| пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
|
+46Спенсер dzole darkness Momak od Gjorce Panter JKD SIG apajko РИС BABUN Stamenov Dejan N ESN tose Smrtnikot assasian beowulf Legija91 volcko1 IgorM Iko MatrinJ Mrshajnoski viktor leopard marijana Goust tigar Alvar Subzero Генерал dejand Зоран Vitoria filip555 Desperado glorijamk tonin Волчко Тачка Wolf Profesionalec diverzant Makedon 1 AlexGreat 50 posters |
|
Автор | Порака |
---|
ESN
Број на мислења : 1594
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 5/2/2015, 23:06 | |
| Точно така мисфит барем добар статус да стекнеш во единицата после можеш да идеш на печалба. ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
|
| |
ESN
Број на мислења : 1594
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 5/2/2015, 23:08 | |
| - JKD напиша:
- па ти за плата ли ќе идеш во псо ? ако идеш за тоа нема ни 2 дена да издржиш,а нема ни да пројдеш селективен со таков mindset.
Демек ќе те обучат таму ќе те спремат се,и ти им викаш ајде сега чао,идам за ирак ? Немој да бидеш толку сигурен.Е сега па ти не толку брзо де едно минимум 5-7 години работа во псо,после оди на печалба ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 5/2/2015, 23:29 | |
| http://securityacademy.com.mk/ еве и нешто што е многу добро и барано во свет,е сега можеш и без да си бил припадник на специјални единици да се обучиш за ова,ама колку ќе сфаќаш тоа е друг муабет...јас им имав пишано неколку пати,90% од тие што идат на овие обуки биле/се припадници на специјални единици.Цените им се солени,но сигурно ги вадиш за брзо време.Имаат диплома и сертификати,диплома добива секој ми се чини што ќе плати,а сертификат само тие што ќе положат,или обратно беше не ми текнува али таков е начинот. | |
|
| |
ESN
Број на мислења : 1594
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 6/2/2015, 14:26 | |
| ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 10/2/2015, 17:12 | |
| Посета на Министерот за одбрана на Република Хрватска на полкот за Специјални Операции Денес 10.02.2015 година во посета на полкот за специјални операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Хрватска, предводена од Министерот за одбрана Анте Котромановиќ. Делегациата беше пречекана од страна на командантот на полкот за специјални операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски заедно со потесниот дел од командата. Посетата продолжи со брифинг на делегацијата во кој беа презентирани мисијата на единицата, структурата, опремата како и стекнатите искуства од мисиите каде до сега учествувала единицата, а потоа преку тактичко технички збор беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое го користи единицата. Припадниците од полкот, своите вештини и знаења пред гостите ги демонстрираа преку методско показна вежба за уништување на ДТГ која е сместена во „сигурна куќа“. На крајот од посетата Министерот за одбрана на Р. Хрватска се запиша во книгата на впечатоци на единицата и ја изрази својата благодарност, потенцирајќи го високото ниво на спремност кое беше демонстрирано од припадниците на полкот. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/02/poseta_mo_hrvatska_pso.html | |
|
| |
Гостин Гостин
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 22/2/2015, 23:59 | |
| Ме интересира нешто конкретно и незнам дали е достапно за јавноста, но ќе прашам. Нели во еден текст пишуваше дека во 2001 нашите безбедностни структури имале многу информации(број на терористи, точни локации, нивно движење итн.). Дали во пСО тимовите одат/оделе на такви "извиднички" задачи, како што има во западњачките филмови да речеме? Пример снајперските тимови, или патролите да се доближувале до непријателот, со единствена функција за разузнавање, без контакт. Или тоа е функција на военото разузнавање и нивни оперативци? Или соработуваат пСО со ВР? Или тотално сум утнал и е нешто скроз трето? Реално, јас колку што знам тоа може да биде задача и на МВР, незнам како тоа се одвива на други места во светот, а камоли па кај нас, затоа прашувам. Има некој поточни информации или и ова е една од тие работи што не треба многу да се прашува? Да си знам да заклучам врата |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 23/2/2015, 03:20 | |
| Тие информации 90% се добиваат од луѓе.Не е ко на филмови,инфлитрирај се и снимај прати...за да организираш група,ти треба-луѓе,засолниште,луѓе по селата за да те информираат ако иде полиција/армија,луѓе да ти набават оружје,муниција,ти требаат луѓе да ти готват храна да те снабдуваат со храна,ти требаат луѓе кои ќе те финансираат,ти требаат луѓе кои ќе ти дадат возила,униформи...а луѓето сакаат да зборуваат,така да најчесто така добиваат информации пошто не знаеш кој после тебе ќе дигне слушалка и ќе пренесе се на некој оперативец.Можеби имале такви акции,ама верувај тоа ни татко нема да ти го каже,камоли да го дознаеш на форум. | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 23/2/2015, 16:23 | |
| Крводарителна акција во касарна „Илинден“ по повод 1 ви Март - Денот на полкот за Специјални Операции Во рамки на одбележувањето на Денот на полкот за Специјални Операции,(23.02.2015 година), во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Во оваа прилика, припадниците на полкот за специјални операции ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи37 крвни единици. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Ваквите крводарителни акции во полкот се реализираат неколку пати во годината се со една цел - да се спаси човечки живот. http://www.arm.mil.mk/vesti/pso/2015/01/krvodaruvanje.html | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 23/2/2015, 17:03 | |
| ќе има нешто изложба на оружја-вежби ? за јавност мислам,сигурно на за ТВ ќе има нешто.. | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 26/2/2015, 12:49 | |
| Утре 27-ми февруари, во 11.00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост по повод Денот на пСО http://www.arm.mil.mk/ | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
| |
|
| |
| пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
|