Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Единица за Специјални Задачи „Тигар„

Go down 
+47
Цане
darkness
BoyfromKavadarci
Goust
GoranSIR
fantom1
bolee
Rashid
икс
Mrshajnoski
bojan111
losmi
ace89
leopard
Спенсер
makedonija:D
Smrtnikot
BABUN
assasian
ESN
JKD
Panter
Alvar
alexmkd
Legija91
Macedonian Knight
tose
misko alfa
beowulf
shady3
viktor
tigar
IgorM
Zajcef
Momak od Gjorce
Subzero
volcko1
TigerMKD
Wolf
Тигар
Profesionalec
Davormkd
Зоран
Генерал
SIG
Makedon
AlexGreat
51 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 63 ... 100  Next
АвторПорака
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty13/3/2014, 23:15

Зоран напиша:
Срекна годишнина Момци , многу трнинг и хај теч оперма , и што помалку интервенции!
Имено овие мислам се новите ТИГРИ..оние што го завршија првио конкурс  ziveli 
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty13/3/2014, 23:17

BABUN напиша:
Зоран напиша:
Срекна годишнина Момци , многу трнинг и хај теч оперма , и што помалку интервенции!
Имено овие мислам се новите ТИГРИ..оние што го завршија првио конкурс  ziveli 
Момак што е битно кој се .
Нека си бркаат работа.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Panter




Број на мислења : 455

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty14/3/2014, 00:48

ima li zeni vo sostavot na ESZ TIGAR?na slikite imase edna so repce
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty14/3/2014, 11:42

ima poveke ne edna.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty14/3/2014, 12:55

13.03.2014 Ден на формирањето на Единицата за специјални задачи
Јанкулоска: "Единицата го заслужува епитетот - елитна"

“Денес овде заедно чествуваме еден исклучително значаен датум, денот на формирање на Единицата за специјални задачи „Тигар“- 13 март. Единица на која што МВР, но и граѓаните на Република Македонија се особено горди, затоа што станува збор за структура составена од луѓе кои со својата подготвеност, пожртвуваност, и други професионални квалитети со право докажале дека Единицата го заслужува епитетот елитна“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето поздрано обраќање пред припадниците на ЕСЗ во касарната Илинден а по повод 13-Март денот на формирање на оваа единица во составот на МВР.

Министерката Јанкулоска нагласи дека многупати досега се докажало на дело неспорното значење и улогата што ја имала и ја има Единицата за Специјални Задачи од нејзининото постоење до денес.

“Во сите активности, планови, проекции на Министерството, нејзината функционалност и улога секогаш во овие години зад нас беше во самиот врв на приоритети во секојдневното наше работење. Со право можам да констатирам дека денес, 33 години по нејзиното формирање Единицата за специјални задачи преставува модерна формација во чиј состав влегуваат високо-обучени специјализирани тимови за различни видови намени и задачи, а за кои се бара и е потребно посебно ниво на обученост, вештини, знаења“, потенцираше Јанкулоска.

Во овој контекст министерката Јанкулоска посочи дел од низата активности реализирани од страна на МВР во насока на натамошен развој и надградба на единица почнувајќи од веќе изготвената нова систематизација и реорганизација на ЕСЗ, персоналното пополнување и освежување со нови кадри, како и темелната реконструкција на објектот – Базата на Единицата. Исто така Јанкулоска посочи дека за прв пат во нејзината историја, Единицата за Специјални Задачи ќе биде опремена со најмодерна и високософистицирана опрема и вооружување бидејќи е составен дел во програмата на Министерството, којашто пак треба да се реализира во рок од две години, што значи дека, за прославата на 35 годишнината од формирањето, и оваа задача ќе биде целосно реализирана.

Во оваа прилика министерката Јанкулоска им оддаде и почит на заганитатите припадници на “тигрите“ кои ги загубија животите извршувајќи службени задачи – “Нивната жртва, но и жртвата на нивните семејства нема да биде заборавена од нас и од граѓаните на оваа земја, вечно ќе им бидеме благодарни“, нагласи Јанкулоска.
http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13280&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

Интересна најава, да видиме како што ќе се испазари.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty14/3/2014, 13:49

Не се сомневам во „вкусот„ на МВР...  Twisted Evil 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty8/5/2014, 21:47

Потресна исповед: Полициски „Тигри“ ми го спасија животот на Матка

Да не беа полициските специјалци денес немаше да бидам тука и да зборувам со вас. Немам зборови со кои можам да им се заблагодарам што ми го спасија животот. Ме извлекоа од длабоката бездна во која паднав и тешко се повредив. Од дупката беше невозможно да ме извадат, с` до оној момент кога пристигнаа „тигрите“, раскажува за „Дневник“ Златко Пејковски (40) од Скопје, планинар и член на планинарското друштво „Екстрем“ од Скопје.

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Matka

ФОТО: Дневник

Тој изрази благодарност до храбрите полицајци од Единицата за специјални задачи „Тигар“, кои на 12 мај лани го спасија по несреќата на Горна Матка. Речиси една година по несреќата, вчера, на 7 Мај, Денот на полицијата, тој се сретна со специјалците што го спасија. Со нив ни ја раскажа најдраматичната акција за спасување што се случила лани.

Пејковски иако искусен планинар, најверојатно поради мало невнимание, се лизнал од високите карпи кај црквата „Света недела“ и паднал во длабоката бездна. Со скршеници на двете нозе, повреди по главата, набиеници по телото, а подоцна се утврдило дека имал и внатрешно крвавење, почнала неговата борба да преживее.

Неговите тројца другари и еден алпинист, кој бил член на Црвениот крст, веднаш се обиделе да го спасат. По заобиколна патека слегле кај повредениот, но понатаму не можеле ништо да направат. Состојбата на планинарот била тешка, поради што и извлекувањето од непристапниот терен за нив било невозможна мисија. Тие веднаш пријавиле на 192 по што била алармиран алпинистичкиот тим на ЕСЗ „Тигар“.

- Дента бев рекреативно на планинарење на Водно. Тогаш добив повик дека треба да спасуваме планинар кој паднал од карпите на Матка. Kако одговорен за алпинистичкиот тим на ЕСЗ „Тигар“ веднаш повикав уште двајца алпинисти од мојот тим и медицинскиот техничар, како и хеликоптерска единица. Беше недела, односно неработен ден, но сите во најкратко време пристигнавме на местото - вели Горан Срезовски - инструктор по алпинизам во ЕСЗ „Тигар“.

Тимот, кој се состоел од двајца пилоти и четворица алпинисти, меѓу кои и медицински техничар, за само половина час се организирале, ја зeле алпинистичката опрема, а пилотите спасителната опрема. Во меѓувреме го лоцирале местото и хеликоптерот „МИ 17“ тргнал во акција.

Теренот каде што Пејковски паднал бил стрмен, а земјата била ронлива. Од таму пеш и без алпинистичка опрема невозможно е да се искачи дури и искусен планинар.

Додека хеликоптерот летал кон Матка, медицинскиот техничар телефонски контактирал со другарите на повредениот. Ги прашувал за состојбата на повредениот и им давал совети како да постапат.

Дента временските услови биле лоши.

- Откако го лоциравме местото, направивме еден налет, но бидејќи времето беше облачно, а имаше и магла, првиот обид за хеликоптерот да лебди во воздухот беше неуспешен. Втор пат пилотот успеа да лета во место со хеликоптерот по што почнавме да се спуштаме од воздух - раскажува Срезовски.

Тројцата алпинисти, Горан, Велко и медицинскиот техничар Васил, се спуштиле на карпите. Со себе ги имале алпинистичката опрема и опремата за спасување, односно медицинската торбичка и носилката. Алпинистот Владимир останал во хеликоптерот, бидејќи тој морал да управува со „витлото“, односно сајлата по која специјалците се спуштаат од хеликоптерот.

Потоа веднаш се симнале кај повредениот.

- Имаше скршеници на нозете, скршеница на глуждовите, повреди на главата, ситни надворешни крвавења, но, за среќа, немаше повреди на ’рбетниот столб. Најлошто од с` беше тоа што планинарот ја губеше свеста и за најкратко време моравме да го транспортираме во болница - раскажува Васил.

Специјалците го ставиле повредениот во носилката и го подготвиле за извлекување, а во меѓувреме се договориле со екипа на Итна помош да ги чека кај езерото Треска.

Лидерот на алпинистичкиот тим Горан се закачил на сајлата, која висела од хeликоптерот, а потоа држејќи ја носилката успешно се искачил во хеликоптерот. Хеликоптерот веднаш се упатил кон езерото Треска со цел да не се губи време.

-Нема лесна и тешка акција, сите се со висок ризик, бидејќи одиме во најтешки улови каде што другите служби не можат да ја завршат работата - вели Срезовски.

Алпинистичкиот тим апелира до надлежните да им овозможат услови за слетување на хеликоптерите.

-Порано хеликоптер можеше да слета кај ургентниот центар во Kлиничката болница, но сега тој простор е обраснат со дрва и невозможно е слетување. Бараме надлежните да го среди теренот, бидејќи дополнително им предизвикуваме траума на повредените со транспорт од хеликоптер во амбулантно возило. Хелиодром нема ни кај поранешната Воена болница и таму обично слетуваме на фудбалското игралиште во близина - велат специјалците.

По несреќниот случај, Пејковски долго закрепнувал во болница. Потоа тој неколкупати се сретнал со тимот што го спасил. Со специјалците Васил и Горан вчера заминавме да се сретнеме со планинарот на неговото работно место во еден автосалон во Скопје.

- Да не беа момците, којзнае што ќе се случеше со мене. Доживотно ќе им бидам благодарен за вториот живот што ми го дадоа. Првиот контакт ми беше со Горан. Тој ме побара додека јас бев во болница. Се јави и се интересираше како е моето здравје. Искрено тоа не го очекував, но се уверив дека с` уште постојат хумани луѓе - вели Златко.Додека разговараа. специјалците го прашуваа дали се сеќава на тој ден.

- Дента планинаревме на Матка. Kога се искачивме, застанав да уживам во погледот. Но потоа знам дека се освестив во болница, третиот ден по несреќата. Другарите ми кажаа што се случило, дека прво барале помош од планинарската служба, па од Црвениот крст, но тие не можеле да помогнат. На крајот ја повикале полицијата - вели Златко.

Златко ги праша специјалците во каква состојба бил кога го пронашле во бездната и додаде дека с` уште чувствува болка од повредите, но и дека планира да го посети местото на 12 мај, на годишнината од падот.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/157343-Potresna-ispoved-Policiski-Tigri-mi-go-spasija-zivotot-na-Matka
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty8/5/2014, 22:18

Секоја чест за Тигрите  jupii 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty17/5/2014, 23:14

Македонските „Тигри“ тргнуваат на помош во Србија

Утре во 10.00 часот во касарна Илинден со хеликоптер за Србија ќе замине една чета од Единицата за специјални задачи “Тигар” обучена за спасување и помош во кризни ситуации.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/158491-Makedonskite-Tigri-trgnuvaat-na-pomos-vo-Srbija
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty18/5/2014, 11:39

ФОТО: Македонските “Тигри“ ќе помагаат на терен во Србија

http://kurir.mk/makedonija/vesti/158512-FOTO-Makedonskite-Tigri-ke-pomagaat-na-teren-vo-Srbija
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 27 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Единица за Специјални Задачи „Тигар„
Вратете се на почетокот 
Страна 27 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 63 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Слики "Единица за специјални задачи ТИГАР"
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» ОМОН - Руска полициска единица за специјални намени
» „Бадем„ (Egoc) и „Единица 504„ - Израелски специјални воени единици
» 1/35 ГАЗ Тигар, Крим 2014. Звезда

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: