниту тој, според мислењето на експертите, со своите тактичко-технички карактеристики не е погоден за пресретнување на авионот F-117A.

Тајната на соборениот авион F-117A е откриена случајно. Во музејот на научно-истражувачкиот институт „Тихомиров“, инаку еден од водечките институти за проектирање радари, се појави нов експонат: дел од кабината на соборениот американски бомбардер. Натписот под експонатот недвосмислено говори дека целта била погодена со ракета од рускиот противавионски ракетен систем „бук“. Ова објаснување доведе и до нова недоумица. Имено, српската армија тогаш не го поседуваше системот „Бук“, исто како што не го поседува ни денес. Кога станува збор за самиот авион F-117A, неговите делови на исто толку мистериозен начин како и најновиот противавионски систем одеднаш се најдоа во градот Жуковск во близина на Москва, во Институтот за аеронаутика „Громов“, кој е главна научна установа во Русија што се занимава со проучување на нови материјали и технологии, а исто така и со тестирање на перспективна авионска техника.
Вратете се на почетокот Go down
Goran Apostoloski




Број на мислења : 113

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty28/4/2013, 18:20

интересна информација,иако србите го немаа Бук системот во посед,најверојатно им бил позајмен од русите на тестирање во реални борбени услови,секоја чест за НИИР Тихомиров,а Бук се покажа ефикасен и во војната во Грузија 2008..
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty28/4/2013, 20:41

Незнам...мене ова ми е сумливо. Ваљда не се платени да вршат пропаганда сите оние кои сведочат за соборувањето на „стелтот„?



Еве за што зборувам..
Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

Hivemind


Број на мислења : 52

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty29/4/2013, 19:24

su50fighter напиша:
Види Hivemind. Секоја чест на рапотопот ама Ф 35 е промашена работа.
Прво: тоа е копија од Јак 144. Некаде наидов дека руските стручњаци што го развивале Јак 144 биле ангажирани во развојот на Ф 35 и ако одиш да ги споредиш ќе видиш дека е така. Дека е копиран Јак-от а копиран е зато шо јакот се развиваше 10 тина години пред Ф 35.
[b] Второ: На youtube има видео интервју со дизајнерот-конструкторот на Ф 16 и А 10 кој кажува дека Ф 35 е промашена работа. Меѓу другото тој тврди дека со толку мала површина на крилата Ф 35 едноставно не може да се свртува доволно брзо.
Едно е воодушевеноста од некој авион (Лесно е да си воодушевен од Т 50) а друго се фактите. Дизајнерот на Ф 16 буквално вели " It'a a airplane that is too fat,[b] too much cross section
and a wing are too smal.
https://www.youtube.com/watch?v=UQB4W8C0rZI
https://www.youtube.com/watch?v=8kssZua8MVc
ова се четири дела јас ги ставив двата ама доволно е да се види. Иначе луѓето шо зборат се дизајнер на авиони и уредник на авио списание.

Со децении Ф 15 беше неприкосновен сега Русите го презедоа приматот, и не треба перење мозок за чест на никого, пријател или не

Па да бидам реален и некако личи на јаковлев, но Ф-35 не е со примарна намена за догфајт, не конкретно со СУ-27 или пак 35БМ (СУ35-ката има да го кине на парчиња JSF, секако зависи и до пилот) а ако е ова точен податок за RCS тогаш која држава ќе земе Ф-35 без раптор или без Ф-15 SE(Silent Eagle) ја утнале работата.

Бидејќи задолжен за догфајт и воздушна супериорност е рапторот, додека Ф-35 примарно ќе треба да уништува цели на земја уште сега компромитирана е неговатата карактеристика survivability И Кина има солидни анти стелт VHF радари т.е CETC JY-27 VHF 2D но мое лично мислење околу проективе конкретно еве петта генерација па и Сухој-Т-50 кој е одличен авион, само уште моторот да се среди, сепак на крај и Т-50 е JSF бидејќи удел има и индија па и Јапонскиот митсубиши сега и кинеските(дури и Ирански) проекти се навистина огромен товар врз одбранбениот буџет а од друга страна ефективноста на овие летала е сеуште практично недокажана и само на Хартија, Б-1 е докажан, Б-2 од 84 ЈДАМ погоди 84 мети ефикасност до перфекција, Ф-15 исто така е супер авион сајлент верзијата е понуда за државите кои рапторот не можат или неќат да го поседуваат па затоа да одат на докажан концепт т.е познатиот МИГ-killer во верзија со РАМ материјали односно LOA технологија, но околу приматот нема потреба да се дебатира бидејќи токму поради зголемениот извоз на СУ-27 СУ-30 низ светот планерите на пентагон веќе не можеа да се осврнат на стариот концепт токму затоа и толку пари се фрлија кај F-35 турција има огромен удел претпоставувам TAI ќе презеде нешто но сепак мислам дека ген 5 се хиперболизирани, и секако сакам да видам нешто наскоро макар и на СА-8, СА-10 или СА12 сеедно засега само Б-2 останува имун на овие напредни VHF радари како 2д така и 3д кои владеат буквално од S-Х band(а користат и вакуумски цевки со цел да бидат поотпорни на Jamming бидејќи сепак Ф-18Е претставува закана но на место е и претпоставката дека и ХАРМ нема да биде ефикасен така да ќе треба нова, друга опција значи мислам на комбинација на ВХФ и на УХФ каде поради обликот,слојот и останатите стелт карактеристики кај Б-2 нема резонантна рефлексија предизвиукана од брановите но кај авион со Fighter дизајн еве JSF овде значи самиот дизајн како и самиот слој има една огромна маана, имено кондуктивен е материјалот но и слојот така да при контакт со радиобран на пример слојот ако е ефикасен и покрај резонантните рефлексии кои веднаш после детекција се знае што следува, ако не е САМ тогаш СУ-30МК или 35 гарант ќе дојде бидејќи авионот е "имун на 10 гигахерци" но тоа не го прави имун на 10,50, 100 или 150 мегахерци и затоа веројатноста за детекција е многу поголема, навистина би сакал ова да го видам во реални услови а мислам дека Иран веќе доби неколку НЕБО СВ/СВУ ,покрај овие тука се и кинеските модофи па и на СА10(HQ на кинески), така да тука си во право, може а еве и се случува токму тоа - исплатливоста, времето парите и на крај ефективноста на фајтер стелт концептот веќе е компромитирана и околу тоа нема што да спориме, само ме копка за "духот" какво решение би било адекватно макар и за приближна локација scratch
Вратете се на почетокот Go down
su50fighter

su50fighter


Број на мислења : 144

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty2/5/2013, 16:31

Знаеш Frogfoot ми падна во очи дека и тука има изгледа Македонец. Исто во дивизионот на Миг 29 имаше двајца Македонци пилоти од кој едниот беше срушен и мислам дека почина лани. Се сеќавам на предавањата по Обавештајно обезбеџење кога Потпуковникот Црногорец праша "Дали знаете кој е најборбен народ во Југославија" а ние сите "Србите". "Не вели тој Македонците - а дали знаете кој е најорганизиран" е тука немаше дилема" Словенците" велиме. И тогаш тој вели " E ако се најде некој да ги организира Македонците - господ да им е на помош на комшиите".
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty2/5/2013, 17:07

Дај ми видео ако сакаш од тоа друже. Инаку, овој е македонец на сликава од видеото..Борис Стаменов мислам дека се презива..веројатно не е бугарин Smile а на МиГ-29 е мајор Иљо Аризанов, за втор незнам. Инаку порано на МиГ-21 има имано пилот наш, меѓу останатите, има и книга напишано, а се вика Ангел Ончевски.
Вратете се на почетокот Go down
su50fighter

su50fighter


Број на мислења : 144

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty3/5/2013, 03:45

Мислам дека беше Потполковник во ЈНА - Ангел Ончевски кога ја издаде книгата. Ја имав книгата за авиони од него уште во бившата Југа. Последно шо прочитав беше дека тој за разлика од другите се вратил во МК и дека бил воен претставник на Македонија сега не сум сигурен дали во Вашингтон или во НАТО. Видеата ги немам ама ги има на YOUTUBE сум ги гледал ама знам дека беа двајца Македонски пилоти во ексадрилата на МИГ 29 и тоа во тие видеата беа споменати. Исто во диверзантскиот одред во Љубљана Македонците беа закон. Мене еден другар стажишта ми кажуваше, вели иди Македонецот и му вели на поручникот-командант на одредот " Поручниче видов поскок" а тој -беше словенец " Бежи тамо, бежи даље од нјега, гје си га видео" a овој нашиот ни две ни три го вади од џеб. Ова е жива вистина. А ако бараш видео од тоа за кој е најборбен -немам тоа се случуваше на предавања во Академијата за ракентни единиц на Батајница
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty3/5/2013, 11:55

Значи ти си ракеташ? Smile
Вратете се на почетокот Go down
avgvstvs

avgvstvs


Број на мислења : 7

(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty7/5/2013, 13:28

Frogfoot напиша:
Дај ми видео ако сакаш од тоа друже. Инаку, овој е македонец на сликава од видеото..Борис Стаменов мислам дека се презива..веројатно не е бугарин Smile а на МиГ-29 е мајор Иљо Аризанов, за втор незнам. Инаку порано на МиГ-21 има имано пилот наш, меѓу останатите, има и книга напишано, а се вика Ангел Ончевски.

Македонецот се вика мајор Иљо Аризанов, сега е пензиониран и има дестилерија за ракија, инаку соборен е над Косово и 2 дена во ноќни услови се пробивал до Приштинскиот аеродром. Во моментот кога бил соборен на негвиот авион не работел ни радарскиот систем ни RWR системот за предупредување, едноставно немал никаква шанса....
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А   (VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А - Page 7 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
(VEGA31) Ноќта кога Србите го срушија „стелтот„ Ф-117А
Вратете се на почетокот 
Страна 7 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
 Similar topics
-
» (продавам) Турникети - за кога ќе се упуцаш во нога

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воздухопловство и ПВО :: Авиони-
Отиди до: