Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање

Go down 
+17
Legija91
JKD
beowulf
Smrtnikot
tigar
Mrshajnoski
meth
kocov
Makedon
Subzero
Alvar
shady3
Генерал
SIG
Wolf
Зоран
marko.simonov
21 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22, 23, 24, 25  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 18:12

Фокус еднаш му искешира на Мијалков пари (добиените пари Мијалков ги даде на Домот за Деца без Родители) кога ги тужеше дали за лажно клеветење или друго не ми текнува, сакаат изгледа пак да ги тужи, или имаат вишок пари, за тужби.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 18:24

Па, со оглед дека кај нас имаме ситуација кадија те тужи, кадија те суди.... може пак да ги опелеши. Cool

"Ало Зврле, ме чеша раката, треба нов џип за жена ми.... де пресуди едно 50-60000 евра". Да го парафразирам Лаќо наш. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 19:44

па ако не да ги остави да му чепкаат во приватен живот,а ?

бреј што mindset ќе имавте...не дека го подржувам,али дали ви е верно дека докторот до овој степен би се отворил и би кажал од А до Ш се како што било,без око да му трепне ? зошто би го направил тоа ?

факт дека овие портали,а најмногу либертас и оној на саше аналитико,абе статија нема кај што се збори нешто добро за Македонија.Не се работи само за вмро,се што е македонско се хејта,шител па се што е македонско го дигаат у воздух,ама овие се најлошо пишуваат.Жално е што поголем дел од младинава ги шарнува у стил БРАВО,ТАКА ТРЕБА,а не им текнува да се запрашаат чекај бе дали е вистина ? повеќе се верува на опозиција неголи на позиција,јас не верувам ни на едни ни на други,но жално е што слепо им веруваат на тие портали.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 20:01

JKD напиша:
па ако не да ги остави да му чепкаат во приватен живот,а ?

Каков приватен живот? Ти сериозно мислиш дека таа дијагноза е валидна, или дека е само напишана колку да му земе пари на тој што тужел?
Зарем прислушкување на илјадници граѓани не е чепкање во приватен живот? Зарем гледање сеир и исмевање на цели семејства додека патат не е задирање во приватен живот? Зарем ти изгледа С.М. како лик кој пати од некакво ментално растројство? Мене не, сум го видел пар пути во град, секогаш бил ведар и насмеан, во фино друштво. Далеку од опишаната дијагноза. Башка, доколку е психички болен, зарем треба да биде на чело на таква институција?

JKD напиша:
бреј што mindset ќе имавте...не дека го подржувам,али дали ви е верно дека докторот до овој степен би се отворил и би кажал од А до Ш се како што било,без око да му трепне ? зошто би го направил тоа ?

На чив mindeset мислиш, кој сме тие "ние"? Абе гледате ли што се случува во државава, судии во ВРХОВЕН суд договараат по телефон, однапред одредуваат висина на затворска казна, а не па дијагноза од некој доктор.
Зошто би го направил тоа, хм, да си ја зачува работата, за пари, за напредување во кариера, за работно место на неговите блиски... итн, итн, итн. Причини има колку сакаш.

JKD напиша:
факт дека овие портали,а најмногу либертас и оној на саше аналитико,абе статија нема кај што се збори нешто добро за Македонија.Не се работи само за вмро,се што е македонско се хејта,шител па се што е македонско го дигаат у воздух,ама овие се најлошо пишуваат.Жално е што поголем дел од младинава ги шарнува у стил БРАВО,ТАКА ТРЕБА,а не им текнува да се запрашаат чекај бе дали е вистина ? повеќе се верува на опозиција неголи на позиција,јас не верувам ни на едни ни на други,но жално е што слепо им веруваат на тие портали.

Затоа треба да се извади пресек од сите достапни информации, и да се оформи сопствен суд, да не се остава ниту на една партија.. било онаа на позиција, било онаа во опозиција да формира било чие мислење. Настрана медиумите, мала држава сме, секој знае секого, па често се стига и до информации од овој или оној.
Јас не верувам по дифолт ни на едни ни на други, но кога ќе се изнесат докази, не може да бидеш индиферентен и да ги отфрлиш само поради изворот од каде доаѓаат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 20:21

Ај пополека.

Илјадници ? каде се доказите за илјадниците граѓани ? 20 илјади граѓани ? каде се тие 20 илјади граѓани ? мислиш дека има 20 илјади души во државава кои се мета на вмро за да имаат корист од нив ? па сите бизнисмени,сопственици на фабрики,судии,функционери да ги собереш на куп,нема да ти испаднат ниту илјада души,не па 20 илјади.

Второ,никој во снимките не одредуваше колку кој ќе лежи,туку кажа дека 8 години ќе јаде за тоа шт ого направил(финансирање незаконски на кампања) што се гледа од видеото дека ги зима парите,и дека зима прво 10 илјадарки останатото понатака му вика,и не е битно тоа,важно ги зима кеш и не плаќа данок.Тоа како што знам е незаконски.За 8те години,ме мрзи да барам во законик,но ако сакаш ќе побарам и ќе постирам од колку до колку е максимум казна,можда договориле да добие максимум казна,но тоа не го оспорува фактот дека направил кривично дело.НА СТРАНА ТОА ШТО И ОНИ ПРАВАТ БЕЗБРОЈ НЕЗАКОНИТОСТИ,кога ќе дојде некој друг на власт,и нив ќе ги апсат така.

Пукањето сеир,е нешто што СИТЕ го правиме,да знаеле дека ги прислушкуваат немало така да се смеат,али секој сака да му умре кравата на комшијата.Тоа пак не го мења фактот што овој го направил кривичното дело.Башка снимките што излегоа за името и договорите,ќе играм на патриотска карта и ред други,ако се докаже дека се валидни,малце му се и тие што ги лежи.Јас би му дал доживотна,ако се докаже дека е валидна снимката односно снимките.

зборев за докторот,зошто докторот би го изнел тоа и зошто на опозициски медиум ? мислиш С.М дома се радува поради тоа што го пишале овие за него ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 21:04

100 души да се, незаконски се прислушкувани. А не се 100 души, многу, многу повеќе се. Ова е од мои извори, сакаш верувај сакаш не верувај.
Друга работа е дека истите тие луѓе кои се прислушкувани, се во контакт на дневна основа со десетици, стотици луѓе, па сакале тие или не... дали биле или не мета на посебни истражни методи, прислушкувани се. Оваа мерка, која се користи во краен случај на докажување на некое незаконско дејство, е буквално користена од ракав, без никаква контрола.
За каков криминал се терети Михајло Маневски (министер за правда) во тој случај, или Зоран Ставрески... потпретседател на влада, министер за финансии и кум на премиерот? Или пак министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска, претпоставувам не си издала налог за прислушкување сама на себе? Smile

Не може да знае однапред директорот на УБК колкава казна ќе добие еден осомничен, зарем тоа не е работа на судот? Дај да го укинеме во тој случај целото судство (како да сега не е) и сите казни да ги одредува еден човек по негов личен суд. Па уште истиот вели дека нема да биде пуштен од притвор и дека директ ќе иде на издржување на затворска казна. Rolling Eyes
Зарем треба да се коментира она со нарачките за ебење во г'з итн, играњето мајтап со тоа како бил апсен, како плачел и не знам што. Се врти тркалото.
Она што е очигледно во случајот на Љубе, е дека нарачателот/монтерот на целиот случај, е истиот оној кој потоа го суди и осудува.

Што ми е зборот, ако навистина станува збор за припадник на некоја странска служба, зошто истиот не е уапсен за шпијунажа? Па тоа ќе ги докаже сите аргументи на власта дека странска служба е присатна во РМ и работи против државата. Цап, ин флагранти фаќање на маса! Па после нека истиот го шетаат пред камери како циган мечка.
Друга работа, зошто Љубе не го теретат за соработка со странски служби, туку обвинението му е за нелегално финансирање на кампања? Нели за велепредавство и рушење на државен интегритет може дупло да лежи?
Секако, кога веќе станува збор за финансирање на кампањи, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе објави од каде им се 4-те милиони евра (4.300.000€) за кампањата во 2011-та (истиот изборен циклус за кој што е обвинет Љубе)?
Имаат ли платено давачки за истите, кој им се финансиери? 4.3 милиони не се наоѓаат туку така, не? До сега немаат кажано ни збор од каде парите.

Околу последното, медицинското вештачење за психичката состојба на С.М. беше јавно објавено и во обвинението, и во пресудата. Не го доставил докторот истото до било кои медиуми.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 22:52

Од каде знаеш ти дека се незаконски ? заев така рекол ? ако имаш информации што не идеш до судство да ги дадеш ? што не ги објавиш во медиум ?

тоа не може да го знаеш ни ти ни јас.Дали легално или не легално се прислушкуваат и 10 души да се.Најдобар начин да фатиш криминал,да спречиш терористички напад,е преку следење прислушкување.Што ако во тие 100 души има и терористи кои планирале некој терористички чин ? еве чисто те прашувам,ШТО АКО ? мене уопште не би ми сметало такво нешто,да прислушкуваат па дури и да убиваат такви.Што ако го прислушкувале заев поради тоа што договарал(карикирам) паѓање на власта,менување на име,во координација со други служби,еве пример грчката ? и не законски да е тоа,ти би се бунел против тоа ?

дали ти веруваш дека самите си се прислушкувале ? јас не.Да било така,ќе имаше ГООООЛЕМИ расправии и ќе се распаднеше партијата поради тоа.Јас верувам дека се прислушкувани без да знаат.

Јас ти кажав,можеби ги знае законите и за кое дело колку следува ? што е тоа чудно ? па секој адвокат ги знае тие казни на памет.Можеби повлекол врски само да дознае колку ќе добие за тоа дело,па и да му ги наместил тие 8 години,пак си ги заслужува.Не сфаќаш,не е тука работата,ти ме удри-и јас ќе те удрам,туку едноставно го прекршил законот-иде во затвор.НЕ БИТНО дали овие украле илјада пати повеќе од него и направиле 100 пати поголем криминал.

Парите нормално нема дпмне да кажат од кај им се,пошто сите партии се финансираат со црни пари.Од рекети,од мафијаши кои сакаат да ги штитат(лично еве и јас знам за таков,ама тоа било многу оддамна) кои даваат пари а за возврат им прогледуваат низ прсти за нивниот криминал.Ете и на љубе беше мала партија па пак така се финансираше,и сдсм така се финансира и дпмне и сите.Ама ете овој многу збореше и им падна во скут.Можеби и е наместен давачот на пари,можеби е пратен од ДБК за да ги даде парите и да го снима,но тоа пак е законски.Мислам дека смеат да прават такви работи,а и да не смеат,у цел свет се прави тоа.Тоа ти е исто ко на дилер да му наместат некој инспектор што ќе купи дрога од него,да го уапсат,и после да се буниме еј зошто така,не било фер.

За пукањето сеир не е убаво,но сите пукаме сеир.Кога ќе видиш да се сопне надвор некој што го мразиш,па си викаш у себе е ако му е,да му е**м се,а не па ако те нарекувал лопатар,те понижувал,а ти имаш его до небо.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty24/2/2015, 23:31

Од каде ти знаеш дека целата процедура е законски спроведена? Мијалков и Груевски така рекле? Во кое судство, ова каде претходно споменативе ги носат одлуките наместо судиите?

Кој од досега прислушкуваниве беа терористи и планирале терористички чин? Гордана Јанкуловска, Иво Котевски, Зоран Ставрески, Михајло Маневски, Филимена Маневска, Маријан Ристески, Драган Павловиќ Латас, Емил Стојменов? Значи ете, они се прислушкувани од службите, сигурно има причина за тоа... мора да се или криминалци, или терористи, друго нема. Со што би било кога би било сценарија не би се бавел, да имаше снимени разговори како некој договарал пад на влада во соработка со странски служби, до сега нашиве тн. "Анонимуси" ќе ги објавеа, не?

Јас верувам во тоа што го слушам, дали има или нема расправии во владините редови не може да знаеме... јас претпоставувам дека има. Како што ја снема Ивона од Сител кога открија дека пере милиони преку продажба на лекови со местени тендери, така и Горде гс преку глава забега за Америка на "службено патување". Излезе ли она на прес да ги демантира снимките? Излезе ли Ставрески, излезе ли Мијалков и останатите. Не.
Ако имаат докази за нечија инволвираност во против-државни планови, што не свикаат прес и што не ги објават тие снимки јавно?

Што е по вокација С.М. за да ги познава толку добро законите и процедурите? Колку знам истиот има завршено Економски, од кога таму се учи право?
Не повлекол он никакви врски, НАРЕДИЛ да се уапсат тие и тие луѓе, и така биднало. Наредил да се казнат со по толку години робија, и така биднало.
Па они го кршат и законот и УСТАВОТ на дневна основа па никој не видовме од нив да иде у затвор, зошто, зашто се на власт?

И на крај, зошто да не каже ДПМНЕ од каде им се парите, ако можат тоа другите партии да го прават, зошто не може партијата која на кампања троши 20 до 30 пати повеќе пари од останатите собрани заедно. Башка, они се партија на власт која ги има сите ресурси и финансии под своја капа.
Ако имаат образ да го обвинат Љубе за незаконски финансирана кампања, нека покажат дека се транспарентни и нека ни кажат на сите нам од каде им се парите.
Нема тука ништо спорно доколку им е се чисто и легално, не?

Не го бранам Љубе за тоа што го направил, типот е шалабајзер и зелен во паметот, но причината поради која го наместија да иде во затвор е прилично едноставна. Збореше јавно за нивните криминали, им ја поткопуваше кампањата... и на крај, им одвлекуваше гласови. Самите во муабетите меѓу себе си го признаваат тоа.
Ради тоа е во затвор, а не поради земање пари од некој демек грк.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty25/2/2015, 01:11

Јас не реков дека се законски,а се додека не се докаже дека некој е виновен,тој е невин,нели ?

Јас ти викам,дека не верувам дека тоа се снимени разговори од наши служби.Горде на службено патување ? од каде тоа ? прееска ја имаше на вести,отишла на 2 дена и се вратила ?

Излезе ли љубе да ги демантира снимките ? мислиш дека така лесно би ги објавиле тие снимки ако некој договарал со странски служби пад на влада ? толку е моќна Македонија мислиш па да го направи тоа ? мислиш дека ќе биде свеедно за светот ако дознае дека преку опозицијата Грција сакала да ја смени власта во Македонија ?

Можеби се заинтересирал за тоа бе,кога го следеле и прислушкувале љубе,да дигнал слушалка и да прашал колку е затворска казна за тоа дело,м ?и да наредил да се уапсат,немал право за тоа ? законски се земени тие пари ? ме тераш да барам закон,глава ставам дека не е како што ОН рекол колку години,туку по закон го пишува тоа сигурно,пример од 1 година до 8 години,па он наредил да бидат 8 години.Што пак е законски во најголем дел.Па нормално,сдсм не го кршел законот ? илјадници семејсва во нивно време останале без работа поради нивниот криминал,исто ќе биде со секој што е на власт.И секаде е така.Ќе се апсат некои поситни за да покажат дека ете апсат и нивни,или у краен случај некој нивен кој откажал послушност па да го уапсат.

Која партија кажува од кај им се финансиите те молам ? никој не рече дека типот на снимката е грк,ти кажав во претходнот пост,можеби тој е службеник на ДБК и намерно го наместиле,но пак и тоа е законски.Земал пари на рака+не платил данок+договара промена на име и манипулира со народот,заслужено гние во затвор.НАСТРАНА што и како прави власта,сепак он направил кривично дело.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty25/2/2015, 08:44

Дефинитивно тоа се снимки од наши служби. Само што телефонот на Мијалков не е прислушкуван, туку прислушкувани се телефоните на неговите соговорници и така дошло и до неговиот разговор. Иам кажано и претходно, доколку тврдат дека тие снимки се од странски служби тогаш треба да сносат одговорност функционерите кои се задолжени за безбедноста, разузнавањето и контра-разузнавањето на РМ, бидејќи ако е така, тогаш одредени странски тајни служби успеале да допрат до срцето на безбедносниот систем на РМ, а за тоа некој треба да сноси одговорност. Така што во нормална држава доколку има таков случај, во најмала рака би следело низа неотповикливи оставки од одговорни функционери. Меѓутоа јасно е дека прислушкувањето е вршено од нашите служби и е нелегално. Зошто? Затоа што според новиот ЗКП, прислушкување или следење на комуникации, е посебна истражна мерка која може да се употреби со наредба на јавен обвинител доколку е за непознати лица или наредба од судија за претходна постапка доколку се работи за лица со познат или утврден идентитет. Е сеа, тука немаме ниту еден елемент за употреба на било каква посебна истражна мерка. Значи прислушкувани се Гордана Јанкуловска, Иво Котевски, Зоран Ставрески, Михајло Маневски, Филимена Маневска, Маријан Ристески, Драган Павловиќ Латас, Емил Стојменов, Зоран Заев и сигурно уште многу други. Пред се никаде не е наведено дека овие лица формирале одредена криминална група или терористичка група која би се занимавала со нелегални активности или пак на друг основ претставуваат закана против државата. Потоа, прислушкувачите немаат ниту наредба од јавен обвинител, ниту пак имаат поднесено предлог до судија во претходна постапка, ниту пак имаат добиено наредба од судија во претходна постапка. Бидејќи доколку е така, тие ќе изнесеа докази и сите "бомби" на З.З ќе паднеа у вода, меѓутоа со новиот ЗКП кој го донесоа, самите си го оневозможија тоа. Сето тоа докажува дека прислушкувањето на овие лица е вршено на нелегален начин, поради што, некој треба да подлежи на кривична, политичка и морална одговорност.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање   УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање - Page 21 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање
Вратете се на почетокот 
Страна 21 of 25Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22, 23, 24, 25  Next
 Similar topics
-
» НАТО членки и Сојузнички сили
» Превозни средства во службите за безбедност
» Воена Служба за Безбедност и Разузнавање
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: