Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Специјални единици - разно, фото & видео

Go down 
+22
JKD
Iko
Smrtnikot
lider1
su50fighter
Legija91
tose
BMG
Wolf
Mrshajnoski
ZaMakedonija
koki_sk
beowulf
Тигар
Momak od Gjorce
Генерал
Profesionalec
SIG
filip555
Зоран
Goust
Alvar
26 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 34  Next
АвторПорака
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty20/7/2012, 13:02

ЕЛИТНИТЕ ЕДИНИЦИ (5)
Израелските специјални сили - Сејерет Маткал
Тие се обучуваат со врзани очи, јадатстаорци за појадок и ги убиваат сите лоши типови.Тие се специјални сили, елитните светски единици на командосите. Но кои од нив се најопасни?


Овој тим на командоси е опасен на терен, знае да оперира на ултра-таен начин и познат е едноставно како "единицата".
Израелската војска има голем број специјални сили, но само на Сејерет Маткал им се доверуваат строго доверливи и тешки мисии. Единицата ја формирал во 1957 година офицерот Авраам Арнан. Од своето основање нејзините оперативци ги имаат изведено речиси сите мисии на антитероризам и спасување на заложници на граѓани на Израел. Актуелниот израелски премиер Ехуд Барак е еден од најистакнатите припадници на Сејерет.

Селекција и обука

Сејерет Маткал останува една од најтајните специјални сили на светот; многу малку се знае за нивните техники на обука. Штом еднаш човек влезе во редовите, почнува со режимот познат како Маслул. Првите 4 месеци на обука се посветени на падобранско-диверзантската бригада, со посебен нагласок на физичката кондиција.
Но вистинската забава почнува во Училиштето за сузбивање на тероризмот при ИДГ (Одбранбените сили на Израел) каде што регрутите минуваат низ петнеделен курс и учат како да упаѓаат во авиони, да се камуфлираат, да спасуваат заложници, и да деактивираат секакви современи видови на замки како што се мобилки што експлодираат. Следниот чекор за регрутите е обуката за патролата за надзор на големи далечини и стекнувањето на навигациони вештини. Штом ќе поминат низ таа фаза, го добиваат чинот на командос, но има една финта: поради тајноста на нивните акции, не им е дозволено да го носат.

Достигнувањата на "едницата"

На 27 јуни 1976 година терористите од ПЛО (Палестинската ослободителна организација) и германската група Бадер-Мајн киднапираа авион на "Ер Франс" на меѓународниот аеродром во Атина набрзо по летнувањето. Тие бараа да се ослободат 53 терористи. Авионот слета на аеродромот Ентеби во Уганда каде што владееше тиранинот Иди Амин, којшто тајно ги поддршувал терористите. Заложниците биле сместени во еден стар терминал. Како минувале деновите, поголемиот дел од 246-те патници биле ослободени, освен 104-мина од нив, кои имале израелски пасоши или имале Еврејски имиња.
Тука Сејерет стапиле во акција. Планот бил следниот: да слетаат на аеродромот преправени како да се придржуба на претседателот Амин и да го преземат терминалот. Четири транспортни авиони Ц-130 "херкулес" летнале кон Уганда летајќи под радарска височина. Над нив летал еден "боинг 707" каде се наоѓала комуникациската команда, а над него летале неколку ловци Ф-4 од типот "фантом" кои требале да интервенираат во случај Уганда да се обиде да ја прекине операцијата. Пред да слета, "707"-ката најавиле дека Амин се наоѓа во авионот и побарале да се запалат светлата на аеродромската писта. Во еден од Ц-130-ките се наоѓала копија на црниот "мерцедес" на Амин полн со командоси на Сејерет. Кога "мерцедесот" се приближил до терминалот, друг авион Ц-130 фрлил експлозивни направи на крајот од пистата за да предизвика хаос и паника. Терористите отвориле оган на автомобилот што се движел со голема брзина; оперативците на Сејерет возвратиле со оган и ги уништиле целите. Единицата потоа упаднала во терминалот, ги убиле другите терористи и ги сместиле во авионот Ц-130. Целата работа била завршена за 15 минути. За тоа време биле убиени осуммина терористи, а настрадале само тројца заложници.

Приказна од полето на акција

"Во април 1984 година ни јавија дека четворица терористи киднапираа израелски автобус со неколку десетина патници. Тие бараа безбедно минување во Египет и ослободување на стотици затвореници на ПЛО. Речиси веднаш потоа, стапивме во акција вежбајќи неколку тактики на сличен автобус.
Првиот чекор беше да се обидеме ситуацијата да ја разрешиме на мирен начин. Под команда на генерал-мајорот Јицак Мордечај обезбедувањето мина 10 часа во обиди да се преговара, но без успех. Нешто пред изгрејсонце петмина од нас упаднавме во автобусот. Веднаш ги видов терористите и го убив тој што беше најблиску до мене кој посегна по оружјето. Друг мој соборец уби уште еден терорист, по што останатите двајца се предадоа. Освен терористите, имавме само една жртва, а седуммина беа повредени, меѓу кои е еден наш командос.

Даниел Штраус*, статус- строго доверлив

*Овој инцидент завршил со скандал бидејќи двајцата терористи што се предале, биле убиени на сличен начин од страна на Израелците, кои потоа се обиделе да затскријат работата.

Легенди:

Узи 9 мм - Израелското мало и сигурно узи е најпопуларната полуавтоиматска пушка на светот

Операторите на Сејерет преправени во авионски техничари по операцијата "Изотоп 1" во 1972 година. Единицата под команда на Ехуд Барак (третиот од лево со пиштол во раката) упаднала во авионот "707" на "Сабена ерлајнс" и ги спасила сите патници.

Оперативец на Сејерет на обука на Блискиот Исток

(продолжува)

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty20/7/2012, 13:02

ЕЛИТНИТЕ ЕДИНИЦИ (6)
Морначките СИЛС
Тие се обучуваат со врзани очи,јадат стаорци за појадок и ги убиваат сите лоши типови.Тие се специјални сили,елитните светски единици на командосите.


Тие својата репутација ја изградија во Виетнам. Сега се дури уште поревносни во исполнувањето на своите задачи.
Првите единици на Море-Воздух-Земја (Сеа-Аир-Ланд - СЕАЛ) датираат од 1943 година кога беа познати како Морнарички составни батаљон; 19 години подоцна единицата официјално ја составил претседателот Кенеди за да дејствува во Виетнам.

Селекција и обука

Морнаричкиот борец што ќе успее да го мине интензивниот систематски преглед може да стане иден кандидат за редовите на СИЛС. Но, Морнарицата го треби неспособниот "плевел" на единствениот начин на кој знае и умее: изложувајќи ги регрутите на вистински пекол. Всушност, имало и случај кога цел клас поминал без ниеден дипломец. Повредите се сосема очекувана работа, а имало и неколку смртни случаи откако започна обуката за БУД/С (Басиц Ундерњатер Демолитион/СЕАЛС - Единици за основно подводно уништување).
Севкупната програма трае 26 недели, а првиот сегмент трае девет мачни недели, кога повеќе од половината регрути отпаѓаат. Обуката ја минуваат во трчање, пливање и минуваат низ курс за надминување препреки што вооружените единици на САД ги сметаат за најтешки било каде во светот. Во текот на првата фаза, на регрутите им ги врзуваат рацете одзади, им ги врзуваат нозете, и ги фрлаат во вода каде што треба да издржат 30 минути без да се удават.
Шестата недела, наречена Пеколна недела, започнува нешто пред полноќ во сабота кога трупите ги будат во нивните бункери со митралески оган од М60. Следните пет и пол дена имаат во просек по 20 минути спиење на ден, а кога не пливаат, тогаш трчаат. Толку многу време минуваат во вода што на секои 12 часа ги прегледуваат да не имаат хипотермија. За време на Пеколната недела регрутите добиваат четврт оброк, но бидејќи трошат по 15.000 калории на ден, многу губат од телесната тежина.
Следна на ред е обуката во уништување/извидување и копнени борби. Дури и регрутите што успешно ќе ја поминат сета обука, не стануваат официјално припадници на СИЛС с&ицирц; додека не го поминат Основниот воздушнодесантен курс и не отслужат 6 пробни месеци на терен. Откако ќе го поминат и тоа, го добиваат златниот симбол на специјалната морнаричка единица.

Достигнувањата на оваа единица

За време на операцијата пустинска олуја, еден тим на 16 припадници на СИЛС извеле лажна мисија на една плажа северно од местото наречено Мина Са Уд за да го помогнат копнениот напад на западните сојузници. Ноќта пред почнувањето на копнената војна три единици на СИЛС се подготвиле за напад во близина на брегот.
Во утврденото време два брзи моторни чамци навлегле 500 метри крај брегот и на плажата го истовариле сето оружје за изведување на лажен напад. Неколку моменти подоцна сите поставени експлозивни направи детонирале, предизвикувајќи грмеж што можел да се чуе на неколку километри далечина.
Подоцна се дознало дека елементите на две ирачки дивизии (околу 20.000 непријателски војници) останале на крајбрежјето за да се одбранат од нападот што никогаш не се случил.

Приказна од бојното поле

"Бев стациониран во Колумбија и работев во функција на нашата влада таму. Сите знаевме дека ФАРЦ (герилските револуционери) се подготвуваа да ја нападнат нашата база, само не знаевме кога ќе се случи тоа. Лежев во кревет кога околу 3 наутро чув "бум! бум!". Герилците на нас фрлија огромни цилиндри со гас, а некои од нив беа полни со киселина.
"Станав и набрзина се облеков. Луѓето од мојот тим дотрчаа во мојата соба и на сите им додавав оружје. Куршуми ми фрчеа покрај главата и се слушаа експлозии во позадината кога одеднаш заsвони телефонот. Се јавив, ја чув жена ми:" Здраво, како си?". Клекнувајќи за да ги избегнам куршумите одговорив колку што можев посмирено: " Па, добро, добро сум". "Што правиш денеска?" Бомбите експлодираа околу мене, а јас и натаму се трудев да останам смирен. "Ништо посебно". На крајот успеав дискретно да затворам пред да настане тотален хаос.
Колумбија е воена зона, затоа луѓето таму секогаш се подготвени за најлошото. Така што додека бевме под напад, морав да оттрчам до командната база. Додека зборував со полковникот забележав дека сите негови секретари беа вооружени. Во тој момент сфатив дека не сум дома".
Том Доланд - офицер од прва класа, осумгодишен ветеран
(крај)

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty29/8/2012, 14:51

Не се специјални али...

Вратете се на почетокот Go down
koki_sk




Број на мислења : 1

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty29/8/2012, 21:46

Еве еден докумнтарец за SAS Australia за нивното дејствување во Авганистан

пс Добро ве најдов



Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11101

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty30/8/2012, 00:15

Добредојде Коки. ziveli
SASR се закон.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty30/8/2012, 12:38

Добредојде Коки, се надеваме често ке не дружиш! ziveli
Вратете се на почетокот Go down
ZaMakedonija

ZaMakedonija


Број на мислења : 4

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty4/9/2012, 02:13

Alvar напиша:


Убаво видео.. jupii jupii
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty6/9/2012, 21:16

Косово - незнам дали е од КЗК или полицијата.
[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty6/9/2012, 21:20

Frogfoot напиша:
Косово - незнам дали е од КЗК или полицијата.
[You must be registered and logged in to see this image.]

РОСА...и за жал подобро опремени од нас.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty6/9/2012, 21:44

Што е тоа РОСА?

П.С Од Тигрите незнам дали се подобро опремени или од ЕБР.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Специјални единици - разно, фото & видео   Специјални единици - разно, фото & видео - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Специјални единици - разно, фото & видео
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 34Отиди на страна : Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 34  Next
 Similar topics
-
» Специјални единици на Југословенските војски 1931-1945
» „Бадем„ (Egoc) и „Единица 504„ - Израелски специјални воени единици
» Фото : Македонија - 2001
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Видео:АРМ ретро

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Галерија - фото & видео-
Отиди до: