Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 10 ... 20  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6106

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 13:31

Македонската воено-одбранбена индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики, кои заедно со неколку претпријатија од Србија, Хрватска и од Босна произведуваа оружја, експлозиви и возила за земјите од Блискиот и Далечниот Исток.

Има многу простор за идно здружување и пласман на одбранбената воена индустрија на Македонија и на Србија, коментираат познавачите, откако министрите за одбрана Фатмир Бесими и Драган Шутановац завчера најавија таква можност.

За генералот Митре Арсовски односите во областа на безбедноста меѓу двете земји се многу битни.
- Од голема важност е да се отвори ново поглавје за заработка од некогашното воено производство на двете земји, чии капацитети сѐ уште стојат недоволно искористени, барем во Македонија - вели генералот Арсовски.

Македонската воено-одбранбена индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој маестрално го победи американскиот „абрамс“ во Првата заливска војна. Произведуваше и панцири и шлемови.

„Металскиот завод Тито“ (МЗТ), со 1.200 работници, правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. Дури и Русите ги купуваа менувачите на МЗТ за тенковите „Т-55“.

- Овие погони со одредена доза на модернизирање на апаратурата може да ги искористиме и да ги претвориме во ремонтни центри каде што ќе се сервисираат тенковите на сите земји, настанати од поранешна Југославија - истакнува пензионираниот полковник Благоја Марковски.

„Сувенир“ од Самоков беше примарна фабрика за производство на муниција за ЈНА, а извезуваше и во САД. „Тетекс“ од Тетово ги произведуваше најдобрите шинели за ЈНА. Активни се скопски „Диаг“, каде што се произведуваат значките на шведската армија, „Винка“ од Виница, каде што се шијат воени кошули за холандската армија, и „Единство“ од Валандово, каде што се изработуваат сите униформи за британската војска.

- Не смееме да ја пропуштиме шансата за ревитализација на одбранбената индустрија, која, условно речено, мирува од независноста досега. Тоа може да обезбеди заработувачка со која дополнително ќе ја наполниме буџетската каса - објаснува Марковски.

Ако најавите по средбата Бесими - Шутановац се остварат, првпат ќе се направи напор за обнова на оваа доходна индустрија, потсетуваат познавачите.

Воениот аналитичар Петар Шкрбина ја поздравува иницијативата за здружување на капацитетите на индустриите на двете земји.

- Би можеле своето место за продажба на оружје да го најдеме преку отворената врата од Србија. Онаму каде што тие не би можеле, на пример, да стигнат со производство на муниција за продажба, ние да ги замениме со нашите капацитети во „Сувенир“ - смета Шкрбина.

Производ што би ни донел најголема заработувачка, според него, е рестартирањето на производството на македонско-српските ракети и лансирните цевки на ракетните фрлачи.

- Би требало сега да ја искористиме шансата и да иницираме соработка со Србија, исто како што пред неколку години стори и Хрватска, која по здружувањето на силите си овозможи голема заработка - вели Шкрбина.


---------- НОВА МАКЕДОНИЈА ---------
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 15:43

А како може некој да каже????
Сувенир не работи добро 10-тина години и се што било внатре се испродало!!!
МЗТ пола погони не работат, пола се на приватници како Леарници и ХЕПОС и Ариљеметал!!
Еурокомпозит живуркаше до пред некое време ама мислам дека пропадна на жалост!!
ТЕМКО кој произведуваше ракети одамна е затворен!!!
Половина од конфекцииве кои шиеја за наши и стански војници веќе се одамна затворени!!!


КАКО??????
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 16:24

Еурокомпозит сеуште произведуваат нешто шлемови панцири...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12353

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 16:35

Токму така 11 Октомфри Еурокомпозит се уште работи но не со таков сјај и полна пареа,и се уште произведува воена орема не само панцири и шлемови,туку и делови за ПО системи(мислам дека цевките за ПО системите се прават кај нас а ракетите се монтираат во Србија,и за две празни цевки добивафме еден ПО систем),модернизации на ТМ-170 Хермелин и Хамери,и ред други работи како за цивилна така и за воена употреба...

http://www.eurokompozit.com.mk/

Еве неколку слики од посетата на Факултетот за Безбедност Скопје...

Македонската воено-одбранбена индустрија 111123%20DSCN0725
Македонската воено-одбранбена индустрија 111123%20DSCN0727
Македонската воено-одбранбена индустрија 111123%20DSCN0731
Македонската воено-одбранбена индустрија 111123%20DSCN0732
Македонската воено-одбранбена индустрија 111123%20DSCN0741
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 16:46

Сеуште произведува цефки за ракетни фрлачи (М80 Золја?) и добиваме за 2 цефки 1 фрлач?

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 17:19

Profesionalec напиша:
Сеуште произведува цефки за ракетни фрлачи (М80 Золја?) и добиваме за 2 цефки 1 фрлач?

Добро како и да е, од сите набројани само Еурокомпозит работи (што искрено многу ме радува) мислев дека е згаснат веќе!!!

Е сега не ве разбрав добро, со две произведени цевки за зоља, србите ни даваат еден целосен фрлач, така?????
Појаснете малку не ве разбрав!!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6106

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 17:23

Јас исто така разбрав, се надевам дека сеуште е така...и дека сеуште примамер РРФ Золји. Иаку е малце застарен, тоа малце ме буни, можеби не земаме поради тоа иако произведуваме само за Србија, за пари а не за компензација секако lol!

РПГ-то кој е ден денес застарен но доста застапен е подобар од Золјата...произведува Еурокомпозит ПГ-7 (проектили за РПГ) ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12353

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty8/2/2012, 18:28

Да добро си сватил за две празни цевки добифме една полна односно еден целосно спремен ПО систем за употреба...Мислам дека ракети за РПГ-7 не произведуваат...впрочем се што се произведува во нивните погони го има на нивната веб страна,како за цивилна така и за воена употреба...Се сложувам доста затарен систем е М-80 Зоја незнам што бидна со М-90 но по се изгледа не влезе во масовно произвицтво,но на Wikipedija пишува дека е во оперативна функција во Македонија,Србија и Ирак,е сеа колку е тоа точно незз.
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty27/2/2012, 21:21

Истиот тип што позира со м-79 оса паматам дека ја престауваше и м-90 стрешлен ама то беше еее некаде во 90 тите.
Државата си е крива што воопшто не вложува ама ништо во развој на нова еве да речиме ПО ракета, или за правење на
некој наш лесен ПЦРФ, но тое е то дечки македонска наменска индустрија - далечен сон
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty28/3/2012, 23:31

ФГ м-98 рис



Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0007ggo


Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0030co





Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0031p



Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0005sr















Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0006bf

Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0016i

Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0017vo

Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0018e





Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0021k

Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0023l



Македонската воено-одбранбена индустрија Photo0024iy
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 20Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 10 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Воено-полициска радиокомуникациска опрема
» Руско воено воздухопловство

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: