Филмот за Осама бин Ладен проследен од рекорден број Американци
вторник, 06 ноември 2012, 08:56
Повеќе од 2,7 милиони луѓе го гледале во неделата во САД првиот филм за операцијата во која беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, јави вчера телевизискиот канал „Нејшнл џиографик“, кој го емитуваше филмот два дена пред претседателските избори.
Телевизијата напомена дека филмот бил најгледано остварување оваа година и на шестто место според гледаност во нејзината досегашна историја.
Поради емитување на филмот „Шесттиот одред на морските фоки: Нападот врз Осама бин Ладен“ непосредно пред изборите, неговиот режисер Џон Стоквел и продуцентот Харви Вајнстин беа подложени на критики дека нивното остварување, кое е означено како дел од пропагандната кампања за поддршка на актуелниот претседател и кандидат на демократите на изборите Барак Обама.
Тие ги демантираа ваквите тврдења, напоменувајќи дека емитување на филмот е закажано уште поодамна. Дел од американските медиуми нагласуваат дека Вајнстин собирал донации за кампањата на Обама и додаваат дека операцијата против Бин Ладен претставува реклама за лидерските способности на Обама.
Во јануари најавено е излегување на уште еден филм за ликвидирањето на Бин Ладен на режисерката Кетрин Биглоу.
[You must be registered and logged in to see this link.]
______________________
Потта штеди крв!