Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ

Go down 
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ Empty
ПишувањеПредмет: Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ   Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ Empty16/3/2012, 01:54

Чл.394-б (Тероризам)

(1) Тој што ќе изврши дело на убиство, телесно повредување, грабнување на лица, уништување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфраструктура, информациони системи и други објекти во општа употреба, грабнување на авиони или други средства на јавен транспорт, производство, поседување или трговија со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други видови на оружја и опасни материи, пуштање на опасни радиоактивни, отровни и други опасни супстанции или предизвикување на пожар или експлозија, уништување на постројки за снабдување со вода, енергија или други основни природни извори, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку 10 години или со доживотен затвор.
(2) Тој што јавно повикува, со ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста на порака со која се повикува или поттикнува на извршување на некое од дејствијата предвидени со став 1 и со тоа ќе предизвика опасност за извршување на такво дејствие, ќе се казни со затвор од четири до десет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што ќе се договори со друго лице за извршување на делото од став 1, или ќе повика друг да се приклучи кон здружение или група со намера за извршување на делото од став 1.
(4) Тој што организира изработување, подготвува, изработува, продава, купува, пренесува или држи експлозив, огнено оружје или друго оружје или опасни супстанции, наменети за извршување на делото од став 1, како и тој што врши обука или на друг начин подготвува друг за извршување на делото од став 1, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(5) Ако делото од ставовите 2 и 4 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(6) Недвижностите искористени и предметите и средствата наменети за подготвување и извршување на делата ќе се одземат.


Член 394-а (Терористичка организација)

(1) Тој што создава група, банда или друга злосторничка организација за извршување на кривични дела на: убиство, телесно повредување, грабнување на лица, уништување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфраструктура, информациони системи и други објекти во општа употреба, грабнување на авиони или други средства за јавен транспорт, производство, поседување или трговија со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други видови на оружја и опасни материи, пуштање на опасни радиоактивни, отровни и други опасни супстанции или предизвикување на пожар или експлозија, уништување на постројки за снабдување со вода, енергија или други основни природни извори, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку 8 години.
(2) Припадникот на групата, бандата или друга злосторничка организација, како и тој што помага на кој било начин, ќе се казни со затвор од четири до десет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што јавно повикува, поттикнува или поддржува создавање на терористичка организација.
(4) Сторителот на делото од став 1 кој со откривање на организацијата или на друг начин ќе го спречи извршувањето на планираните дела, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, а може и да се ослободи од казната.
(5) Сторителот од став 2 кој ќе ја открие организацијата пред да стори во нејзин состав или за неа некое од делата предвидени во став 1, ќе се ослободи од казна.
(6) Недвижностите искористени и предметите и средствата наменети за подготвување на делата од ставовите 1, 2, и 3 се одземаат.



Член 394-в (Финансирање на тероризам)

(1) Тој што обезбедува или собира средства на кој било начин, директно или индиректно, незаконски и свесно, со намера тие да бидат употребени или со знаење дека тие ќе бидат искористени целосно или делумно заради извршување на кривично дело грабнување на воздухоплов или брод (член 302), загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај (член 303), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност (член 313), терористичка организација (член 394-а), тероризам (член 394-б), злосторство против човечноста (член 403-а), меѓународен тероризам (член 419), земање заложници (член 421) и друго дело на убиство или тешка телесна повреда извршено со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку 4 години.
(2) Тој што јавно повикува, со ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста на порака со која се повикува или поттикнува на извршување на некое од дејствијата предвидени со став 1, ќе се казни со затвор од четири до десет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што ќе се договори со друго лице за извршување на делото од став 1, или ќе повика друг да се приклучи кон здружение или група со намера за извршување на делото од став 1.
(4) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел извршување на кривичното дело од став 1, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(5) Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(6) Припадникот на групата или бандата, кој ќе ја открие групата, односно бандата пред да стори некое кривично дело во нејзин состав или за неа, ќе се ослободи од казна.
(7) Ако делото од ставовите 1, 2, 3 и 4 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(Cool Средствата наменети за подготвување, финансирање и извршување на делата од ставовите 1, 2, 3 и 4 ќе се одземат.



______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ Empty
ПишувањеПредмет: Кривични дела поврзани со тероризам   Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ Empty16/3/2012, 02:07


Грабнување воздухоплов или брод

Член 302

(1)Тој што со сила или сериозна закана ќе ја преземе контролата над
воздухоплов во лет или брод што плови, ќе се казни со затвор најмалку
една година.
(2)Ако поради делото од став 1 настапила смрт на едно или повеќе лица
или е предизвикано уништување на воздухопловот или бродот, сторителот
ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(3)Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла лишил
некое лице од живот, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со
доживотен затвор.

Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

Член 303

(1)Тој што во воздухоплов ќе внесе експлозивна или слична направа или
супстанција, ќе ги уништи или оштети уредите за навигација или ќе
предизвика друга штета на воздухопловот, ќе даде лажни известувања во
врска со летот, непрописно или неправилно ќе управува со летот, ќе ја
пропушти должноста за надзор врз безбедноста на воздушниот сообраќај
или на друг начин ќе ја доведе во опасност безбедноста на летот во
воздухопловот, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2)Ако поради делото од став 1 настапила смрт на едно или повеќе лица
или е предизвикано уништување па воздухопловот, сторителот ќе се казни
со затвор најмалку пет години.
(3)Ако при извршувањето на делото од став 1 некое лице со умисла е
лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години
или со доживотен затвор.
(4)Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни
со парична казна или со затвор до три години.
(5)Ако поради делото од став 4 настапила смрт на едно или повеќе лица,
или е предизвикано уништување на воздухопловот, сторителот ќе се казни
со затвор од една до пет години.

Уништување или отстранување знак што служи за безбедност на
воздушниот сообраќај

Член 304

Тој што ќе уништи, оштети или отстрани знак за безбедност на воздушниот
сообраќај, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Чл.313

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на РМ, ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните ќе се казни со затвор најмалку 10 години.

Меѓународен тероризам

Член 419
(1)Тој што со намера да наштети на странска држава или на меѓународна
организација ќе изврши грабнување на некое лице или некое друго
насилство, ќе предизвика експлозија или пожар или со некое општоопасно
дејствие или со општоопасни средства ќе предизвика опасност за животот
на луѓето и за имотот од значителна вредност, ќе се казни со затвор
најмалку три години.
(2)Ако поради делата од став 1 настапила смрт на едно или на повеќе лица
или е предизвикана штета од големи размери, сторителот ќе се казни со
затвор најмалку пет години.
(3)Ако при извршувањето на делата од став 1 сторителот со умисла лишил
од живот друг, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со
доживотен затвор.

Загрозување лица под меѓународна заштита

Член 420

(1)Тој што ќе изврши грабнување или некое друго насилство спрема лице
под меѓународно правна заштита или ги нападне неговите службени
простории, приватниот стан или превозното средство, ќе се казни со
затвор најмалку една година.
(2)Ако поради делата од став 1 настапила смрт на едно или повеќе лица,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(3)Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла лишил
од живот друг, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со
доживотен затвор.
(4)Тој што ќе ја загрози сигурноста на лицето од став 1 со сериозна закана
дека ќе го нападне него, неговите службени простории, приватниот стан
или превозното средство, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Земање заложници

Член 421

(1)Тој што ќе изврши грабнување на некое лице и се заканува дека ќе го
убие, ќе го повреди или ќе го задржи како заложник со намера да ја
присили некоја држава или меѓународна организација нешто да стори или
да не стори, како изричен или молкумен услов за ослободување на
заложникот, ќе се казни со затвор најмалку една година.
(2)Ако поради делото од став 1 настапила смрт на грабнатото лице,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(3)Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла го
лишил од живот грабнатото лице, ќе се казни со затвор најмалку десет
години или со доживотен затвор.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
 
Кривично-правен аспек на Кривичното дело тероризам и Кривични дела поврзани со тероризам во КЗ на РМ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Тероризам - дискусија
» Фотографии и видеа поврзани со воздухопловство

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: