Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 2/4/2015, 14:53
старо,но сепак...очигледно го криеле самите жители таму...и после ќе ми каже некој-соживот,заедничка борба...
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 2/4/2015, 15:46
При претрес на дом на познат деликвент пронајдени оружје и дрога
Денес (02.04), по обезбедена судска наредба, а врз основа на претходни сознанија за постоење сомненија за сторени повеќе кривични дела, беше извршен претрес во домот на Б.К. (46) од село Рашче, скопско, при што се пронајдени и одземени:
една автоматска пушка НН марка; три празни рамки за автоматска пушка; еден кундак; два автоматски пиштоли марка “Шкорпион“; две мали празни рамки за “Шкорпион“; една голема рамка со 14 куршуми за пиштол “Шкорпион“; една голема рамка за пиштол “Шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм.; еден пиштол марка “Том Фолион“ калибар 9 мм. и 11 куршуми со рамка за истиот; еден револвер марка “Амадео Росиса“; 32 куршуми калибар 9х99 мм.; 19 куршуми калибар 38 Специјал; два сигнални пиштола; една воздушна пушка; како и 17 полиетенски пакувања со прашкасна материја (најверојатно кокаин); две полиетенски пакувања со непозната прашкаста материја; една дигитална вага; три скутери; и еден моторцикл за кој што се претпоставува дека постои основи на сомнение дека е предмет на кривично дело “фалсификување на исправа“
Инаку Б.К. е регистриран во крим евиденцијата на СВР – Скопје и тоа поради сторени кривични дела: “грабнување“, “фалсификување на исправа“, “тешка кражба“, “недозволено извработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за коишто му се изрекувани и затворски казни. По целосно расчистување на случајот против Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 14/4/2015, 16:24
МВР во соработка со хрватската полиција Екстрадиран осомничен од оперативната акција „Чекан„
Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја заврши екстрадицијата на Р.С.(44) од Гостивар против кого во рамките на оперативната обработка “Чекан” беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и “перење пари и други приноси од казниво дело“. Истиот беше лишен од слобода на ГП Бајаково на 10.01 оваа година по распишана меѓународна потерница од страна на ИНТЕРПОЛ и беше спроведен во ектрадиционен притвор во Хрватка. По завршувањето на екстрадиционата постапка пријавениот беше преземен на Аеродромот во Загреб и спроведен во Затвор Скопје по претходно одредена мерка притвор во траење од 30 дена.Инаку против пријавениот и во претходниот период му беа поднесени десетина кривични пријави од областа на имотните деликти, а исто така во 2004 година и кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „прикривање“.
Имено како што веќе известивме криминална група организирана од страна на пет лица меѓу кои и сега екстрадираниот гостиварец започнала да делува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар при што мотивот бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број на сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување на недвижен имот, како и давање на незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените. Инаку од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал беше поднесена кривична пријава против 19 физички како и едно правно лице, додека пак во продолжение на акцијата “Чекан“ беше поднесена кривична пријава и против полициски службеник и Командир на ПС ОН Гостивар. http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=14551&mid=1367&tabId=358&tabindex=0
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 26/4/2015, 13:33
ЕКСКЛУЗИВНО: Голема акција во моментов - полициските специјалци „тресат“ околу Гошинце
Голема полициска акција од рано утринава се одвива во реонот околу селото Гошинце, каде минатата недела беше нападната една полициска караула, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, по истрагата за нападот врз караулата полицијата дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата. Нашиот извор вели дека по обезбедени судски наредби, извршени се повеќе претреси во Малино и пронајдено е дел од полициското оружје кое беше украдено. Од МВР за Press24 и официјално потврдуваат дека од рано утрово спроведуваат акција во регионот околу Гошинце но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат, акцијата е се уште во тек. http://press24.mk/ekskluzivno-golema-akcija-vo-momentov-policiskite-specijalci-tresat-okolu-goshince
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 26/4/2015, 15:14
and here we go again... грујо го наместил оружјето за да страдаат мирни и поштени аљбанци
Sponsored content
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија
Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија