Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 27 ... 39  Next
АвторПорака
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty31/10/2012, 12:49

KikoTE напиша:
хаха епа баш за тоа дека не сум по задачите а историја ми идело одсекогаш,па за тоа прашувам да не се заплеткам и заглавам со физикава за џабе Very Happy

Дадада. Најбитно ти е да земеш добри оценки од полагањето .. За другото не му бери многу гајле. Very Happy

______________________
ARM MOJ VISTINSKI DOM!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty31/1/2013, 13:29

Не си питомец ако не си преспал во игло!


Триесет и три студенти на Попова Шапка учат како да преживеат на минус 25 степени, да скијаат, гаѓаат и да направат засолништа за преживување и сместување во зимски услови


Благица Димитрова нема ни 20 години, ниту тежи повеќе од 50 килограми но знае како да преживее среде шума завеана со снег, на минус 25 степени. Со тежок ранец на рамо и со пушка, на скии таа вешто ги совладува сите препреки на кои наидува. Знае како да направи игло, мечкина дупка или бивак во кои може да се престојува цели 24 часа, да скија и да пука во различни ставови, во одредена цел. И додека поголемиот дел од нејзините врсници во овие зимски денови се топлат дома, Благица заедно со нејзините 33 колеги и колешки, сите питомци од Воената академија Генерал Михајло Апостолски" ја минуваат обуката во зимски услови на Попова Шапка.
- Ние сме девет девојки и можам да ви кажам дека во вакви екстремни услови одлично се држиме. Нашите машки колеги, понекогаш ни помагаат во потешките работи, но сепак половата разлика не претставува бариера. Тука сите сме исти, вели младата кадетка. И нејзиниот колега од Црна Гора, Марко Јанковиќ потврди дека обуката во зимски услови не е лесна, но дека успеваат да ги надминат сите предизвици со кои се соочуваат.

- Благодарение на нашите инструктори научивме како да се снаоѓаме и да преживееме во екстремни зимски услови на непристапен терен. Јас сум многу задоволен и сметам дека не згрешив што ја одбрав Македонија за да ја завршам Воената академија, бидејќи имам можност да учам од најдобрите. Дури и јазикот кој на почетокот ми беше проблем веќе не е, ни рече Марко на одличен македонски јазик.

Овие интересни соговорници во многу необична атмосфера, новинарските екипи имаа можност да ги регистрираат на лице место. На покана на началникот на Генералштабот, Горанчо Котески бевме гости на АРМ, поточно на Центарот за обука во зимски услови - Попова Шапка, под чија команда се изведуваат сите обуки во текот на додипломската едукација на идните офицери.
Најинтересни за сите нас беа засолништата изградени во снег. Во нив, како што ни раскажаа питомците, може да се престојува неколку дена, а температурата е за 10 до 15 степени повисока од надвор. Со само една свеќа, импровизираната просторија може да се загрее за уште пет степени повеќе. Дознавме дека мечкината дупка и бивакот се прават поедноставно, но затоа пак, ескимското игло е малку потешко за изработка. Се ѕида со однапред изработени снежни блокови (слични на циглите) па затоа за неговата изработка е потребно подолго време.

Командантот на питомечкиот баталјон, потполковник Звонимир Савески појаснува дека секоја генерација на кадети мора да помине низ неколку сегменти практична обука низ која се добиваат основните познавања за преживување во екстремни услови кои потоа секој од нив ги надградува при напредувањето во кариерата.
- Во текот на зимската обука која трае две недели и е наменета за студентите од втора година се учат основни елементи, основните показатели кои понатаму со нивното промовирање во офицери се надградуваат во зависност во кои единици ќе бидат распоредени во АРМ, појаснува потполковник Савески.

Професорот по физичко воспитување од Воената академија, Трајче Јанкоски и инструкторот по скијање, капетанот Ѓоко Христоски, со задоволство го истакнуваат успехот кој го постигнале. За пет дена, групата во која од 33 питомци само двајца знаеле да скијаат, сите успеале да ги совладаат основните движења, но и одлично да скијаат плужно, паралелно да возат и да ги изведуваат основните ставови за гаѓање при пешадиската воена обука.

Заедно со питомците, скијаше и првиот човек на Генералштабот кој престојот на Попова Шапка го искористи и самиот да ги повтори лекциите по скијање и како што констатираа присутните, тоа одлично го направи. Котески не влезе во ескимското игло, но се потсети на неговите питомечки денови кога самиот градел зимски засолништа и престојувал во нив. Задоволен од обуката, ги пофали и инструкторите и идните офицери за покажаните знаења по само пет дена обука.
- Македонија е претежно планинска земја. Тоа на единиците на АРМ им наложува потреба од интензивна обука на високо планинско земјиште, како во лето така и во екстремни зимски услови. Совладувањето на тактиката на герилското и противгерилското војување произлегува од мисијата на АРМ и ние за такво војување интензивно се обучуваме и подготвуваме. Денес имаме прилика да ги посетиме питомците кои се идните офицери на АРМ. Им велам, не си питомец ако не знаеш да изградиш игло и не можеш да станеш офицер ако не си преспал во него, појасни генералот Котески.

Откако ја проследивме обуката на идните офицери, сите бевме поканети во хотелот на АРМ Шар" каде продолживме со неформалниот разговор, а срдечните домаќини во Домот не почестија со војнички грав и шарска плескавица.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=03F0D24F38966F45BD1EDF3769934CAC

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty6/2/2013, 18:47



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty26/4/2013, 20:08

Ке има годинава прием на нови кадети ?
Вратете се на почетокот Go down
Vojnik122




Број на мислења : 9

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty5/5/2013, 15:07

Здраво,сакам да прашам ако некој знае,бидејќи видов има Математика како редовен предмет,дали Математиката е условен предмет Smile? мислам дали ќе може да слушам други предмети ако не ми иде.. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty5/5/2013, 15:59

Добредојде војник122! ziveli

Незнам дали е условен, нека одговорат другите кои знаат, ама земи учи си Smile
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty5/5/2013, 18:17

И ја највероватно ќе идам на ВА,ама математика ми е проблем,мене математика ми иде,ама на живци...
Вратете се на почетокот Go down
Vojnik122




Број на мислења : 9

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty5/5/2013, 19:02

Добро ве најдов Very Happy па да ама за секој случај да прашам дали е условен сепак тоа ми е поважно учењето математика како што вика Момак ми иде ама на живци Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty5/5/2013, 21:15

Математика се решава со упорност.
И вракање од почеток.
После иде како по лој.
Вратете се на почетокот Go down
Vojnik122




Број на мислења : 9

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty20/5/2013, 11:48

Годинава ќе има конкурс за Военава академија Smile?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 15 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 15 of 39Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 27 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: