Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 6/6/2016, 18:12
Не дека им текнало на МВР да реагираат, туку најверојатно професориве одбиле да плаќаат рекет, односно да даваат процент на некој од МВР или едноставно го исклучиле од шемата. Сигурно е нешто од тоа, инаку овие уште многу одамна ќе паднеа.
______________________ "Through discipline comes freedom"
Panter
Број на мислења : 452
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 7/6/2016, 00:12
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 31/8/2016, 12:52
Обвинител, лекар и инспектор од МВР им помагале на наркодилери
Тројцата државни функционери, правеле лажни документи дека еден член од бандата наводно е во затвор, а тој всушност продавал дрога на слобода. Јавен обвинител, лекар и полициски инспектор од Битола им помагале на наркодилери, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој нагласи дека нивното противзаконско делување и помагање на криминална банда која продавала наркотици во Скопје, Велес и во Свети Николе се откриени во двегодишната акција „Брана“, која продолжила и утринава под оперативно име „Мрежа“.
- Акцијата започна откако дознавме за организирана криминална група која делувала на национално и меѓународно ниво во вршење кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога. Таа имала коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството. Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимините законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР - изјави Чавков.
Според досега откриеното, тројцата државни функционери, правеле лажни документи дека еден член од бандата наводно е во затвор, а тој всушност продавал дрога на слобода.
- Тројца од бандата се на возраст од 35, 38 и 42 години. Тие од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропни супстанци. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите. По извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници се пронајдени и одземени голем број предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувани. Најдени се телефони, пари, оружје и разни прашкасти материи. Од почетокот на акцијата „Брана“ до денеска се запленети повеќе од 4 килограми марихуана, семки од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, а се поднесени 10 кривични пријави. Денеска до ОЈО ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а по еден член од бандата уште се бара - рече Чавков. http://plusinfo.mk/vest/84375/obvinitel-lekar-i-inspektor-od-mvr-im-pomagale-na-narkodileri-video
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 10/11/2016, 15:33
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 19/2/2017, 22:37
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 19/3/2017, 16:04
Сузбиена криминална група која продавала наркотици
Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи во петокот (17.03.) по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување “МРЕЖА” изврши претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што сузбиена е организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага.
Притоа, од страна на ОСОСК до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело - “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 и В.В. за сторено кривично дело - “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ.
Лицата се изнесени пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор
Имено, по спроведена истрага утврдено е дека лицето Д.В. од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачје на Прилеп и Битола, со цел стекнување на противправна имотна корист. Д.В. создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од лицата Н.Х. и Е.З. двајцата од Скопје, кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со парични средства, а во неколку наврати направена е замена на дрога за ПМВ и моторцикли.
По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на лицата М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја превземал и доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба. Исто така, по инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја превземале дрогата од горенаведите лицата задолжени за чување, мешање и препакување.
Петокот и саботата (17/18.03.) по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси на подрачје на Прилеп, Битола и Скопје при што кај лицето Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на лицето В.В. (инаку сопруга на Д.В.) пронајдена е дигитална вага.
Вчера (18.03.) при извршените претреси во Скопје кај лицето Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела НН материја, едно полиетиленско пакување со НН бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65 потоа 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три ПМВ (ПЕЖО 307, Пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи. Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8-10 кг марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари - 19.000 денари. Имено при преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот, новчаник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја – хероин, 50 екстази и дигитална вага. http://mvr.gov.mk/vest/3775
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 11/7/2017, 17:08
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 11/7/2017, 17:51
Еден од овие шибал 200 на автопат, со 12 души кола.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 11/7/2017, 19:57
______________________ Si vis pacem, para bellum
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 11/7/2017, 22:51
Momak od Gjorce напиша:
Се расипаа таворите се калаши по видеово те Арсеналки/
______________________ Мијак 100 %
Sponsored content
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија
Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија