Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Тероризам - дискусија

Go down 
+10
Legija91
Alvar
KikoTE
Зоран
Supeme General
Subzero
Profesionalec
Генерал
SIG
AlexGreat
14 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11116

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty8/2/2013, 00:22

Russia kills last man wanted for Moscow metro bombing

(Reuters) - Russia said it had shot dead the last surviving militant involved in twin bombings that killed 40 people on the Moscow metro in 2010 during a night-time sweep of a forest hideout in the volatile North Caucasus.

The National Anti-Terrorism Committee (NAK) released a crossed-out photo of the alleged militant on Wednesday, his face framed by a thick beard.
Bombings and attacks on police and officials by Islamist fighters in the North Caucasus are a weekly occurrence, but insurgents have also staged numerous attacks on the Russian heartland.
Chechen Islamist rebel Doku Umarov, Russia's most wanted man and head of the umbrella Caucasus Emirate group, claimed responsibility for the metro bombings as well as a suicide bombing that killed 37 at Moscow's busiest airport in 2011.

"Gusen Magomedov was the last remaining participant directly involved in the organization and implementation of terrorist attacks on the Moscow metro in March, 2010," NAK said.

"Fair retribution has caught up with the last one of them."

It said Magomedov had been shot after opening fire on security forces combing forests near the village of Kadyrkent in Dagestan, now the center of militant violence in the North Caucasus.
A video released by NAK showed a mangled body in a black jogging suit and a pistol lying in the underbrush.
An NAK spokesman, Dmitry Pavlov, said Magomedov had personally escorted one of the two female suicide bombers responsible for the twin metro bombings to the entrance of the Moscow underground.
A still image from surveillance footage in the metro published by NAK allegedly shows Magomedov - clean-shaven and wearing a baseball cap - walking beside the suicide bomber.
Later Magomedov, born in 1977, returned to Dagestan and joined a group of insurgents led by a Turkish-born militant, who was killed by security forces last year, Pavlov said.
More than a decade after Moscow re-established federal control over Chechnya following two separatist wars, militants have spread to neighboring provinces such as Dagestan.
Security risks in the region are in the spotlight ahead of the 2014 Winter Olympics, which Russia will host in the Black Sea resort of Sochi, at the western end of the Caucasus mountains.
[You must be registered and logged in to see this link.]

Нема трте мрте. Twisted Evil

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11116

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty21/4/2013, 16:53

Од борци за слобода до терористи: бостонските бомбаши го сменија ставот на САД кон Чеченија

Тоа што голем број од американските институции брзо го напуштија сочувството кон Чеченците и лицемерно се свртеа кон Кремљ го докажува ова: едно е остро да критикуваш некоја странска нација за нејзиниот пристап кон тероризмот, но сосема друго е да се судриш со него лице во лице, кога граѓаните на твојата земја умираат во акти на испланирано насилство.

Откритието дека двајца браќа осомничени за нападите на Бостонскиот маратон се етнички Чеченци предизвика американските институции за 180 степени да го сменат ставот кон регионот и каузата со кои претходно сочувствуваа.

Низ двете сепаратистички војни што ги водеа чеченските милитанти во 1990-тите, стандардното американско портретирање на овој немирен регион се фокусираше на паралела со приказната за Давид и Голијат, „забранување“ на правото на самоопределување на Чеченците и злоупотреба на човековите права.

По нападот во понеделникот, се појави новиот, злобен меѓународен имиџ на Чеченија.

„Регионот Чеченија е котел на исламската милитантност“, велеше еден наслов во Њујорк дејли њуз. За ЛА Тајмс, тоа беше „загноена чеченска милитантност“, додека Вашингтон тајмс отиде со „Чеченија е легло на исламскиот екстремизам“.

И Ју-Ес-Еј тудеј и Фокс њуз и Вашингтон пост едноставно одбраа да кажат „Чеченија е почва за одгледување тероризам“, како што велеа нивните наслови.

Меѓународните експерти сега почнаа поинаку да го опишуваат конфликтот што ја мачеше Русија по распадот на Советскиот Сојуз и чинеше илјадници животи, како и одвојување милијарди долари од буџетот.

„Војната (Вториот чеченски конфликт во 1999 година) првично почна како националистичка војна, но многу, многу брзо метастазира во нешто што многу повеќе личи на радикалните салафистичко-џихадистички движења што ги видовме во други региони низ целиот свет“, рече Кристофер Свифт, професор по национална безбедност на универзитетот Џорџтаун, за Еј-би-си њуз. „Движењето што изникна од 15-годишната војна е многу радикално, тоа е многу заразно, тоа е многу злобно“.

„Чеченската џихадистичка мрежа е многу голема“, изјави Валид Ферс, аналитичар за Блискиот Исток, на Фокс њуз. „Тие имаат огромна мрежа во Русија и во Чеченија.“

По масовната потера, која доведе до убивање на Тамерлан Царнаев и потоа и до апсење на неговиот помлад брат Џохар, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани забележа дека САД ги сметале чеченските терористички групи за внатрешен проблем на Русија.

„Ние тука во САД немаме таков вид проблем. Ако ништо друго, САД покажаа малку сочувство кон нив (Чеченците)“, изјави Џулијани за Блумберг.

Браќата Царнаеви веќе не беа жртви на угнетување, кои едноставно се во потрага по подобар живот во Америка како бегалци.

„Тие веројатно се поддржани од некоја голема меѓународна мрежа“, изјави Џон Болтон, поранешен американски амбасадор во Обединетите нации, за Фокс њуз.

Јуан Колман, претседателот на Флешпоинт глобал партнерс, меѓународна консултантска фирма за безбедност, со седиште во Њујорк, рече, „овие групи (на кои можеби им припаѓаат овие двајца мажи) веројатно се исто толку радикални како и Ал каеда“.

Многу весници потсетија и на заложничките инциденти што завршија со трагедии - на популарниот мјузикл Норд Ост во Дубравка-театарот во Москва во 2002 година и во училиштето во Беслан во 2004 година.

Списанието за надворешна политика „Нешнел интрест“ дури отиде дотаму што напиша дека политиката на Владимир Путин кон Чеченија „е оправдана“ и дека „претседателот Обама итно мора да му се јави на Путин“.

Може да излезе и дека овие ненадејни обиди да им се даде поширок контекст на бомбашките напади на Бостонскиот маратон и Чеченците да се редефинираат како „опасни непријатели на западната цивилизација“ и не се особено важни. Иако за браќата Царнаеви се покажа дека имаат мошне силно чувство за етничкиот идентитет, многу малку работи досега укажуваат дека тие биле припадници на некоја тајна терористичка група. Всушност, обајцата едвај и да минале нешто од своите животи во својата татковина.

Додека новиот портрет на Чеченија како терористичка база веројатно не е ништо повеќе тридимензионален или точен отколку нејзините претходни инкарнации како трагична земја на која ѝ е одземено правото на независност, малкумина ќе негираат дека историјата на Русите и Чеченците што живеат во иста држава ја карактеризираат насилство, угнетување и повреди на човековите права.

Но тоа што голем број од американските институции брзо го напуштија сочувството кон Чеченците и лицемерно се свртеа кон Кремљ го докажува ова: едно е остро да критикуваш некоја странска нација за нејзиниот пристап кон тероризмот, но сосема друго е да се судриш со него лице во лице, кога граѓаните на твојата земја умираат во акти на испланирано насилство.
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty21/4/2013, 17:12

автогол Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty20/5/2013, 19:21

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty22/5/2013, 21:27

Исламисти среде Лондон заклале човек


Среде улица во југоисточниот дел на Лондон, двајца мажи нападнале и со меч убиле еден војник. Телото го одвлекле на улица и замавнувајќи со оружјето од минувачите барале да ги фотографираат.

Крвавиот напад среде улица ја шокираше цела Велика Британија. Војникот имал околу 20 години, а на улицата одел со маица на кратки ракави со лого на една хуманитарна организација за помош на воените ветерани. Според извештајот на „ББЦ„, напаѓачите носеле традиционална муслиманска облека, а додека го убивале војникот извикувале „Алаху акбар„ или „Бог е голем„. Напаѓачите биле нешто постари од 20 години.

-Се однесуваа како лудаци, како животни. Го одвлекоа убиениот војник од плочникот и го фрлија телото среде улица- изјави еден од очевидците. Тој додава дека потоа почнале да замавнуваат со мечот и со пиштол барајќи од минувачите да ги фотографираат и снимаат со телефони, „како да сакаа да бидат на телевизија„.

На местото на злосторството, нешто по инцидентот дошла полицијата, која по кратка престрелка со двајцата, го застрелала. Едниот од нив се наоѓа во критична состојба.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11116

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty22/5/2013, 23:13

Борци за човекови права, тоа ти е.
Како викаат... What goes around, comes around. А енглезиве тек ќе го кркаат од тоа паките и африканците што живеат таму.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty25/5/2013, 22:55

КОПИЈА НА ЛОНДОНСКОТО УБИСТВО?

Француски војник прободен со нож во грло во Париз

Непознат маж го прободел 23-годишниот француски војник додека овој патролирал во деловниот кварт Ла Дефебс, во западниот дел на Париз, само четири дена откако во Лондон беше брутално убиен британскиот војник Ли Ригби.

Војникот во униформа патролирал со уште двајца мажи, во рамките на антитерористичкиот план за надгледување, кога напаѓачот околу 18 часот му пришол од зад грб и го прободел во вратот со нож или со скалпел, пренесува Ројтерс.

Тој во критична состојба бил пренесен во блиската воена болница. Пјер-Андре Пејвел, началникот на полицијата, рекол дека војникот загубил многу крв, но дека не му е загрозен животот.

Напаѓачот брзо избегал од местото на настанот и полицијата трага по него, пишува „Телеграф“ и додава дека на ова се гледа како на можно копирање на нападот во Лондон.

Полициски извор изјавил за „Ле Паризиен“ дека осомничениот за нападот е со северноафриканско потекло, со брада, на возраст од околу 30 години, и дека носел облека „во арапски стил“ под јакната.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во моментов е во Етиопија на самит на Африканската унија, рекол дека нема докази за поврзаност меѓу убиството во Лондон и нападот во Париз, но дека мора да се земат предвид сите опции.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11116

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty25/5/2013, 23:01

Баш сега читав за инцидентов на Military Photos. Можно е да станува за copy-cat напад... но кој знае.
Како и да е, немам ниту грам сожалување за ова што им се случува на Америте, Британците, Французите, Швеќаните итн. И малку им е.
Што си дробеа нека си сркаат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty26/5/2013, 00:16

Бора Чорба пееше: Можда је Џавол дошао по свое...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty26/5/2013, 01:15

Па у право сте, ама ипак главните нема никогаш да го јадат стапот-ПОЛИТИЧАРИТЕ.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Тероризам - дискусија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тероризам - дискусија   Тероризам - дискусија - Page 3 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Тероризам - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 7Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
 Similar topics
-
» Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ
» Воената Академија на АРМ - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: